Да си прашам јас чисто информативно-имено има тука на Нестле кашичка од пченка, пашканат и кајсија и ги имаат насловно мое прво пире од 4+. Вие кога му дадовте пченка и кајсија на малецките ваши? Иако сме 4 месеци, планирам најмалку месец и половина да почекам со кашичкиве, ама сакам да се информирам и онака сум во потага п еколошки продукти па да знам на што да се ориентирам да барам.
Исхрана од 4 месеци па нагоре Ноли ако си во потрага по здрави продукти , избегавај све тоа што го кажа, таму кајсијата не е дадена во правилна сурова форма, зошто да му ја даваш индустирки преработена како вештачки вкус. Некаде Моира има пишано, а и јас истото го правам од шестиот месец на син ми. Си купувам овесни снегулки, 4 интегрални жита и сезонско овошје што имаш дома, јас најчесто ставам јаболко, банана, и житарките погоре што ги пишав во блендер и му ги давам како оброк, ако сакаш можеш сето ова и со млеко(мајчино или адаптирано) но многу убави се и без млеко. Поздрав
Исхрана од 4 месеци па нагоре и дадов жолцка педијатарот ми рече дека можам да и давам имаме 7 месеци и една недела и 4 дена скоро 7,5 и ја ставив во каша од пченка,морков и компир сега ги варев ги изблентирав и од золчката абе у еден здив ја кркна машала и било фала за одговорот позз
Исхрана од 4 месеци па нагоре Драга Икаме јас сметам дека таа возраст е сеуште рано, не се разбира тоа си е ваша одлука. Мојот педијатар ми рече дека и од 9 месеци кога престанав со доење можам да му давам кравјо тертрапк млеко, но не е така. Кравјото не се препрачува до 1година заради тоа што е силен алерген но нешто што мнгу педијатри изоставаат да кажат е дека нема ништо корисно во него, поготово купечките тетрапак, се полни со хормони и антибиотици, исто се препорачува кравјо млеко да се дава од само една крава, а тоа не е возможно од купечките, затоа по престанокот на доењето ако веке давате млеко најдобро е козјото. Нашата предност за разлика од нашите а родители е што во денешно време сите информации можеме да ги најдеме на интернет, но и поодамна далеку поздрав живот се живеело додека сега секое јајце, пилешко, кравјо, е штетно односно полно со хормони и антибиотици. Затоа ни служи интернетов, да си инфоримираме , консултираме и размислиме што да им даваме на нашите најмили. И да надополнам ,ако не можите да се снајдите со селски, купувајтое ги тие од Рамстор и Керфур на нивната паковка што пишува 100% здраво јајце , кокошките им се хранети исклучиво со домашна храна и трици ако не се лажам беа, не вештачка храна, така барем на нив пишува вајда не се со хормони како останатите...
Исхрана од 4 месеци па нагоре На малиот првпат му дадов жолчка со полни 10 месеци и тоа само жолчка не блендирана со друга храна за ако има реакција да се знае дека е од жолчката а ако е блендирана со друга храна тоа нема да биде баш возможно. И да кажам збор, два за органската храна бидејќи доста време ја пратам и применувам во исхраната во Мк може да има хемиски не третирана храна ама органска не. За да биде органска храната треба земјата на која се произведува храната или храни стоката да биде 7 години не третирана со хемикалии, да има стручни лица кои ќе го пратат целиот процес и една од предусловите е таа земја да е најмалку 200 км одалечена од асфалтен пат. Со оглед на тоа дека МK е уздуж, попреку 200 км тешко дека некој може да го исполни тој услов и храната што ја произведува да нема траги од издувните гасови, така да здрава до некој степен може да е храната ама органска никако. Тука е една од најбрзо растечки индустрии, додека пред 6 години кога се роди внук ми не беше ни толку распространета ни достапна а беше и многу поскапа од обичната храна, сега е достапна и по супермаркетите и во однос на готовата бебешка храна е 70% органска, 30 % неорганска а цената е малку поскапа во однос на другата ама за доброто на бебушот цената и не би требало да е многу битна, иако јас избегнувам да му давам готови храни сепак е добро да ги има затоа што не секоја сака или знае да готви, купувам вакви само ако треба да сме излезени на подолг период па да не влечкам од дома. Јас на син ми му давам скоро исклучиво органска храна, не се потресувам ни ако касне нешто нездраво или се напие голтка две кока кола затоа што не сакам ни да му забранувам да јаде нешто па после тоа да му е послатко и целиот труд околу здравата храна да ми падне во вода. А гледам и дека не му е ни убаво не здравата храна, кога не викат на роденден во МЦ каснува само од помфритот и на нив се мршти а плескавицата ја плука не му е убава, не е навикнат на толку вештачки производи. Тука има се` од ад млеко кое е органско до готови храни за бебиња па нема неко изговор зошто не би му дале на бебушот само најдоброто
Исхрана од 4 месеци па нагоре ^Точно битерсвит, кај нас по маркетите може само да се најде преработена органска храна и тоа најчесто(скоро цела) увезена од странство, како произвоидте на хипп, има некој тестенини интегрални, аронија во течна форма органска и некои други производи сум гледала, но овoшје и зеленчук во свежа форма никаде не се назначени и еве слушав годинава дека владата почнала да издава сертификати за да се одгледува огранска храна, а и субвенциите за неа се поголеми. Но затоа најубаво е да си се распрашате да си најдете луге од село со домашно произвдство, или кој живее во кука и има слободно време на располагање уште поубава опција му е да си створи една своја домашна градина, Спојлер одекогаш ми било желба - Си берам јаготчина во двор , кај баба ми и дедо ми во двор ги имаше, кефови бев како дете .. А исто кога купувате на пазар свртете неколку крукчина, распрашајте се има луге кои си имаат нивно домашно производство и кога ке им кажете дека се работи за бебче обично искрено кажуваат дали се прскани или не. Исто што треба многу да внимаваме е ГМО (генетски модифицираната храна), погуглајте за неа запрепастувачки информации ке дојдете, поготова таму каде што се правени експиремнти на животни , одма се заболуваат од рак, исто и стерилност и многу други болести.Многу од нас не знаеме дека многу пченка во Србија беше гмо исто и скоро цела соја е за жал гмо...Не знам што да кажам веке станува страшно за живеење, затоа треба многу да внимаваме што внесуваме во нашиот организам а и им даваме на нашите малечки, да се информираме убаво, да им створиме здрави навики, за да си немаме понатаму проблем со болестите на денешницата.
Исхрана од 4 месеци па нагоре несакам сега ова што ќе го напишам да се свати како навреда сепак сите си имаме различни размислувања. мислам според тоа што читам дека прееемногу се оптеретувата со се. мене нервозата ми беше дури да почнам да му давам дохрана бидејќи незнав скоро ништо. ама сега кога си стекнав рутина скоро и да не се секирам баш многу. знам дека живееме во многу штетна сдредина ама не можиме и мислам дека лоша усуга му правиме на децата со тоа што од се ги штитиме. брачедами ми кажваше детето на другарката не му јадело ништо што таа му го готвела (детето е 2 год) и сакала дури да го носи на болница... е арно ама си јадело мазници зелници тостови и сл. целта на муабетот ми е: се што е повкусно скоро стално е и поштетно и нема шанси цел живот детето да не јаде таква храна прочитав погоре дека жолчка некоја феминка дала дури со 10 месеци.јас му дадов со 6 и јадењата што се со жолчка ги обожава. пак ќе кажам без навреда и до најдобра намера
Исхрана од 4 месеци па нагоре Болдираното дека се однесува на мене како го напиша тоа дури на 10 месеци како да сум направила некоја кобна грешка, значи се препорачува да се даде првпат на 9 месеци а ти ако си дала на 6 месеци тоа е твоја работа можеш и манџа да му даваш ако мислиш дека така е исправно ама немој да кудиш некој што прави нешто поинаку од тебе и во случајот и поисправно. Не сите се однесуваме ноншалантно кон здравјето на своето дете, јас со тоа што му водам сметка за тоа со што ќе се храни му давам добра база за понатака во животот затоа што најголем број од болестите се поради погрешен начин на исхрана. Апсолутно е неточно дека здравата храна е невкусна, се зависи од тоа кој и како ја припрема а ете на моето дете не му е вкусна нездравата храна Не може никој да ме убеди дека нема врска исхраната и уште помалку да не се потресувам околу исхраната на моето дете, јас си гледам дека детето ми е здраво, мрсули досега не му потекле и сигурна сум дека исхраната има 90% удел во тоа. И без навреда со самото тоа што промовираш нездрави навики немаш најдобри намери
Исхрана од 4 месеци па нагоре знаев дека ќе има вакви реакции и за тоа се двоумев дали воопшто да напишам нешто. а тоа што ти се навреди не ми беше мене целта то. дај боже твоето дете се најздаво цел живот да си јади и никогаш да не настини од се срце ви посакувам. јас општо речено не за тебе не за мене ниту за никој од форумот не пишам конкретно ни за сите што ги познавам. зато реков сите си имат мислење а моето е дека со тоа што сакаме да ги заштитиме можи и да му правиме лоша услуга се знај дека секоја мајка сака се најдобро да своето дете. јас се уште му готвам здраво на син ми и сигурна сум дека не е до тоа што сум му дала жолчка на 6 месеци беше зимава настинат, ниту па наредниот пат кога ќе нсатини нема да биди заради тоа што сум му дала нешто друго што друга мајка не одобрува. и те молам извини ако со било што од горе напишаното сум те навредила за то реков без навреди и со нај добра мисла. не сакам никој да навредувам. јас кога сакав да му дам кравско многу феминки ме искараа и не се навредив ги послушав и продолжив со ад млеко имам и друк пат пишано тука сме за да си дадеме совет и мислење а не за вреѓање така??? а со што ти заклучи дека јас му давам на син ми незрдави работи? со то што му сум дала жолчка ?тое е твој проблем. и без навреда што не почека уште малку. до 1 треба да јади цело јајце што не му даде на 1???
Исхрана од 4 месеци па нагоре Во ред е не треба да се навредуваме овде сме да си делиме совети и искуства и моево уште нема пробано жолчка до сега не брзав да му дадам се да проба во првите месеци ... Планирам деновиве да и дадам и жолчка . Друго се што купувам за малата гледам да е Био , иако на тв имаше и испитување колку Био храната е стварно Био ... додека е мало се створуваат навика за здрава исхрана .. Имаше една мајка на сна сличен форум на детето од 8 месеци беше ако не се лажам му имаше дадено Нутела крем Ама сепак секој си знае што е најдобро за своето дете
Исхрана од 4 месеци па нагоре јас не нападнав никој лично незнам зошто се изнервира толку феминката??? јас си кажав свое мислење. во поранешните книги според кои мајками не растела мене и сестами со жолчка се почнувало од 4 а јас што ја имам таа и во неа пиши со полни 4 месеци 1/8 жолчка и јас мислев дека е рано па му дадов на 6 незнам зошто толку се навреди??? син ми најмногу ми ги јади зеленчуковите каши сигурно се убави и сигурно знам да готвам ко ги јади!!!
Исхрана од 4 месеци па нагоре Јас имам дома 5 души да потврдат дека добро готвам а ќерка ми пак не јаде Не е тоа муабетот Стефи, нема потреба толку мали душички да се тераат побрзо да пораснат. Месец два плус минус нив многу им значи а нас не треба да ни е проблем да почекаме со воведување нови намирници. Јас се водам по тоа дека подобро ден подоцна отколку порано. Цел живот ќе јаде на пример јајца, па подобро да проба прв пат на 10 отколку на 6! И друг пат имам напишано, како нас не растеле мајките е едно, ни давале лимонче, мед, дубак, не дека не сме пораснале но нема потреба да ги правиме нивните грешки. Да не се повторувам дека секоја мајка сака се најдобро за своето дете, но тоа не е исто со тоа дека и знае се најдобро за своето дете.
Исхрана од 4 месеци па нагоре Стефи ако напишеш без навреда не значи дека не навредуваш или пак со саркастичното што не почека до годината да му дадеш жолчка , ете и маченцеена сеуште нема дадено жолчка што не ја нападнеш и нејзе Тука вакцината што се дава таму на година за која е пожелно да немало реакција на белката се дава на 15 месеци затоа немало потреба да се брзам со давање на јајце а плус и јајцата и не се којзнае колку здрави па да се секирам дали ги јаде или не И не, не мислам дека му даваш нездрава храна на син ти само затоа што си му дала жолчка на 6 месеци туку по се што имаш напишано тука на форумот, затоа што сакаше на малиот да му дадеш кравјо млеко на 3 месеци и затоа што, што и да те советуваат феминките ти се подбиваш со нивното мислење и кажуваш за тоа како не гледале нас родителите и ете ништо не ни фалело И не се нанервирав туку си се бранам од твојот неоснован напад
Исхрана од 4 месеци па нагоре ама то е работата што ни тебе не те нападнав ни првиот ни вториот пат незнам оти грешно ме разбираш.на 9 месецна та контрола педијатарот ме праша дали давам и ми напомена дека до год треба цело јајце а заради тоа што син ми има компликации од друга вакцина можи и да ја прими покасно.а за кравското пак грешно ме разбра, небеа на 3 туку на 8 месеци. син ми од раѓање е со ад. јас мислев дека ќе постапам правилно ама ме предомислеја. оти мислиш дека сите зборови ми се напишани со подбивање?
Исхрана од 4 месеци па нагоре А баш се мислев да констатирам нешто, кога малку тука се вжарила темата. Ама, сепак би сакала да видам и ваши ставови. Мали мој еве го 4 месеци, а веќе ме прашуваат од Мк дали веќе јаде, што и како. Кај едни пријатели на малата, со 5 месеци каши со пилешко и меса и даваа. Не реков ниту еден збор, не е мое да се мешам, ама мојот став е зошто да го оптеретуваме тоа мало желудоче толку? Не е потребно. Како родител, мојот инстинкт ми вели да почекам со воведување вкусови, на малиот цицањето му е сосема доволно. Кога би видела не е сит и сам бара да сака и да му треба, тогаш ќе почнам, не се брзам, иако ќе лажам ако речам дека не сакам да го седнам во столче и да го ранам со лажиче. Ама тоа што други мислат, а и нам ни изгледа слатко или што понекогаш сакаме да се ’понапредни’ всушност брзаме и не ретко штетиме, било краткорочно или долгорочно. Така и бремените одвај чекаат и брзаат со пороѓаи и се клукаат од страв на секоја промена со се и сешто (освен ако не е нешто сериозно не да Боже), наместо да се релаксираат и уживаат. Извинете за малиот оф топик, ама мислам оти е важно да се напомене.
Исхрана од 4 месеци па нагоре Стефи, Како прво битерсвит убаво објасни дека кај нив е возможно да се најде органска храна за разлика од кај нас. И ти беше таа што и реплицираше. Еве јас на ќерками и давам кравјо млеко затоа што педијатарот ме убеди и тоа не 1 туку повеќе, пишав дека не секогаш се педијатрите во право , никој не го знае моето дете подобро од мене ама сепак испаднаа во право , сега нормално почна и да јаде и да спие. Не ти беше на место коментарот , како што ти си дала жолчка на 6м , има право и она да даде и на 6години ако сака. И јас сум за тоа дека првите години на детето се најважни , и треба здраво да се храни. Не пишувам за никој, ама требало до година да почекаш. Не е во ред ова секој си знае што е најдобро за неговото дете.
Исхрана од 4 месеци па нагоре Кој како си милува така нека си прави ,ако некој побара мислење јас ќе си кажам како јас правам дали е тоа исправно или не сам нека си одлучи ,нетреба се здраво за готово да свати. Е сега дека многу сме напнати ние мајкиве со тоа што,како,зошто,кога да се даде почне да се даде од храна ,дали се должи на интернетот или различните совети на педијатрите не само во државава ,а за надвор од неа секогаш се некои други мислења и правила. Затоа јас горе доле земам сума сумарум од сите мислења и си градам свој став како да постапам во принцип на давање на нова храна .Со тоа што малку ќе проба бебето од нешто новоод6 месец па и порано не е грев и нема да направи којзнае какво оптеретување на желудникот,се разбира ако не е во голема грамажа дадено. Повеќе треба да се грижиме за здравите навики на нашите деца после 5 година бидејќи горе доле до догаш ќе јаде тоа што му е понудено дали помалку или повеќе ,но откако ќе почне да оди на училиште само ќе почне да одредува и да бара одреден тип на храна ,па според мене тогаш треба повеќе да се грижиме и да ги учиме нашите деца за здрава храна и исхрана.
Исхрана од 4 месеци па нагоре Леонтина, мое мислење е дека не си во право во последниот дел. Здравите навики се стекнуваат од самото рагање, не од 5 годишна возраст. За џабе ако ти почнеш да им понудуваш овошје, зеленчук и житарки на своите дечина на 5 годишна возраст ако предходно јаделе, смоки, чоколада, паштети, салами..и да не набројувам.. Веке им е стекната нездрава навика. Здрави навики мајката треба да му даде уште од млекото, односно додека дои мајката да се храни здраво, па потоа воведувањето на првата немлечна исхрана, некаде читав дека за доручек на 6 месечно бебе им давале јогурт со смоки и млеко со бисквити. Мислам ставрно, нема да бидам груба со зборови, но ке кажам е тука важи правилото секоја мајка знае што е најдобро за своите деца, но секој со своите капацитети и информираност. Главен дел во исхраната, но уште поубаво кажано единствен треба да ни бидат овошјето и зеленчукот,(во било каква форма, но се знае најдобро е во свежа) житариците, мешункастите плодови и многу вода. Кој ке се потруди од мали да им ги стекне здравите навики на своите деца завршил многу голема работа во животот на своите најмили. Исто како да речеш дека каркатер детето оформува кога ке почне во школо или пубертет, а колку многу родители од неинформираност, неедуцираност, го сметаат тоа за точно. Главните карактерни особини и се што ке ги следи понатака во живото се темелат од 2-5 година во детството,(колку и на некој чудно да му звучи,така е и мене кога прв пат слушнав ми беше чудно) затоа во тој период многу треба да се внимава, кој читал психологија, Фројд знае што зборувам, но тоа е друга тема. Стефи, јас кажав предходно на темата не знам дали си ме прочитала моето синче има полни 11 месеци и сеуште не сум му дала жолчка.Убаво кажа битерсвит не е здрава исхрана, па многу да му се секирам, но ние сме научени, од мали наште ни кажувале дека се здрави, па кога ке наидиме на такви инфорациии, кои цел живот сме ги сметале за исправнаи, некако не ни иди да ги прифатиме, шок ни е. Исхраната од животинско потекло се препорачува целосно да се исфрли, за да се заштити човековиот организам од многу болести. Но знам, не го може тоа секој, но затоа пишав предхдно но, ете, ке се повторам, внмавајте од каде ги набавувате, млекото, месото, јајцата, тие по маркетите ама ич немаат здрави состојки и не само тоа штетни се, полни со хормони,адетиви, конзерванси, емулгатори и други токсини. Некој ке рече па јас му давам на моето дете си јади ништо не му е, но верувајте во заблуда сте. Зошто пубертетот се порано се развива, на девојчината им растат гради уште во второ, трето оделение, зошто се повеке има фемнизирани момчина.А за болестите кои се појавуваат потаму, како резултата на таложење на токсините од индустриски произведената храна па да не зборувам..(Знам, тој што ме чита постојано можеби му здосадив) Но, тоа е е суровата вистина и ако не се пазиме и заштитме, нашите генерации поготово, нема ни 40ката здрави да доживуваат, ако сега појавувањето на ракот е најчест околу 50-60 годишна возраст, 'нашите нездрави навики' ке ја поместат границата на 40. Епа ако сакате повелете - трујте си го органзмот и здравјето и полнете нечии џебови со пари, па истите тие после ке ни нудат лекови за болестите кои истите тие ни ги предизвикале. Така цел систем е една голема фарса, но затоа мило ми е што гледам дека свеста се повеке расти и ваше е да се разбудите и не дозволувате да ви го управуваат вашиот животот. Искрено од се срце и најдобронамерно говорам постојано на истата тематика, не промовирам ништо, ниту ви алудирам на некои скапи продукти, односно скап живот, ова е тоа што мајката природа ни го дала но овај систем не одвртува од неа, размислете добро што весувате во вашиот организам и организмот на вашите најмили. Извинување за офф топиците до модераторките, но не бладав на празно, сакав убаво да доловам се, кој ме разбра - многу ми е мило, кој не ме разбра или не сака во ред негово право..
Исхрана од 4 месеци па нагоре Кога напоменав од 5 години мислев на тоа дека повеќе треба да се едуцираат децата во однос на здрава исхрана и споредба на зеленчук со чипс хамбургер и ред други нездави ужинки . Навиките се разбира дека се стекнуваат од мали но неможе да ме убеди некој дека дете кога ќе почне да оди на училиште од понуден хамбургер и јаболко ќе го избере јаболкото ,затоа е потребно тогаш да влијаеме повеќе да објаснуваме ,советуваме бидејќи дури е до нас детето ќе јаде она што ние ќе му понудиме (сигурно нема да му даде некој виршли и паштети ,чипсови ),но кога тогаш и ќе ги проба истите можеби и без наша дозвола неможеме во стаклено ѕвоно да ги чуваме, за тој момент јас зборам.
Исхрана од 4 месеци па нагоре ^Не баш, уште од 2-3 годинки(не е рано) кога ке почнат да го разбираат значењето на зборовите, а и плус овие генерации на деца се многу напредни.. Не ми ја разбираш поентата, но ке се потрудам уште еднаш.. Битсвитер пак ке ја спомнам, ете убав пример како на малиот кога му била понудена мекдоналд храна не ја прифатил, бидејки од мал е научен на здрава храна.. Апсолутно не се согласувам дека хабургерот е повкусен од овошјето, но и креативноста треба тука малку да ни проработи, наместо јаболко ке му направиме овошна салатка од јаболко, банана, киви , портокал и ке ја прелиеме со мед(мм..превкусно) или пак јас правам овошни ражничина(сите вида на овошје кои ги има дома во моментот) боцнати на некоја овошка.. Здравта храна може да биде сервирана на многу вкусни начини.. А ако уште од најрана воздраст му ги нудиме тие здрави намирници, потоа само кога ке посака да проба или ке му биде понудено свеста и подсвета ке му проработат на тоа што е учено и што му е зборувано - односно дека таа храна како хабургери и што било друго не е добра за организмот, во тој момент свеста му прака информации на подсвеста дека тоа не е здраво и добро, а подсвеста пак на сетилата за храна односно мирис и вкус и тука самиот организам ке му створи одбивност кон сите нездрави намирници.