Најдобро си се познавам јас. Другите не. Ни мајка ми ни татко ми не ме познаваат толку добро а за останатите да не правиме муабет.
Моте пријатели многу добро ме познаваат мене.Се знаат што,кого мразам,што сакам, кого сакам,кој ми се допаѓа....
Од фамилијата мајка ми најдобро ме познава и тетка ми иако не сме многу блиску имаме многу сличности,а останатите ме познават толко колку им дозволувам да видат
Моите родители ,моите три најдобри другарки и мојата братучетка знаат се за мене.Посебно другарките,па дури ми го знаат и пасвордот на фејс. Сакам кога луѓето ме познаваат..пособро се чувствувам.
Многу малку ме познаваат каква сум вистински.Сите мислат дека сум многу срекна но малку знаат како се чувствувам, малку знаат што се крие под таа насмевка која постојано ја носам на лицето, дека не се смеам поради тоа што сум срекна туку насмевката ми е навика, се смеам и кога ми е најтешко.Едноставно треба подолго време да бидат со мене за да го запознаат моето вистинско ЈАС....
Роднините и поблиските пријателки (кои се неколку 3-4) ме знаат во смисол какви карактеристики имам.Онака другите ме проценуваат по изглед и тоа е нивен прв а и последен впечаток.Сите ми кројат некои приказни зад грб и тоа објаснува дека не ме знаат,воопшто.
Колку добро може другите да не познаваат зависи од нас,колку ќе им дозволиме да навлезат во нашиот живот.Ме познаваат толку колку што јас сакам да ме познаваат. Приватноста е моја и сакам да остане така.
Сега ова прашање ми е малку нелогично, колку другугите луге ме познаваат мене? А, како тоа може да го знам јас или вие? Како можете да знаете дали и колку лугето знаат за вас? Нелогично е прашањето бидејки понекогаш другите луге знаат многу повеќе отколку што вие мислите и повеќе отколку што се гледа од нивните лица и реакции. Но постојат и обратни ситуации кога мислат дека знаат многу повеќе отколку што реално го знаат за вас, т.е она што го знаат се само оговарања и нечии лични фрустрации. Јас незнам колку знаат лугето за мене но се гордеам со тоа што има што да знаат, за разллика од некои кои имаат досаден живот и колку и да сакаат другите да знаат за нив едноставно нема што да им понудат. Горда сум на себе што немам што да кријам или од што да се срамам, а тоа дали некому ќе му се допадне што го знае за мене или не, тоа е помалку битно. Според мене подобро е да знаат се за мене и да ме прифатат таква, каква што сум, отколку цел живот да стварам лажна слик за мене и да жиевам во страв дали еден ден ќе се дознаат работи кои не би сакала да се дознаат.
Добро ме познаваат само двете најдобри другарки, за другите е така-така. Искрено и не сакам луѓето да ме знаат многу добро, често знам да изненадувам јас.
Најмногу ме знае мајка ми,но не ме знае 100%,бидејќи и јас се изненадувам од самата себеси понекогаш,дури ни јас не се познавам доволно себеси,не можам да се сфатам.Другарките ме знаат доволно,со нив не зборувам само за домашните работи,нормално.
Многу луѓе не можат да ме разберат од неколку причини. Јас со малку зборови, но со набљудување на карактерот на некого можам да навлезам во суштината на нештата. Повеќе сакам да се разберам без многу зборови, што велат еден збор= еден златник.Сакам да се фатам на иста бранова должина без збор со некого. Но малку луѓе има како мене и затоа не можат да ме разберат никако. можеби би било подобро за мене да сум поинаква.
Ех, колку само ме промени овој град. А за жал, ретко кој ја познава онаа Хипица која се моделираше тука. Сите ја паметат онаа која ја фрли црвената капа високо на 8-ми Август 2010. Штета.
Обично луѓето стекнуваат многу погрешно мислење за мене на почетокот. Стекнуваат претстава дека сум арогантна, дека многу се ценам итн. Јас само имам принципи и не дозволувам некој да си поигрува со мене и индиректно да ме навредува. Арогантна сум само спрема личности кои го заслужуваат тоа, кои ми глумат дека се некои и нешто. Личност која што најдобро ме познава е дечко ми.
Луѓето ме познаваат онолку колку што јас ќе им дозволам да ме запознаат. А често првичниот впечаток им бил еден а потоа друг. Не е лесно да ме прочита човек, барем не така брзо. Како книга...читаш и мислиш дека веќе знаеш што ќе има во наредните неколку страни што следат ама доаѓа до неочекуван пресврт на настаните. Целокупната и вистинската јас... е тоа е сложувалка.
Најблиските ме познаваат многу добро, зашто сум отворена и искрена, со останатите комуницирам од дистанца и ниво кое одговара на типот на комуникацијата.
Мислам најблиските доволно добро ме познаваат ,сепак сум доста отворена личност (што ми е маана дефинитивно )али не во целост ,сите си имаме по некоја тајна