само јас самата си се познавам најдобро, дури ни мајка ми и татко ми не ме познаваат најдобро а уште помалку другарките си фурам fake smile и ајт со здравје
Мислењето на Жапче како од моја душа со нејзина рака да е напишано. Целосно се пронајдов во нејзините карактеристики. Не ме познава никој. Дури ни јас себеси не се познавам. Си ја знам душата да, ама се изненадувам кога во некои ситуации постапувам на начин кој претходно сум го осудувала. И тогаш ги сфаќам луѓето зошто и тие постапиле така... Сите ме знаат како срамежлива и молчалива девојка. И во право се. Срамежлива сум до некаде, во одредени ситуации и пред одредени луѓе. И молчалива сум, ама си ја сакам таа карактеристика. И кога душата ми гори, и кога ме мачат илјада проблеми, секогаш пред домашните и пред другарите изгледам стабилно и вообичаено. Си ги чувам проблемите во себе. Порано се и кажував на најдобрата другарка, ама од пред некоја година се повлеков во себе. Сега сум само слушател. Обожувам да ги слушам луѓето како зборуваат а во себе ги анализирам и им ги откривам душите. Голема желба ми е да станам психолог и професионално да го проучувам човековиот мозок и душа. И да не забегувам од темата. Одговорот е - многу малку. Само површниот дел ми го знаат, оној за кого можам да зборувам пред другите. А внатрешноста на мојата душа си ја знаеме само јас и мојата потсвест.
Многу малку луѓе ме познаваат навистина. Всушност, многу малку луѓе можат да ме разберат, а и среќна сум што е така. Тоа е само доказ дека сум генијалец .
Ме познаваат онолку колку ќе дозволам јас, секогаш имам резерва која си ја чувам само за себе, никој не ме знае вистински во сржта каква сум бидејќи не сакам да го злоупотреби тоа, ако на човек му даддеш прст ке се обиде да ти ја земе цела рака, така и со ова не смееш на никој да му се ставиш на повели и да може да управува со сите твои маани или квалитети
Речиси воопшто и да не ме познаваат. По природа сум премногу затворена личност и ретко кога сум расположена да разговарам за својот живот или пак за проблемите кои што моментално ги имам. Дури ни моите дома не ме знаат во потполност затоа што навистина не сакам да си го покажувам вистинскиот карактер пред никој. Не го правам тоа намерно туку едноставно таква сум. А луѓето околу мене, другарки и познаници за мене верувам дека имаат мислење дека сум најпозитивната и најсреќната девојка што ја запознале и дека немам воопшто проблеми. Вистината е далеку од тоа, но мене едноставно ме плаши да се отворам пред некој дури и за многу банални работи, не сакам луѓето да имаат претстава за тоа каква личност сум јас. Дури чудно е, ама никој не ме знае ниту потполно, ниту вистински. Знаат само еден мал дел од мене за кој сама сум дозволила да го откријат.
Никој не ме знае онака како шо јас се знам себе си. Има личности кои ме знаат доволно, и тоа е доволно за нив. Има други личности кои мислат дека ме познаваат, а всушност, воопшто не се во право.
Ме знаат во право светло, но дефинитивно знаат малку работи за мене. Дружељубива сум и се отварам лесно, но не за некои по приватни работи, такви што ги чувам само за себе или ги споделувам со само 1-2 личности. Ми има кажано една личност дека луѓето неможат а да не ме сакаат затоа што секогаш сум пријатна со сите и сум расположена и насмеана. За тоа колку јас умеам да ги проценам луѓето, не сум сигурна, некогаш сум била потполно во право, додека во други случаеви, целосно сум погрешила со моите впечатоци, и тоа за луѓе коишто сум ги сметала за многу блиски.
Ме познаваат толку колку што јас им дозволувам да знаат. Всушност сите знаат еден мал дел од мене,никој не познава ни половина од тоа што сум всушност. Подобро !
Многу малку ме познаваат навистина. Можеби мислат дека ме познаваат убаво, но не е така. Моите дома и уште неколку блиски личности (3-4) ме познаваат во вистинско светло каква сум. И маани и доблести , све. Никогаш не сум се преправала поради X причини, едноставно сум по-затворен тип за тие работи. А тешко човек од некој разговор да ме запознае како што треба.
Колку и да мислиш дека те познаваат, не те познават онолку колку што ти се познаваш самиот. И така е најдобро
Се согласувам потполно со тебе.Никој подобро не може да те познава колку што ти се познаваш самиот себе! Е сега пред другите ние нормално дека и помалку глумиме,не искажуваме се што ни лежи на срце. Нема човек кој целосно се предал и кажал се некому. Еве јас највеќе разговарам со мајка ми,но сепак си имам некои работи сочувано за мене,бидејки само јас ги разбирам и знам да си ги протолкувам. Понекогаш,а може да се рече и секогаш глумам дека се ми е супер иако може во себе душава ми плаче. Тие што ми се поблиски до некаде па и препознаваат кога нешто не е во ред со мене,значи не можам изгледа до толку да си ги сокријам чуствата и да глумам расположение.
Така е, има поговорка дека тајната е тајна се додека не ја кажеш некому така да, некои работи се за себе да останат. Колку и да те познаваат луѓето и колку и да имаш ти доверба, секогаш треба да се остави простор за мало чуство на несигурност бидејќи никој на никого до толку не му е верен за да не би го издал натаму на било кој начин запомни го тоа
Сите што ме опкружуваат мислат дека сум премногу јака, позитивна и безгрижна личност. Малкумина кои ми се ептен блиски знаат колку всушност одвнатре сум чувствителна, нежна и кревка како мало дете. Сама сум се поставила така и супер ми е, бидејќи според мене не секој заслужува да ме познава комплетно, а и нема зошто секој да ги знае моите слаби точки, тие што треба ги знаат. Досега сите кај и да сум отишла ме виделе само насмеана и таква и ќе си останам. На сите им ширам само позитивна енергија и затоа секаде сум добредојдена.
Најверојатно никој не ме познава до детал.Моето семејство знае една добра,примерна страна од мене,но исто избувлива и нервозна.Моите пријатели пак знаат една луда,откачена личност,секогаш спремна за забава,ама и да помогне. Неретко знаат да ми кажат дека не престанувам да изненадувам и дека знам да бидам и таинствена и отворена како книга
Ме познават онолку колку што им дозволувам. Малку сум интровертна, затворена и не искажувам многу лесно чувства. Се држам на некоја дистанца, особено на почеток кога ќе запознаам некој. Тоа донекаде е добро, ама па толку е и лошо. Значи многу често лошо ме проценуваат (од прва), па дури по некое време ќе ми кажат дека имале сосема различен впечаток за мене на почеток.