1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку е здраво да се дава чај на бебиња?

Дискусија во 'Бебе' започната од flowergarden, 28 ноември 2012.

  1. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Воопшто, особено не пред да наполнат 2 години! Кај нас е широко распространета идејата дека чајот е здрав напиток за децата, дури подобар и од водата и сокот. Од тие причини побарав информации на интернет од кога да почнам да му давам чај на моето бебе и се зачудив до какви податоци дојдов.

    Основната причина е затоа што чајот ја спречува апсорпцијата на железото кај бебето, кое е многу важно за правилен раст и развој(телото го користи за да создаде хемоглобин, кој го разнесува кислородот низ клетките, спречува анемија и влијае на правилниот развој на мозокот). Имено, чајот содржи полифеноли кои се врзуваат за железото и ја спречуваат апсорпцијата.
    Има повеќе сајтови на нет каде се расправа по оваа тема. Еве неколку...


    http://blog.homemade-baby-food-recipes. ... drink-tea/

    http://schatzie-speaks.hubpages.com/hub ... Infant-Tea
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  2. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    син ми несакаше ни чај ни вода да пие, ама од кога е на дијета док. ми рече препечен шеќер со вода да му давам многу е убав и го пие а мислам дека не е штетно и си пие по 200мл дневно конечно почна течности повеќе да прима.
     
  3. CudnaZena

    CudnaZena Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    12
    Мене педијатарот ми рече дека апсолутно нема потреба од никакви чаеви, може само водичка да му давам и таа доколку ја сака. Инаку скоро сме 2 месеци- без 3 дена :)
     
  4. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Ова стварно ме изненади.Па до 2 год.
    Синчето не сака водичка, но затоа пак чаj од нане обожава.
    Порано му давав органски, сега имам од село чист, планински.
    Баш ке разноварам со педиjатарот, штета ке биде да му го скатам :?:
    Тие што се детските со гранули ни jас не ги сакам и свесна сум за нивната штетност, но природно нане собрано од паланина. :^)
    Не успеав да ги прочитам линковите но можеби се однесува на тие во кесичка и ови во гранули.
     
  5. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    па изгледа и ко ќе размислиш се штетни тие од кесички. не гледаме што има внатре ама сигурно не се однесува за некаков чај што си го набрала ти па и уште од планина никој неможи да ме убеди дека е то штетно.
     
  6. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Јас давам исклучиво Бекутан чајче за грчеви, го сака и го пие. Но, досега немаме испиено повеќе од 60мл дневно, а и не давам секој ден.
    Според мене не е штетно и баш ми е ќејф што детето на некој начин внесува дополнителни течности. Вода не сака па ова ни е одлична замена.
     
  7. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    На почетокот почнав и јас да давам од тоа Бекутан чајче, но ме советуваа дека многу поздраво е јас да го пијам, а бебето да го внесе во својот организам преку доењето. Можеш да пробаш така ако сакаш.

    Што се однесува до чајот од нане, не се препорачува воопшто, без разлика дали е берен или е купен во филтер кесички. Искрено и јас се запрепастив од ова, затоа што сметав дека давање чајче на бебе е дури и поздрава варијанта од сок или вода. Ако ви е ова сомнително, слободно разгледајте на интернет има премногу сајтови кои ја разработуваат оваа тематика. Баш и затоа ја отворив темава, за да не им нанесуваме штета на бебињата ненамерно, од не знаење. Пак ќе повторам дека и јас го имав тој став до пред неколку дена.
    еве извадок-

    Research has shown that peppermint tea — or any type of tea — is not healthy for our children to consume.
    или во превод Истражувањата покажуваат дека чајот од нане - или било кој друг тип на чај, не е здрав за децата да го конзумираат.

    http://canigivemybaby.com/peppermint-tea
     
  8. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Мојот разум ми велеше дека чајот не е добар за моето бебе, па затоа ништо, освен вода и свежо цеден сок, не сум дала, освен сега, кога дехидрира, и тоа само чај од камилица.
    Сепак се растенија, и каде и да се растени, не знаете како на нив ќе изреагира организмот на бебето..

    А за Бекутанот и јас знам дека не го препорачуваат затоа што е полн со шеќер.
     
  9. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Јас пијам од оној за доилки, и тој има анасон па демек да помогне при грчевите, но го нема тој ефект. А од Бекутанот имаме на неколку пати подобрување, дали дека и ги затоплува цревцата, па одма си заспива, а и го сака.
    За чајот од нане, знам дека трудници не смеат да го пијат, а доилки исто така, зошто го намалува млекото.
    На ќерка ми не би идала чај ние што пиеме, филтер ќесички или пак берен од планина, исклучиво само органски, барем денес имаме можност да купиме таков.
    Засега не планирам да воведам новина, па ќе си останеме на ова. Не пие секој ден, само по потреба, па нека промени малку. Ме чуди водичка што не сака, а пробав и со шише и со лажичка, но не и не.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Грчевите и` се смируваат заради шеќерот од Бекутанот, и на болница им даваат гликоза кога им плачат :)
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Природните чаеви (набрани од планина) содржат теин и теобромин што делуваат исто како кофеинот - надразнувачки и иритативно, освен тоа и спречуваат ресорпција на железото, затоа и не се дава чај. Инаку, многу педијатри препорачуваат чај за да се воспостави ред на доење - односно, меѓу подоите бебето да се нуди со чај. Мене не ми е сфатливо, ама нека им е.
    Ако правите чај од природно набрани тревки, ставајте минимална количина од нив, колку да се обои водата (едно ливче од нане на 200 мл вода). Давајте само ако мора, син ми не сака никаков чај, јас му варев гриз во чај од нане деновиве.
    Овие инстант чаевите се преполни со шеќер, па не се добри ни за возрасен, камоли за дете.
     
    На crazylady, Mama25 и DeMelo им се допаѓа ова.
  12. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.043
    Допаѓања:
    1.125
    Излезе дека и на Бекутан за новороденче има шеќер и не треба да се дава? Зборуваме за оној за грчеви ...
     
  13. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Чај од филтер не баш, затоа што незнаам каков е и што има внатре. И самиот оксидириа ако стои подолго време. Не сум давала ни јас ,ниту пак сега на малиот му давам освен слез зошто многу ми кашлаше. А овие инстант се полни со вештачки шеќери. Инаку за доилки има микс од билки кој се набавува во билна иако јас не верувам дека го зголемува количеството на млеко .
     
  14. babynova

    babynova Нов член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    Јас му давам бекутан чај и тоа по препорака на лекарката по 3 пати на ден по 15 мл.
     
  15. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Јас му давав чај на син ми од Милупа Киндерде секој ден и мислев дека нема шеќер, кога правевме крвна слика кога беше болен и шеќерот му беше тлку многу покачен што се уплашив и од тога крај не му давам веќе никаков чај.
    Размислував за оној чај од филтер ќесичкјите од камилица, нане, дали можам да му давам или планински чај природен имам дома , смеам ли да му давам знаете ли? :?:
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Можеш да му даваш природен. Филтер ќесичките не содржат баш многу тревки за чај, природно растен, набран и сушен е најдобра варијанта. Ама, убаво измиен, извриен со водата, и тревките да не стојат многу во водата, најмногу до 5 минути. И незасладен по можност, ако веќе мора, тогаш со мед, малтекс или мед од рогач.
     
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    До 4 месеци пиевме бекутан со анасон и камилица.
    Потоа преминавме на hipp од анис,коморача,мајчина душица, маточина и камилица - мешавина.
     
  18. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Ние пиеме од 2 недела бекутан и ким од 4 недела чајче до 80 мл днево или ич зависи кога има грчеви само.И емпумисан капки во бекутан чајот.
     
  19. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Се согласувам дека чајот е здрав и е убав и за деца и за бебиња и за возрасни, ама не да се претерува и не да се дава наместо вода. Водата има електролити кои се потребни на мозокот за работа за размислување итн, во чајот ги нема тие електролити, ако возрасен човек целосно ја замени водата со чај веќе за некој месец ќе осети дека има проблеми со памтење и размислување, а да не правиме муабет за деца или бебиња. Така да во ред е убаво е да се пие чај и ама не во замена за вода или воопшто да не се пие вода.
     
  20. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Нели млекото содржи се што му е потребно на едно бебе барем до 6 месеци? Зошто да даваме чаеви? А тие што даваат заради грчеви, сте приметиле дали помагаат? Во соба за доење на фб др.постојано вика никако чаеви а е специјализирана за доење......
     
    На crazylady и Бицијани им се допаѓа ова.