Имам едно и второ на пат.Да се живи и здрави дај боже да е се во ред сега би сакала уште едно ама здравје,ако можам психички да издржам уште една бременост
Потајно во себе се надевав дека ќе имам две. Не знам што носи иднината, но засега најверојатно ќе си останам на едно. Едноставно, ни физички ни психички не се чувствувам подготвено за второ иако ќерка ми има веќе 4 години.
Повторно со нова гледна точка по три години. Сакам да имам барем едно, а за второ зависи многу, како би поминала со првото и во договор со потенцијален партнер. За ќерка ако имам дури име си имам смислено, и искрено сакам. Со вистинскиот човек мислам дека би се осеќала спремна за не многу долго време. Дефинитивно сакам да имам семејство, уште да ми се посреќи.
Во идеален случај со време, пари, голема куќа, би имала 3, а ако се сите исти пол може и 4, колку бидне. И многу мачки и кучиња! Ама како што тргнало и уште сме на 0 и не сме ни приближно подготвени, мислам дека 2-3 максимум ќе бидат, let's not be delulu
На помлади години бев индиферентна на темава, кога почнав да размислувам дека сакам деца станав преплашена од помислата, но за брзо желбата го совлада стравот. Нѐ замислував како семејство со едно до две деца. Сега, кога загубивме едно, размислувам поинаку. Не би имало ништо поубаво од куќа полна со деца, 3-4-5.... Ми останува да се надевам и да верувам дека ќе се оствари.
Јас еве имам едно, на пат е второ и здравје боже за некоја година сакам и трето. 2 дечковци па може трето женско. Ептен со царски се пораѓам па не би ризикувала за повеќе и плус толку се осеќам финансиски способна да можат да раснат скромно. Љубовта што ја чувствувам од моето дете кон мене е нешто неописливо и уживам во мајчинството и сакам уште и уште. Тоа и ме мотивираше брзо едно по друго да чувам дете. Исто така одсекогаш сум сакала и јас да сум богата ко моите баба и дедо кога за празници ќе се собереме нивните 3 ќерки, мажи, внуки внуци правнуци полна куќа луѓе.
Се читам низ темава од порано, јас се имам сменато но одговорот секогаш бил едно или две. Кога ќе размислам најидеално би ми било две - машко и женско. Си имам имиња замислено што ми е омилени и не би отстапувала од нив, сакам и машкото и женското да се искористи. Децата се испланирани, па и миленичињата, уште таткото да го најдиме.
Чекам второ машко, а би сакала три деца независно каков пол во иднина. Сум се замислувала со 1 или со 3 секогаш, ќе пишам за некока година пак здравје ако се решиме после второво и се да мине најдобро
Лелеее а јас еве Ќе пишам 3 за да се вратам за некоја година и да видам дали исто ќе мислам. Живи здрави до тогаш!
Секогаш сум сакала 3. Ама од кога малку потпораснаа си реков доста е. Нека остане желбата. Арно ама, Господ сакал најверојатно да имам 3 и моментално сум бремена со 3то, непланирано
Три имам ама никогаш не престана желбата за бебиња. Ќерка ми сакаше "другарка" ама синко доби "другар". Ме фати страв за четврто, кичма почна да ме боли, дијабет, кила, психа... Сега а видам бебе паѓам у занес. Нешто као овулација да иам денес