Можам да кажам дека самата себе најдобро се познавам и никој друг така не ме познава, ниту пак ќе ме запознае. Искрено малку сум препредена личност и не се покажувам секогаш таква каква што сум. Не сум многу отворена, и го кажувам само тоа што треба да биде кажано.
Не ме познаваат сите но оној кој треба па ме познава доволно.Сепак не ме познаваат кога стварно ќе ми пукне филмот.На човек не му треба долго време за да ме запознае,уште од првиот разговор и може да заклучи некој впечаток. За некој да почне да ги чита постовите ќе познае дека се мои,и се надевам дека нема да се изненади бидејќи каква сум тука на форумов таква сум и во живо.
Дали луѓето околу вас ве знаат во вашето право светло и колку добро ве познаваат? ? Најдобро и во вистинско светло ме познаваат, само моите дома, и моите братучеди..И пријателите ме знаеа одприлика доста добро, но ја изгубив довербата во нив, па решив да не им откривам повеќе. Доволно им е тоа.. Ни тоа не го заслужуваат, сепак не сум злопамтило, ама ако ги претераат и овие граници, ќе ја запознаат мојата темна страна Дали човек лесно може да ве оцени, од неколку разговори на пример, или му треба долго време да ве запознае вистински? Па мислам дека може. Ама не толку добро, но со тек на време..ќе ме запознае Дали некој некогаш ви кажал каков прв впечаток сте му оставиле? Да многупати, ми имаат кажано дека сум срамежлива. Не сум премногу. Дали би ги изненадило луѓето што ве познаваат доколку би ги прочитале на форумот вашите постови и знаат дека се ваши? Некои не, некои да. Зависи. И колку вие умеете да ги процените луѓето? Многу добро, предобро. И никогаш не грешам. Дарба...
Ме познаваат онолку колку што јас ќе им дозволам и не ме познаваат сите исто. Некој кој ме знае 8 години не ме познава колку што ме познава некој друг кој ме знае 10 месеци
На пр моите дома не ме знаат доволно каква сум во друштво колку сум откачена па знам и да трескам глупости не сум се покажала како таква пред нив.на пр фамилијата ме знае како повлечена мирна секогаш за пример на другите а најмн мислам дека ме знае друштвото бидејки пред нив сум си најслободна без да се плашам да не кажам нешто(во умерени граници се разбира).Лесно човек може да ме процени бидејки ако некого запознаам и ако ми одговара одма се отварам,слободно разговарам и сл.
Не ме познаваат баш многу... Треба многу време да помине за да ме запознае некоја личност. Можеби е така зашто сум поскромна,помалку искажувам чувства или...незнам
Најдобро ме познаваат моите најблиски - семејството, со нив сум најотворена и најслободна, а другите ме знааат доволно - толку колку што треба да ме знаат, дека многупати сум била зафркната и со нож в грб, сега не се отворам така лесно и не верувам слепо никому. Многупати ми кажале каков прв впечаток сум оставила, и меѓу другото, секогаш било дека сум срамежлива. И сум, по малку Луѓето можат донекаде да ме проценат од неколку разговори - главните работи, зашто не се отворам целосно, но за да ме запознаат на вистинскиот начин секако дека е потребно време, а јас можам да ги проценам, можеби не 100% ама можам и не сум се излагала досега
Најдобро ме познаваат дечко ми и мајка ми. Колку и да кријам пред другите кога нешто не ми е погодено или кога сум тажна, пред нив не можам да кријам. Инаку да кажувам за мене на другарки-НЕ. Согледувајќи дека и од најблискиот може да добиеш нож во грб, се помалку се отворам пред луѓето. А и нема потреба. Никогаш не сум била кон некоја другарка 100% отворена. Единствено на дечко ми му кажувам се.
Само моите дома и дечко ми.Другарките не толку добро бидејќи повеќе пати сум се изгорела и ми е страв да бидам целосно отворена
Сосема истото. Прилично сум отворена, но признавам дека вешто манипулирам кога сакам. Тоа досега го увидела само една личност и многу ми е мило што барем еден човек успеал да ме прозре.
Тие што се со мене ме познаваат исто колку и јас што се познавам самата. Но тие што не се со мене никогаш не можат да замислат каква сум
имам слишнато од некој кој не ме знаат дека мислеле дека сум "дигната" нз каква...може така изгледам пошто сум озбилна онака кога испагам...иначе малку луге ме знаат ВИСТИНСКИ каква сум,само пред некој личности сум јас,јас.не можам пред секој да се "глупирам" и да се опуштам како што сум си обично. можеби сум затворена личност нз....некој ме мислат дека сум "дигната",други најзабавна,трети срамежлива,па досадна....итн
Дали луѓето околу вас ве знаат во вашето право светло и колку добро ве познаваат? ? Дали човек лесно може да ве оцени, од неколку разговори на пример, или му треба долго време да ве запознае вистински? Дали некој некогаш ви кажал каков прв впечаток сте му оставиле? Дали би ги изненадило луѓето што ве познаваат доколку би ги прочитале на форумот вашите постови и знаат дека се ваши? И колку вие умеете да ги процените луѓето? во вистинско светло ме знаат само семејството и блиските пријатели.. епа, мислам дека 1 разговор е доволен да ме дознае отприлика каква сум.. ми кажале дека многу сум мила (знам да се милувам) и срамежлива (што навистина сум)... мислам дека ако некој ми ги прочита постовите од горе до долу има можност да дознае дека тоа сум јас..и не верувам дека би ги изненадило зашто тоа што го пишувам е реално.. можам добро да ги проценам луѓето, за некои ми треба повеќе време, ама тоа е ...
Тие што се околу мене и што сакаат да ме запознаат многу брзо можат да го постигнат тоа. Сметам дека не сум некој комплициран карактер, барем не за луѓето околу мене, а за самата себе сум треба да сменам некои работи. Најблиските точно ме знаат која сум, што сум, како функционирам и на кој начин можат да постапуваат со мене
Никој не ме знае толку добро како што си се знам самата. И мислам дека никој никогаш нема да ме знае и сфаќа доволно добро . Јас сум често променлива личност со променливо расположение (најчесто сум позитивна, фала богу) со уникатни и несекојдневни карактеристики. Кај мене понекогаш може да се забележи она: „Час плаче, час се смее.“ Затоа не е возможно некој некогаш да ме сфати.
Па секако никој не не познава подобро од самите себеси, но што се однесува за луѓето околу мене можам да речам дека дечко ми најмногу ме познава затоа што пред него сум најслободна и зборувам се што ми лежи на срце. Му кажувам се и не само затоа што ми е дечко и го сакам туку и затоа што е докажано дека машките се подобри другари и не озборуваат па тоа што им го кажеш можеш да знаеш дека ке остане меѓу вас.
Многу сум затворена и поради тоа не ме познаваат луѓето околу мене. Единствено од мојата најдобра другарка не можам ништо да сокријам, доволно е да ме погледни и веќе знае што мислам и што чуствувам, без да и кажам ни збор што понекогаш ме нервира татко ми, ми ги знае желбите, ми го знае карактерот и најмногу ми помага во донесувањето на одлуките.
Има една личност која ме знае најдобро,дури подобро отколку јас самата-мама.Значи потполно сме исти во се..и знае што мислам,како и зошто сум се одлучила за нешто и слично..А за другарки и дечко,па и не баш сепак секој си има некоја маска која не сака да му биде симната .
Луѓето ме познаваат онолку колку што јас ќе им дозволам. Затворена личност сум и не се гордеам со тоа, едноставно така ме научил животот. Имам една другарка која ме познава најдобро, цел живот сме заедно и можам за се да и се доверам. Но понекогаш и неа не и кажувам се. Сакам некои работи да ги задржам само за себе.