Mногу сакам дечиња и многу добро умеам со нив . Сепак рано ми е но здравје боже кога ке дојде време за тоа сакам да имам 2 дечиња - машко и женско.
Сега си велам БИ ИМАЛА ЕДНО И ТОА КОЛКУ ДА НЕ ЗБОРИ МН МН СВЕКРВАТА ...иначе не...или пак би молила бога машко да се роди... знам тропам глупости(глупам тропости) али јбг сега така си велам.
Сакам да имам две деца а и во разговор со дечко ми си имаме кажано дека ни се доволни две деца (по можност и машко и женско) И можеби во најскоро време ќе започнеме со реализација на планот па што ќе даде Господ тоа нека биде!
Многууууууу сакам да имам бебе. Опседната сум со таа мисла. Среќа е да имаш бебе, да му ја дадеш целата љубов, целиот живот, да го воспитуваш. Прво да ти расте во утробата, да чекаш на него нетрпеливо. Едвај чекам да имам бебе. Би сакала да имам 2 деца или пак 1, не знам сеедно. Важно нека се живи и здрави.
сега да ми дади господ да останам бремена да си имам едно бебенце па за понатаму ќе му ја мислиме ......убаво би било да имам две или три
Јас имам желба за близнаци....многу сакам близначиња да имам ама какви и да се само да се живи и здрави....секако ќе се радуваме
јас сеуште кога не бев мажена бев на една гледачка со другарките и ни гледаше на кафе и ми кажа дека ќе сум имала близначиња машки па сега ќе видиме колку е погодила.........само да ми даде господ машко женско сеедно ми е само да е живо и здраво и целокупно.....
Не знам дали претходно се имам изјаснето на темата, али еве да си кажам пак. Во план ни се 3-4 дечиња
Сакам да бидеме големо семејство, но не по секоја цена. Да имаме финансии но не само колку да се прехраниме, туку доволно за еден просечен здоволителен живот. Секогаш да имаме за здрава храна, гардероба, одмор и школување. Сакам да имаме наш дом и автомобил и секако сигурна работа Не барам луксуз, само да сме сите задоволни. Тогаш би родила и 4-5 деца. Моментално реалноста е малку поинаква, сме раговарале на темава и во план ни се две. Не е се до желбата за големо семејство. Сакам на моите деца да им овозможам нормален живот.
Сакам три деца. Иако кога ќе помислм колку денес е тешко да се остане бремена, би била задоволна само да имам ваков дар. Сепак сум за три, две девојчиња и едно момче. Во фамилија сме имале близнаци, па ништо чудно да имам близначиња, е тек тогаш би била многу среќна.
најмногу сакам две дечиња . не ми е баш важно дали ќе бидат машки , девојчиња сакам децата да се живи здрави и со сите нишани али сепак на денешницава тешко дека ќе се решиме за 2 али идниот ми маж е близнак па можи дупла среќа на едно мавање