Па, да, се разбира дека некој како тебе мисли дека Флитвуд или Дафт Панк, тотално мејнстрим бендови што секој ги знае, се нешто со кое се умислувам дека сум позер или андеграунд. Не, воопшто не ми е филм да слушам нешто што никој не слуша и да глумам хипстер. Напротив, добрата музика треба да е општо слушана.
Знаеш добро на кои бендови мислам. И да ти одговорам конечно на прашањето -немам плејлиста, не сум 17 години.
Thievery Corporation на пример. Ако тоа не е музика исфорсирана во "вашите кругови" тогаш не знам што е. Типично хипстерски.
Зошто исфорсирани? Мислиш дека музиката не е добра колку што луѓето ја сметаат или дека се слушани од бес и хипстерај, а воопшто не им се допаѓаат на хипстерите?
Да сакам посебно џез да слушам -ќе слушам, Шаде да сакам, исто, ориентална музика -такоџе. Што конкретно нудат? Успаванка во разни стилови?
Океј, не те вози, твој вкус. Фузијата што ја прават мене ми е супер. Тоа не значи дека не чини или дека некој ги слуша поради хипстерај. И јас по дома не слушам транс и не можам да се ставам во кожа на некој што си пушта во 5 попладне, па нит мислам дека се позери тие што им го прави тоа филмот, ниту пак активно пробувам да сфатам што е тоа што им се бендисува. #СамоОтворенУмЛуѓенца
Има огромна разлика помеѓу: -Ова не ми се бендисува и затоа не чини -Ова не ми се бендисува ама разбирам зошто е добро и/или слушано
Прашај во јавни фаци, таму водат ред. Да не пишам погрешно, слабо меморија, ама беше сигурно пред 15 години, плус,минус.
ОКТА нешто како преведувач, според факултетот што го студираше тогаш. Ама тоа беше пред 10-15години како што пишала @Biljarkata кога Каролина уште не беше толку популарна и се уште се пробиваше на сценава.
Тањамм, на кој сакаш да ги дадеа парите за нова година? нема ѕвезди од како дојде грујо на власт не најдоа некое влавче да го префорсираат
Сакам само да кажам дека и Тоше беше сакан и уште е ама прифатиле или не Тоше го цениме повеке по неговата смрт. Имаше додека беше жив луге кои се и сешто зборуваа занего. Сигурна сум дека ке ги памтите мандарина, јако јако, сонце не ме грее, две лири, за година две, сакам да те галам, мојот свет се вика музика. Или веке ако не ги памтите можеби и до годините е. Се памтат песни од младоста.
Не знам за кои пејачи станува збор. Нема кај нас популарни кои би заработиле нешто. Еве и оваа Антониа Гиговска, талентирана, а сепак не успева овде, арно и текна да почне на српски да снима песни, таму многу повеќе се цени домашната музика отколку кај нас. Кај нас ќе се утепаат од фалење кој слушал техно, кој слушал хаус музика и ајде сеа ќе ги омаловажуваат тие што слушале македонско, народно и незнам таму српско..
Поранешниот пејач Боки 13 за 3 дена потрошил 150к евра на шопинг ин Итали. Се чудам што ли ќе му прави на 170 костуми и бла бла?... Епа проценете колку заработиваат сега нашите пејачи