Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку е важно гостопримството во туризмот?

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Tanjamm, 28 август 2022.

  1. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    3.641
    Пол:
    Женски
    Поважно ми е гостопримство ако одам негде дома на гости, а туристички не толку. Иако имам приметено сегде каде што сум била секакви луѓе. Од политички наапани во соседство, луѓе што упорно ти зборуваат јазик кој не го разбираш, до мекани и пријатни. Така што не можам да изгенерализирам одреден народ каков е.

    За нас и наша лицемерна финоќа со туристи не знам што да кажам. Повеќето се фини само за повеќе пари да исцедат од странциве, зошто не може гостопримлив да бидеш само со странци. За греота.
     
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    4.252
    Со болдираното воопшто не се согласувам. И кај нас секогаш туристи доаѓаат и тоа од целиот свет. Или земете ги за пример Босна и Херцеговина или Косово, што атракции имаат тие па да има толку туристи? Прашање е на маркетинг, вклучувајќи го и оној неофицијалниот што се шири од тастатура на тастатура. Туризам речиси од сè може да се прави, прашање е дали, како и кому ќе се испрезентира (свесност за разновидните целни групи).

    Дека треба да се посвети повеќе на одржување и зачувување на изворното локално, треба! Една од поголемите глупости кои ги прават локалните трговци да речеме во скопска ст. чаршија е што наместо локалните јадења почнаа да нудат пица и еспресо (наместо турско кафе) на италијанци а на американци хамбургери и се чудат зошто после испаѓале смешни...
     
    На Cosmic Girl и Tanjamm им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.998
    Допаѓања:
    12.703
    Дека фрламе смет насекаде.
     
  4. Aнонимус_

    Aнонимус_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2022
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    1.459
    Пол:
    Машки
    Многу ми е битно гостопримството од тоа ми зависи проводот таму, и имам забележано големи разлики помеѓу културите во светот.

    Најгостопримлив народ: Србија
    а до сега што сум пропатувал најнегостопримлив: Бугарија.
     
  5. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    8.520
    Пол:
    Женски
    Многу е битно да се љубезни и гостопримливи угостителите кај што одиш.
    Во спротивно никој нема да се врати втор пат на истото место.

    Мислам дека не се во право тие што велат дека е битно само да има природни убавини, архитектура и туристички атракции, за да има туристи. Можеби еднаш, првиот пат ќе отидеш заради нив, ама за да се вратиш по втор пат ако си имал лошо искуство таму кај што си се сместил нема да одиш повторно кај истиот.
    Ова особено е важно ако станува збор за место каде што има доста угостители и сместувања и туристот има избор. Ќе одиш кај неговата конкуренција :D

    Така да зависи од самиот угостител, хотел, персонал...
    Повеќе од нив, отколку од самите народи како целина или држави.
    Не би генерализирала за цела држава од моето искуство. Ми се случувало во иста држава на едно место да сум имала убаво искуство, на друго не.
     
  6. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    8.520
    Пол:
    Женски
    Јас пак во Бугарија првпат кога отидов многу убаво искуство имав.
    Во хотелот кај што бев кога слушнаа дека првпат доаѓам во земјата ми понудија поголем и поубав апартман за истата цена што ја имав букирано. Нормално, тоа го направија затоа што им беше слободен, беше вон сезона, ама мене ми остави убав впечаток. Од милион хотели што се во тоа место, ете наредната година кај нив се вратив. И каде и да влезев, макар и продавница или бутик, сите беа супер љубезни и стварно беа од помош, да го најдеш тоа што ти треба и по цена и квалитет и да си отидеш задоволен, а не да те зезнат нешто...

    Гледам србите сите ги фалите а јас не сум била никогаш на поседување во Србија.
    Имам роднини таму и они ми се супер, ама јас секогаш тоа си го сфаќам дека ми се фамилија, а може па и такви се повеќето. Ќе мора да отидам некогаш да проверам :D
     
    На Aнонимус_ му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    8.520
    Пол:
    Женски
    Инаку врв на љубезност ми се америте.
    Кај нив продажбата, односот кон муштеријата и сл. се многу битни.
    Не ме ни чуди, искрено, кај нив тие работи се истражувани и проучувани на научно ниво дури.
    Мислам дека независно дали зборуваш лошо јазик, дали немаш поим кај да бараш, изгубен да си, ќе ти помогнат, ќе ти најдат што ти треба и сето тоа трпеливо, љубезно со насмевка со сите нишани.
    Кај нас абе прво нема продавач или персонал да прашаш, а ако има не се замара со тебе.
    Врв ми беше летово во ек на туристичка сезона, во Охрид, во маркет, полно купувачи, сите купуваат ладни пијалоци јас и барам на продавачката кока - кола зеро, зашто не наоѓав во фрижидерот. И таа ми вика со еден подбивен тон
    - Е баш таква немат, мх, ам кога имавме никој не ја купваше.:D
    И викам а швепс? - Е и тоа немат. (facepalm)
    Уште да ми речеше што не дојде кога имавме.
    И си заминав со празни раце од таму.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Monofonik

    Monofonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.188
    Пол:
    Машки
    Во БиХ и Косово доаѓаат нивни дијаспорци. Тоа не е туризам.

    Што ќе му понудиш на еден турист во Македонија?
     
  9. Monofonik

    Monofonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.188
    Пол:
    Машки
    Американците се многу коректни и фер туристи. Без разлика колку стереотипи постојат.

    Чесите се ладни но земјата е пребогата со места кои можат да се посетат.
     
    На Cosmic Girl и daylight им се допаѓа ова.
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    4.252
    Азијатите и црнците не се дијаспорци сигурно. Прости, но очигледно не си запознаен со туризмот низ балканот и особено не низ Македонија штом пишуваш вака.

    Во Македонија храната е една од главните атракции, но исто така и чаршиите во Скопје, Битола, Охрид, Прилеп. Да не збориме за кањонот Матка, Вевчански извори и пасоши, Охридското езеро, Куратица, Св. Наум, Бигорски, Куклица кај Кратово, мегалитската опсерваторија во Кокино, Маркови кули, водопадите во Тресонче. Тоа од природни убавини. Во Скопје секоја од повеќето населби имаат своја приказна, градски ѕид со бул. партизански, старата и новата Железничка и ред ред други работи.

    Сè е до презентација и ословување соодветна целна група. Туризмот е многу повеќе од посета на бањи, замоци, споменици и мостови.
     
    На Cosmic Girl и Tanjamm им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.998
    Допаѓања:
    12.703
    Јас во странство наидов на човек кој повеќе ја исшетал Македонија од самите Македонци. Од Кратово, Вевчани, до Пониква, Кочани, Скопје, Пехчево, Тетово и каде не. И задоволен е. Вели имате убави жени, убава народна музика, и Охридското езеро. И смета дека сме вреден народ, но дека власта е лоша.
     
    На Cosmic Girl, daylight и Aнонимус_ им се допаѓа ова.
  12. bambina carina

    bambina carina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2015
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    "Цигани"
    Мене никој не ми рекол ништо лошо ама така имам слушнато дека зборуваат Грците, Србите, Хрватите, Италијанците
    До диша за истиве имам слушнато и од Македонците за нив дека се цигани.
    Заемно лечење комплекси.
     
    Последна измена: 31 август 2022
  13. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    8.520
    Пол:
    Женски
    • Дека не знаеме како да ги искористиме природните богатства кои ги има земјата (во смисла на туристичка понуда) и да ги преточиме во профит.
    • Дека не ја цениме и чуваме природата, а не се цениме ни самите себе.
    • Дека сите личиме постари од нашата хронолошката возраст и дека на лицата ни се читаат маките.
    • Дека се жалиме на невработеност и беспарица ама без разлика колку имаме, само шетаме, излегуваме, ги полниме кафичите и одиме по одмори.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Monofonik

    Monofonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.188
    Пол:
    Машки
    Сите овие работи ги имаат и другите земји. И тоа 10 пати поубави. Сум бил и прошетал. Моментално сум надвор. Не зборувам напамет.

    Во Чешка селата и руралните средини се рај. Сите куќи им се средени, поткосени тревници, иста висина, убави локални ресторанчиња, весели и разиграни бои на куќите чист воздух, пешачки и велосипедски патеки, високо квалитетен асфалт (не бекатон плочки како што ставаат кај нас). Имаат и семафори и знаци на улици по селата. Замисли? Кај нас уште се радуваат на канализација по селата. Еден дожд во Скопје вчера и еден куп улици под вода. Куп работи направени погрешно.

    Освен некои знаменитости во Скопје, Охрид секако, Битола Широк Сокак, некои манастири и цркви се друго е многу тенко.
     
  15. Monofonik

    Monofonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.188
    Пол:
    Машки
    Ова не го зборувам низ политичка призма но Грците се генерално индифирентни спрема странци и нељубезни, но пак странци им одат во голем број. Се бара место плус.

    Сепак сите одат за природни убавини. Се друго ќе го проголтаат. Залудно ако си љубезен, а немаш што да понудиш и понудата е тенка. Нема да ти доаѓаат.
     
  16. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.731
    Допаѓања:
    9.251
    Пол:
    Женски
    Турците се најгостопримливи угостители, но мене искрено Истанбул не ми е најубавиот град како што велат многумина. Мислам, убав е, ама има нешто во него што многу ме потсеќа на дома, а јас претпочитам западна архитектура.
    Што се однесува до Медитеранот, Шпанија најмногу ми се допаѓа, како земја од соништата. Од Балканов единствено Грција и Хрватска ми вредат за туризам, да сум странкиња, остатокот не би го посетувала. Ма да и во Бугарија на зимување си поминував предобро.
     
    На Bezimenka90, Cosmic Girl и daylight им се допаѓа ова.
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    4.252
    Прости но ти токму зборуваш од напамет. Самиот велиш дека живееш во Чешка, не во Македонија. Не си бил турист во Македонија, не се бавиш со туризам (барем не на балканот) и немаш увид во работите како стојат реално.
    Но многу си во право дека се потребни бројни подобрувања (повеќе ознаки низ руралните средини, јавни тоалети и тн.).
    Тогаш зошто доаѓаат толку многу туристи од целиот свет тука?! Вклучително и од Чешка...
     
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.998
    Допаѓања:
    12.703
    Ако гледате на букинг, искуства од странци кои оставиле коментари за сместувањето, ќе сфатите дека и во Кратово биле луѓе од Чиле, Бразил, во Македонски брод некој од Виетнам, итн. Значи доаѓаат од секаде. Е сега, ни фалат многу работи. Приказната за црквата во Берово колку од вас тука ја знаат, легендата? Мислам дека ние самите не знаеме што се имаме. Не не бива да продадеме приказна. Друго, нема никаков културно забавен живот. И на тоа треба да се поработи. Да е чисто, средено, услуга на ниво, транспорт, добри сообраќајни врски, и да има каде да излезе туристот навечер, а да не е тоа кафана. На пример во еден град при туристичка посета налетав на изложба на олд тајмери. Се е добро, ако работите се движат. Сум влегувала во Домови на култура во внатрешноста на Македонија. Па тоа времето застанало во 1991 година. Зошто да нема концерти, изложби, промоции, па и латино танци, фолклор, било што.
     
  19. Monofonik

    Monofonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.188
    Пол:
    Машки
    Какви олд тајмери, латино танци или што ти знам. Кај нас луѓе уште се радуваат на атмосферска и фекална канализација. Под асфалт кај нас се подразбира бекатон плочки.
     
    На Tanjamm и Аргентина * им се допаѓа ова.
  20. Monofonik

    Monofonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.188
    Пол:
    Машки
    Бројките се многу мали и има тенденција на опаѓање. Охрид и Скопје се атракции, некои манастири и тоа е. Се друго е многу тенко.