Дали некоја користела крем за депилација на интима? Јас до сега со шеќерна паста се депилирав секаде, ама сакам да пробам со крем затоа што многу време треба за подготовка на пастата и депилирањето, а и сакам нешто безболно...
Јас користам крема за депилација на интима, скоро 2 години. Таа што е на Veet, па не сум имала не сакани последици. Бидејќи не сум ни пробала со восок и сигурно боле многу, затоа сум и верна на кремата
Колку ке трае кремата за депилција зависи од тоа што депилирам. Ако е само вагината трае едно пет пати, ако депилирам и пазуви тогаш 3 пати. Во принцип не се исплати да купуваш креми за депилирање ниту од економска, ниту од стравствена, ниту од естетска гледна точка. Најдобро е ако веќе не одите на депилација да инвестирате во поквалитетен жилет отколку да фрлате пар на креми. Ќе речете жилет си е жилет нема врска дали е ваков или онаков? Не е точно,. не само што има врска во поглед на должината на траење има врска и во поглед на квалитетот на отстранувањето на вланата како и од алергиски аспект дали ќе се појавува црвенило или не. Затоа не залажувајте се со креми затоа што ќе изгледате како подникната кокошка бидејки кремата ги гори влакната и ги отстранува полошо и од жилет, а да не зборуваме тие хемикалии колку штетно влијааѕ на кожата и жлездите.
150 денари, некој денар плус минус, иначе ја има во аптеките, поголемите маркети. Јас ја земам таа што ја има без разлика на бојата. Има и на темно и светло розово.
Здраво. Може ли некоја да ми објасни како се користи крема за депилација? Сакам да пробам на нозете бидејќи многу брзо ми растат влакната...денес ако ги направам утре почнувам да боцкам..
Девојки на рекламите викаат од веет кремата еден месец на кожата нема да се појават влакна. Некои ми кажуваат дека кремата го горела влакното од корен некои викаат исто ко брич. Да купувам или не се исплати?
Е како не, исто ти е ко брич, за 2-3 дена ете ги одново, со таа разлика што со користење на крема немаш опасност од тоа да се испозаколиш како со бричот
Нема врска тоа на рекламите. Влакната почнуваат да растат иско како да си ги избирчила. Моето искуство е дека со крема за 10 минути си средена, а после влакната растат како омекнати, изгорени од хемиијата, па се и малку помеки. Кај мене ако со брич уште следниот ден почнуваат да никнуваат, со кремата добивам на уште еден ден мазно. Само треба да се внимава, опасна хемија е, да се следи упатството, и според мене никако не е за интима...
Мене два дена ми трае. Гледам да се депилирам а ако некогаш не сум во можност користам брич со пена за бричење и не се сечам воопшто така. Кремата ми е на последно место а за тоа придонесува и фактот дека не се воопшто ефтини, за цели нозе да ги направам ми треба цела туба и на крај ништо, за 2 дена повторно пораснале. Единствено подобро е тоа што кога растат се малку помеки за разлика од брич.
Девојки,жени,мајки на девојчиња. Сакам да ве прашам. Кога прв пат почнавте да се депилирате,со што почнавте? Ќерка ми е се уште мала,во пубертет,но главна тема моментално ни е што да правиме во лето со несаканите влакненца,кои не се многу,но и пречат и сака да ги отстрани.Другарките и кажале за некоја крема која ги осветлувала влакната,ама досега не сум чула за неа,па прво овде да си прашам. Била некоја беби крема??? @Mishela да не знаеш што чудо е тоа?Или некој друг да знае каква хемија е тоа. Зборував и со вработените во салонот каде што јас одам,тие ми препорачуваат да почне со депилација.Бричење и јас не би сакала,може само за под пазуви,ама за тоа потоа ќе видиме.Или пак со крема за депилирање,ама и тоа се хемикалии. За мене не би го купила Филипс Лумеа,ама ако е најдобро решение,за ќерка ми и тоа би го купила.Само и тоа не знам колку е паметно,сепак е дете во раст.