Ако кажаш дека не те интересира, и пак пишува, правиш блок. Ама си кажал дека си незаинтересеиран. Битно е да кажеш не. Друже, те откачила, не те гоустнала, биди маж и издржи. не отвоарај теми како она е глупа и те гоустнала, убаво ти кажала, досаден си и бил, и нема што да ти образлага колку си бил досаден. Не и досаѓај. Може била фина и трекла дека си здосадил, може вистината е дека ти смрди здив, газ, мал ти е, глуп си, се задишуваш од бацување, чепкаш мрсули, плукас на улица, не знаеш да зготвиш и да пуштиш машина за алишта.... листта е долга. Може е ништо од ова, може е сосема друго. Ама била фина, ти рекла ми здосади, може нашла подобар некој у кревет и толку е. Подолжи на следната. Ти си ја сакал, она тебе не, и тоа е. Има еден филм He is not that into you, Или she беше, глеј го и барај нова.
Ова одма ми падна во очи, не сте биле во врска а требало да бидне врска. Сепак можеби си ја напнал за нешто? Ќе бидам МНОГУУУ груба и директна, ама ако си од тој тип на луѓе што врската почнува од моментот на имање односи а пред тоа све апсолутно бришеш. И ако одбие девојката, тогаш плукаш по се пред тоа и сметаш дека никогаш не сте биле во врска. Верувај многу често ќе наидеш на ghosting па и блокирање. Имам многу вакви примери. И таквото однесување одма се приметува и некоја нема ни да се мачи да ти праи уопште муабет, ниту да и тепаш време, ако на една врска гледаш како трансакција. Тоа одма се приметува низ муабет. Не ги третираме сите мажи лошо и не знам од каде тоа. Лично познавам многу фини девојчиња па и машки. Исто познавам и ср*ње луѓе од двата пола. До карактерот е. Една многу убава реченица "People treat you the way they feel about you". Важи за двата пола и не само за романтични врски. Твое е да одлучиш што ќе направиш. Ќе научиш нешто, ќе се подобриш, ќе влезеш во конфликт итн. Ова чисто како пример, а не викам дека можеби девојчето не било shit човек и од чиста мира си бара забава. Се има и се постои unfortunately
Аа, тоа ли кажала. А може па со други зборови рекла, или за друго мислела па, треба да се види подубинската порака, евентуално не секоја порака има скриена поука де. И не секој треба да живее постојано под грч дека погрешно упорно (ез ин повторно и повторно) ќе биде (не)сфаќан де. Али ај да не биде оф, совет на темава ваљда, у реду е гоустинг у случај кога некој: Упорно не (би да) ги разбира околностите и темпото на ситуацијата Упорно не (би да) ве разбере Јер јас, јас, па јас (живела ерата на нарцисите! ) Drama-queens Професионални жртви, кои увек некако испаѓаат жртва на крај, дури и за проблеми кои они се главниот кривац. Личности кои никогаш не си ги уочуваат грешките И да реду е да ве мрзи да се објаснувате во тој случај. Никогаш нема да се разберете, оставете. Је*еш романтики, мирот пред се. #worldpeace
Некои заслужуваат да бидат гоустнати. Не прифаќаат не, самодоверба пука, како не ги бендисваш па ти знаеш кој се тие. Упорно ги игнорираш, оти не сакаш да им кажиш отворено, и пак продолжуваат со досаѓање, лајкој, срциња. Секако кога гледаш дека не ти враќа, се повлекуваш. Особено ако сте биле на дејт, значи има причина. И некогаш е подобро да те гоустни, отколку да ти кажува зошто и како, па да се осетиш навреден, повреден...еве од моја гледна точка ако гледам дека ме игнорира, не враќа, супер се повлеквам. Не е толку страшно ниту трагично
Јас пред некое време се запознавав колку толку на инста пред да излезам на кафе, и типот нон стоп ѓќми дродореше за мојот физички изглед, која жена е грда, која убава, дебела, слаба јас каква сум и тоа.. Што муабет ќе правам.. Прекинав да враќам на леле каква си.. Губење време
Причините за ghosting-от може да бидат различни. Некои луѓе се плашат од конфронтација или не знаат како да завршат врска на чесен начин. Други можеби не се заинтересирани и сметаат дека игнорирањето е полесен начин да се избегне објаснување.Ghosting-от може да предизвика многу болка и конфузија за оние кои го доживуваат. Без објаснување, тешко е да се разбере што тргнало наопаку или како да се продолжи понатаму.