Потполно се согласувам. Јас лично кога бев редовна не ми се учеше многу и повеќе забушавав, дека задолжително изгледа. И успехот ми беше послаб. Кога запишав вонредно, и кај средното и кај високото покажав далеку подобри резултати со помалку поминато време и методи за учење. Пример, порано не можев да учам ако не пишувам паралелно. Па не можев да учам во секое време, туку само во одреден дел од денот итн. За разлика од редовното, вонредно запишав по своја волја и веќе поискусна. Немав многу време за да посветувам на учење, па научив да учам брзо и ефективно. Може и зрелоста и искуството си го носат тоа со себе, којзнае... Ова зборувам без врски, без поткупи. Тоа е веќе друга приказна за дискусија, која за жал, ја има и кај едните и кај другите.
А што да прават оние што не можат да студираат редовно? Имам позната што без проблем го заврши факултетот како вонреден студент.
Зборате како вонредните да не учат 4 години како редовните. Јас завршвам факултет како редовен студент, и ич не ми е криво дека некои не иделе на предавања ама имале право да полагаат. Дур јас чекав колоквиумска, па испитна, некој можи цел тој период и дупло поќе од мене да учел башка поќе време имал за стручна литература надвор од предмети и предавања да чита. Така да индивидуално е и ако некој сака или пак мора вонредно - нека. Не е нефер, не е грешно. Вонредното не е купена диплома, башка се овие два поими.
Можеби на прашањево не му е местово овде но како оди процедурата за запишуње за вонреден факултет? Треба да се запишувам сега на 29 но немам појма што и како треба.
Исто како за редовен само што пишуваш дека сакаш да одиш на вонредни студии (нели има опција во iknow систем кај што бираш дали редовни или вонредни студии ќе посетуваш).
Мораш да доставиш и образец М1/M2 од Завод за вработување (или од фирма) како доказ дека работиш некаде и дека се водиш како пријавена. Зошто нема да можеш да докажеш поинаку дека си спречена да ги посетуваш редовно предавањата. Покрај тоа ќе треба да однесеш и писмена потврда од твојот претпоставен дека се водиш кај него како вработена. Ова барем вака беше во мое време.
Успешноста на студиите не зависи дали некој е редовен или вонреден студент. Зависи колку сака да учи и се интересира за факултетот. Сметам дека неможноста на некои факултети да се студира вонредно (пр. психологија) од една страна преставува демотивација за идните студенти, но од страна на професорите разбирливо зошто некои факултети немаат можност за вонредно студирање.
Кај мене тоа ми бараа инаку не ми даваа да се запишам како вонреден студент затоа што беше задолжително да имаш потписи од професорите за редовност. Секој со свое искуство. Сега искрено не знам, нека оди на шалтер најубаво и ќе ѝ објаснат тие. Можеби се и сменети работите.
Па бараат или М1/М2 образец или лекарско (доказ дека си спречен да посетуваш настава). Ова со лекарсково не е ништо страшно оти одма го даваат, само треба да си платиш. Јас пред 4 години запишав вонредни студии.
Здраво! Темава е доста интересна, но еве и јас би додала коментар од сопствено искуство во врска со високото образование. Јас бев запишана како редовен студент и првите две години редовно ја следев наставата на Филолошки факултет, но од економски причини го прекинав студирањето и се вработив. По одреден период повторно ги продолжив студиите, но овој пат како вонреден студент бидејќи морав да работам, за да си ги платам моите студии и киријата. Е сега, дали предавњата се квалитетни? Многу од моите колешки и колеги се бунеа од одредени професори кои не знаеја добро да го објаснат материјалот, туку само читаа, и тук и тек по некој коментар ќе дофрлат. Некои асистенти беа подобро подготвени и од самите професори, но јас лично бев изненадена кога ги продолжив студиите и забележав нови асистенти, а од старите ни трага ни глас. И од новите, таа која што беше навистина добра за објаснување на часовите по морфологија си замина после една година. Што се однесува до стручноста и спремноста на редовни студенти наспроти вонредни, секој за себе е своја индивидуа зависно од тоа колку е способен да го совлада материјалот. Точно е дека професорот ќе каже нешто плус на часовите, но прашање е колку од студентите тоа ќе го запоменат? Колку од нив ќе запишат? Бидејќи на крајот сите ние го учиме истиот материјал, и тие што се вонредно и тие што се редовно запишани. Јас лично имав копирано материјали од тетратки од студенти кои беа доволно фер и љубезни да ми позајмат од тоа што тие го фаќале како белешки при редовните предавања. Некои од нив правеа катастрофални правописни грешки, не само на туѓиот јазик што го изучуваа, туку и на мајчиниот јазик кога запишале нешто дополнително што професорот го кажал на македонски јазик (пр: во тертака имам пронајдено коментирана реченица на македонски јазик со напишано споено „незнаел“, од студентка од трета година). На испити, од кои прво доколку се помине писмениот дел, потоа се оди на устен дел, имав можност да полагам заедно со редовни студенти кои не знаеја да сменат глаголи кога беа испрашувани од проф. Од друга страна пак, ние како вонредни бевме поригорозно оценувани од страна на една професорка по современ јазик, само затоа што таа сметаше дека не сме способни самостојно, во домашни услови, без посета на настава, да учиме. Кај истата таа професорка редовни студенти поминуваа полесно, но со помалку знаење и полесно оценување. Има луѓе кои си ги платиле дипломите, но тоа не значи дека ние што сме вонредно запишани, одиме да ги полагаме истите предмети заедно со редовните, оценувани сме пред колеги кои се редовни студенти, така што и самиот професор да биде заштитен од можно неосновано обвинение за нетранспарентно оценување, имаме помалку знаење од редовните студенти, или пак треба нашата диплома да биде помалку вреднувана.
Да, мислам и дека нема вонредно за овие професии. Конкретно знам за Психологија при Филозофскиот факултет бидејќи ме интересираше како втор факултет да ја запишам. За другите може и на УКИМ да се провери.
Многу релативно е ова. Материјалот е тој, ако го знаеш тогаш заслужуваш диплома. Имам соученичка што покрај 4 години гимназија, полага вонредно предмети од медицински смер. Конкретно за неа, знам дека ептен е внесена во учењето и тврдам дека не заостанува воопшто зад другите од медицина, а има и дополнителни знаења од гимназија. Ако го одземеме факторот на корупција и препишување чисто ради реда да се помине испитот, тогаш нема никаков проблем според мене, ни во тоа дали е ,,фер" ниту пак во квалитетот на образованието.
За од пред неколку години не знам навистина. Но оваа година го проверував конкурсот и немаше, за жал. А многу би сакала да запишам Психологија.
А ти мислиш овие што се со преквалификација или вондредно се нешто подоле од овие што завршиле редовно ? Не се веруј . Еве ти случка од денес на работа во државна болница. Сестра на смена која завршила редовно медицинско и виша медицинска школа . Докторот и вика донеси ми апарат за кислород она му носи ПП апарат од ходник. Толку за тоа. Во денешно време докториве се со купени дипломи а не па некој друг. Сестро, избегаа тие што учеле кај што треба, у странство. Каде што им се цени ученото и се платени за тоа што учеле.
Dzabe pisuvas normalno deka nie so redovno znaeme povekje i ne e ist trudot sto se vlozuva pospremni sme i teorija i praksa.