@ph.orhideja Не сум слушнала за ваква Беби крема, меѓутоа се согласувам дека подобро е да се почне со депилација (ама никако сама во домашни услови ). И тоа, со шеќерна депилација, не со восок. Јас имам многу нежна и осетлива кожа, кога се депилирав со восок бев лом и добивав осипи со ситни бубулици. Со шеќерната депилација немам таков проблем и најтопло им го препорачувам овој метод на депилација на сите девојчиња, па и девојки и жени. Лумеа не сакам, мислам дека не постои поголем поборник против ваквите фотодепилатори. Језиво ми е тоа зрачење колку и да е безбедно, а и имам многу светла кожа со многу бемки па ... мил ми е животот.
@ph.orhideja И јас препорачувам шеќерна депиплација. Нема поприродно од тоа. Кремите за осветлување и кремите за депилација се полни со хемија така да не би ризикувала со тоа. Шеќерната е природна, дома ќе делува на раст и густина на влакна и може многу да и помогне за во иднина. Само со искусен козметичар...
За 2-3 пати дали ми траат,ги користам за нозе и раци.Поубаво е со ленти за депилација,восок...дека овие се исто како со брич,наредниот ден растат.
Пошто имам четврти ден менструација не можев да одам на депилација и решив да се средам со Veet крема. Е сега, пошто не се информирав доволно, на цели препони ја ставив и сега чувствувам мало пржење. што е најстрашно што може да се случи како нус појава?
Евентуално црвенило како иритација. Не е нешто страшно но за друг пат подобро помини се со брич или ножички ако не сакаш да се бричеш. Кремите имаат малку агресивни состојки за да се употребуваат на места како интимата. Не дека од една употреба може да се случи којзнае што, но избегнувај ги сепак. Ако ти се јави црвенило стави алое вера гел или Јекодерм. Помага и Хрватскиот Мелем.
Дали може некоја да ми објасни како се користи кремата Веет за депилација сакам да пробам ?? Позз ви благодарам
Земаш крем veet се мачкаш на нозете каде што имат влакни па чекаш 2-3 мин и со шпатула ги туркаш од долу па нагоре кога ќе завршиш со тоа и со млака вода ќе се измиеш па со крпа ќе се бришеш и за крај ќе се намачкаш лосион за тело или крем бекутан .
Три месеци ја користам кремата. Ја купувам Лалин (од Кам). Ама ретко ја користам. Навика ми е со брич да се средувам.