Ме знаат,дури и премногу,ме знаат како дишам,што мислам,како се осеќам,све све...и мило ми е ради тоа,зошто ме знаат во целост каква сум и таква ме прифаќаат и сакаат,како и ја нив. до моите другарки
Само брат ми и дечко ми ме познаваат 90%, иако не целосно. Кон другите сум горе доле резервирана и иако имам многу блиски луѓе, сепак не си дозволувам премногу отварање.
Тие што ми се блиски,ме познаваат 100%.А тие што не ми се толку блиски,а мислат дека ме познаваат,всушност често испаѓало дека грешат.
Само дечко ми ме познава околу 90% другите мноооооогу помслку.Никогаш не се отварам целосно пред другите
Многу малку ме познаваат можеби помалку од 60% несакам да се отворам целосно така само се зголемува ризикот да бидам повредена најважно ми е моето мислење и мојот став -не барам совети сама си знаам што е најдобро за мене многу работи сакам да си ги чувам само за мене и сама да си ги разрешувам проблемите несакам никој да ми се меша бидејќи 90 % од луѓето на кои ќе им ја кажеш маката ќе бидат среќни поради тоа Најмногу што ме познава е дечкото ама и он не ме знае 100% па и ништо во светов не 100% е сигурно 2 личност е баба ми со неа пораснав таа знае како дишам и нечесто барам совет од неа имаме заеднички јазик со неа си ја сакам најмногу на свет
мене всушност никој не ме познава иако многумина мислат така не знам дали тоа е добро или лошо ама искрено на моменти ми фали некој вистински да ме познава
Дали луѓето околу вас ве знаат во вашето право светло и колку добро ве познаваат? Луѓето околу мене уште малце па ке мислам дека ич не ме знаат. Си мислат дека ме знаат а ништо не знаат. Дури и се изненадувам понекогаш. Дали човек лесно може да ве оцени, од неколку разговори на пример, или му треба долго време да ве запознае вистински? Што знам.Онака некоја основна слика може да има за мене. А дека вистински ке ме запознае... хммм долго време ке треба. Дали некој некогаш ви кажал каков прв впечаток сте му оставиле? Да постојано ми кажуваат.Некогаш лош некогаш добар прв впечаток сум оставила.Не ме чуди што и да кажат. Знам да бидам резервирана кон луѓето доколку проценам дека тоа е правилно. И знам да бидам тивка кога се запознавам и да пазам на секој збор што излегува од мојата уста.Но знам и веднаш со некој да се приврзам па да се раздрдориме како цел живот да се знаеме. Дали би ги изненадило луѓето што ве познаваат доколку би ги прочитале на форумот вашите постови и знаат дека се ваши? Па не би се изненадиле многу. Ке увидат дека ме ПОзнаваат но не ме Знаат толку колку што мислат. И колку вие умеете да ги процените луѓето? Па сметам дека знам да ги проценам луѓето,можам да проценам нечие однесување,поглед или намера до сега не сум згрешила многу пати во проценките. Сепак заклучок си е никој не не знае како што се знаеме самите себеси,ниту пак ние некој друг го знаеме онолку колку што мислиме.
Офф леле, јас самата себеси не се знам. Дали таков ми е карактерот или сега ми настапи пубертетов па спобрлавувам. Едноставно не знам ШТО сакам, со КОЈ сакам и КАЈ сакам. Мењам мислење на секои пет минути. Но, и покрај тоа мислам дека луѓето не ме познаваат многу. Затоа што јас себеси се сметам за толку комплицирана што самата неможам да си објаснам некои работи поврзани околу мене. Некоја моја одлука или нешто што сум кажала. Само моите најблиски другарки што се малку и ретки малку повеќе ме познаваат. Некогаш се изненадувам колку не ме познаваат на моменти, а некогаш и пријатно се изненадувам, едноставно се зачудувам кога знаат нешто за мене што ни јас не го знам или не можам како што треба да го протолкувам. Така да зависи. Верувам дека кога ќе се стабилизирам, сега да поминат овие години, еве за едно 2-3 години ќе ми се разјаснат барем некои од моите размислувања и одлуки и ќе бидам способна да го правам тоа што е добро за мене. И нема да бидам толку чудна, комплицирана и мистериозна.
Не си чудна ни комплицирана, ни мистериозна, само си во пубертет, и секојдневно се менуваш, развиваш, а така и твоето размислување. А гледам дека скоро сите пишале дека дечкото ги познава најдобро...а што ако раскинете? Па тој да ги открие сите ваши ,,најинтимни тајни‘‘? Се што само вие сте го знаеле за вас, што го немате откирено на никој друг? За вашиот карактер? Ризично ми е тоа. А и ако те знае 100% нема да биде интересно. Помистериозно, поубаво. Инаку јас си имам оддамна пишано на темава, дека најдобро ме знаат моите родители, и блиските личности околу мене, иако и пред нив ретко покажувам емоции.
Мене најдобро ме познаваат моите родители, сестра ми и дечко ми. Инаку порано многу повеќе се отварав кон луѓето, но сфатив дека нема потреба сите работи да ги споделувам со секој. Инаку најчесто оставам позитивно мислење кај оние со кои прв пат се гледам, но не значи дека целосно ме запознале . Јас мислам дека знам добро да ги проценам луѓето, но никогаш не оставам на прв впечаток, секогаш давам време некој да се докаже каков е
Мене најдобро ме познаваат само баба ми, дечкото и најдобрата другарка со која се дружам веке 9 години.Дури ни мојте не ме знаат како што треба, мислат дека ме знаат но не е така.Никогаш не ги покажувам своите емоции пред никој освен пред дечкото.Многумина мислат дека ме знаат, но јас тврдам дека не е така бидејки вистинската ЈАС се знам целосно само јас и никој друг.Лесно можам да ги проценам лугето какви се, но многу тешко можат да ме проценат мене Така што пред никој не се покажувам вистински бидејки некој може утре ке ми се скара, ке ми сврте грб и ке го злоупотреби сето она што го знае за мене.
Мислам дека навистина ме познава само една другарка, на прсти се бројат работите што не сум и ги кажала, таа знае 99% од работите за мене. Но, на моменти мислам дека сепак не ме познава целосно. И за многу други блиски што мислев ме знаат, почнав да чувствувам дека не е така и малку се разочарав, ама па сега тоа е, битно јас си се знам
Не ме познаваат многу луѓе целосно. Мајка ми, дечко ми и една другарка. Дечко ми 100% ме познава, а мајка ми и другарка ми околу 80%. Би сакала сестра ми да ме познава малку подобро, за другите не ми е криво што не ме познаваат добро. Јас повеќето луѓе околу мене ги познавам многу добро, иако некои почнаа да ме разочаруваат.
Одредени луѓе ме познаваат целосно ... Мојата нај другарка и другар ... Дечко ми некои 90 % ... Али секогаш има некои работи што не ги знаат ... Моите дома не познаваат ни 20 % ... Што ја сметам дека е многу подобро за мене у некои ситуации ...
Малку луѓе ме познаваат добро. Со сигурност можам да тврдам дека мајка ми ме познава најдобро, подобро отколку што јас себеси се познавам. Јас и да трепнам криво, таа веднаш знае што ми се случува. Не еднаш ми рекла - отвори се, кажи што те мачи, побарај совет, те знам како дишеш. Потоа можеби добро ме познаваат другарките и другарите од памтивек, со кои сум си блиска со години. Сепак којзнае дали постои човек за кого некој може да тврди дека го познава 100%. Она што се крие внатре, ретко кој може да го открие. Па после велиме „ауу ама ме изненади оној/онаа!“. Ма јок. Никој не не изненадил. Ние не сме го познавале доволно.
Мене никој не ме познава, дури ни најдобрата другарка со која се дружам едно добри 10 години не ме знае толку добро како што мисли, а за моите дома па да не праиме муабет. Јас точно дека сум весела девојка, насмеана и сл, ама во душата ми има влезено само една личност и само за него можам да кажам дека ме познава дури подобро од мене
Никој, освен јас самата. Мајка ми понекогаш насетува, а понекогаш нема апсолутно поим што ми се случува. Тврди дека ме знае "како селски буквар", ама одговорно потврдувам дека нема врска. Интересно е како дечко ми сам забележа некои работи за мене, а луѓе кои целиот живот ме познаваат, толку суштински не ми навлегле во сржта. Во секој случај , никој никого не познава 100%. И подобро е така. Во најдобар случај може да се надеваме дека доволно е барем да се спознаеме самите себе.
Луѓето ме познаваат онолку колку што јас сакам и мислам дека треба да ме познаваат.Секогаш се граничам и дозволувам да знаат само тоа што јас сакам да го знаат, значи нема некој кој секогаш би можел да знае што ми е или дали воопшто нешто ми е. Мислам дека така е најдобро.
Најдобро ме познаваат тато и мама. Потоа две другарки со кои сум откако се родени. Останатите мислам дека знаат многу малку за мене. А во скоро време мислам дека нема да знаат ништо. Се ке им е измешано. Непредвидлива сум и тоа ќе го искористам. Понекогаш е подобро некои работи да се промолчат.
Само мајками ме познава доволно,само таа и никој друг!И мислам дека е подобро така.Голем дел од луѓето кои ги познавам имаат погрешен впечаток за мене,некои дека сум срамежлива и затворена,досадна личност...а некои дека сум најоткачената и најзабавната личност.Всушност и една личност може да ги има и двете мислења за мене,многу сум променлива и често ги изненадувам другите со идеи и постапки кои никогаш не би помислиле дека можат да ги очекуваат од мене Но,таква сум...сите мислат дека ме читаат а всушност никој не знае што ми се врти во главчето dirty mind (се шалам нормално! ) Само мама може да ме прочита,и тоа само со еден поглед.Таа мајката знае се да открие колку и да се трудиш да скриеш нешто