Има хиерархија на човековите потреби: ''Третото ниво го сочинуваат потребите за припаѓање и љубов: потреба за пријател, дечко, девојка, потреба за деца односно за блиска емоционална врска (однос). Незадоволување на оваа потреба води кон осаменост и социјална анксиозност.'' https://mk.wikipedia.org/wiki/Абрахам_Маслоу
Ептен интересно шо го ставате сексот на ниво на храна и вода. Глупости. Ние како хомо сапиенс фала богу се разликуваме од другите животни по тоа што имаме свест и способност за самоконтрола. И не гледам зошто некој не би можел да издржи подолг период, а ако стварно не може тогаш ќе се запрашам што човек е и дали можам да имам почит и доверба за него. Сексот ниту е човеково право, ниту ќе се цркне без него. Али зависи кој колку е развиен у мозокот I guess.
Бидете попрецизни исто е дека се во категорија нагони/ потреби, но како такви хиерархиски се на различно скалило. Први се потребите за преживување, сексот како потреба е на трето ниво. Се не е во сексот, но да бидеме искрени и не се може без секс, освен ако не станува збор за некоја друга психолошка состојба. Едноставно потребите/нагоните се дел од човечката природа. Еве ја пирамидата :
И пирамидата на Маслов потврдува дека постојат сексуални нагони, дека и тие треба да се задоволат. Точно не се на исто ниво како првите, но и незадоволувањето на сексуалните нагони имаат свои последици. Според мене, под задоволување на сексуални нагони не спаѓаат само секс со партнерот, туку и самозадоволувањето (тука гледам пишувале дека немале секс со месеци со парнерите, но самозоадоволување имале сигурно).
Точно е дека е сексот на ниво на потребата за храна и вода, и воедно е точно дека можеш да ја контролираш таа потреба. Се разбира, сите на различен период. Без вода можеш 3-4 дена, без храна можеш 3-4 недели, без секс можеш цел живот.
Кога нешо не ми е ок и по мерка општо у животот, притоа немам партнер, скроз можам да издржам подолг период. Моментално ми се дешава ова па си го потврдувам, а прошлиот пут ми траеше девет месеци. Ваљда ми е тоа у исто време и максимумот.
Не планирам дур не запознам добро некоја особа и стварно се приврзам со неа. А со оглед на тоа дека многу тешко се врзувам за луѓе и ми „скита“ погледот, ќе останам невина до 35
Незнам ама последните недели имам голема потреба да имам секс, да се почувствувам посакувано од некој да си поминам незаборавно, ама кај да го најдам тој партнер и со мојата срамежливост и неопуштеност, а ми се сака..
Ни малце не е слично, не знам како може нешто што е неопходно за живот, да споредуваш со физиолошка потреба. Ако не јадеш, не пиеш или не дишиш ќе умреш, без секс никој не умрел. И темава е толку банална што не разбирам која и е потребата што постој и не е затворена.
Не се секирај. Имаш избор на форумов. Колку може да се издржи.....Колку што сакаш. Сигурно нема да умрам без секс.
Можам до крајот на животот,сексот не е дел од преживувањето,можам но не сакам,сум имал бурни сексуслни периоди но и долги апстиненции,и двете нешта ми се ок,не го ставам сексот на пиедестал но е важен за здрава врска предпоставувам не сум бил во таква до сега.