Колку добро ве познаваат луѓето околу вас?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 18 мај 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.070
    Пол:
    Женски
    Дали луѓето околу вас ве знаат во вашето право светло и колку добро ве познаваат? ?
    Дали човек лесно може да ве оцени, од неколку разговори на пример, или му треба долго време да ве запознае вистински?
    Дали некој некогаш ви кажал каков прв впечаток сте му оставиле?
    Дали би ги изненадило луѓето што ве познаваат доколку би ги прочитале на форумот вашите постови и знаат дека се ваши?
    И колку вие умеете да ги процените луѓето?

    Мене ми имаат кажано дека сум скриено жарче :) Постојано изненадувам со нешто :) Јас пак мислам дека не е тешко човек да ме запознае. Ми имаат кажано дека од прва делувам како итрица и паметна особа што воопшто не е погрешно. Обично влевам доверба кај луѓето и затоа често ми се обраќаат за мислење, совет и сл.
    Исто така ќе кажам дека уште од мала си бев бунтовна. И јас и друштвото мое. Затоа не ретко ќе се слушневме дека давале за нас невкусни коментари.Сигурно таков впечаток сме оставале иако бевме само девојки што сакаат да се забавуваат :)
    Јас обично умеам да го проценам човекот од само еден разговор, можам да му ја видам и душата и паметот, но сега се почесто гледам како сум се лажела за некои особи. Значи стварно некои луѓе вешто умеваат да го прикриваат од она што стварно се. Некогаш навидум и најдобрите луѓе се најголеми крвници. Добро рекол некој „ Испод мира триста вира“

    Што мислите вие ? :^)
     
  2. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    620
    Луѓето оклу мене(фамилијата) одлично ме познаваат.
    Но не би ркла за пријателки и другарки,знаат дека сум итрица,и како што ми пишува во хороскоп за карктерни особин;ТАМАН НЕКОЈ ЌЕ ПОМИСЛЕ ДЕКА ТЕ РАЗОТКРИВА,ТИ ЈА ПОЧНУВАШ ИГРАТА ВО НОВ ПРАВЕЦ;Карактеристично!Во суштина ретко покажувам слбост,секогаш одам до крај,ретко попуштам.Не би рекла дека некој може да ме оцени од прва,затоа што првиот впечаток секогаш го глумам,за да ја видам спротивната особа во какво светло ќе се претставе па потоа јас настапувам на сила,оргинал каква сум смо моите дома ме знаат и дечко ми 80%,затоа мајка ми често ја употребува фразата:
    -Ах дете кој не те знае скапо ќе те плате! :lol:
     
    На Myworld и gami им се допаѓа ова.
  3. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.153
    Пол:
    Женски
    Луѓето кои се во моја близина ме знаат многу добро која сум и каква сум.
    А останатите секогаш прават утка. Последно што го слушнав од нов партнер во бизнисот кој прв пат ме сретна во живо и го искажа своето мислење јавно ме изнасмеа .Ми кажа дека ме замислувал како челична дама со која тешко ќе излезе на крај.. но сепак си кажа дека згрешил и бил пријатно изненаден од соработникот.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Angel.in.dark

    Angel.in.dark Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2010
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    22
    Па мислам дека не е добро да се покажуваме тотално какви сме зошто некој може тоа да го злоупотреби кој знае..
    Мене ме знаат само моите дома, и роднините најдобро...Другите ме знаат само 50 проценти :D И не мислам дека ќе дознаат кој ги пишува овие постови :P
     
  5. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.068
    Допаѓања:
    6.343
    Пол:
    Женски
    Моите дома ме знаат најдобро , ми имаат речено '' те знам како дишеш'' што е многу логично дома најдобро да ме познаваат, секогаш знаат како се чувстувам и без да го искажам тоа.Тие што треба да ме знаат , ме знаат, пријателите ме знаат доволно, а инаку многу луѓе не ме знаат каква сум в сушност се додека не ме запознаат.Сум им делувала малку ладно , на некои им било страв да ми се обратат, што не ќе слушнеш, па јас не јадам луѓе, иста сум како моите врсници, но добро можеби изгледам малку поозбилно од нив, зошто сум сериозна личност, но во граници, сакам да се шегувам па затоа некои имаат искривена слика за мене, но се менува кога ќе ме запознаат.
    На форумов , да кажам поконкретни информации сигурно ќе ме познае некој, но сакам да останам анонимна, сепак мое право, ако ме препознае некој ама се сомневам, сигурно нема да се изненади од она напишаното.
     
  6. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    256
    lugeto okolu mene me poznavaat mnogu dobro, iako ponekogas znam da gi iznenadam :) , a prv vpecatok kaj lugeto sto ne me poznavaat e toa sto im deluvam mnogu seriozna, nervozna i opasna licnost :lol: (ponekogas taa bila pricinata sto ne mi prijdele), iako ne sum takva,sekogas gi raspolozuvam lugeto i siram +energija okolu. no ako, podobro lugeto da mislat deka sum nervozna licnost i da ne mi prijde sekoj :D. i da, od nekolku razgovori mozat da me ocenat, mi se doverat za se i sesto, i sekogas sum podgotvena da im pomognam :$ . jas gi procenam lugeto za malku vreme... no pponekogas znam i da se lazam, t.e. nekoi znaat da se pretstavat kako bozici, a ustvari se... :^)
     
  7. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.809
    Пол:
    Женски
    Ме познаваат многу добро речиси сите кои се во моја близина. Но, јас не сум со сите иста, па често пати луѓето знаат да се изненадат. А тоа ми е едноставно најдобрата одбрана од непожелни. Ми се случило поради мојата наивност да бидам повредена, па сега има луѓе кои наидуваат на сопка во таа намера ( не значи под повредување дека кој знае што ми прават, ама има разни постапки, зборови, намерни и ненамерни кои прават лошо) и после ќе си слушнам, аууу таа колку наивна и мирна изгледа а види ја ти неа. Моите и дечко ми (како личности кои имаат најголемо значење и влијание) викаат дека сум си ептен принципиелна, што е една од моите најголеми карактеристики. Знам да бидам и клета, ама само за тие што во мојот живот донесле бес и разочарување. И го знаат тоа, и се тргаат настрана. Знаат дека сум инает, ама исто така и знам да ислушам и да се направам дека прифаќам, иако на сите им е јасно дека нема да биде по нивно :lol:
    Другите ме пофалиле често пати дека сум ептен добар говорник кој со факти ја укажува ситуацијата, и со мене нема потреба од мижи да те лажам. :$ :lol: Има, има особини кои сите ми ги знаат, ама сега нормално е дека некогаш и треба како змија нозе да се криеш ;) И тоа зависи за кој!
     
  8. tanjaaaa

    tanjaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    12
    Najdobro me poznava familijata,decko mi I drugarkite.Site ostanati me znaat dovolno.Druzeljubiva i komunikativna sum mnogu ama ne zboruvam za mojot zivot mnogu pred drugite,mi treba dolgo vreme da se opustam sve dodeka ne go zapoznaam nekoj premnogu dobro,bitno e deka ne nosam maska,samo sum malku ogranicena,taa sum sto sum sto mi e najbitno,a site drugi moze da me sakaat i prifatat onakva kakva sto sum.
     
  9. Barbie-girl

    Barbie-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    1
    Не сакам премногу да се истакнувам пред другите луѓе,ако се опуштам премногу може ќе помислат дека сум некоја неозбилна или кај нас кажано "распашана"девојка,доколку сум многу озбилна пак не сум многу пријатана(особина која ја мразе дечко ми кај мене) а и ширам позитивна енергија со тоа што ќе бидам намуртена...значи просечно однесување,т.с умерено :lol:
    Моите дома ме знаат одлично исто кога станува збор за дечко ми...меѓута за останатите не го изадавм така лесно моето вистинско лице!
     
  10. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    767
    Моите дома ме познаваат повеќе од добро како и најблиските пријатели додека другите можам слободно да кажам дека имаат една целосно погрешна слика за мене. Мислам дека на луѓето им треба подолго време за да ме проценат правилно иако некогаш и времето не помага :D ... Едноставно од мене секогаш околината се изненадува а ДА доколку се прочитаат мислењата на форумов од некој познаник ќе има повторно изненадување :o
     
  11. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.900
    Само најблиските ме знаат. Другите мислат дека сум ладна , лоша или не знам што . Мене ми е важно луѓето што ми значат да ме знаат.Мајка ми вика кој не те знае скапо би те платил , а оној кој те знае уште поскапо :D Не знам зашто луѓето ме гледаат погрешно и ме сфаќаат погрешно . Ладна сум да , зашто ако покажувам емоции ќе го искористат тоа , ама на лош начин.
     
  12. najdobra26

    najdobra26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    не верувам дека лугето околу мене мене ме познаваат баш онаква каква што навистина сум.факт е дека секој од нас носи маска.некој само од страв да не биде повторно повреден и искористен,некој затоа што така сака а некој за да се показе во светло подобро од она што вистински е.моето 100% вистинско јас е за некој посебен кој тоа ке го заслужи.за останатите само 50% и тоа им е премногу! :)

    и не верувам дека моите блиски би ги препознале моите објави.мислам дека би се изненадиле што воопшто сум дел од некој форум!
     
  13. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    138
    никој апсолутно никој не ме знае вистински...
    многу сум интровертна личност, се затварам во себе.
    го кажувам само она што мислам дека таа особа треба да знае.
    луѓево околу мене се навикнаа да ме гледат како плачам за нешто, иако поима немаат зашто :rofl:
     
  14. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    117
    многу малку луѓе ме познаваат онака вистински а може да се каже тека всушност никој не ме знае онака вистински,секогаш знам да ги изненадам луѓето со некоја моја постапка или изјава,се кријам под маска и не сакам да покажам никогаш слабост а оствари под тврдиот орев се крие една добра душика
     
  15. ana05

    ana05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    31
    Ке кажам само дека ме знаат ама не ме познаваат :geek:
     
  16. maleckata.22

    maleckata.22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    16
    Исто :)
     
  17. nenuska

    nenuska Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    430
    pa dosta dobro
     
  18. lalezzz

    lalezzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    60
    dobra dusa od daleku se poznava zatoa i sum e**** od site strani :lol:
     
  19. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.715
    Оние кои мислат дека ме знаат до срж - тие не ме знаат воопшто.
    Оние кои знаат дека од мене се може да се очекува - ете тие ме знаат вистински.
     
  20. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.465
    ^^^ Уууу многу добро кажано Хипи :y:
    ***

    Многумина ми имаат речено дека сум таинствена во она што го правам. Всушност јас не сакам луѓето да знаат многу за мене. Некои основни работи - да, целосно разоткривање и раскажување на мојот живот, постапки, падови, издигнувања и слично - не.
    Моите две другарки знаат скоро се за мене.