Колку е чиста вашата куќа? (How clean is your house?)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од starbucks, 15 април 2011.

  1. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    How Clean Is Your House
    Ја знаете оваа емисија? Ја даваа пред неколку години на една српска телевизија ( не се сеќавам како се викаше) попладне околу 6 мислам.Се работи за две дами Ким и Еги кои им ги чистеа на луѓето валканите домови.
    Еве некои видеа:

    http://www.youtube.com/watch?v=Aq979uOF ... re=related

    http://www.youtube.com/watch?v=FCpzP7nxsxs

    http://www.youtube.com/watch?v=DTqT-RBJ ... re=related
     
  2. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Колку е чиста вашата куќа?

    Аааа, убаво ме потсети. Да јас ги гледав двете тетки и мајка ми некогаш ми викаше твојата соба е ваква. :D

    искрено ок беше емисијата и се, ама јас не разбирам кој може да си дозволи толкав хаос да му стане куќата. Имаше емисии каде буквално куќите личеа на свињарник па им викав дома ајде бе овие намерно олку ги расфрлаат за да имаат гледаност.

    Јас не би си дозволила таков ужас во мојот дом :D и пупу скраја да е ако некогаш дојде до таков ужас не би дозволила да ме снимаат на телевизија :D
     
  3. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.457
    Пол:
    Женски
    Колку е чиста вашата куќа?

    Мислам дека и на некоја од нашиве телевизии ја даваа. Интересно , ама залудно е еднаш да дојдат и да им исчистат кога луѓево се мрзливи, ништо дома не фаќаат, јас се чудам како не им пречи таа смрдеа :^)

    Има на RTL ( германската ) една емисија, не само што им чистат туку и им реновираат, им средуваат, ама после неколку месеци ги посетуваат да видат како се грижат за домот и пак се во хаос , прљаво , запуштено... така да, до луѓето е. Џабе им средуваат кога немаат навика да се грижат за основната хигиена.
     
  4. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    915
    Колку е чиста вашата куќа?

    Сум ја гледала емисијата и навистина бев згрозена од степенот на свеста кај луѓето. Ако некој не е свесен за чистината на неговата куќа не може да очекувате дека тој води сметка и за сопствената хигена. Лично мислам дека тоа се мрзеливи , незаинтересирани, нечисти луѓе. Кај многу пријателки сум ја забележала оваа појава верувајте ми било гадно и чаша вода или кафе да се напијам, наоѓав изговори се брзам друг пат ќе пиеме итн. За мене хигената во домот е на прво место, бидејќи не би можеле да живеам во неиспрани алишта, незбришана прашина, непроменета постелнина, растурени и нечисти садови на секаде итн.
     
  5. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Колку е чиста вашата куќа?

    Исто и јас и ми се гади кога ќе видам дека некои живеат во свињарник
     
  6. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Колку е чиста вашата куќа?

    Леле прв пат ја гледам емисијава, ( од видеава се загледав на YouTube) интересна е :) ... Ама прв впечаток - ШТООО??? :o НЕ Е МОЖНО! :o
    Како може да има вакви луѓе што не се грижат воопште за домот во кој живеат?? :^) :worried: Па разбирам неизбришана прашина на пример, ама ова :o Па добро рипа ли преку работите истурени насекаде кога се движи низ куќана? :o Уште не ми се верува :o :D
     
  7. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    Колку е чиста вашата куќа?

    Лелеее па јас ке се загусам у таков хаос нема теорија ако не ми е 4исто и средено бе немозам кафе да пијам добро не сумнекој фанатик ама узивам кога ми е среденко и мразам кога некој не го цени тоа и фрла кај сто ке стаса уфф па толку се нервирам од такви лугје ..велат по кукјата зивотот ти се гледа дали ти е хаос или средено или нацинот на кој е уредено мене ми се многу битни овие работи инаку јас сеусте немам свој стан но многу години сум од дома одделена у посебно апартманце под кирија и морав да се нау4ам на ред и дека нема кој да 4исти по мене.одвај 4екам да си заработам и да си купам свое ма ке го направам бонбон4е :talk:
     
  8. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Колку е чиста вашата куќа?

    Jас стварно незнам како можат да си дозволат,да живеат во нечистота со години,мене кукава 2 дена да не ми е исчистена,ми се чини како бактерии да летаат :puke: а тие со деца што се?како дозволуваат дечиња така да живеат,да фатат некоја болест барем нека викнат да чистачка,нека и платат |( инаку јас го гледав ова......Clean house comes clean http://www.youtube.com/watch?v=6rRLzrQRBfI
     
  9. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Баш ќе отворев ваква тема ама ајде да видам можеби има :D Многу ми е интересна емисијата само не ми е јасно како може толку да не им се чисти куќите :puke: Ја даваа на HRT1 или OBN мислам :) Ако некој знае каде ја даваат нека пише многу сакам да ја гледам :D
     
  10. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Незнам сега дали ја даваат, не сум видела
     
  11. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Неколку пати го имав фатено на Нова и на СкајНет ми се чини, интересно е.
    Ама не ми се верува како некој може до толку да му биде несуредено, буквално ко на ѓубриште да живее.
    Ама едно не разбирам како тој/таа цел живот си живее така и одкога ќе исчистат овие кога доаѓаат да го/ја посетат чисто им е.
    Чудна работа. :^)
     
  12. Tanny

    Tanny Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    401
    аа ја знам многу е интересна ]:)
     
  13. GoldenValery

    GoldenValery Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    13
    И мене ми се гади... едноставно се згрозив од видеата :o како можат да си дозволат таква нечистотија |(
    Мојата соба никогаш не е била не средена,секогаш си ја средувам(не дозволувам мајка ми да ме опомене дека собата не ми е чиста) :x
    Ии така.. ;)
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.040
    Допаѓања:
    66.624
    Пол:
    Женски
    Вака кај нас дома да дојдат да чистат мајка ми прво ќе ја исчисти куќата, па после ќе ги пушти они да средуваат :rofl: Не знам како можат така луѓето....
     
  15. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Целата куќа ми е чиста, ама собата кај мене нема место да згазнам... Цело е со алишта, книги и сл.. :D :D Ми треба еден цел ден да ја суредам...

    Редактирано од модератор: Користете големи букви само доколку сакате да потенцирате нешто.
     
  16. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    На нас од кабалската ни ја исклучија ОБН и Нова :worried: И сега ја нема таа програма :(
     
  17. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    И кај нас ги нема овие телевизии.
    Во врска со темата порано едвај чекав да ја даваат емисијата, ептен интересна ми беше.