Начинот на кој јас го хранам моето дете е сега засега мој избор и не гледам причина како некој се дрзнува да коментира од страна и да се прави паметен. Никогаш ама баш никогаш не сум и искоментирала на некоја мајка зошто дава грицки, чоколадо и сл, додека јас сум добила стотици коментари зошто НЕ му го давам истото на моето дете. Па жалче било, греота било и сл... А дете од 7-8-9 месеци што разбира, ако му дадеш да лижне нормално ќе бара уште, ако не му дадеш нема да бара. Сега кога е поголем нормално дека ако види нешто и побара јас ќе му понудам, нема да го оставам детето да ми стрвува, ама тоа ќе биде 2-3 коцки чоколадо (а не 50г-100г), 1 ресана, 1 бисквитка, неколку голтки од мојот сок... ама да му нудам замена место оброк или купечки сок место вода тоа во никој случај. Се знае од што треба да се состои еден здрав оброк и со секое потфрлање му даваме до знаење на детето дека има и друга опција која му следува ако не му се допаѓа првото и со тек на време нормално дека ќе почне да одбива здрава храна.
Не реков дека со здрава храна се претерува. Се претерува во тоа што некои родители, за едно чоколатце, се притресуваат до тој степен што мислиш дека е отров, а не чоколадо. Се претерува до тој степен што, во парк, те гледаат како најголем криминалец ако на детето му отвориш смоки, па уште држат лекции колку се штетни смоките. На форумов не сум приметила, ама во групине за здрава храна сум видела убитачни комбинации што нити ја не би јадела. Тоа што не ми е убаво мене, не го нудам и на дете. На дете од 3 години му мешаат свашта, благо , солено кисело што никогаш не би го понудила на моето дете. Јас готвам исто како за нас, не ставам запршки во манџи. А кога беше бебе, никогаш не сум мешала комбинации како што кажав горе..... Дали ти би јадела манџа со компири, морков , кромид и шлакнато банана, оти во овошни каши нејќе да ја јаде? Мора да јаде банана по секоја цена? Малите деца немаат право да одбијат некоја храна? На ова мислев кога реков бљувотина.
Брокула и круша. Цвекло и банана. Би јадела некоја од вас? Е, ама нечии деца јадат, оти мајките така решиле
За некои работи се сложувам, не мешам ни јас благо и солено, овошје и зеленчук и секоја кашичка досега што сум му ја направила на синко прво јас ја пробувам, па ако мене ми е добра на вкус му ја давам и нему. Сега веќе јаде речиси исто што јадеме и ние, она што не сакам да го јаде или не го купувам или го јадам скришно. Јас се радувам што се повеќе се буди свеста за здравата исхрана, што имаш каде да побараш совет и да размениш мислење околу истото, па макар тоа било виртуелно. Зошто реално ние сме најлошо хранети генерации и ако не смениме нешто за нашите поколенија ќе се уништиме самите како човечки род. Некој знае да рече -Денес нема ништо здраво, воздухот и почвата се загадени... - Да, ама секогаш има поголемо и помало зло, а на нас е да одлучиме што ќе одбереме. Знам дека е досадно навистина некој да ти држи лекции како ова и она е штетно, ама уште поапсурдно е кога некој ти држи лекции дека детето МОРА да јаде бисквити и смоки од 6 месеци, оти ако не му дадеш си лоша, модерна мајка, која си го малтретира детето со здрава храна. Ако секој си е начисто со самиот себе со она што го прави не гледам зошто би те додирнувало нечие туѓо мислење, освен ако немаш грижа на совест. Ако ти знаеш дека твоето дете се храни здраво и тие смоки не се замена за оброк, тогаш батали ги тие што те гледаат како криминалец и ти држат лекции. Но има и такви чии деца јадат само такви работи и буквално осеќам дека им е мака кога гледаат како некое дете си јаде убаво зеленчук и овошје па за инат зборат како мајката претерува и сл..
Се согласувам дека сме најлошо хранети генерации и од она нас ништо не ни е коса ми се крева. Како не ни е, секој втор е болен од нешто, млади луѓе со триста болести. Сепак, не треба и сосема да се забегува, да не знае што е детето чоколадо или смоки. Ќе порасне, треба да има здрава основа за само да одлучи.
Точно, дете над 1 година може веќе да проба и чоколадо и смоки, но треба да му се претстават како нешто специјално, кое не може да го добие кога и да посака, туку треба прво да си се наручка убаво од оброкот кој му е спреман, па потоа како ужинка да добие и чоколатце, или грицки некои и сл. Плус и од грицки, до грицки има разлика, соленки, смоки се ај да речам помало зло, ама чипсови, фанки, клипси и сл. со еден куп адитиви, засилувачи на вкусови и сл да ги јаде дете од 1-2 години секој ден ми е буквално ко отров да му дадеш.
Јас баш не мислам така, ниту и ги давам како награда за нешто. Колку поспецијално му го правиш толку повеќе ќе го сака. А има и секакви деца, ако кај едно нешто функционира кај друго нема. Од инат може ни оброкот нема да го изеде. Јас и давам без многу фанфари, се наручала, ќе побара по некое време ќе и дадам. Колку да си ја задоволи потребата, без некакви психолошки врски прицврстени. За чипсови и такви работи не сум дала, гледам и тоа што давам да е попросто. Јаде смоки, соленки и животинско. Толку. Ако ја понудат со нешто на лулашки пробува, ама тоа е тоа што јас лично и купувам. Не правам од никоја храна драми, сакам да и е нормално здрави оброци да си има и да и е нормално кога ќе и се пријаде чоколадо да си касне.
Dali ako ti pobara pred rucek cokolado ke i dades, ili pred spienje npr? Moze ne se izraziv dobro, specijalno, mislev deka ne moze da go dobie koga i da posaka, tuku treba da si ima red koga se jade takva hrana.
Искрено не ме повредува кој што ќе искоментира, нити пак јас сум солела памет зошто некоја не дава смоки. Се резви дискусија и искоментирав во темава, впрочем за тоа е отворена, нели? Грижа на совест воопшто немам, зошто , како што кажав, иако има дозвола за се, нема желба да јаде од овој тип на храна. Што се однесува на исхраната, имам услови да давам се домашно и непрскано (иако нели воздухот е загаден и почвата), месо(пилешко, телешко и свинско) давам домшно, јајца домашни, само во зима давам купечки. Апсолутно сум против да се менува оброк за грицки или благо, но откако ќе го изеде ручекот, зошто да не касне сладолед или чоколатце? Што се однесува на пилешко (купечко) , салами и мајонези и јас избегнувам да давам, има пробано, не дека нема, но не пројави желба да јаде и ние дома ретко конзумираме такви намирници. Да ти доловам една случка, на еден настан мојава и уште две дечиња јадеа смоки. Им пријде едно детенце и маливе му дадоа. Леле кога скокна мајката, од уста му ја вадеше смоката на малото. Јас мислев дека е алергично на кикирики и се извинив , но мајката кажа дека не е, туку не му дозволувала да јаде нездрава храна. Исто, една мајка на дете од 3 години не дозволува да јаде солена храна,воопшто не му става сол во јадењата, оти солот бил штетен. И јас сум против да се употребува во големи количини, но во ограничени зошто да не? Не ли е претерано? Да не се отруе случајно? За овие и слични на овие небулози мислам, кога зборувам за претерување. ЕДИТ: Кога сме кај претерување, не ли е претерано дете од 3 ипол годишно дете да јаде блендирана храна? Една комшкика даваше, а и на фб имам видено полента пиперка блендирана, оти детето се засркнувало и не јадело ако не е "мазно" јадењето. И да, не ми е гајле кој како дава , сепак тоа се нивни деца, но ете искоментирав во склоп на темава, а богами тие се најгласни за давање критики по основ нездрава храна.
Не е страшно и да проба детето се што ќе посака. Колку повеќе му браниш, толку по посакуван станува продуктот. Кој жив човек несака чоколада ? Моето дете јаде се што јадеме ние дома. Има 3,5 години. Сака зеленчукови манџи и најчесто и правам со зеленчукот кој што е сезонски актуелен и кој се одгледува на наше тло. Никогаш не сум и дала авокадо, чиа...ни јас не ги бендисав ниту пак ќе ја терам на сила да јаде. Крв проверуваме два пати годишно (по моја воља) и се е ОК. Гледам да опфатам и зеленчук и овошје, месо колку таа сака, јајца домашни кога ќе ми даде женичката што гледа кокошки.На тестенини редуцирам зашто си ги сака, но два пати месечно ја носиме на пица. Но, не и е забрането да јаде смоки и да си побара сокче од рафт од маркет. И дома ќе и исцедам од портокал, ама не одбивам ако побара да и купам. Ништо нема да и бидне од 200 мл сокче. Одбивам да купам бонбони и лижавки.Тоа е веќе премногу.Ако и подаде некој не се љутам, ама јас за дома не купувам.Посебно оние Кики бонбоните кои се лепат за забите, максимално ги избегнувам. Им купувате сладолед ? Не осудувам никого, секој си знае за своето дете како е најдобро.
Кога ве читам си реков дека сум немајка . Првото и второто синче одкако почнаа со јадење не сакаа каша да смислат , повраќаат буквално се што имав здраво направено , печена јаболка и денес да им направам ќе повратат од мирисот , им давав од 6 месеци јаболка свежа со лажичка гребев по јаболкото исто и сите овошја така им ги давав , смуди или сок цеден не сакаат да пробаат ни голтка , кога воведовме зеленчук грашокот , карфиолот , морковот , спанаќот , зелката и брокулата ги гризаат свежи , не ги сакаат обработени , месо никакво не сакаат освен домашно пилешко и свинско , еве на пример ориз не јадат воопшто , првото синче ужива кашкавал да јаде , а второто синче сирење , бисквити и млеко не сакаат никако , смоки грицкаат само на Стоби Флипс други не сакаат , чоколади не јадат никакви освен животинско царство и некогаш квики , палента не јадат , а пченка јадат само варена , манџички јадат и уживаат да јадат ама да биде само или со компири или грашок , со друг зеленчук не , домашни ќовтиња и слично си јадат , некогаш има исклучок кога сакаат туна (конзерва) , шунка или виршли ама претежно не сакат , повеќе јадат свежи овошја и зеленчук и домашни супи , манџи (со слаба запршка) и гравче тавче. Зборот ми беше дека јас колку и да се трудам да им воведам ред за здрава храна не можам , по цели денови гладни ќе седат ако не им пружам тоа што сакаат да јадат . Сладолед обожаваат .
Ќе и дадам ако каснам со ручекот. Знае веќе дека чоколадото е десерт и се јаде после оброк, знае што е доручек, што е ручек, што вечера, а што се јаде измеѓу.
Иста сорта сум како @referentka , како јас да сум пишувала. Имам среќа што на детево не му се свиѓаат пенести, гумени, кики и било какви бомбони, лижавче лиже 5 мин. па го фрламе. Ама затоа за чоколадо и еурокрем е лапач За сѐ останато не припаѓам, гледам да е избалансирано. Не се сложувам дека сме најлошо хранети генерации (зависи и за која генерација збориме, јас сум растела 80'ти и 90'ти). Како поминува време доаѓаат генерации кои се хранат се полошо и полошо. Виршли сум јадела и паштета на лепче, но затоа се јадело само домашно зготвено ручече и домашни колачи. Џанк фуд прв пат сум пробала во основно (зборам за хамбургер и сл. од сендвичара), чипсови до средно не сум јадела, пица била доживљај еднаш во три месеци (сега пица на парче има на секое ќоше), чоколадо еднаш неделно сум добивала кога ќе дојдат баба и дедо на гости, а пак новогодишно пакетче за мене значело славје! Не сум слушнала за дете од наше време да било носено на забар од 3-4 годишна возраст. Евтиниве чоколатца и залажанки ршум направија. Кога е на чување ќерка ми, голема беља ми прават и баби и дедовци. Џабе зборам, на секое одење ја дочекува нешто благичко, но не домашно. Веќе дури и не ми ги сака домашните колачи, пудинзи, или сутлијаш. Ако ја прашаш што сака за вечера, се научила да бара само пица! Освен децава што се со расипани запчиња, сѐ повеќе ги гледам гојазни, и тоа се гледа дека не е дебелко од што е гурман, туку од бутање глупости.
Е па затоа што си ја научила од бебе, затоа сега си го знае редот. Ти иако тврдиш дека не и и го претставуваш чоколадото како нешто специјално сепак ненаметливо си и дала до знаење дека тоа е нешто што не може да се консумира кога и да посака. Верувај има родители кои не знаат да стават ред на децата, а и оние кои им е “побитно“ детето да е најадено со било што, отколку да се потрудат да им зготват нешто здраво. Веќе кажав, супер што дискутираме, сепак мене допрва ме чека пат полн со искушенија, синко што се вика само што почна да разбира и сам да бара и убаво е да се слушнат искуства и совети од мајки со постари деца. Не се тапкам во гради дека моето дете никогаш нема да се храни нездраво, знам дека тоа едноставно е неизводливо, ама барем додека уште не разбира се трудам да го отргнам од тие “задоволства“. Мене ми е смешно кога ќе речат за дете од 1,5 година многу јадело чипс, не можеле да му забранат, е па каде го наоѓа тој чипс, сигурно не оди сам на продавница да си купи. И моето ќе јаде да му дадеш, ама ако нема дома, како ќе јаде? Друго што сакав да кажам, исхраната на другите деца не треба да не интересира точно, ама индиректно влијае на моето дете. Колку повеќе деца се хранат здраво толку моето дете нема да се чувствува отфрлено и можно е да си ги задржи своите здрави навики и во школската возраст. Меѓутоа ако на школо сите јадат буреци, пици, чипсови и пијат газирани сокови, нормално и тој ќе го сака истото, па јас и да му спремам од дома, тој таму ќе го фрли и пак ќе си купи што сака.
Нема врска, тоа што знае дека чоколадото е десерт не го прави специјално. Знае и што е ручек и тоа е специјално? И ручек не може да се јаде за доручек. Ред си е ред, нешто кога се дава како награда, пример за изеден ручек, е специјално. Мојата и да не го изела ручекот ако ми побара потоа чоколатце и давам, а не и викам не смееш зашто не си го изеде ручекот.
@Kitten Потполно се согласувам дека не сме нездраво хранети. Можеби и тоа што ни ,, скратувале, одредени работи нашите, не сме пробувале нездрава храна. Лично за мене, воспитана сум под строг режим, каде секој денар се ценеше па парите не се расфлаа како денес на се и сешто. Ручекот секогаш беше полна тава или тенџере со манџа или ориз подготвен од баба ми, за доручек се знаеше млекце свежо измолзено од кравите, потквасено, мекици или банички. Вечера пак се јадеше или јајце или ретко маргаринче, макарони, шпагети. Благо јадевме само кога ќе дојдеа гости, ако остане нешто откако ќе заминат. Мајонезот,кечапот, салами и сл.ретко купуваа зашто брат ми немаше осет колку јаде Значи, денес купувањето нам ни е луксуз и несвесно дома си носиме нездрави намирници.
Ne i davam nikakov sok.Nit kupen nit ceden.Probav,ne vikam ne.Deka ne piese voda si vikav detevo ke dehidrira.Kupiv na Hipp ne piese,probavso domasen kompot od cresi,isto.Nit ja ponuduvam veke.Si propi voda.Najubavoto.Se nadevam ke bide ko mene i nema da saka sokovi ponataka.Se soglasuvam so @kukla21 podobro e ovosje da jade negoli sok da se pravi ovosjeto.Mojata si jade ovoske veke sama.I toa sekoe ovosje.I davam vo raceto i si gricka.I gotvam doma,ne kupuvam gotovi kasi.Mada i da se kupeni ne e loso zasto ima kvalitetni i bio kasicki.I gi davav dur voveduvav vkusovi i dur mi jadese epten malku.Zasega mislam ne gresam nigde vo ishranata,za ponataka ke vidime. Mnogu me maltretiraat majki so imaat isto mali deca.Pred nekoe vreme edna so ima bebe 6meseci i dava na Daria smoki.Taa ja zema smokata i ja frli.Zenata vika ne i davas smoki zatoa ne saka da ja jade.Demek nejzinoto po edno kese si jadelo.Vikam pofali se,bas si za tapsanje pp ramo.Istoto toa bebe pie sok tetrapak. Epa izvinete,ama ne da mi se gadi od takvi majki.Deteto ne e vinovno,majkata mesto dorucek mu dava razni gluposti da jade.So dete e toa,so razbira.Ima vreme koga ke jade i smoki i cokoladi. Bar dur se pod nasa kontrola da jadat zdravo i da se trudime da gi naucime deka imaat izbor.
@stevemila кога почнував со дохрана на поголемата ќерка, имав слично искуство. Добив зачудувачко прашање од мајка на бебе еден месец постаро: "Уште не си почнала со фрутолино, рижолино?" Останав подзината зашто не верував дека има вакви мајки кои не го хранат бебето со нормална храна. Јас бев реална и ѝ кажав дека планирам дохрана од 6 месеци, плус дека планирам со овошје и зеленчук да почнам. Она немала време да се замара, затоа биле измислени овие инстант каши