Одговорна сум можеби и премногу и тоа го барам и од другите,тука како број еден ми е ако се договорам во 10 часот тоа подразбира јас сум таму 15мин предходно.
Многу е важна, секако. Ама не за џабе рекле " на слепо пиле Господ гнездо му прави" , па секој со својата среќа и звезда!
Мислам дека неодговорните можеби си поминуваат подобро на краткорочно, но не и на долгорочен план. Еден ден ќе пораснат, ќе станат возрасни личности што ќе треба да се грижат самите за себе си, веќе нема да ги има родителите или пак одредени професори да им попуштаат, па и за возрасен човек, нема секогаш да ги има тие луѓе на чиј грб дотичната личност се шлепала за одредени одговорности. Јас сум одговорна за некои работи, но неодговорна за други. На пример, за факултетот сум прилично неодговорна во врска со обврските, но знам кога е доста и до каде ќе се толерира тоа мое однесување. Кога ќе ми се насоберат испити, знам да се уозбилам и тие неколку дена да не правам ништо друго освен да учам. Во однос на планови со другарки од типот, еј ќе одиме на кафе, ми се флексибилни (и може да се каже дека и двете страни се неодговорни) ,може да се откаже и да се префрли за друг ден, па ни тогаш да не се испие тоа кафе ама ова не ни го сметам за некоја одговорност. Кога се работи за поголеми работи, од типот на одмор, патување и слично никогаш јас немам откажано, да не се појавам или нешто слично. За тоа се прави подетален план и си се придржувам кон тоа. За некои работи не ни се обидувам да кажам дека ќе ги завршам.. зошто знам дека нема и не си земам за џабе одговорност, па после да не ја исполнам. Ох Боже.. како ли јас утре ќе си го задржам работното место со овој mindset.
Есенцијално имаме голема одговорност пред животот. Ние сме родени креатори, олицетворие на Господ... мислам дека треба да го испоштуваме стариот и да си сносуваме одговорност за нашите постапки во животот.
Живееме во земја каде народот има лежерен менталитет и одговорноста не е многу важна, децата од мали не се воспитувани на одговорност и дисциплина. И да сакаш да бидеш одговорна личност, ќе се најде некој да те направи будала
Isto i jas taka razmisluvam do poslednata tocka . Svekorot moj shto beshe jooj za nishto da ne se interesira tolku ne videna ne odgovornost c c c nemam zborovi . Se izvinuvam za latinizata ot tel sum.
Додека некоја мама или тато ги издржува, цената за неодговорноста најчесто ќе паѓа врз кутрите родители. Но кога ќе треба да се осамостојат, тогаш ќе почнат проблемите да ги осеќаат. Нејќеш да си во брак со таква личност или пак цимер да ти биде.
Неодговорните луѓе лажат и манипулираат почесто од одговорните и самоуверени луѓе. Затоа сметам дека е многу важно да се биде одговорен.
Според мене одговорноста во животот е една од најбитните работи доколку сакаме успех и добро постигната цел. како човек кој се води според одредени принципи до сега се докажало дека одговорноста игра голема улога за да се завршат работите како треба. Се трудам да сум колку можам одговорна а тоа најчесто го барам и од другите луѓе.
Многу, многу, многу... Ако сега дур немааш семејство, не стекнеш права одговорност, со семејство уште потешко. Бев неодговорна, признавам. И се уште сум, но се трудам конечно да се освестам. А, своите неодговорности уште од сега ги плаќам. Али ќе биде!! Каде-каде сум поодговорна од порано...
Најважна е, и тоа во сите сфери. Човек што е свесен и има перцепција за самиот себе и околината, ќе биде одговорен. Во спротивно, наоѓа изговори.