Јас чај ни со првото ни со второто сега не давам ,незнам зошто безпотребно да го полнам мешето . Јас го пијам чајот за доилки од време на време , кога има грчеви му давам капки кои одма го смируваат и така да немам потреба да давам ни вода ни чај се додека не воведам цврст оброк . До тогаш ќе биде само на доење .
Јас пак се чудам како на бебињата воопшто не им давате вода. Млекото си е млеко, сепак вода се дава на бебето пред да се воведе цврст оброк. Колку ќе сака, толку.
Давам чај, затоа што уште од сам старт е на АД млеко, и може со денови да не се искака ако не испие бар 50 мл во денот. АД млкото не е како мајчиното, односно не се апсорбира целото што значи дека би требало да кака барем еднаш во 48 саати. Само со чајот кака, без него ништо.
Цацувче јас ги ставам во млекце и му ги давам! Така ми имаше кажано патронажната сестра. Ќе измолзам малку млеко и ставам од капките. Инаку и јас со лажичка му ги давам.
Ние сме скоро два месеца и од старт сме на ад млеко и ако еден ден не се напие чајче какањето ни оди мн тешко и имаме сува столица. И давав бекутан ама од него мислам дека имаше повеке гасови па почнав со нане иако за него има доста поделени мислења. Би сакала ваше мислење и совет.
Пробај со плантекс или некои од хумана и хип бебешки. Јас не би давала нане.....сепак ти че си одлучиш.
Читам во темата совети за бебиња од 0 до 6 месеци даваат. Јас на првото му давав и ден денес може без чај и како што имаше период кога се хранеше со не толку здрава храна таа зима само чајчињата го заштитија од болести. Бебчо некако послабо пие и давам со лажиче ама не форсирам
Јас не давав, не ни сакаше моето, не сум за чај, за сок, ништо од тоа не давам, сега на скоро година му давам понекогаш чај со домашно нане и некое зрно ким. Ако му давав чај немаше да цица, ќе скокаше подој, јас сакав само да цица.
Им давав дур имаа грчеви Бекутан, а сега кога воведовме цврста храна пак им давам некое време после оброк, за да не се жедни бидејќи вода не сакаат ...не им го правам по упатството, не е концентриран многу т.е малце фрлам колку да се обои водата..
Не е здраво оти се празни калории и може да предизвикаат лажна ситост, па бебето да не напредува убаво.
Јас не му давам никаков чај до 3 месеци пиеше Бекутан и толку,сега само вода и свежо исцедени сокови пие. И јас имам читано во една група да не се дава чај...
Може, секако. Моиве го пијат чајот од анасон на БејбиЛав, дури и сега кога се големи. Може генерално се' да пие, освен јаки чаеви (зелен, индиски и сл.).