Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку е доволно буџет месечно за да се социјализирате?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Billy Idol, 6 октомври 2024.

  1. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    200€ negde
     
    На Puellapulchra му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    8.923
    Пол:
    Машки
    Италија влезница за на опера е 25-30 евра што е исто така 1,5% од нивната просечна плата (и тоа во оперски куќи со многу понизок ранг од МНТ).

    Башка да не збориме при гостувањата на интернационални лица, пример во Опера во МК, цените остануваат исти бидејќи се платени од буџет, додека истиот солист во Италија картата му е 250 евра.

    Во Аеродром позади 7ца имаш огромен кафич, преубав, среден, со супер услуга и на огромен плакат им пишува "кај нас еспресото е сѐ уште 50 денари а Макијатото 60".

    Кафичот е скоро секогаш 70% празен...
    Пошо не е познато име, и нема да бидеш виден.

    Така да пак... Приоритети.
     
    Последна измена: 7 октомври 2024
    На Puellapulchra, eliesaab, simoncelicius и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.555
    Допаѓања:
    2.952
    Пол:
    Женски
    Околу 200 евра за кафе шема, седенки по ресторани, игротеки...
    Дома дружбите ни се стрикно со повод. (Роденден, кога ни се родија децата. Повелете за частење... Со 10- 50 евра пречек.
    Роднини, комшии на седење многу ретко (а и ние не одиме)
     
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.206
    Допаѓања:
    36.681
    Пол:
    Женски
    (y)

    Иста сум и јас. Ретко излегувам. Подобро ми е дома да седам. А и за тие пари што би ги дала во кафана, цела недела ќе јадам дома. Кафе ретко пијам. Дружба не ми фали. Во Мк имам 3 пријателки со кои си пиевме кафе по дома. Тука во Ге имам една пријателка. За мене тоа е доволно. Не сум љубител на иди ми, дојди ми. Облека купувам по потреба или ако начекам на попуст.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  5. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.208
    Допаѓања:
    77.484
    Пол:
    Женски
    Не само во Македонија, туку во цел свет цените се појдени нагоре.
    Јас секој месец си имам буџет за социјализација кој ниеден месец не успеав да го потрошам.
    Ама не пијам алкохол веќе 8 месеци.
    И претходно кога пиев, секогаш ми остануваа пари на крајот на месецот.
    Највеќе штедам на такси, одам пеш и тоа ми заштедува многу пари.

    Кога доаѓам во Македонија, трошам помалку од вообичаено :$
    Се е многу поефтино, а неретко и друг ја плаќа сметката 8)
     
    На riba79 и Milobebence им се допаѓа ова.
  6. Andrijano31

    Andrijano31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2021
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    637
    Пол:
    Машки
    Пред ковид почесто одев по кафани,ресторани,дискотеки,кафичи,слаткарници и разно разни гнетечки и "цицачки" установи ,и може да се каже дека доста повеќе се дружевме .
    Во ковид периодот на почетокот имав уште некои трзаи но кога стана посериозно,намалив.
    И почна дружбата "иди ми дојди ми" секако со одбрани луѓе и доста намален круг.
    Пост ковид периодот продолжи "иди ми дојди ми" ,но се повеќе се форсира дружбата во природа,шетање на разни места во Мк и надвор ...
    Е сеа се оди и по кафани и ресторани но не толку често.
    А ако збориме за трошокот пред ковид и сега...уфф сега ти треба тродупло повеќе пари за разлика од тогаш но тогашните примања и сегашните не се исти ама споредбено се тогашните цени и сегашните ти доаѓа горе доле исто....

    Којзнае што изнапишав,три пати ме прекинуваат тел. повици ,не ми замеравајте молим вас :D
     
  7. Јас таа

    Јас таа Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2024
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    523
    Одам на кафе или вечера. Кафиња да ставиме просек 7 месечно * 80 ден излегува 540. Еве и 600 нека се. И 2-3 вечери од по 700-800. Околу 3000 денари ми се океј.
     
    На Puellapulchra му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.758
    Допаѓања:
    19.555
    Пол:
    Машки
    Сега ќе пресметам иако никогаш не пресметувам (да сам сум, делумно и не се замарам).

    Социјализацијата моја се состои од одење во теретана, на кафе, кафана и некогаш да излезам на пиво во кафич.

    На месечно ниво:
    Теретана - 800
    Кафе пиење - ако појдам да речиме 15 тина пати месецов 900
    Кафана - 3000
    Дискотека/кафич - 1000


    Значи негде ми треба околу 100 до 150 евра.


    Другите излегувања ми се пешачење, играње на одбојка во природа и слично. :)
     
    На Puellapulchra му/ѝ се допаѓа ова.
  9. @oneday

    @oneday Активен член

    Се зачлени на:
    22 април 2024
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Јас од социјализација имам одење на детски родендени, детски имендени, шетање на детево по паркови обично со една комшика заедно, и иди ми дојди ми со 3 комшики по 5/6 пати во текот на денот
    Со колешки од работа ако седнеме по работа на едно кафе или сок, што ретко се случува 3/4 пати месечно кога случајно ке ми прилуваат детето и толку
    За ноќно излегување нит време а ни пари а ни желба, детето и нејзините потреби ми се на прво место
    Толку од мојата социјализација :)
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Dalene

    Dalene Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2024
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    2.457
    Пол:
    Женски
    Јас се согласувам со @Ajronmen за приоритети или јас велам секој со својот ум, одлуки и услови да смисли каде и како ќе си ја оствари социјализацијата.
    Пред се во прилог и на тезава на тагнатиов член да ви разбијам фатаморгана или привид дека кино па и во Cineplex е луксуз.
    Еве воала
    150 den..jpg
    sreda.jpg
    Значи ако се следат промоции и добро се менаџираат парите едно идење на кино не е баш 1000че.
    Од инфлација најголем пораст бележат цените за свежите овоштија, кафето е околу 10% рипнато,чоколадни производи, се на база на какао, безалкохолни ако паметам добро околу 5%, горивата се намалени околу 19% и вода и гас намалени за мал процент. Инаку оверол инфлација од 2.6 има пораст нешто на 3,3 не ме фаќај за збор, ама порастот е во одредени графи на овоштија најголем скок, чоколадни производи и кафиња и пецива и лебови имаат благ пораст. Ама на гориво вадење, ноуп освен ако со кола одиш во западноеу. градови :).

    Е сега мојата социјализација воглавно исто се сведува на дружби во странски метрополи бидејќи повеќето пријатели и роднини ми се птице селице расшетани и распространети по белиов свет.:D
    Значи за таквата социјализација најголем трошок ми се авио билети ама и за тоа имам во игра периоди кога е поевтино и унапред многу унапред планирање и резервација. Друго за цените по ЕУ метрополи и дека нашиве, воглавно локаливе во Ск. држиме чекор и се согласувам за нешто и не се согласувам исто за друго нешто:).
    Има места во Ск. пишаа што не се извикани или на места каде треба да си биди-виден:D и е прилично приступачно да заседнеш и на повеќе од едно еспресо кои gurlsite го тегнат 2 саата за 60 денарчиња:D.
    Сакам да кажам и во Ск. имаш пристојни места каде еспресо/макијато имаш за 49/59 или 10 ден. плус не сум стриктно по париве до дени детали да пишам, ама има такви места. Е сега треба самата личност да ги открие самостално или преку социјализација да си ги дознае:).
    За темата цени во ЕУ метрополи и во Ск. извикани локали и фенси ресторани дека се слични и да, држи вода дека цените се поднакачени, а некаде и вриштат. И дел е оправдано сето ова од страна на угостителите, а дел не е оправдано.
    Ај да збориме за чајот пример еве држи локалчево, кафулево де чај исклучиво од Алкалоид нане/ камилица/ мајчина душичка/ овошни и врзан е за процент-читај поголем рабат исклучиво од него да набавува. Одете видете ги по маркетиве цените на нивните чаеви со оние на Подравка и некои други локални производители на чак. И зошто е тоа така, заради повисоките даноци и царини кон државата на нашиве при извоз бидејќи како не членка у ЕУ под други економски режими и давачки потпаѓаме и сме царинети кон други ЕУ земји и тоа на фирма производител и се компензира со тоа што ќе го репне домашново население со повисока цена на производот. А ЕУ производители тие имаат прилично многу отстапки при влез на наш пазар и при меѓучленковски ЕУ секторски економски размени. Па нека си спиеме ние на тоа уво и ни чуе за потребата од поинтензивни мерки за трансформации за брз влез во ЕУ. Не дека ми се омилени, ама како послаба карика имаме потреба некој да не кредитира и заштитува, е сега по која каматна стапка ќе не репнат и на колку време друга тема и многу поширока од оваа за дискусија :).
    Сакам да кажам дека некои алкохолни/безалкохолни пијачки се царинат и оданочуваат по многу повисока тарифа кај нас при увоз отколку пример француски шампањ ако трампа Фр. со некое си специфично германско пиво со Ге. оданочувањето и царинските трошоци им се помали отколку за влез кај нас пример и автоматски цената ти рипа поскапо си ја увезол. Е сега ќе има и економски реформи па се надевам ќе се стимулира домашното производство, наместо зголемување на увозот затоа што како тргнало да сме земја без или со минимално домашно производство, а главно живееме од увозни политики и сме купи-продај нација од прва, втора и било која рака не ќе не бива и не ќе да е за арно на подолготрајни стази.
    Земја сме која плаќа за струја од странски оператор и дополнителни провајдери што тргуваат на однапред дог. тендери, уште водата да си ја продадеме како природен ресурс и директ да си пукаме в колено:(.
    Затоа некои фенси ресторанчиња у Скупје идат со цени до плафон, оправдано, а некои неоправдано само за брз ќар и профитеризам и најчесто постојат сезона или две и ги затвораат како и по некои извикани места во внатрешноста, каде што пиша членка исто вака замираат по кратко време.
    И за нив можам и знам да ви споделам каква им е математиката поради која го прават ова ама во друго време и можеби на сосем нова тема:).
    Имаш и во Ск. кафе за тие цени. За услугата и споредба главен град- градови од внатрешноста за некои објекти си во право за услугата, за некои не.
    Ок личен вкус е во прашање:).
    За театар и кино никој со пиштол на чело не те тера да мора после да се нафрлиш на трпеза, инаку да најисплатлива и најбогата е во етно ресторанчињата. Исто и во биртиичиња каде што спомнаа си мирискаш на скаричката и ти трешти во уво бенд што пее женски песни а машки вокал:D или трешти и уши пара новопечена певаљка со новокомпоновани ко бајаги чалгии, читај шабанска музика, според мој укус чист шунд.
    Јас сум касни набрзинка лапни-расни-порасни за кратко и ајт во движење.

    На темава ајде конечно за мојата социјализација тука како локал патриотиста...:D
    Пред се да наведам дека сум прилично штедлива личност, следам цени, комбинирам акции и промоции и пробни бесплатни промоции и презентации и претежно евтино минувам низ месецот.
    Во последно време кафе од кафемат, еве секоја вечер да зимам 25 ден. ми е ирското капучино пута 5 од пон. до пет. 125, 4 недели у месец 500че. а не пијам купечко кафе секој ден:).
    Си носам често у термос мое подготвено кафе/ чај/ што било или во неколку термоси. Храна знам да си вакумирам во ќесе за пакување или да спакувам во стаклен сад, бидејќи си имам посебен режим на исхрана, воглавно гледа да е без глутен и на клупа или на маса да си замезам. Значи минимален трошок и за храна исто, од аспект да ми е кафанска и кпечка од надвор, онака од трчанка, а не планирано што и од каде.
    Социјализацијата ми е исклучиво преориентирана во природа, имам минимални трошоци, а максимално уживање и дружба, плус пешачам воглавно што е добро и за здравје и линија.
    Членувам во спортски клубови кадешто со членската има привилегии во одредени угостителски и трговски објекти за опрема.
    Имам лојалити картици за угостителски објекти каде што најчесто надвор практикувам да јадам.
    И така, се на се не ми треба многу за социјализација бидејќи бирам каде и со кого арчам слободно време.
    Побитен ми е квалитет него ли квантитетот.
    Е за споцијализација најскапо и најголем трошок ми се патните трошоци пишав од кои причини, ама кога странците овај нашите идат тука минимални ми се трошоците дека ги немам толкави за пат, а дружбата максимална, квалитетна и топ.
     
    Последна измена: 8 октомври 2024
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dalene

    Dalene Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2024
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    2.457
    Пол:
    Женски
    И нокти од ххх име на жена евтино од 500 па нагоре зависи колку циркончиња ќе ти умаца и улепи како топинг е финичко и одговара, јер вложуваш во надворешна лепота:makeup:, а за оној влог во внатрешната се нема јер скупотија:).
    И мушкиве кладилница, обложувалница, комар, коцка, казино пре би другово.
    Страшно какви приоритети се пред нешто што треба да е погоре на листата од нив, ама секој со (без:D) умот.
     
    На Ajronmen и Selena01 им се допаѓа ова.
  12. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    1.264
    Пол:
    Женски
    Сметам дека сега е толку станато се' скапо што треба однапред да планираш и. каде ќе одиш и колку ќе одиш. Ние со дечко ми во просек би кажала дека трошиме околу 100 евра месечно за вакви настани, со оглед на тоа што гледаме за кино да ја фатиме понудата со телеком во петок што е по поволна цена (550 ден за пуканки, два билети и два сока) што се исплати.

    Театар е веќе станато 1000ка за двајцата, па ако одиме тој викенд во театар, ќе смалиме на излегување. Излегувањата ми се сведени на едно кафе неделно некогаш ни толку кога сум претрупана со работа со што не успевам ни преку викенд да излезам од умор значи некогаш знае да се случи 2 недели да не седнам на никакво кафе.

    Викенд практикувам Водно, до Марково крувче прошетка, си ставам од дома чај, кафе, вода и си тераме. За теретана моментално ми плаќа фирмата, а дечко ми работи парт-тајм во теретана па не ја плаќа исто така што и за тоа заштедуваме. Е сега некогаш знае да се случи да отидеме до Штип, Велес во недела на ручек и тука да потрошиме повеќе пари од планираното но тоа се случува еднаш месечно некогаш ни толку.

    Се' е поскапено и откако почнавме да живееме сами почнавме ептен да ги гледаме трошоците и општо колку се троши и како се троши, но секој месец се чувствувам како да правам пресметки и пресметки и на крај при плата пак немаш премногу останати ресурси :)
     
    На SummerGirl и Tanjamm им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.061
    Допаѓања:
    12.798
    Навистина цениве станаа европски, а платите балкански. Да речеме дека сакаш да се социјализираш без пари, што е мисловна именка, па одиш на културни настани каде не се плаќа влез, на пример изложби, промоции, и таму ќе сретнеш некој познат, ќе те понуди за одење на кафе, значи без пари никако не ја бива. Инаку, забележувам дека луѓето се едни исти, дали ќе одиш на пазар, во кафуле, во трговски, истите луѓе ги среќаваш. И од тој аспект, исти луѓе, исти муабети, и затоа немам потреба од тоа многу често да излегувам по ручеци, кафиња и слично. Инаку, тешко на тие без пари, без примања, а досадно им е, немаат што да прават ако не работат, е тие мислам дека сакаат да се социјализираат, а немаат каде, како, немаат избор оти немаат пари.
     
    На Feminka22, Mumoftwo30, Wojak и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Wojak

    Wojak Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2024
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    101
    Пол:
    Машки
    Околу 150 евра месечно ми се сосема доволни, не сум некој љубител на жестоки пијалоци па најчесто пиво пијам. Обично идеме кафичи/lounge bars, поретко некојa кафана или ресторан па не трошам премногу пари. Кино многу ретко, не сум љубител на новиве филмови, повеќе некоја претплата како Netflix или Disney преферирам, и други културни настани можеби на 2-3 месеци еднаш. Само ако се иде на некој патувања како до Солун на пример може повеќе пари да ми требаат месецот.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.192
    Допаѓања:
    13.028
    Пол:
    Женски
    Па мислам доволно е да ја отвориш таа темана ,,што последно си купивте?" (или како и да беше), чисто да видиш дека приоритет на мнозинството е облеката. Се следат брзи трендови. Ретко (со чест на исклучоци) да видам купени книги.

    Или ајде еве најдискутабилното за тоа што е скапо. Едни нокти (од оние подолгите) се моментално околу 2000-2500. Има и нокти од 6000+ ден. Ама за нокти полесно им се отвара новчаникот. И така.
     
    На liliput22, Realist1, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.005
    Јас не знам ни како да го израчунам буџетот пошто многу ретко идеме негде, просто зошто ни е досадно.
    Искрено, скоро па и на ништо не ми вреди да трошам пари, одамна ми е скурца од немањето избор у Скопје. Не можам да замислам како е во помали места.
    Ова ми беше мука и пред да станам фамилијарен човек, едноставно досадно ми беше седење во кафуле, бар, ресторан. Тоа па тоа. Ај некад ко ќе се појавело нешо ново, па да пробам. Иначе, тапа било, тапа останало.
    Да сум у метропола па да имам у град секакви интересни галерии, места со уникатни дешавки, невообичаени паркови и игралишта, итн, па да кажам со ќејф остаив пари таму. Секој месец различно нешто да си испланираш.
    Во животов никад не сум идела по кафани, не сум ги разбирала врсниците што викендашки навечер излегуваа во кафана, ужас. Па така не ме привлекува тоа ни сеа. Општо во ресторан одиме за посебни пригоди и тоа ми е сосема океј и доволно, искрена да бидам.
    Никогаш не сум идела ни на балет и опера, така да, ништо не ни мења тоа. Во кино сакам да идам ако има некој филм со добри ефекти, така да, не е тоа често. Изложби обожавам, 100че е карта, така да, не е страшна цената, проблемот е што ретко има добра некоја.
    Така да, највеќе социјализирање правиме по дома, било со фамилија, било со пријатели. Може е и до годините, шознам.
    Ама логично приоритети се у прашање. Не може да ти се кафиња толку битни, јас никад таа навика не сум јас разбирала. Да мора нонстоп да седиш негде, да пиеш, да јадеш.
    Ај за посебни настани, концерти, филм одреден, некоја претстава, утакмица, итн, - разбирам, сакам и ако ми се допаѓа не се устручавам. Обожавам концерти поготово, особено ако настапуваат Smut или некој бенд што ми се допаѓа (а се ретки тука). Не одам никаде ради реда, мора да ми се допаѓа, дури ни за беспари, не па ли да плаќам.

    Така да, приоритети. Не може сè да еднакво вредно за трошење пари и време.

    На крај не кажав буџет; шо знам, со исклучок на некој редок настан, не би трошела (фамилијарно) повеќе од 100€ месечно. Колку можат они кафето да го поскапат, толку може мене гајле да ми биде и да не им одам. :D
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. halfasoul

    halfasoul Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2023
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    282
    Пол:
    Машки
    100 илјади денари за целовкупен асортиман :)