Колку што би ми дозволила државава да си посвојам. А, со оглед на овие измениве во законот, тешко ми изгледа , да не речам немогуче, прибидејќи, нити финансиски сум моќна, нити имам над 100 квадрати стан, нити пак нешто посебно се надевам дека ќе имам партнер за заеднички да си го гледаме осиновеното ни дете. А, ќе се радувам и на само едно . Никогаш немам размислувано за свое сопствено дете, бидејќи никогаш, макар што имав долга врска, не размислував за свадба, живеење заедно со дечкото, деца итн. Секогаш замислата ми беше таа. Јас и некој клинец, што никој не го сакал, си се сакаме, си се шетаме низ градов, лижеме сладолед по паркови, возиме точаци и играме фудбал. Ах, дури ми се смота цел филм во главата. Интересно ќе биде, само уште да се реализира на јаве. И оваа идеа ми се имаше увртено в глава уште од средношколските денови. Нормално, еве ја, се уште ме нема напуштено. Од оние, астролозине, пак еден од таквите, ми имаше речено пред времиња дека ѕвездите ми претскажале дека ќе си имам близнаци . И значи од јас, стануваме триС, во време, разлика од што знам, секунди-минути, како иде тоа, врска немам. Не ме чуди тоа, доколку испадне дека по природниот пат ќе се здобијам со наследник на мојов прекрасен ум, мада ги жалам, доколку се две и дури помислувам подобро ќе е да е само едно, помалку ќе тажам, што се родило - луд и загрижен гениј ко мајка му, наместо среќен глупчо, ко веројатно татко му... нели, треба да има некој татко, независно дал ќе присуствува или не на раѓањето или деновите потоа ?!? Пак и близнаци и не е нешто невообичаено за мојата фамилија, си ги имаме и од двете страни , само што и си немаме некоја фина и убава историја со близнаците, од страната на мајка ми, па тоа би било плус причина, зашто би јас ѕвездите да немаат поима. Пф.. и без тоа, кои се они да знаат за мене.
Едно би било идеално ( по можност машко ) Ама ако се згреши работата ,може да се остави простор за уште едно , ама повеќе никако !
Би сакала да имам 3 (кога ќе дојде време), две машки и едно женско какви сака нека бидат само да ми бидат здрави и живи
Одсекогаш сум сакала да имам само едно дете и ете сега кога го имам не планирам никако да имам друго.Нека ми е живо и здраво ова и нека дава Господ таму дека нема.
не сум размислувала нешто многу на темава(не ми е баш моментот за ова)ама би сакала да имам керкичка(мозе да ми се погодат близначиња оти во семејството имам)ако не мозам да забременам, доага во предвид и посвојување на детенце
сакам децаа е сеа зависи дали ќе имаме со тогашниот сопруг финансии бар за 3 не мора повеќе ако имаме,би сакала 2машки и едно девојче,ако имам две деца -две машки,ако имам едно дете-машко ете саамо ако имам три едно би сакала девојче,не сакам,не сакам да пропатува во животот како некогаш јас што сум била,вака машки ајде охоо има има време тогаш ќе му ја мислиме
Рани ми е уште да планирам деца. Но би сакала да имам две- машко и девојче. А ако имам три нека бидат две машки и едно девојче- да си ја чуват сестричката.
Сега за сега доста ни е со ова малово индијанче, кое не не остава по цели ноќи да спиеме..4 месеци има моето путерче... Иако не се планираат вакви работи, додека не порасне малово не сакм друго дете... Муж ми не смее да писне
Јас би сакала да имам 2 деца. Првото да биде машко, а второто девојче. Братот да ја варди сестрата кај што не ќе може мама, да не ја напуштаме да стане расипана...ме сфаќате нели?