Ме интересира колку пати една туба крема за депилација може да ја користите за депилирање на нозете и пазувите? (на пример кремите за дипилирање на veet)
Јас користам VEET за депилација под пазуви и ми трае долго, околу пола година. Ама ја користам само за под пазуви.
Купи си девојкоо 150 денари е , не е 1200 па да му ја мислиме колку се трошела.Извини за напнатоста но така е.
Јас се имам депилирано со обична VEET на препони и немав проблеми. Но, не сакав да ризикувам уште еднаш па си зедов крема за депилирање на бикини зона од Авон. Има и посебна крема од VEET за бикини зона, но ја немам сретнато по нашите маркети. Најдобро нарачај си ја оваа од Авон за да нема несакани ефекти.
Користам Veet и не сум задоволна, бидејќи кога ќе се издепилирам 2-от ден вејќе почнуваат да ме боцкаат Незнам што да користам затоа што и со брич е исто, а со восок немам пробано.Дали многу боли првиот пат?
Зависи каде, ама зависи и од кожата. Мене лично повеќе ме боли на рацете со восок, а и многу брунчиња ми излегуваат и затоа си терам со крема. Ми траат 5-6 дена и почнуваат да се познаваат асално. А на нозе на пример ич не ме боли, ги депилирам со восок уште кога почнав со депилации.
Бидејќи си се правела со крема и брич може првиот пат да те боли малце, но не е страшно.. После тоа ќе ти станат помеки и поретки така да подобро побрзо одлучи се на тој чекор или пак пробај со депилаторче, јас во последно време со тоа си ги правам и нозете и рацете. Да не бидам оф, ако некогаш залутам по крема, обично ми трае само еднаш да се направам на нозете и еднаш на рацете и толку... Долги ноџиња и рачиња имам што да правам
Па сакам нозете да ги средам изгубив нерви со Veet затоа сакам да сменам.На раце несакам да ги направам бидејќи ми се плави и не ми се познаваат.На раат сум со нив Поголема мака ми се нозете.Сепак фала ти ќе пробам со восок Фала ти за советот ќе пробам па ќе видиме
Доцна одговарам ама не е важно. Пред 2 години ја користев кремата на вит таа зеленета. Рацете и прстите си ги депилирав со неа и влакната почнуваа да ми растат за 5-6 дена. Инаку не се ни поцврсти, туку истите се. Незнам како да објаснам ама кремата не ги куби, само одозгора ги вади. Исто така да кажам дека не може со нејзе да се депилираат цврти и дебели влакна. Само потенките. Или кај мене неможеше незнам.
И јас не сум задоволна од Veet ги имам пробано овие креми и од сите влакната ми подраснуваа за 3-4 дена исто како и со брич. Спојлер Инаку скоро една крема трошев за раце и нозе . Мајка ми се депелираше на козметичар со ладен восок на раце и нозе и скоро месец ипол не и подраснаа влакната