1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку заработуваат македонските пејачи/пејачки?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Skylar, 2 јануари 2020.

  1. Rabbit 97

    Rabbit 97 Активен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2019
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    499
    Vo nashava drzava nemaat ni zelba za da snimaat a pred se nemaat ni finansiski sredstva
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Ниту една професија не е лесна ниту лесно се доаѓа до пари. А мора да прифатиме дека не е до артистите и квази певаљките туку до менталитетот на рајата. Ако Сузана Гавазова или некоја слична на неа и овие со аутотјун прават дебели пари тие не се виновни туку го прават тоа што поголемиот дел од народот го бара затоа и имаат пари. На плоштад да викнат да пее некој/а со предобар глас, а пее рок или не знам што таму нема да се наполни како на пример да дојде Цеца или не знам Аца Лукас. Јас уште не разбирам како е толку пуно по другиве градови кога ќе дојде Луна Џогани... за греота, а дискотеките пуни, што значи е до нашиот народ што секој шлаим го прифаќа и мисли дека е журка. За викенд рандом дечки што имаат тезги се боље од неа, ама не клубовите пуни само кога ќе дојдат такви.
     
    На hermosa, RosettaStone, Miss666 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.684
    Допаѓања:
    14.321
    Пол:
    Женски
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Нормално, да се сними добар спот можеби чини 5.000 евра, а Ефто Пупиновски пеел во Охрид за 2.500 евра. Значи со тие пари не може ниту еден спот да сними. Некст Тајм се актуелни, зошто на нив да не им се дадат пари? Лозано исто имаше 2-3 хита во последно време. Многу сме сељаци едноставно тоа е одговорот. Зошто на ден на рудари да пее Цеца во Македонска Каменица? Дали Македонец некогаш ќе пее на Нова година во Белград или Сараево? Не. Во Сараево дури читав дека последниве години не дозволуваат ниту алкохол, па се бунеа Бошњаците, што со туристите кои ќе им дојдат за дочек. Ние сме навистина безрбетници и затоа немаме ништо. Не мислам дека Мерлин заслужува 100.000 евра, Здравко Чолиќ да Дино не. Чолиќ пеел во Будва за 100.000 евра.
     
  5. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Зошто Дино не?
    Што е до мене, никој не заслужува 100.000 евра за настап. Поготово не тука, кај што знаеме тие пари колку вредат.

    Да те прашам, На Дупер спотовите ти се допаѓаат? Мислиш дека Дупер имаат 5000 евра за спот, а со оглед на тоа дека имаат 2 3 спота, и повеќе од 5000?

    Има многу млади изведувачи што имаат супер спотови а стварно не верувам дека дале толку пари.

    Ефто е стварно добар пејач, ама не е иднината.
     
    На asdas и Miss666 им се допаѓа ова.
  6. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Хаахахахаахахаха. Спот за беспари се снима ако имаш малку креативност во себе.
     
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Грешка си. Знам сниматели кои снимаат спотови. Пред 5-6 години снимаа за 200 евра смешни спотови, со два кадри, со една камера, на кеј на Вардар, без сценографија, без ништо, без тим. Тоа беше за некои деца кои никој не ги знае. Друга работа, тоа треба да се монтира. И за тоа се плаќа. Продуцент? А да го емитуваш тој спот, маркетинг, пр?

    Изгуглај ќе видиш дека добар спот чини 5.000 евра.

    Нема ништо за без пари. Ако мислите дека со мобилен се снима спот и дека со тоа кариера се прави, грешка сте.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Зборам за добар спот, спот со кој нема да се избрукаш, а не седиш во соба на кревет и пееш пример или во ходник. За професионален спот, позади кој стои тим. Цената во медиуми ја имам чиено, мислам дека Дејан Миличевиќ кажуваше дека толку чини спот.

    Гледав минатиот пат на КТВ спот, стои еден дечко, пее кај автопатот Демир Капија - Смоквица. Смешки. За професионален спот си требаат пари, плус треба пари понатаму за маркетинг.
     
  9. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Повторно, хахахахахахаххах!
    Некои од најкултните светски спотови воопшто, а патем снимени за беспари. Повели изгледај, па кажи ми дека не е возможно.






     
    На Mrs. Lovett и candy.cane им се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Нема ништо денес за без пари. Ајде и да се сними за без пари, а текст, аранжман, музика, авторски права? Тоа не чини пари? Дека од музика кај нас не се живее, ти покажува фактот дека многу пејачи се вдомија во државно или приватно, и песни не ни прават. Неколку наши пјеачки работат во Опера и балет, песни немаат со години. Будали замисли, не земат да си снимаат за без пари. Од врата не се излегува без пари, не па кариера да се изгради и одржува. Убаво си кажа девојчето погоре, погледни како се облечени дел од нашите пејачи, па ќе ти стане јасно колку пари имаат. Еднаш Монси изјави дека имало случаи наши пеачи со кинески чевли да пеат на фестивали. Се додека даваме пари на странски пејачи, нашите ќе тонат.

    Плус ова горе не се спотови, со еден кадар, два, тоа не е спот. Прашај професионалец, снимател, монтажер, ќе ти кажат колку чини сето тоа. Овие смејурии од горе не се ни монтирани.
     
  11. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Аууу со кого сум нашол да дискутирам за музика. Ќе ти се смеат девојче на овие муабети. Јас сигурен сум дека не ни знаеш кој е Боб Дилан, сигурно мислиш дека е некој рандом писател.

    Повторно Дилан ќе ти го спомнам. На кого плаќал тој бе за текст и музика? Свесна си какви глупости тресеш? Какви авторски права? Како може музичар да плати за авторски права за своја музика?
     
    На Sejfullai, Mrs. Lovett, Mishela и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214

    Jaс ти зборам за македонски услови, темата се отвори за македонски пејачи. Владо Јаневски пред повеќе години кажа дека за текст наплаќа 500 евра. Каде е аранжманот, музиката, продуцент кој тоа ќе го сними. Медиумите почнаа да не објавуваат вести за без пари за пејач кој снимил спот, освен ако се знаат, пријатели се итн. За градење кариера ти требаат пари. Нашите пејачи тешко вадат пари од музика, мал пазар, и ред други фактори. Јас се чудев за една наша пејачка, да не ја именувам, порано пееше по фестивали, има и хитови, се држи добро за годините, но кога ми рече роднина дека пеела во една биртија во село пред 10 пијаници кои таму се собираат просто не ми се веруваше дека толку ниско паднала. Но, кога видов фотки на фб, сите се сликале со неа, од персонал до гости, сфатив на кое дереџе е дојдена некоја „ѕведа“ штом пее пример во селска кафана.
     
    Последна измена: 7 јануари 2020
  13. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    @Tanjamm слушни ја песнава и гледај го спотот

    Цел тим е пријатели и девојка му (ако не се лажам снима со апарат за фотографирање).
    Не секој има пријатели што пишуваат текст и што снимаат спотови, ама предобра е песната а не е позната.
    Зошто? Затоа што кај народов пали 2 Бона (кои исто така се од 0 почнати) и Некст Тајм (се издигнаа повторно откако почнаа политички да се вртат).

    Ги спомнав и Дупер,нивните спотови се обични а сепак одлични. Само замисла треба.
     
    На Mrs. Lovett му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Спотот горе е со 3 кадри, е такви човекот кој го знам, снимател ги снимаше за 200 евра, ама пред 5-6 години, сега сигурно чини поскапо.

    Зборам за некој кој треба да земе 100.000 евра пример на прослава за Нова година, некој кој ќе го слушаат од 7 до 77, е тука веќе треба пари.

    Од Дупер знам една песна, рефренот само, ама тоа не значи дека со едно полуаметерско спотче станале ѕвезди. Јас на тв ги видов, и така знам за нив, инаку не ги знаела. Тие сепак не се ѕвезди. Ги знаат тинејџери, а тоа не е доволно.

    Поентата ми е дека со години се даваат пари на пејачи од регионот, нашето го запоставуваме, и нормално нашето тоне.

    Велиш се одлични, а всушност се далеку под просечен квалитет.

    Јас кога на еден колега му реков за документарец дека е добар, ми вели што е тука добро, тоа е слабо, вака, така, со аргументи ми објасни дека тој документарец е под просек. Кога изгледав и јас еден документарец на колега, а тој чинеше мислам над 10.000 евра да се сними, монтира, еее сфатив што е добро, а што лошо. Џабе се спориме, ај со мобилни спот ќе снимаме, оти камера е околу 2.000 долари. Квалитетот бара професионалци, се друго е лага за народ кој не знае за подобро.

    Така за нашиот народ Јелена Карлеуша е топ, допира мажи за полов орган на настапи, се трие со задник од нив, ама нашиот народ мисли дека тоа е ѕвезда.
     
    Последна измена: 7 јануари 2020
  15. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Единствената овде која не знае за подобро си ти. Lonely Boy, еден од најкултните спотови во минатата декада и Here it goes again, добитник на Греми, ги нарекуваш смејурии пошто биле one take (ако воопшто знаеш што е тоа) и не биле „монтирани“. Тажно :)

    Еве ти „монтирани“ спотови

    Буџет: 50 долари за бензин и 2 долари за кафето.


    Буџет: 100 долари за smoke machine


    А, види мајката, можело и кај нас вака. Буџет: 500-че за бензин


    Буџет: шише ракија за чуварот од МНТ и шише ракија за Оливер.


    А, јас ти покажав дека светски музички мајстори знаат да склопат спот за беспари и тоа да испадне култно. Кога можат тие, кои распологаат со неспоредливо повеќе средства, што им фали на домашниве музичари? Ти викаш дека треба пари за спот. Не, не треба. Треба креативност и малку уметничка душа.

    Кој, при здрав разум, би платил 500, па и 200 евра за текст? Не знаат сами да си напишат текст и смислат некаква мелодија? Значи зборуваме за луѓе кои озбилно тргнале да се занимаваат со музика и прават „кариера“. Овој ми напиша текст, Билбилов ми смисли музика и ми аранжираше, ЈЈ ми продуцираше, а јас си фрлив 2000 евра во бунар, се појавив на сцена и 3 минути гракав. Алооооо, каде со тој мајндсет? За музичари зборуваме.

    Потполно погрешно. Фолтин имаат, колку што знам јас, 0 спотови и 0 појавувања по Бекстејџ срања, па свират во полни локали и имаат кариера и пол. Донплеја, Праската, Кикачу и Марсата исто така имаат 0 појавувања на телевизија и буквално 0 денари потрошено за маркетинг, а се едноставно ѕвезди низ цела држава и пошироко. Си вадат музика и спотчиња (кои сами си ги снимаат) на Јутјуб и секој втор викенд си имаат настап, а стигнаа и до Таксират и ДФест. Повторувам, 0 денари за маркетинг, 0 денари за „некој да им напише песна“.

    Тие што се жалат на „мал пазар“ едноставно не ги бива. Заработката во музиката е претежно од свирки (нешто и од филмски, театарски и останати гостувања и тезги) пошто албуми денес никој не купува. Тоа што за Елена Ристеска ќе најдеш 20 души што ќе платат 100-ка влезница, за Фолтин 500 што ќе платат 300-ки влезница (само со настан на ФБ), а пак Каролина (медиумски поддржана и спонзорирана од Авалон) 3 дена со ред ќе наполни сала не е до пазарот туку до самиот музичар и музиката која ја создава.
     
    На dayla, Sejfullai, Mrs. Lovett и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Значи будали се сите кои плаќаат менаџери, дизајнери, стилисти, продуценти, кога се глупи да ги подучиш сами да си пишуваат песни со 2 стиха и еден полурефрен, ѕвезди, ќе ми ги земеа 100.000 евра на Дино. Будали едноставно, по твое. Без професионалност, истрајност, вложување нема ништо. Тие кои ги зборуваш ти ги знаат тинејџери, но не се ѕвезди за луѓе од 7 до 77 години.
     
  17. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Па, да. И тоа големи будали. Стилисти бе ххахахахаххаха.
    Сериозни и талентирани музичари се генерално самите одговорни за својата музика и текстови. Не мора да свириш музички инструмент, али да не можеш сам да си напишеш текст а си „пејач“ е епска катастрофа.

    Стинг генерално сам си ја прави својата музика, па си лапна добро хонорарче за концертот во Скопје и да, имаше од 7 до 77. За Дилан да не зборувам.

    На сите тие што јас ти ги спомнав, а и сите други кои што ти не можеш ни да конципираш дека постојат, воопшто не им е гајле за статусот ѕвезди и тоа дали и баби и дедовци ги слушаат. Сами си прават музика, сами си се менаџираат, си имаат настапни дома и во странство (бендови се враќаат со по 10 000 евра чист профит од странски турнеи) и си лапаат сериозен кеш. Елена Ристеска и останатите „ѕвезди“ нека чекаат друг да им ја направи „кариерата“.
     
    На Bratot му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    3.933
    Допаѓања:
    13.742
    Пол:
    Машки
    Ич да не се чудиш секој земал колку што вредел!
    Деновиве гледам "актуелен" е постот на Ефто кој е класика каде како и секој (не)надежен македонски пејач со пропадната музичка кариера ги криви пејачите од ју просторите.
    Љубомора и завист е во прашање јбг.
    И да многу е глупаво да се споредуваат пејачи т.е. институции сами по себе како Мерлин,Јоксимович,Чолич,Брена..и др. кои имаат безброј хитови зад себе,свои продукции... со пејачи како Ефто и компанија кои во својата музичка кариера имаат едвај 2-3 песни прифатени од публиката,а за тоа не е крив ни Мерлин ни Цеца ни никој друг него самиот пејач тоа е не секој успева,а според успехот следува и наградата во случајов кој колку е платен.
    Друго кај нас естрадата не ја бива воопшто и тоа е факт,народната онака млитаво додека пак забавната ич од ич и тоа години наназад.
    Еве нешто хот за раја,овие се се само не пејачки и естрада бидејќи од вакви само страда естрадата ништо друго а тука спаѓаат и оние 2-3 бона,слаткари маткари и слични на нив на кој главна тематика во песните им е шампањи,коли,сепариња,кур*и,се*с и остала бљувотина... :smirk: #убиламетуџасрамота
    Македонските фолкерки во акција: Тргнаа да го бараат принцот, едната го најде само коњот! (ФОТО+ВИДЕО)
    Среќна Нова Година и претстојните празници од разголените македонски естрадни убавици! (ФОТО)

    едит: прочитав за Водици во Охрид ќе пеел Петар Грашо,очекувам сега нови изливи на љубоморење и плачење од нашиве... :)
    https://sitel.com.mk/petar-grasho-za-vodici-vo-ohrid-na-ploshtad
     
    Последна измена: 9 јануари 2020
    На Tajnaotrovna и asdas им се допаѓа ова.
  19. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.788
    Пол:
    Женски
    @Tanjamm зошто не ставиш некој висококвалитетен спот ти ете?
     
    На asdas му/ѝ се допаѓа ова.
  20. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Џабе и' објаснуваш, она не дека е врхунски музички познавач, нејзе и' боде очи тоа што еден бошњак, муслиман земал пари. Си кажа погоре, Чолич ако земал ама за Дино е проблем
     
    На asdas му/ѝ се допаѓа ова.