Вистински ме познаваат мал број на луѓе, тоа значи оние кои ми се блиски. Во нив имам доверба, можам да се отворам и да им кажам се, па затоа и ме познаваат толку добро. Секогаш се тука за мене и со нив споделувам се, и добро и лошо. Инаку по природа сум доста затворена спрема оние кои не ме познаваат или спрема оние во кои немам стекнато доверба.
Јас сум човек што има одреден круг на луѓе, на кои им се имам отворено и се држам до нив. Прилично тешко склопувам пријателства, и не баш лесно се снаоѓам во нов круг на луѓе. Имам 2 другарки кои го знаат секој детал за мене ( 99% ) и тие ми се доволни.. Но, сепак, мајка ми е таа што знае се за мене..
Морам да кажам дека многу малку луѓе ме познаваат,а јас мислам дека сум прекрасна личност..и дека сите најверни другарки што сум ги имала до сега за жал заминале од Скопје...во контакт сум само со една најверна што многу ја сакам и секогаш зборуваме со часови преку интернет се гледаме секое лето..но судбината не раздели...многу ми е криво што кога ќе видам некој како си ги оговараат најдобрите пријателки а се посреќни од мене и имаат пријатели...ете сега сум средно имам другарки но тоа се само за школо а после тоа дома...пред некое време паднав во депресија и заплакав пред мајка ми зошто јас немам најдобри другарки а се би дала за нив...само ми одговори женските се љубоморни,несакаат убави и паметни девојчиња околку нив,тоа ги боли и затоа те избегнуваат,бидејки кога ќе излезат со тебе знаат дека ќе се дотераш и сите машки ке ги свртиш на твоја страна,добро сега она малку претера но порано кога излегував со некој другарки до некој работи тоа и беше вистина ама јас не се ни замарав... Ако е за тоа..значи ние женските сме нешто најгадното што го створил господ да се мразиме една со друга бидејки е таа поубава од мене..божеее зарем пријателството се мери во убавина???
Буквално никој не ме познава ни добро, ни па најдбро. Освен самата јас. За да бидам вистински запознаена, тоа не се случува од еден разговор. Па никој од прва неможе да биде добро запознаен. За тоа требаат денови, месеци.. Многу ми кажале за првиот мој впечаток кај нив. Се трудам да бидам најприродна, и да не глумам. Мојата проценка за одредени личности била погрешна. Сум разочарана од тоа што не сум проценила како што треба, а и не сум бидејќи сега знам какви всушност се овие луѓе. И така не се зближувам со нив.
Кај мене е чудно тоа сто некои работи во мојот зивот ги знае само татко ми и само тој ме познава најдобро,некој би рекол тоа е нормално но во мојот случај не е зосто мајка ми ме родила ама не ме познава не го знае мојот карактер незнае нисто за мене.За другарки имам повеке од доволно но само една фала богу со ангелско срце,ме знае и умее во секоја ситуација да постапи правилно иако понекогас ме нервира сто е толку добра тоа не е нормално но знам дека никогас не би ме издала зосто сме биле во ситуации и сме поминале низ многу тестови на пријателството.Пријателки уфф колку ги имам ама сите тие незнаат ама бас нисто за мене и залудно само ги гледам како тагуваат и зборат дека би сакале мојот зивот да го зивеат,за таквите искрено намерно не показувам слабост ми се допага сликата сто ја имаат за мене така сега во целина навистина малку лугје ме познаваат добро
Вистински ме познаваат дали две личности на светов се на се, вака не допуштам баш секому да ми се приближи во кругот. На еден начин одбранбен систем си имам вградено и убаво ми е
Најдобро ме познава мајка ми, секако. И двете најдобри другарки, и ексот. Друг никој. Па и кој ми е потребен повеќе. Двете другарки, на кои можам да им кажам се, буквално. И ексот, кој секако морало да ме запознае, и јас него. После 2 години. Овие 4 личности од мојот живот знаат дека и ако некогаш се смеам и сум расположена, длабоко во мене постои тага. Длабоко во душата. Знаат по моите очи кога ми се плаче. Кога сум среќна, расположена. Само еден поглед е доволен. Да знаат што се случува со мене. На овие неколку личности можам (можев) да им кажам се, значи се до ситен детаљ. Значи, знаат како дишам. Знаат во секој момент како размислувам. Како ми е. Па и други не ми требаат, не сум некој човек кој ги расфрла проблемите и чувствата наоколу. Секогаш се трудам да покажам дека сум среќна и задоволна личност, иако не секогаш е така. Поубаво е да ме гледаат среќна, отколку на сите да им покажувам дека не е се како што треба и да се ситат на некој начин. Затоа што на никому не му е гајле за тебе, освен на блиските.
Кој како. А и малку си сум јас виновна, се правам дека имам строг карактер, а всушност.... Секогаш прва асоцијација за мене на повеќето им е строг карактер
Кој ме знае,ме знае. Кој не,никогаш нема да дознае. Едноставно не ми е гајле дали некој ме познава или не. Важно ми е, јас да знам која сум т.е. да се пронајдам во животот а и да се придружам до моите стандарди.
Мислам дека не ме познаваат многу добро како што ги познавам јас нив.Мене прво ме сметаат дека сум голема оговарачка не знам зошто таков впечаток им оставам.Инаку имам згрешено за многу личности сум ги сметала за многу лоши а испаднале многу добри епа сеа дали имале маска или не незнам. Јас сум си по природа зборлива не сакам на никог да му кажувам зад грб ти кажувам лице ако ми смета нешто и крај.Можам со секого да комуницарам немам некој посебен проблем.Се шалам често на моја сметка и така.Во два збора Јуле е комедии и трагедии
Најдобро ме познава мајка ми, знае се за мене, секогаш споделувам се со неа, без разлика дали е добро или лошо, таа е секогаш тука да ме ислуша... Инаку се отварам на луѓе само на оние на кој јас им верувам а тие се многу малку
најдобро ме познава мајка ми и најверните другарки, но често знам да се отворам и пред некои кои недоволно ги познавам па така тие имаат можност да создадат вистинска слика за мене.
мене никој не ме знае каква сум......за едни сум најлоша,за други најдобра,ама јас си знам каква сум....
Никој не ме знае вистински каква сум...освен сестра ми, мајка ми и најдобриот другар. Секогаш кон сите имам некоја резерва се со цел, за да си се заштитам јас самата
Воопшто не ме познаваат. Можеби некои само мислат дека ме познаваат ама сите емоции и чувства си ги чувам за себе. Не зборувам со никој за тоа и поради тоа мислам дека како личност малку кој ме познава, речиси никој.
искреноста во последниве години многу е честа кај мене ,како што викаат све што е премногу е штетно а почнам разговор не можам да се запрам обично сум таква со тие што сум гз и гаќи ,можат да ме запознаат и да дознаат све за мене од еден ден ама што си е премногу премногу си е сепак треба нешто и во себе да се чува ама јас неможам
Па мислам дека не ме знат познаниците доволно каква сум. Само ме познаваат оние најблиските, со кои повеќе време поминувам заедно.
Сите што ме сакаат и ги сакам ме познаваат одлично ,меѓутоа сите останати не ме познаваат ни 10% од тоа што сум јас..