Сексот како и цигарите и се друго е зависност. Ти фали зашто така го имаш убедено мозокот. Кога си зависен иако не си свесен желбата ти се јавува од 3 до 6 месеци (може и порано ако претходно си бил подолг период сексуално активен) и на тебе останува колку успеваш да се контролираш. Кога одложуваш и се спротивставуваш на зависноста подолг период имаш можност и воопшто да немаш никаква потреба во иднина. А тоа што денес ги имаат убедено другите не било здраво да немаш секс, не знам што да кажам освен тоа дека се за греота. Искрено ми е жал.
Сексот не е зависност туку е потреба, а ти ако немаш потреба од секс тоа богами е проблем кој треба да си го решиш на доктор. И не е здраво да немаш секс, едуцирај се малце па после пишувај на форум.
За секс да имаш ти е потребна личност со која ќе имаш, а не дилдо или дај шта даш. Тогаш не е потреба, туку зависност.
Сериозен си? ''Маслов ќе придонесе за психлогијата преку неговата хиреархија на човекови потреби, која ја претставува како пирамида, а на врвот од пирамидата се наоѓа потребата за самоостварување или тензија или конфликт во животот на некоја личност. Основата на пирамидата ја сочинуваат основните потреби за преживување. Откако ќе се задоволат овие потреби, човекот се стреми да ги реализира потребите од второто ниво: потребата за безбедност и сигурност. Потребата се актуелизира само тогаш кога не е задоволена. Со задоволување на потребите, тие не исчезнуваат туку не мотивираат да се искачиме скалило погоре. Третото ниво го сочинуваат потребите за припаѓање и љубов: потреба за пријател, дечко, девојка, потреба за деца односно за блиска емоционална врска (однос). Незадоволување на оваа потреба води кон осаменост и социјална анксиозност. Потоа следи потребата за почит. Маслов наведува две верзии на потребата за почит: ниска и висока. Негативна верзија на оваа потреба е комплексот на инфериорност и ниска самодоверба. На врвот од пирамидата се наоѓа потребата за самоостварување.'' Toчно ќе имаш секс во зависност од потребите за секс, ама со оглед дека е еден од нагоните, потребите не можеш да го одминеш цел живот, мислам не е здравствено ок тоа. Обично преку добивање информации меѓу другите и за сексуалниот живот на пациентот психолог или психијатар може да постави точна дијагноза. Важен сегмент од животот е. Сепак постојат одредени состојби кога од некои причини личноста не практикува секс со години и може воопшто да не и пречи тоа туку да си ја канализира таа енергија и потреба на друг начин, си има дефинирано во стручната литература за тоа и како да се пристапи, третира и работи во такви случаи.
А зошто воопшто ја праќаш на доктор и велиш дека не е здраво, ништо поконкретно не гледам во твојот одговор.
Кога ќе се изгуби чувството за либидо некое време па макар и долго да е богами треба да се оди на доктор да се испита каде е проблемот.
А ако некој не може да најде партнер/ка од х причини - грд, сиромашен, несигурен, срамежлив, инвалид, баксуз, тој/таа што да прави?
Aj pa sega i ti, nikoj nikogo bolen ne napravi, ne ides na dokotr samo koga si bolna, redovni proverki, konsultacii pravis? Da ja kontaktira Desanka ili Levanka ili dvete istovremeno Se salam... ne... se salam...
Не е смешно ама ме изнасмеа со баксузот. На бајачка да оди, да се тргни магијата. На темата, во крајности одите, се' што е екстремно не чини. А и секој за себе си одлучува, немаме сите исти потреби.
Јас само се надоврзав на мислењето на членката не знам гледате или не гледате вопшто за што се води дискусија. Да не е здраво да се нема односи цел живот, ни по писхичкото ни по физичкото здравје и тоа не го кажувам јас туку компетентни нучници, доктори, психолози, психијатрија. Сексот си има бенефити за организмот во однос на имунолошкиот систем, кардиоваскуларниот, либидото, стресот, емотивните врски, психолошкиот профил на една личност. Значи на темава има стручна литература колку што сакаш да читаш и да се едуцираш. Глупаво е да се напаѓа мислењето на некој со пишување на небулози на темава. Сексот бил зависнот како алкохлот и цигарите ?? Гледам сите по улиците одат и се тресат од зависнот од што немаат секс(смајли што се крсти). Ако сте зависни од секс и сметате дека сексот ви преминува во зависнот тогаш дефинитивно треба да се оди на доктор да се види во што е проблемот. Ако имате намалено либидо и тоа не е нормално и за тоа се оди на доктор. Задолжително воведување на сексуална едукација во училиштата е потребно, сексот не треба да биде табу тема, а младината треба да биде повеќе едуцирана во однос на ова прашање.
Уште едно прашање. Дали монасите сметаш дека исто така се нездрави и трпат некакви последици што немаат интимни односи?
Ама што знаеш па ти, све је лаж твоево Супер си објасни, малку имавте двете погоре недоразбирање, на некои кога ќе им речеш иди на доктор, психолог, психијатар си мислат ги сметаш за болни или психички не во ред. Мене многу ми е жал кога некои вака размислуваат и колку и да се едуцирани ми личат дека се неинформирани. На лекар, независно општ или психијатар не се иде само кога си болен, се иде и на регуларни прегледи и консултации. Имаме многу ниска свест за ова за потребата од редовни консултативни прегледи за било што, бидејќи полесно е да се спречи отколку лечи. За тоа дали некој може да издржи без секс долго време или цел живот нас не не засега, јас убаво пишав има состојби во кои личности најнормално си живеат така и си ја канализираат енергијата на друг начин. Ама ако сакаат, сметаат дека треба да сменат нешто има стручни лица каде да се обратат, има многу научни студии, стручна литература која сведочи за ова, не дека јас, @Guns N` Roses и другиве нешто ни е многу мерак да прикажуваме дека е наше откритие ова.