Тие бона,слаткари маткари и нивните текстови се исти како оние на Јала брат,Корели морели,Сенидах,ама тие се ултра популарни нели. Не сум некој патриот по природа со такви предрасуди,ама мислам дека стварно претеруваме,Ефто не е љубоморен,само човекот праша зошто за него немало во ниеден портал а не зошто тој не зел 100,000 евра и во право е човекот.
Не, Здравко Чолиќ е навистина ѕвезда, и Дино е ѕвезда, ама според мене не може да биде во исти ранг. Чолиќ е многу скромен, и при секое појавување, му се воодушевувам на скромноста. Ѕвезда не е само да пее, да има хитови, туку цел впечаток. Гајле ми е дали е Бошњак, еве деновиве на една ФБ дискусија се побуни еден Бошњак дека било навреда за нив што го напаѓале Дино, по што друг му одговори, дека воопшто не ни знаел што е, мислел дека е Србин или Хрват. Јас до пред 2-3 години не знаев дали е Србин или Хрват, се додека не прочитав дека се вика Един Дервишхалидовиќ. Давајќи пари на странски ѕвезди, ме читаш дека и Карлеуша ја спомнав и Цеца, тие не се муслиманки, а се додека даваме пари за музика од регионот и соседството, песни, спотови, хитови нема да имаме. Жена како Калиопи нема да снима спот со мобилен и со фотоапарат, дај не зезајте. Сотревме се што е наше на тој начин, и затоа никој не не цени. Една жена минатиот пат ми кажува ја видела Елена Петреска како купува во Чаир во продавници се по 200 денари. „Таа ли ќе ми се прави ѕвезда, јас лично сум ја видела да купува алишта од по 200 денари“, вели женава. Нормално, живеат од плата, свирки или нема или се на минимум, песни нема, хитови ич, спотови исто така. Денес секој се пресметува дали вреди да се инвестира во нешто. Ноне во едно интервју кажа дека не може да чека, викенд, па дали некаде ќе пее или нема ни да пее, не може да се остави така да живее и замина на брод.
Кои се бе овие Ноне и Елена? Што ќе пејат на свирки? Па ни домашните нивни нема да им појдат на настап. Не, сериозно која е „ѕвездава“ Елена жити се? Сакаш да кажеш дека Калиопи е подобра/поѕвезда/помузичар од Аланис Морисет или Стинг, па испод чест и е да сними „обичен“ и евтин спот, налик тие што ги постирав (а, за кој сумњам дека и воопшто ги изгледа)?
Дури стигнеш до степен без видео спотови и посебни промоции да ти се актуелни песните, треба многу...леб да изедеш. Како ќе се пробиеш без менаџери и музички куќи кои стојат позади тебе? Сами си ги пишувале песните, скромни спотови правеле за ич пари, музика исто сами...каде? Во нивното лично студио? Со помош на нивните "пријатели" кои случајно се едни од најдобрите во музичката индустрија? Плаќаат луѓе за се и сешто и ако решиле скромен спот да имаат тоа сигурно не е затоа што самите се скромни или немаат пари за спот.
Ќе се пробиеш со талент, добра музика, виралност итн. Во време кога факин Јутјуб полека изумира како музички медиум, вие сте уште заглавени во 98-ма и мислите дека треба менаџери, промоции, интервјуа... Матеј Фолц, си чула?
Се сложувам комплет. Сум имала контакт со јавни личности, луѓе знаете ли дека нашите пејачки немаат ни да платат професионална шминка, па во исти ден ако имаат еден настан, пример прес-конференција бараат од новинарите истиот ден да ги снимат, оти таман ќе бидат шминкани. Ова лично го имам чуено со свои уши, од менаџер на една пејачка, да не спомнувам имиња. Се е дно. Елена не велам дека е некоја си ѕведа, оти на еден концерт пред повеќе години кој го рекламираа на тв, таа продаде многу мала бројка на карти, друго се подели за џабе, колку да не се брука. Ова исто од сигурни извори, да не спомнувам имиња, фирми, итн. Дино Мерлин не лапна 100.000 евра ако сам себе се снимал со мобилен нели? Шоу бизнисот бара пари. На Ефто Пупиновски постот не му беше дека љубомори, туку дека сме сиромашни за да некому полниме торби со пари, а при тоа новинарите да одвокат 10 секунди за домашните пејачи. За разлика од тоа, Дино имаше и пресови, интервјуа, нормално, на крај тоа ќе се плати од наши, народни пари. Значи ние правиме пр на странци, а домашните пејачи не ги ни спомнуваме. Се е до парите.
Сакам да кажам дека и во мизерна Македонија треба и мора да има некој критериум. Не може Калиопи која пееше на Евровизија, да се снима со мобилен. Колку пати да повторам дека секоја снимка која не е од видео камера е шунд, непрофесионална, матна? Зошто би паднала под нивото кое досега го имала. Или ќе снима со сите нишани, или нема да снима ништо, за да сите се смеат.
Па, ништо посебно, обичен талентиран младич кој без никаква „медиумска“ и „менаџерска“ помош си стана славен. Си има супер гледаност на Јутјуб, Пивара му откупи песна за во реклама и нема човек во државава кој е заинтересиран за музика а не го знае.
Зошто Сенида е вбројана во друштво на овие неквалитетни изведувачи? Тоа што одредени спотови и се искомерцијализирани за повисока популарност не значи дека не е квалитетен изведувач. Нејзиниот глас е специфичен и има вредност. Нејзините текстови исто така имаат содржина. Не се врвни уметнички парчиња, меѓутоа се ритмични, согласни, популарни. Соодветствуваат со моменталните побарувања на пазарот. Не се без врска напишани само колку за парична заработка. Јала брат и Корели се класична комерцијала без суштински квалитет, исто како Два Бона (на македонската музичка сцена). Слаткар беше добар во свое време, 2006-2010 како рапер, во тим со "Единствена Опција". Тука го доживеа својот зенит, останатото е историја.
2 песни, 2 спота за песните (сам си ги направи?), читам музика, аранжман, анимација, фотографии направени од други луѓе, како тоа сам си станал славен за ич пари? Спотовите имаат едниот 100 илјади и нешто другиот 200 илјади и нешто прегледи а се пред година или две. Многу се снашол, ептен. Кај му е куќата со базен?
За каква наша естрада зборувате, дали живееме у иста држава ? Помизерна никогаш не ни била музичката сцена.
А, знаеш колку и дали воопшто наплаќаат сите тие луѓе и како воопшто оди соработката? 2 спота и 2 песни хахахах, да, да.
хахаха никој не го знае само група што слушаат се и сешто за као да најдат нови пеачи и бендови за кои ќе кажат дека ги пронашле и колку песните им се закон хахаха
Што слушате бе срцки вие? Озбилно ве прашувам. Очигледно е дека не сте биле на домашна свирка или фестивал. Има во државава за сечиј вкус, од џезери, до рапери и инди музичари, а сите од нив мајстори на својот занает. Треба само да сте навистина љубители на музика и да имате малку повеќе километража на слушалките, а не како госпоѓата Тања од погоре која не знае кој е Боб Дилан.
Што ќар имаат тие од тоа што само одредени ги слушаат? Колку карта им плаќате, 100, 200 денари? Збориме за промоции, пробивање, станување актуелен, популарен, заработка, слава. Што имаат пилците што ги спомнуваш од тоа? Свирење за душа?
-Тоа што не се мешаш со помлади луѓе е твој проблем. Прашај било кој до 30 години, кој не оди по певаљки, па ќе видиш колку го знаат или не го знаат Фолц. -Пишав и погоре, ако си сериозен музичар и сакаш да заработиш од тоа, ќе заработиш. Турнеја низ Европа може да ти донесе 10 000 евра чисти (зборувам за метал, жанр кој воопшто не е мејнстрим). Фолтин свират и во филмови и во претстави, настрана од свирките кои се секогаш преполни итн итн. -Промоции? Што мислиш под промоција? Сериозен музичар тргнува со премиса да создаде добра музика, а не да биде „актуелен“. Мегаломански желби имаат 2бона и ними слични, исто како што Мајкл Беј снима за Трансформери да заработат милијарда, a Тарковски снима за да сними уметничко дело. -На прашање не се одговара со прашање. Повели, сподели музика која тебе ти лежи и си ја слушаш по дома, истото ќе го сторам и јас, па ќе процениме дали воопшто можеме да најдеме заеднички јазик за музика.