Нема потреба од screenshot-ови со глупи муабети. А и нема што да барам НЗС со тебе.Без навреда.НЗС со девојката што ме ghost-нала треба да барам... @Gosh кажете за вас што се тоа не-глупи муабети?Можеби ќе подучиме нешто, за да не глумиме кловнови...
Без оглед на тоа колку не сте компатибилни со некој - ghosting is meh. Еве сум имала ситуација да бидам на дејт со личност што воопшто не ми одговара. Додека за него дејтот бил супер, за мене не бил. На кратко и јасно му објаснив дека не чувствувам компатибилност со него. Мислам човечки е барем едно кратко објаснување да се даде. Секој си знае за себе, за мене е незрел овој пристап. Или пак сум too old for this shit. И да, мило ми е што dating фазата е зад мене.
Здраво Стефан. Јас можам да ти одговорам што се не-глупи муабети. Тоа е се она што не вклучува: "на која порно глумица личиш?? Дај линк од Инстаграм да видам". (Знаеш добро што е ова, а ако не знаеш можам да те потсетам!) После, се што не вклучува сексуализирање, и непристојни понуди. Ако сакаш девојка за сериозно, треба и сериозно да ја сфатиш. Модри патлиџани и праски заборави. Мене лично а и на сите мои другарки кога сме зборувале, не нервира простотилакот и немањето граници кога станува збор за онлајн допишување. Ти во живо може да си предобар дечко, ако онлајн не се покажеш како таков џабе ти е се.
На ова само сакам да додам. И кога кажваме дека не сме заинтересирани или дека не ни се збора и било шо друго, пак многу продолжват со комуникација па мора гоустинг/блокирање.
Некако се меша значењето на ghosting на темава. Ghosting не е ако не добиеш одговор кога тек почнува комуникацијата, ghosting е ако комуницираш со личност одредено време и ненадејно таа личност целосно ја прекинува комуникацијата без објаснувања, не враќа на пораки, повици и се' друго.. Ghosting може да се деси и во пријателства, не мора да е само во романтична форма.
Тој што применува ваква навика, е човек што не знае како да се искаже, не е искрен спрема вас, не знае отворен муабет да направи, а таков не ви ни треба.
Делулу сте малце. Секогаш кога сум сакала да прекинам на мирно со некој, упорно продолжуваат да те убедат дека треба да збориш со нив, па се караат зошто како, не им се верува што им кажуваш. Ете зашо подобро да ве гоустаат него да водат "отворен" разговор со дрво што не го сфаќа зборот не за одговор.
Зависи во некои случаи го оправдувам,ако ти се залепи некој што е наметлив и не ти е привлечен, и тоа како ќе прекинеш комуникација,ќе го блокираш,ќе бегаш преку улица оти не се разбира од НЕ. Додека во случаи каде што се манипулира индивидуата и се сметнуваат ѕвезди,се прави дека ја сака допишувачот и дава лажна надеж за на крај преку ноќ да исчезне, за мене се тоа психички нестабилни луѓе кои се изживуваат со другите и живеат само за да им нанесат тага и болка,тоа се саможивни и егоистични луѓе за кои постои само ЈАС,ЈАС И ЈАС.
Епа, за кого зборуваш? За девојка со која си во врска? Можеби ти одгвоварала од култура и и досадило, не гледам зошто треба да ти дава било какво објаснување. Ако некој што не го знам толку добро не е заинтересиран за мене искрено повеќе би сакала само да се тргне од мене, отколку да ми праќа есеј зошто не сум доволно добра за него.
Епа дај пиши како била ситуацијата за да не претпоставуваме и ќе ти кажеме наше мислење за тоа што се случило.
Истото ќе го кажам и јас, гоустинг е ако сте биле во подолга комуникација со личноста и/или сте се виделе бар еднаш, па таа личност наеднаш се повлекува без објаснување. За рандом луѓе со кои си пишуваме општи муабети или не дошло ни до муабет за дејт, не може да е гоустинг, бидејќи нема ни одговорност тука, не се знаеме. Кога не им враќаме на овие "zdr kako si" не е гоустинг. Ама кога се вложило време, енергија и емоции со некого, тогаш е.
Моментално со таа девојка не ги чувам разговорите.Плус помина време и не сакам да споделувам разговори со девојката.А и не е толку битна де. Се согласувам, но упорно истото па истото го кажувате што е ghosting. За девојка која се гледав, и ќе поминеше во врска.Но, прекина.Ккако што пишав горе, ги немам разговорите.Не сакав да ме потсеќа ништо на нејзе оти ме повреди начинот на кој што прекина... Малце е оф-топик ова што ќе го пишам, ама ај ќе напишам.А, тоа е дека, начинот како го кажа " и здосадило" од мене, како да сум играчка па дете мало кое што си игра и ќе му здосади, па ја фрла и бара нова.Добра аналогија како не третирате нас мажите.Браво Плус е најиронично е што сме возрасни луѓе, утре нејзе некој така да му стане досадна и да ја ghost-не...
не сме сите дрва и не сме во заблуда, за твое инфо.Разбираме, не се возбудувај толку...знаеме дека има многу девојки како тебе, не е проблем да ги менуваме.
Зависи за каква ситуација станува збор. Ако личноста е пренапорна или all over the place културно давам комплимент, но и дознање дека не сум заинтересирана, и ако видам дека и понатаму настојува следува исчезнување. Исто ако видам дека сме се виделе еднаш, два пати и тоа е со 'сила' тогаш пак по дифолт одам на варијанта 'гоустинг' без најава. Ако праша, давам директ одговор, ако не, ме снемува и толку. Инаку да, ненадајно исчезнување без објаснување е аларм за незрелост.
Незаинтересираност. Тоа ми е аналогно на, ми зема број, не ме бара. Која е причината? Ете ти го одговорот. Двете се иницијална култура, останатото е или/или. Јас би ти рекла, биди директен и не се расприкажувај на социјални мрежи, подобро излези во живо да се запознаеш. Понатака ќе сфатите дали има некаква хемија меѓу вас.
Не си свесен каква услуга ти направиле. Ти заштедиле и време и пари. Така да батали и заборави што било. Џабе е да анализираш која е причината.