Па нез искрено,сите мислат дека ме знаат full,ама не може да ме знаат толку добро бидејќи не покажувам се од мене,дури и мајка ми,со која сум најблиска не ме знае целосно.
Со сите се поставувам каква што сум, а колку ме познаваат тоа оставам на нив. Од друга страна немам проблем со проценка на луѓе.
Личностите и што ми се блиски и познаници мислат дека знаат многу за мене, а всушност не знаат ништо. Мислам дека само потесното семејство чичковци, тетки и први братучеди знаат повеќе информации. Мразам лажење, но не споделувам многу за мојот живот па можеби оставам и погрешна слика за мене. Пример јас сум таков карактер што од полнолетство сакав да сум независна и работев нешто било што да имам за себе, а луѓето околу мене можеби мислеле дека немам за леб, а јас имам капитал и 20 години да не работам. Сопственик сум на неколку куќи што ретко кој млад има. Сепак подобро ми е да знаат што помалку.
Толку колку што јас им дозволувам да ме запознаат. Едино добро ме знаат членовите од семејствотото и дечко ми, сѐ остало ме знае колку што јас сакам да ме знае.
Со оглед на тоа што ја имам таа привилегија да можам да бидам искрена, во тој контекст добро ме познаваат а ако погрешно ме перцепираат нивен проблем си е
Ја знаат само мојата добра страна и тоа не ја знаат целосно лошата страна никој не ја има видено сеуште
Тие што ми се најдобри другарки и другари, многу Буквално знаат и како ќе изреагирам и сѐ И што сакам и што неќам
Целосно ме познаваат само блиските, особено моите дома. А има некој кои мислат дека доволно ме познаваат ама во глобала не, можеби до некаде да ама не во целост, само површно.