Се разбирам и желба и убавина ,ама моментот кога некој ќе рече непланирано,не го сфаќам,за жени што родиле не за тинејџерки.Глупа сум ептен,нека ме просветли некој?Или можеби се мисли дека од прва фатило?Стварно не разбирам кога ова ќе каже некој.?
Помалку важно ми е колку ќе имам, поголема желба ми е ќерка да имам. А ако бирам како бројка би сакал 3 деца да имам, ама ако во тие 3 нема ќерка ќе имам ако треба и 10 за да имам ќерка.
Се мисли на тоа дека не било планирано Во нашиве краишта ретко се користат контрацептивни апчиња, ретко се става спирала и ретко се има секс со кондом во брак. Значи заштитата најчесто е во свршувањето надвор, ама некогаш се провлекува сперма во предсемената течност.
Исто еве и мене ме интересира! Знам дека постои можност од предсемената течност, од "втора партија" и ред други ствари и згора на тоа сево ова треба да се деси во тој фертилен прозорец и мала премала е шансата така, а според ова што слушам "непланирано бебе" е пречеста појава. Не знам дали ја или ептен среќа сум имала толку години без контрацепции или па стерилна сум.
Јас тоа го сфаќам, непланирано од страна на жената, ама од мажот испланирано. Намерно не го вадат на време.
Пред да останам трудна со првото сакав 3 деца да имам. Ама откако се породив и видов колку е тешко мајчинството/родителството, едвај се наканив за второ. Здравје боже да се роди второво, да биде се во ред и доста ми е За трето некам ни да чујам. Во врска со ова непланирано. Единствено непланирано е ако пукне кондомот. Се друго е со план, дали на едниот или другиот партнер. Најчесто идат на ако се фати се фати па као непланирано ама се фатило.
И мене не ми беше јасно како на тебе и исто реагирав кога некој ќе речеше непланирано. Ние планиравме второ да правиме, кога ќерка ми ќе има 2 ипол години, а го направивме кога имаше 2 г и 1 месец, непланирано. Како? Со кондом. Отпосле прашував гинеколози како е можно, двајцата беа на став дека не се 100% сигурни за заштита и има врска лошо наместен кондом. Инаку пред да ги направиме децава, имавме 10 години секс, некогаш со кондом, некогаш со pull out и никогаш немавме "непланирано".
И мене не ми е јасно 3 имам, сите планирани. Третото намерно и на поголемка разлика ни е... дека доста млади ги имавме првите две, третово како освежување да ни дојде. 10г сме во брак, несакајќи не сум забременила.. кондоми не користиме, ниту апчиња не пијам. А баш брзо и забременив, особено со третово.. од прв обид Да не зборам пак мн мн (да не се појавам со несакајќи 4то во темава), ете може се случува... Ама пак е тоа од невнимание на мажот, не верувам со забременување од предсемена итн
Точно, овака беше рековме што ќе биде нека биде уште една година и после ставам спирала. И бидна. Значи, не планиравме ајде ќе правиме дете ама не се пазевме 100% свесно дека и тоа има ризик но доколку се случи добредојде и се случи.
Баш така. Ни мене не ми беше јасно, дури и се чудев кога ќе кажеа ама ми се случи иако искрено не верував зошто веќе 40 години сум ама ете Првото 3 години го "планиравме" и затоа после рековме ќе се опуштиме во тој поглед. А за тие погоре што осудуваат и се исмејуваат секоја чест.
Епа видиш има жени со генетски митации на тромбофилија кои не смеат да примаат пилули за контрацепција и дефект на матка за да стават спирала. Ама ај ќе речеме дека ме силувал маж ми со кондом за да ми го направи второто дете.....мисламммм
Ако си во брак, може да биде непланирано. Што го сфаќате тоа толку страшно. Непланирано не значи непосакувано или дека ќе биде несакано. После близнаците, не ни размислував дека може да останам пак бремена лесно, по малку потешкиот пат првата бременост. Ама ете се случило, непланирано. Тоа беше дете во време на ковид. Се породив на почеток на ковид сезона. Најголемиот смешко и среќко. Некогаш знаеме да се нашалиме со него, кога правевме планови за новата куќа,дека не беше планиран со првиот план, нашата спална ја оставивме за него Срцки се сите, што убаво би било уште едно "непланирано" бебе, па да биде повесело. Ама не може више, стари коски како што викаат
Бреееј жени бре све со рогови еј! Кој ги љути толку само не знам. Не планирано или планирано - животот си има свои планови. Камо за убавини да се радуваме. Да ви се живи и здрави!
Какви глупости се изначитав, до силување од мажот со/без кондом...Кои трилер филмови еј во вака убава тема. Не знаат што зборат.
Па кажи така,во брак си и кога нема заштита ,може,ова баш е планирано и посакувано,и убаво.Знам жени многу од мината генерација ,лично што после кога родиле -абортус им е средство за контрацепија.Јас сум против ова ептен многу.Кога бев дете комшики на мајка ми, во брак низ кафе си раскажуваа колку пати абортирале.Која неодговорност кон себе и сите.