Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку е важно гостопримството во туризмот?

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Tanjamm, 28 август 2022.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.998
    Допаѓања:
    12.703
    Те разбирам јас целосно. Сум била во села по Европа, и сум пишувала тука дека се поурбанизирани од македонските мали градови. Зборувам за цела кои се на 35 минути возење со автомобил од градовите. Ние и тоа што го имаме не го работиме како што треба. И тоа што велиш, какви олдтајмери, латино танци? Во еден мал град во внатрешноста бев, ама на прв кат, потоа ми рекоа „ауаууу, ти не си била горе, па тоа е руина, покривот капе“. Јас влегов за една изложба да ја погледнам и платив влез за тоа. Кај ќе однесат туристи кога се распаѓа? Ама се сложуваш ли дека во странство можеш 5 месеци да седиш, да престојуваш, и да не стекнеш пријатели? Ти ќе најдеш некој познаник, ама пријател не.
     
  2. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.365
    Пол:
    Женски
    Многу , многу е битно според мене . Не сум шетала кој знае колку и кој знае каде , но од оние места каде што до сега сум била , нај негостопримливо се почувствував во Голем - Албанија .

    Прво , бевме измамени од агенцијата . Ни рекоа дека ќе бидеме сместени во хотел со 4 ѕвезди , со алка на рака , дека нема да ни се потребни пари воопшто за храна и лежалки , само кафето се наплаќа . Не сместија во типично Тетовска зграда (facepalm) . Плажата ни беше на 10 минути пеш , кафе ни наплатуваа по 120 леки макијато ( мало беше за таа цена ) , добивме труење со храна , лежалка ни наплатуваа по 350 леки ( не знам колку би дошло во денари ) , мирисаше на канализација во просторот за пушачи ( тоа беше и како мини кафиќ , каде сите гости пиеа кафе ) , келнерите ни висеа над глава додека јадевме и при тоа постојано беа намрштени :( . Ретко кој знаеше англиски , за српски или македонски ни да гугнат , не сакаа да ни дадат лозинка за вифи , плативме соба за 4 особи а бевме само 2 ..

    На крајот , сите пари што ги понесовме со себе ги дадовме во маркет за храна , среќа што понесов нескафе од Тетово и електрично ѓезве .. Не излегувавме од собата последните 4 дена ( а вкупно 7 бевме (facepalm) ) и одвај чекав дома да си одам .
    Памет за друг пат . Преку таа агенција веќе никогаш , никаде . Во Голем , можеби ќе одам некогаш , но под услов сами да најдеме сместување , на лице место .

    За разлика од тоа , од одморот во Турција сум презадоволна . Хотелскиот персонал ни даде соба со поглед на море , на прв кат , штом видоа дека сме со мали деца . Персоналот кој работеше во хотелот зборуваа англиски ( не сите , но од 10 луѓе , 6 зборуваа ) , ниту еднаш не не погледнаа попреку , како од џеб да им земаш нешто . Далеку по гостопримливи од персоналот во Албанија .

    Во Белград кога бевме , исто сум задоволна од сместувањето , дури ни чуваа и паркинг за автомобилот , а бевме сместени на фрекфентно место , веднаш зад аголот ни беше Кнез Михајлова .

    Од места во Македонија , секаде сум задоволна . Што знам , секаде сме биле пријатно изненадени од вработените во кафиќи и ресторани каде сме оделе . Во Битола и Крушево бев пријатно изненадена .
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Anah

    Anah Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    1.380
    Пол:
    Женски
    Најдобар впечаток за гостопримство ми оставиле Франција и Србија.

    Во Албанија не сум била но ако се како албанците кај нас многу ги бива за угостителство и услуга, никогаш не сум имала лошо искуство со нив.
    И Грците исто се фини и нудат квалитет.

    Италијанците негативно ме изненадија, ги преценив некако.
     
    Последна измена: 1 септември 2022
  4. Monofonik

    Monofonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.188
    Пол:
    Машки
    Македонија може да понуди некаков планински туризам но по наши села останати се само старци. Може многу села да се преуредат, адаптираат но тоа можат само млади луѓе да повлечат а нив ги нема. Се е разбегано и раселено.
     
    На FreeToGo и Tanjamm им се допаѓа ова.
  5. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    8.520
    Пол:
    Женски
    Една земја може има море па се оди ради тоа. Некоја друга земја може нема море ама има планини. Не секој сака да оди на плажа. Денес се бара добро место за пешачење, велосипедизам, планинарење и екстремни спортови. Така да секоја земја има што да понуди.
    Ако не се љубезни во една земја и лошо си поминал втор пат ќе отидеш во друга земја со слична понуда.
    Како што рече членката со примерот со Албанија и лошата услуга. Таму втор пат нема да оди на истото место.

    Има опции само треба да се разработат и да се инвестира во нив.
    Ги спомна Грците ама да не заборавиме што направија Грците пред 15 години - владата им помогна на Грците од селата да изградат населби за туристи покрај брегот. Така кај и да одиш имаш Неа х,у. А населбата х, у е таму на ридот далеку од морето и е село што никој не го посетува. Се симнаа луѓе од селата на брегот да бидат туристички работници. Како дете кога одев во 80-те и 90-те Грција избор на толку места немаше. Се градеше и инфраструктура и населби.

    Ако се инвестира и кај нас ќе има и туристи. Оваа година видов еден куп луѓе на планинските места во Мк. Дојдени однадвор со автобуси со автомобили сосе точаците на нив. На Пелистер, Маврово, Шара.
    Во Охрид одат по калето на шетање, а не на плажа или се качуваа низ националниот парк Јабланица. Сакаат параглајдерство, авантура и контакт со локалната природа.

    Колку планини и ски центри имаме никој не инвестира во нив. Најубавите терени во регионот ги имаме ама не се искористени. И на Шапка се бара кревет плус зимно време. Ама пола хотели не се средени. Немаат греење, не се реновираат. Пропаѓаат а не ги даваат ни некој да ги работи. Тоа е прво што треба да го унапредат, а потоа селскиот туризам.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Monofonik

    Monofonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.188
    Пол:
    Машки
    Можат да инвестираат само приватници. Државата не инвестира никаде. Државата може да ти направи пат, канализација, да воведе струја, да стави знаци. Се останато е работа на потенцијалниот бизнисмен како ќе го води бизнисот.

    За ски центри и планини никој не инвестира, затоа што странците го имаат еден Златибор и Банско. Никој нема да ти доаѓа освен локалци.

    Грција банкротира пред 15 години. Ништо не направија.
     
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.972
    Допаѓања:
    179.796
    Има и побитни работи од фамозното гостопримство за туризам. Како турист одам негде да доживеам нешто и да оставам пари. Јас лично сакам да се чувствувам безбедно и да видам средено. Да знам како да стигнам од точка А до точка Б, без тешки аритметички операции. Како македонка, од Скопје до Битола не можам да стигнам, а тек до хераклеа. .. И така, ќе си одам по околните села и планини, јер има воз на секој саат на пример, на локацијата има капацитети за јадење и пиење, и сите среќни и весели. Нигде не видов дека ми е потребно гостопримство :smirk:
     
    На Tanjamm и Zhukov им се допаѓа ова.
  8. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    8.520
    Пол:
    Женски
    Токму тоа треба да направи државата или локалните самоуправи-инфраструктура.
    Нека направат па ќе видиме дали само локалци ќе идат. И со ваква лоша инфраструктура па еве идат.
    А Банско го бираат наместо нашите хотели, заради тоа што за истите пари па и за помалку добиваат повеќе (студио место соба, полупансион место само кревет, бесплатно неограничено користење на спа наместо хотел без спа..). Луѓето не се глупави и имаат избор.
    Златибор не е за сечиј џеб.

    А за Грција сега си контрадикторен сам на себе. Прво викаш дека е преполна сега дека ништо не направија. :D
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Monofonik

    Monofonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.188
    Пол:
    Машки
    Пак велам колку идат? Ќе направи државата пат и што ќе гледа странец таму? Трева и дрвја? Мислам да си бидеме реално. Многу сме тенки на таа страна.

    Грција се градеше златните 80ти и 90ти кога господ одеше по земја. Земаа кредити со ниски камати. Не враќаа ништо, не работеа. И тоа им се удри со банкротот. Затоа распродаваат имот сега да се раздолжат. Далеку се од градење тие.
     
  10. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    8.520
    Пол:
    Женски
    Трева и дрвја! ?
    Wow.

    Те читам како потценуваш многу нешта кај нас во однос на другите земји. И да, недостаток има тука од многу работи за разлика од странство.
    Ама дека ни недостигаат природни убавини и богатства тука си се зезнал! :D

    Тие од кај тебе, од урбанизираните и средени села, идат кај нас на одмор за да осетат недопрена природа. Бараат авантура по козји патеки што водат до водопади и некомерцијализирани локални места.
    Видиш јас помеѓу средена рурална средина и див национален парк, шума или шатор под ѕвезди секогаш би го избрала ова второто.
    Зошто природата е таа што ме оздравува, ме регенерира и ме приземјува. И никогаш за мене не е САМО дрвја и трева.
    На некои места не им треба човекот да ги среди... напротив им треба да ги заштити од мегаломанските туристички атракции.

    Жално е кога своето не се цени, а се цени туѓото. Ама ок е. Ти очигледно веќе си избрал каде ти е домот.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Monofonik

    Monofonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.188
    Пол:
    Машки
    Мојот дом е таму кај ми е полн џебот и каде можам да живеам како човек.

    Не потценувам туку кажувам како стојат работите. Да поставам слики од Чешка да видиш планини, езера, дива природа, реки? Рај. Мислиш дека ти тоа што го потенцираш таму го немаат? Во Македонија е многу тенко. Смешно за споредба. Еден Охрид и тоа е. Овде каде живеам секоја зграда тежи пола век најмалку.

    Чеси одат на одмор во Хрватска. Не доаѓаат во Македонија. Барем не сум сретнал некој да бил во Македонија.

    Во див национален парк ќе отидеш еднаш во два месеци. Во средена рурална средина живееш секој ден.Само тоа ќе ти кажам. Таму доле ви продаваат митомании за некакви убавини. Секој кој малку излегол од дупката знае дека има многу поубави места од тоа што кај нас се презентира за туристичка атракција.
     
    Последна измена: 2 септември 2022
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.998
    Допаѓања:
    12.703
    Tреба многу, многу работа кај нас. Е сега, јас знам многу Македонци кои ни Македонија ја немаат прошетано, не па да знаат факти, податоци, итн. Колку податоци има за Кратово, ооххоохо, книга една да се напише е малку. Кратово има и синагога, тоест имало, денес е тоа само куќа. Било место каде се коваат дукати и се носат за Дубровник. Тука поминала ергела за Цариград. Има тунели од земја, ама кој од нас влегол? Има неколку мостови, секој си има легенда. Има неколку кули, еве јас во една сум влегувала. Ние многу малку знаеме за нашата земја. Мене странец ми кажа повеќе податоци за Кратово од било кој просечен Македонец. Инаку човекот е академик во својата земја, не е некој нешетан, па да речеш поим нема од животот. И кога се шета, треба да се да се види во еден град, ама за тоа ти треба водич. Во турско време во Кратово христијаните биле третина мислам, имало и Турци, и католици, и Евреи. Како настала црквата во Берово до хотел Манастир, веројатно пола форум не знае. Нас ни ја кажа едно момче кое беше таму, а при други посети, сум била повеќе пати, никој не инсистира да ја раскаже приказната. Дали знаете дека дел од крстот на кој е распнат Исус се наоѓа во темел во црква во струшко? Црквата во Вевчани има свој историјат зошто е на рид. И тоа е од турско време.
     
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Да не претерваме.
     
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.998
    Допаѓања:
    12.703
    Ова туристички водич го кажа. Дел од крстот, не цел крст. Се работи за мала црква која е во македонското село пред Велешта. Еве што најдов на интернет, ставам линк подолу.

    https://bigorski.org.mk/vesti/mediumi/vo-makedonija-se-chuva-del-od-svetiot-krst/

    http://mkd-news.com/vo-makedonija-i...spnat-isus-manastir-go-chuva-veke-179-godini/

    За црквата во Берово ни беше кажано дека христијаните во турско време барале од султанот да им дозволи да изградат црква. Турците дозволиле, но со 3 услови, црквата да биде цела под земја, да не се гледа, да биде готова за 40 дена, и ќерката на попот да оди во харем. Христијаните прифатиле, но ги прекршиле сите три правила, пола ја направиле под земја, пола над земја, не ја изградиле за 40 дена, туку повеќе време потрошиле, а ќерката на попот пребегала во странство да не оди во харем. Турците го убиле попот за одмазда.

    Вака ни ја раскажа приказната едно момче таму на лице место. Ова веројатно го знае @Dust дали е баш така, или евентуално некоја финеса ако погрешно сум интерпретирала.

    Инаку, Кратово во минатото имало неколку џамии. Османлиите си граделе. Водич ни кажа дека во 1977 е урната последната. Урната или се урнала, не знам точно.
     
    Последна измена: 2 септември 2022
  15. Ursi

    Ursi Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    1.373
    Пол:
    Женски
    Јас слушав за Португалците дека биле многу фин и гостопримлив народ, и очекував многу повеќе не беа ништо посебно, нормални беа.
    За грците на Кипар катастрофа само сакаа да не убедат да не одиме на другата страна од островот дека ќе не измамиле турците, дека биле терористи, дека тоа не е веќе ЕУ и се продават само “фејк” работи. Ние отидовме сепак и многу убаво си поминавме и ниеден турчин не кажа ништо лошо за гркот а додека обратно се изнаслушавме лоши работи за турците што нам ни остави многу лош впечаток и лошо мислење за грците таму.
    Исто во Родос ние лежиме на плажата и дојдоа од хотелот да не убедат да останеме вечерта на некоја приредба од хотелот и почнаа да ни зборуват за Ердоган.
    Јас обично сум единствена македонка кога одам на одмор, одам со швајцарско друштво и не знаат од каде сум.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.