1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку здраво ги храниме нашите деца?

Дискусија во 'Бебе' започната од NoellePage, 30 јануари 2013.

  1. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.824
    Допаѓања:
    13.391
    И мене ме нервираат такви мајки што зачудивачки ме гледаат ако кажам дека не давам се и сешто на ќерка ми. И давам смоки не викам не, од11 месеци почнав, ама само по две и тоа не секој ден,ама тоа да ми замени оброк никако. Ама да и бутат све и свашта во уста без мое одобрение не дозволувам. Има некои даваат кроасани за појадок и тоа ми е нон сенс. А пак да не ви кажувам како ме гледаат дека давам уште адаптирано, па уште една ме нападна дека сум го труела детето со прашок. Снобови.
     
    На anastasijaki и didisi им се допаѓа ова.
  2. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    Еве веќе година направи и уште го " трујам" со прашоци. Па еве го жив здрав е. :) И мене ме нервира тоа леле зошто прашок му даваш земи кравјо тетрапак...
     
    На anastasijaki, eli25, Black girl и 2 други им се допаѓа ова.
  3. stevemila

    stevemila Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    5.633
    Допаѓања:
    41.537
    Пол:
    Женски
    I jas i davam prasok,a sum i davala zdravo da jade:whew:
     
    На anastasijaki, eli25, didisi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    Уште во градинка не учеле дека треба да се храниме здраво, повеќе овошје и зеленчук, житарици, млечни производи и месо. Треба да има баланс но понекогаш може да се скршне од тоа и да се земе нешто " нездраво за јадење. Све што е со мерка не е штетно тоа важи и за децата и за возрасните.

    Истово и мене ми го викаат ама па не можам да му дадам тетрапак, иако пие 2 пати на ден млеко. Планирам се додека сака да му давам. Матичната на малиов ми кажа " кравјо млеко во животот ич не му треба, нема да биде крај на свет ако не го пие" .
     
    Последна измена од модератор: 3 јули 2018
    На eli25, didisi и stevemila им се допаѓа ова.
  5. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.248
    Допаѓања:
    13.889
    Пол:
    Женски
    Мојот пие кравјо, и го сака. Немам домашно. Дали тоа значи декадека нездраво го хранам моето дете? (По новите истражувања)
     
    На didisi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.824
    Допаѓања:
    13.391
    Колку месеци сте? Јас сум до две години да не се пие кравјо. Ама ако сте почнале, терајте. Сега и да му даваш ад којзнае дали ќе го прифати дека се навикнало на кравјо
     
  7. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    Jas sum od onie majki koj gledaat zdravo da go hranam deteto. Vikaat cekaj dodeka ti se rodi vtorovo ama jas mislam deka toa e kakov e covek a ne kolku deca Ima. Uste sme na onoj rezim dorucek uzina rucek uzina vecera. Imame 5 godini. Mu gotvam posebno za nego posebno se kupuva meso, obavezno jademe zitarki, ovesni onie kako paricki zitnite i ona sto smetam deka e zdravo. Osven uzinkata koja najcesto e ovosje vo tekot na denot poveke zimno vreme obavezno ceden sok od sokovnik so site mozni kombinacii. Torti, blago, bonboni i se sto e blago ne jade ne deka ne davam tuku ne saka, jademe pukanki smoki ne saka... Hamburger ne probal suvomesnato ne... Tost so puter i kashkaval samo jade taka da toa e toa smetam deka ima soliden imunitet ama sepak jade i vo gradinka se pa jas gledam da balansiram doma
     
    На ❤️Sneze❤️, *Лорена*, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.248
    Допаѓања:
    13.889
    Пол:
    Женски
    Не бев сериозна со прашањето, му давам и ќе му давам. Јас сум па обратно од тебе, ДА се дава кравјо :)
     
    На didisi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. wings

    wings Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    2.889
    Јас едно време се припотресував на тоа што све даваат родители на деца ама мислам дека секој си знае што е добро за своето и не осудувам веќе нит се чудам.
    Малиот има 21 месец ама го хранам ултра здраво според мои сфаќања нормално. Посебно готвам за него, готвам постојано( кога не е во градинка) и гледам во денот се да е застапено.
    Значи овошје, зеленчук, житарки, месо/јајце, млечен производ. Кога нема да ни стигне денот се од ова да внесе, наредниот правам баланс и така во круг. Бустери од типот на аронија, семе коприва, мелени ореви, бадеми, лешници се вртат постојано.
    Чипс, смоки, животинско царство, помфрит и сл "секојдневни грицкалици" не пробал. Не му нудам, не му купувам, не го запознавам од сега со нив, а дете е кога тогаш ќе сака да проба па нека, не е проблем.
    Јас сакам да пробам да му всадам здрави навики за исхрана, можеби ќе успеам па ќе биде од оние деца што не трпаат се во уста а може и ќе биде обратно, ќе видиме.
    Не се слагам со она, дај му малку чоколатце греота е, или дете е треба да јаде бисквити, смоки?? Зошто да треба, тоа не е некое правило, секогаш кажувам на бабите дајте му банана, сецкана праска, цеден сок наместо да ме прашуваат дали може ресана зашто бил кенкав. Не, неможе :)
    Инаку и во градинка имаат добро мени без многу нездрави работи, чоколино повремено е нешто што ете јаде таму надвор од моите ставови.
    Имунитетот му е добар, кс одлична ама и деца што јадат смоки и чоколади се здрави како и моето така да не се правам многу поразлична, само си го терам своето.
     
    На *Лорена*, Milaаа991, Lolipop23 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.201
    Допаѓања:
    111.842
    Пол:
    Женски
    Не, не значи.
     
    На didisi и kikin им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.061
    Допаѓања:
    66.787
    Пол:
    Женски
    Па, би значело така доколку му смета во врзување на железото. :)
    Мојата не пие, но ставам во ова или во она.

    Секоја мајка нормално дека го прави својот избор.
    За мене хардкор мајка е само онаа што би му земала од раче нешто само зашто било нездраво. Ако толку здраво се храни една соленка не би му направила проблем секако. Греотка ми е за детенцето така.
     
    На Lady*Bug, didisi, Black girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.824
    Допаѓања:
    13.391
    ПА добро, тоа не е според мене туку според СЗО. :)
     
  13. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    48.031
    Пол:
    Женски
    За кравјото е нашироко зборено дека не е добро ни за возрасен па не за бебе, нема ништо корисно во него. Содржи многу казеин, минерални соли, пре би дала козјо отколку кравјо.
    Еве и јас моево 23 месеци го "трујам" со "прашок" :D додека сака нека пие, не му го кратам, потоа ќе давам јогурт, кисело, но благо млеко не планирам бар додека јас одлучувам за неговата исхрана.
    Во однос на темава после година ипол дадов животинско. Од пред некој месец му давам соленки. Смоки давам само од чиста пченка. Маж ми малку не се замара со ова па му има давано чипс , ресани и други глупости скришум од мене :@ па сега а види ресана во продавница одма трча да ја земе (facepalm)
    Кроасани, сокчиња тетрапак не сум дала и не давам во скоро време. Моево е нејадач дете па често колку да касне нешто му купувам кифличка или некоја баничка иако го сметам за нездрава храна. :(
     
    На Black girl, stevemila и didisi им се допаѓа ова.
  14. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.402
    Допаѓања:
    38.335
    Пол:
    Женски
    Освен кравјо млеко и месни преработки (салами, виршли,.. и ние што не јадиме), а и мајонези и слично, се друго му давам. Скоро 3 години е и почна така од ко почнаа да го чуваат бабите, кон 2 години и 2 месеци. На се мислам на чоколатце, сокче што ќе донесат (ги терам барем 100% да пишува), кроасана и слични работи.
    До година екстра внимателна бев, а може да се каже и до две, најмногу поради дерматитот кој за среќа како се ближиме кон три години самиот си исчезна. Баш и поради тоа до тогаш никој не се осмелуваше да му даде нешто што јас не му давам, и се хранеше можам да кажам релативно здраво.
    И сега ужинка има овошје во денот обавезно, ручек му спремам или јас или тие готвено скоро секој ден. И доручекот и вечерата му се конкретни, тост, тарана, абц намаз, путер, јогурт и слично.
    Поради тоа и не се притресувам многу што ќе му донесат нешто "забрането", зошто се дружи со деца пред зграда и сакала, нејќела јас си бара и гледа, а ми се случи и смешна ситуација пред некој месец да открие смоки на роденден и да го преседи роденденот со чинијата пред него од што беше воодушевен. :$
     
    На LaDyDoLl, Ano, kukla21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.284
    Пол:
    Женски
    Мојов големиов така... кога почнавме после негови две години да одиме почесто по родендени во игротеки, тој секогаш беше со чинијата смоки пред него, и не даваше никому :$ на секој роденден, кој што прави, тој со смоките. Во продавница не бараше, оти немаше видено како се спакувани :lol:

    Инаку, јас инсистирам на здрави оброци, т.е балансирана исхрана во текот на денот, да бидат застапени овошјето и зеленчукот пред се, јајца обавезно, месо не толку, житарки повремено. Не кратам грицки и благо, јадат и моиве понекогаш, ама не давам ништо од типот на сувомеснато, конзервирано и газирано/џанк фуд (освен пица и компири). Сметам дека има време за тоа. И обично стариве и го почитуваат тоа, особено свекрва ми која ептен инсистира на овошје и салати.

    Е сега, тоа што малку ми пречи е што малово има пробано скоро се многу порано од брат му, прво поради тоа што гледа од него кога јаде на пример чоколадо/грицки, помфрит и слично. Освен тоа, повеќе време поминува со свекор ми, кој баш и не обрнува внимание на тоа дали смее или не смее да му дава некои работи, бидејќи има став дека е веќе голем и може да јаде се. Јас стриктно забранив да дава сувомеснато и газирано и искрено се надевам дека тоа го почитува, ама не сум дома преку недела 10 часа во текот на денот, па не можам да контролирам :( друго е тоа што е прилично стрвен, и сака се да проба, кој и да јаде, му прави друштво :tmi: за разлика од брат му. А дека јаде домашно и свежо, јаде, тоа нема збор, дури сам оди си кине патлиџани, пиперки и слично и ги јаде одма, пред некој ден газето ренде му беше од тоа што претерал. Се надевам дека стрвноста нема да му остане како навика.
     
    На *Лорена*, stevemila, kikin и 4 други им се допаѓа ова.
  16. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    39.592
    Пол:
    Женски
    Јас давам некогаш смоки лино и бебешки бисквити измеѓу оброк, давам и овошје секако. Не сметам дека грешам. Смоките цел месец стојат отворени, уште има во нив, бисквити повеќе давам. Да наполни годинка и од нашите јадења ќе и давам, секако зимото повеќе манџи и готвено јадеме. Не сум за давање сувомеснато и газирано на мали деца, ама некоја соленка,смока,бисквита,чоколатце зошто да не смее да јаде.
     
    На kikin, ❤️Sneze❤️ и fana им се допаѓа ова.
  17. $ophia

    $ophia Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2018
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    928
    Пол:
    Женски
    Не сум мајка, ама од искуство со братучетка знам дека кога одела она во градинка, воспитувачките се ''фалеле'' на нејзините родители дека во градинка јаде се. Девојчево дома не пипнувало ништо, ни овошје ни манџи. До ден денес братучетка ми од овошје конзумира само банани ако ви се верува. И тоа ни 3 банани месечно не јаде. А во градинка толку фалена дека се јаде... Ме потсети на неа сега, па провери убаво дали во градинка јаде се.:?: Многу често и воспитувачките лажат, а и не обрнуваат сите толку големо внимание кое дете колку изело.