1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку заработуваат македонските пејачи/пејачки?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Skylar, 2 јануари 2020.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.085
    Допаѓања:
    11.235
    Дечко за Македонија и македонски пејачи, македонски услови збориме. Ти и ѕиркаш во трансакциска сметка на Аланис Морисет, па споредуваш тука. Ние збориме за нашите, дел рекоа на тв „одлучиле за Нова година дома да бидат“, не бе нема кај да пеат. Тоа е проблемот, и за кои пари ќе пеат. Ако македонска пејачка паднала на ниво да купува од се по 200 денари, тоа ти е рамно со просјаците. Подоле нешто? Оти нема кој да им даде ветер во грб. Што ќе пеат, каде, за кои пари?
     
  2. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Види, ако Аланис, светска музичарка, која ете била богата, може да „падне на ниво да снима со мобилен“, зошто да не може Калиопи, која ете не можела да собере доволно средства за „претставителен“ спот?

    Тоа што нема кај да настапуваат е само нивни проблем. Треба најпрво да создадеш нешто добро, квалитетно и вредно за плаќање влезница, па дури потоа да „добиеш ветер во грб“.
     
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.085
    Допаѓања:
    11.235
    Да, аматерското видео снимено пред вц е најквалитетно нешто на свет. Не. Тоа е аматеризам, без разлика кој каде го снимил. За снимање, монтирање факултети се завршуваат, нема самоукост тука. Збориме за Македонија, евентуално Балкан, не можам да проверувам сега и да знам какви се околностите во другите земји. Дино и Здравко најмногу се офајдија. Имаат тим зад себе.

    За Дупер, никогаш немаше да чујам ако не ги викнеа на Бубамара и тоа е се. Тоа од горе, едноставно не е спот, некаков обид од ништо да направат нешто, а делува бедно, два кадри, немав внимание да ги гледам, само премотав да се уверам дека се два три кадри.
     
  4. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Се надевам дека имаш 50+ години. Во спротивно, те жалам.
     
  5. 96kiko96

    96kiko96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2018
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    529
    Пол:
    Машки
    Не заработуваат којзнае колку, ама заработуваат доволно за да имаат до негдека некој си раскошен живот..
     
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Каква турнеја низ Европа така небитен? Па и без луѓе, сам свој мајстор, со ранец на грб и автостоп на турнеја пошто си талент невиден само прашање на време е кога ќе те откријат. Уствари готово, откриен си штом си тргнал на турнеја. Па и 10 000 евра, математиката од кај ти е? Поарно префрли се на народно и фаќај ја Австралија. Ај оди во гаражата на комшијата дури ѕ'мка на гитарата и прајте си филм дека ќе е идниот Курт Кобејн.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    13.760
    Пол:
    Машки
    Исти се,и да имаат популарност само до кога ќе трае е знак прашање како што рече и Раста во едно интервју дека е свесен за тоа дека нивната популарност со аутотјунот кратко ќе трае и дека ќе го искористи максимално периодот додека трае се додека е интересно за пубилката.
    Не да е само љубоморен туку и доста безобразен,и не праша за на портал туку за на вести на тв зошто го немало.
    Еве дел од неговиот пост...
    Точно тој ја има Лихнида,но другите по кој што тој плука имаат многу повеќе Лихниди,така да со една Лихнида до тука е,толку.
    А кога е во прашање сумата еве колку е тој (не) љубоморен....
    Испаѓало дека Мерлин го наполнил плоштадот,не испаѓа туку навистина го наполни.
    И крајно што толку желбата да го даваат на тв,во главно секогаш националните тв даваат прилог за настап на пејачи во главниот град т.е. Скопје а додека локалните тв известуваат за својот град.
    Замисли секоја тв да дава прилози за сите пејачи во сите градови и општини низ Македонија,цели вести ќе треба само за тоа да бидат,без врска.
    И да јасно е и очигледно дека се се врти околу парите ништо друго не е.
     
    Последна измена: 9 јануари 2020
    На Tajnaotrovna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.085
    Допаѓања:
    11.235
    Бројките му се од ракав. Анета и група Молика кога требаше да се суди на Џими, нејзиниот сопруг за случајот „Транспортер“, кажа дека не можат да откажат турнеја од 60.000 евра во Австралија. Но, тоа се повеќе настапи. Плус тука се неколку луѓе во групата. Авионски билети, хотели, менаџер секако имаат, инаку ништо од бизнисот. Порано еден познат хуморист менаџираше пејачи за настапи во странство, сега не знам дали е активен. Анета не е анонимус, и не е неквалитетна. Ја знаат во соседна Србија. Еден мој пријател ја обожава па ме прашуваше ако дојде во МКД, да не случајно пее на некој јавен настан, плоштад и слично, да може во живо да ја слуша.

    Хаххаа, дечково мисли со ранец на грб, гол, бос, пешки, тргаш и ставаш 10.000 евра во џеб. Како да не.
     
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.085
    Допаѓања:
    11.235
    Jaс жалам што има вакви наивни. Без пари не се оди ни до соседна улица, не кариера да се прави.
     
  10. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Види сонце, сето ова што ти го кажувам не е моја пресметка, туку информации и суми од прва рака. Низ цела Европа имаш страшни фестивали со огромна посетеност, на кои можеш да врзеш 7-8 свирки за 2 недели. Тоа што ти не можеш ни да го замислиш тоа не значи дека не е вистина. Само еден пример за кој успеав да најдам инфо онлајн:
    upload_2020-1-9_19-53-42.png
    Се надевам дека имаш слушнато барем за Егзит и дека си свесна која институција е. Не плаќаат хонорар како во Маракана. За другите фестивали низ централна и западна Европа да не зборувам.

    И не, никаде не реков дека беспари се прави сето тоа, туку реков дека можеш беспари да снимиш спот. Од старт ви е грешна аргументацијата. Опрема, бензин и сите потребни пропратни работи никој нема да ти ги даде, ама доколку те бива, тоа што си го вложил ќе го вратиш повеќекратно. И да, има и луѓе кои што прават турнеји без да се грижат за огромна заработка, туку да, буквално со ранче и комбе со музичка опрема ја вртат Европа за просечни пари и од љубов кон уметноста. Не зборувам само за наши бендови, туку за бендови и артисти од западна Европа, на чии свирки сум присуствувал како во државава, така и во странство, а за некои дури и воопшто не сум ни платил карта.


    Ај, по третпат. Повели, сподели што музика слушаш.
     
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.241
    Допаѓања:
    166.065
    Извинете јас вака падобрански, ама како да најдеме музика? Не треба таа нас да не најде, да не бомбардира од сите страни, да се врти по радиа, да пишуваат новинари за нив?
    Последно што прочитав е дека Тамара во клуб во Лондон ќе пеела, тоа демек као престиж.
    Јас стварно не знам за еден македонски изведувач што живее од музика, веројатно има причина за тоа. Еве не знам што е со Каролина, ама едно време работеше во јака фирма. Тоа естрадата, како обид за фаќање работа со плата ми изгледа.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  12. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Нема потреба од извини :).

    Види, за да најдеш било каква квалитетна уметност треба да се заангажираш. Било тоа да е книга, музика, театар, серија, филм. Тоа што не бомбардира од медиумите е многу ретко квалитетно и добро. На сите наши телевизии доминираат турски серии, така? Едино Телма што пренесува Пики Блајндерс со три години закаснување и МТВ што понекогаш знае да изненади. Ако сакаш квалитетна серија треба да се закачиш на интернет и да истражиш. Ќе изгледаш, ќе се фасцинираш и ќе споделиш со пријателчињата и на форум. Кога многу луѓе ќе го направат тоа, медиумската непокриеност ќе се изнивелира. Истото е со музиката. Велиш медиуми. Бекстејџ и порталчињата кого го рекламираат? Ете другарчето постираше некоја страна уназад - турбофолк страчки, Тамара, Елена. Толку. Ќе разбараш свирки низ Скопје, ќе прочиташ нешто по форуми, другарка ќе ти каже дека на дечкото другар свири во некој бенд, ќе расчепкаш низ Bandcamp и SoundCloud, ќе отвориш некој квалитетен портал (пример некни читав листа на најдобри албуми за 2019 од српски портал и Бернајс Пропаганда им беа излистани) итн итн. Reborn на пример беше доста добра замисла која одлично ја покриваше македонската уметничка сцена, штета што не се веќе толку активни. Алгоритмот на Јутјуб потоа сам ќе ти се апдејтира и ќе почнеш автоматски да откриваш нова музика. За книги да не зборувам веќе, ако не расчепкаш сама ќе мислиш дека Коста Петров и оној со куклињата Драган се најдоброто нешто што излегло од Македонија.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Ноу нејмс бендови се слабо платени на Егзит, тие треба да платат што се таму не некој да им плаќа. Читав некаде за смешни суми од неколку стотици евра или помалку кои не им ги исплатиле на крај или чекале не знам колку време, после сите трошоци. Фамата е голема и платени се странски познати бендови, голем дел се таму да пополнат дупки.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Океј.

    Ќе споделиш дел од твојата музичка плејлиста?
     
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Таква интимна работа со било кој не споделувам.
     
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.085
    Допаѓања:
    11.235
    Македонски пејачи се жалеа дека за Макфест од пред 3 години не им патиле патни трошоци. Уште не им платиле, и тие тоа го споменуваат, да заминеш од Скопје до Штип на фестивал, и за пат да треба да ти платат, и никогаш да не ти платат. Ужасно. Ем неодговорно, ем мизерно, па се се собрало. Да заработуваат добро од музика, нема да спомнуваат на тв дека не им платиле патни трошоци. Комплет се сложувам со се со тебе.
     
  17. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    -„Јас сум експерт, најдобро знам, вие врска немате“.
    -„Океј, зошто си експерт, сподели искуство и credentials?“
    -„Аааа, неее, таква интимна работа не споделувам, ама слушајте ме мене, експерт сум јас!“
     
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Каде реков дека сум експерт за музика?
     
  19. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Аргументирањето ти е такво, експертско. Како на пример:

    Јас за разлика од тебе немам проблем да споделам што слушам и да докажам дека знам што зборувам, знам како одат работите и имам позадина за тоа, за разлика од тебе.
    Само мало делче од мојата колекција, она што имам симнато конкретно во овој компјутер. Можеш да забележиш џез, метал, електро, world music, саундтракс, од се по нешто. Во другиот комп и по хардови имам можда петпати повеќе музика од ова, почнувајќи од Азра, Металика, Кино, Битлси, Смитс, па се до Бернајс, Страјк, Ела и Луис, Рундек и Burial.
    upload_2020-1-9_21-10-50.png

    upload_2020-1-9_21-11-18.png


    И не, музиката што ја слушаш ич не треба да биде нешто приватно. Напротив, со разменување на музика и мислења за музика можеш само да откриеш нешто ново и добро.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Знаев дека плејлистата ќе ти е нешто вака и што поента што ја сподели? Као слушаш нешто вау? Типична плејлиста на позери што се умишљаваат дека се добри познавачи на музика a препишувате еден од друг. Ко starter pack меме за...ќе ви смислам име.Мојата е Ханка Палдум и Нада Топчагиќ, Јутро је, јутро јееееее, кад те нема боље да се нисам ни пробудила...
     
    Последна измена: 9 јануари 2020
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.