Никој не ме познава целосно. Неможам ни јас самата тоа да го речам во целост. Се познавам до некаде како ќе изреагирам или некои работи што веќе ми се случиле, а од некои ситуации просто се изненадувам од самата себе, а најмило ми е тоа што се изненадувам на позитивен начин. Чуствувам како да созревам.
Луѓе со кои сега сум многу блиска ми имаат кажано дека на прв поглед сум изгледала како личност на која тешко може да и се приближиш, дури и малку арогантно Нели викаат подзнакот влијае како луѓето те гледаат, јас сум шкорпија, па со оглед на тоа, јасно ми е како од прилика изледа тоа. Имам многу пријатели, ме знаат каква сум, но дургарките од маало со кои изразнав (со кои го формиравме заедно карактерот), најдобрата другарка од средно (и сеуште една од најблиските личности во мојот живот), сегашната најблиска пријателка, момчето, братучетка ми, сестра ми и секако мама, мислам дека ме знаат најдобро и целосно.
Се сложувам со штрумфета јас не се познавам а не пак другите да ме познаваат никој не ме познава целосно... Најтешките моменти ги пребродувам сама без никој да не знае така ми е најубаво Се изненадувам се повеќе од себе се менувам или се оформувам како личност ....
Со исклучок на домашните (а ни тие во некои наврати), луѓето не знаат што да очекуваат од мене. Успешно делувам онака како што сакам, и го сокривам/испревртувам она што не сакам да се забележува, и со позитивни, и со негативни цели. А инаку, кај луѓето сум оставал впечаток на многу интелигентна, мистериозна и смешна личност, дрдорлива по природа и вечен фантазер. И да не заборавам, сум делувал и доста арогантно и пресамоуверено, иако има вистина во тоа.
На прсти се бројат луѓето кои ме знаат премногу добро и кои можат да ја предвидат мојата реакција во одредена ситуација, а и многу пати се има случено да покажам реакција која не е својствена за мене. Инаку не ми е многу тешко да оценам каков е човек, после неколку реда муабет најголем дел од луѓето сум ги проценила точно.
па да за неколку луге можам да гарантирам ми ги познаваат реакциите вкусот карактерот а нормално и јас нивните ама тоа се мн малку
Па тоа треба тие да кажат. Се зезам, нормално дека тие што се околу мене ме познаваат доволно добро! Па како некој може да ми биде близок ако не се познаваме како што треба?! Јас себеси се познавам доволно добро, си ја знам секоја реакција во секоја ситуација! А оние кои ги сметам за блиски, ме познаваат исто толку добро колку јас себеси!
Само дечко ми ме познава доволно добро за да знае каква сум или како ќе изреагирам во одредена ситуација. Порано, можам слободно да кажам дека ме знаеше и мајка ми, но во последно време се оддалечив и од неа и од татко ми, па близината ја снема. Со другарки што сум ги имала и ги имам, од искуство научив дека не треба се да им се кажува бидејќи кога-тогаш ќе го искористат тоа против тебе, така да и тие не ме познаваат. Јарец сум во хороскоп, може и тоа има нешто врска, таинствена сум за многу работи, и тешко стекнувам доверба во луѓето за да навистина им покажам каква сум и да ме запознаат добро.
Моите Bff најдобро ме познаваат. Некои пак имаат некои предрасуди за мене, ама откако ќе ме запознаат подобро, тотално bff ќе сме. Можам да кажам дека ме познаваат, ама глумата си го прави своето-никогаш не можат да препознаат ако не сум добро, ако сум тажна, кога сум нервозна- тоа го покажувам, убаво би ми дошло се' да му раскажам некого, инаку не би сакала да ме сожалуваат кога ми е најтешко, кога сум тажна сакам само да сум, и да се исплачам, пак да соберам сили и да продолжам со животот. ^^
Јас сум многу отворена лучност, немам причина да глумам која сум и што сум и што имам. ТАА сум, кој ме сака ке ме сака како што сум, кој не адиос Дечко ми ме знае убаво, а и мојте другарки ме знаат каква личност сум и на што сум спремна. Покажувам на секој каква сум, барем си знаат уште на почеток со кој си имат работа (со теле неразбрано) Сепак постое една личност што ја знам 22 год и знае дека секогаш кога кажам „ништо не ми е„ знае дека нешто не е во ред.
На прсти се бројат луѓето кои ме познаваат во целост со сите мои бои, мириси, апс анд даунс. Многу поголем набљудувач, слушател и аналитичар сум јас на околината одошто имам некоја потреба да нешто откријам за себе си пред луѓето. Обично оставам на времето и на самите нив да одлучат за мене. Дури и погрешните нивни впечатоци не се обидувам да ги разјаснам, да се објаснам, бидејќи и не чувствувам некоја потреба да се себе докажувам на било каков начин. Тоа која сум, што сум и каква сум одлучувам сама кога да го покажам, доколку веќе личностите ги сметам за блиски. Ретко кога споделувам проблеми, нешта кои ме измачуваат, макар душата да ми пука поради нешто, светот да ми се распаѓа, јас сум секогаш мирна, сталожена во тој поглед, среќна, весела, задоволна од се’, спремна да изигравам дворски шут за друг да насмеам. Пак, пријателите ме прифаќаат како колоритен човек со премногу во себе за да воопшто се анализира и оценува, бидејќи и глупаво би било за некој како јас, бидејќи во себе имам симбиоза од милиони карактери, контрадикторни едни на други, до толку што самата со себе се борам премногу често, пак за околината да ме разбере ми изгледа уште потешко. Важното ми е единствено да моите намери ги проценат како добри, да ме прифатат како нестандарден човек, чиј што физички изглед нема никаква врска со она внатре, дека мојата избувлива нарав не е знак дека во себе имам мал злобен гремлин што ѕирка и чека прав момент да некого повреди, а е просто момент кога мојата самоконтрола заминала во бестрага, бидејќи некој ми го притиснал копчето, што го вади страшниот кловн од мене. Пак и важно ми е да знаат само дека ова од денеска, кај мене може да нема врска со она од вчера и нема да има врска со она утре, бидејќи немам некаква си проекција за нештата, макар што анализирам премногу за се имам веќе изготвено сценарио со сите можни варијанти позитивни, негативни, ефекти и контраефекти, но затоа пак тоа како реагирам е енигма и за мене. Можам да имам различно мислење со секого, но сепак тоа да го ставам на страна и да те прифатам за најдобар пријател, што не значи дека ќе си ја сведнам главава да ми се качиш на неа.
Дали луѓето околу вас ве знаат во вашето право светло и колку добро ве познаваат? ? -Никој, ама никој не ме познава целосно. Некои работи и самата јас не сум ги дознала за себе. Мајка ми ме познава најдобро, според сите проценки и коментари кои сум ги чула до сега, но и таа заостанува на одредени полиња. Меѓу луѓето кои ме познаваат подобро можам да го вбројам дечко ми и најдобра другарка. Особено ценам што имам момче кое само заклучи каква сум, што сум и што сакам. Дали човек лесно може да ве оцени, од неколку разговори на пример, или му треба долго време да ве запознае вистински? -Отворена сум, и според мене сум лесна за проценка, но од друга страна пак имам добиено коментари дека сум непредвидлива, предизвик и неверојатно комплицирана, па потоа и тешка за проценка. Дали некој некогаш ви кажал каков прв впечаток сте му оставиле? -Повеќемина. Најискрен ми беше: Џабе ќе те лажам, како и секое машко прво го приметив телото, а не карактерот. Е не ќе се лажеме, очите, косата, искреноста.... Дали би ги изненадило луѓето што ве познаваат доколку би ги прочитале на форумот вашите постови и знаат дека се ваши? -Не. И колку вие умеете да ги процените луѓето? -Многу! Потребно ми е малку време за да си направам скица, а потоа да се водам по неа и уште повеќе да анализирам.
Луѓето ме познаваат толку колку што јас ќе им дозволам. Прилично сум затворена личност барем со оние новите кои ги запознавам и не ми остават некој добар впечаток. Пример на факултет ме мислат дека сум многу мирна и повлечена (сум ама не до толку) ама немам потреба со нив да се зближувам а со тие што сум секојдневно ме познаваат како не баш мирна односно сосема спротивно, ама со нив сум поопуштена па затоа. Ама пак никој дури ни сестра ми и моите родители не ме познаваат доволно. И сите ми рекле дека сум непредвидлива, мистериозна, таинствена и знам дека сум таква пред се поради недовербата во луѓето.
Луѓето околу мене не ме познаваат ама воопшто што се вели дури во некои моменти ни јас самата не се препознавам во некои постапки,јас сум срамежлива и затворена личност која прво треба јас да го запознаам добро човек па да почнам да се опуштами постепено да почнуваат да сваќаат која сум јас во суштина а за тоа треба многу време така да луѓето што ме познаваат доволно да речам се бројат на едната рака
па ме познаваат добро само тие на кои јас ке дозволам односно со кои сметам дека треба да бидам поблиска и да ги споделам проблемите или радостите во животот кои ми се случуваат. имало и такви случајеви во нашето друштво јас ги нарекував изгубени бидејки сакаа се да дознат за мене стално распиткуваа а јас ги избегнував не дозволувам такви работи а и понекогаш сакам нешто да си зачувам за мене зошто мора се да се знае. искрено да кажам јас повеке ги знам нив одколку тие мене прво им правам анализа според дејствата и околностите во кои сме се нашле според нивните постапки и нормално карактерот и зборовите со кои се изразуваат и така им правам проценка дали заслужиле или не да споделам нешто со нив и да им дозволам да бидат дел од мојот свет.
Да добро ме познаваат јас сум отворна и комукативна личност веднаш можеш да ме прочиташ ликот ме издава лесно може човек да ме прочита да дознае и запознае мене.
По вчерашните поклони, заклучив дека многу од луѓето МИСЛАТ дека ме познаваат, а всушност воопшто не ме знаат. Мислам дека луѓето со кои сум опкружена секојдневно можат без проблем да ме опишат приближно така како што јас си имам замислено слика во главата. Со нив поминувам поголем дел од денот, низ муабет и се надевам дека не сум некоја енигма за нив. Ме изненади мислењето на роднините, ме запамтиле како некое тивко, мирно девојченце кое не се преоптеретува многу многу околу ништо... :geek: А јас можеби и сум била таква пред некои 5-6 години, ама сега воопшто не се пронајдов во тоа што тие ми го рекоа. На крај, тој што се потрудува да те запознае вистински, вреди да те запознае. Сите други ќе те знаат само површно,а не ни се воопшто битни.
ова тешко единствена личност на која најмногу и се отварам и ме познава е мајка ми и дефинитивно нема утка овде другите околу мене ме познаваат не велам не, но сепак не ми е и баш потребно не сум личност која е зависна од туѓо внимание и не обожавам да им кукам и да и ги наметнувам проблемите
На никого не се отварам,никој не ми ги знае проблемите,голема мистерија сум и не давам луѓето да ме запознаат многу лесно,сите ме знаат по име, но не знаат што кријам,и како се чуствувам . Едноставно ја изгубив довербата во сите,видов дека на нив не ги ,,боли‘‘,кога ти не си ок , сеа и кога ќе ме видат замислена и кога ќе ме прашаат што ми е, само ќе им кажам ништо не ми е.Живот....