1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку здраво ги храниме нашите деца?

Дискусија во 'Бебе' започната од NoellePage, 30 јануари 2013.

  1. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    Исхрана од 4 месеци па нагоре

    е ова ми беше мене цела поента на муабетот
    дека премногу ги заштитуваме. да како мајки тоа и мораме ама кога еден ден ќе тргнат вградника воспитувачките нема да те прашат каква храна му даваш ти на детето дали била био или сте најмногу на овошје и зеленчук. тоа што јадат сите тоа ќе дани и моето.
    црвен грав е то а ќе се јади зелката црвена клаена во гравот и ќе сркат :D :D :D ова го имам слушнато незнам колку е точно!!

    и јас не реков дека од 6 месеци да се даваат манџи со запршки пржени компири и сл.сите се трудиме во тој период да му даваме на детето здрава храна ама покасно напишав со пример погоре не ја прифаќаат сите варената брокула со варено месо и сл. ќе сека пр.тост.
     
  2. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Исхрана од 4 месеци па нагоре

    Добро бе женички ,па и кавгите се конструктивни! Никоја не се закара за мажи во темава :D Понекогаш ваквите кавги можеби ќе натераат некого да седне и да размисли ,дали можеби греши или не и ако згрешил како може да исправи.Некогаш ,некого ваквите работи и го освестуваат! Немојте одма да се бришат мислења,па јас од некој вакви кавги сум научила нешто.
    Јас за моите деца и нивната исхрана се грижам од нивното раѓање.Сметам дека така им давам не само добри навики и здравје ,туку и подлога за утре кога ќе пораснат ,да можат да пробаат и нешто нездраво(што е апсолутно невозможно).Значи само затоа од бебиња не ги трујам со конзерванси ,емулгатори,вештачки бои....Е сега друго е што кога ќе бидат научени на здрава храна,па ќе пробаат нездрава и може да им биде тешко од неа :^) Тоа е и дел од мојата тактика за да го продолжат здравиот начин на исхрана,кој секако е најдобар ;)
     
    На bittersweet, Bozica1980, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.292
    Пол:
    Женски
    Исхрана од 4 месеци па нагоре

    Нема потреба од бришење на мислењата, сметам дека се разви фина дискусија, може и нова тема да отвориме, нешто од типот колку е здраво она што го јадеме ние и нашите деца. Ако сте за таква тема, ќе ги префрлам мислењата, и таму може да се продолжи дискусијата.
    И верувам во всадувањето на здрави навики уште во првите години од животот. Да, кога ќе тргне детето во градинка или на училиште ќе менува навики, ќе проба и нешто нездраво, ако претходно не го пробало дома, ама работава е да знае што е поздраво и на што да даде предност кога е храната во прашање. Мислам дека со здраво воспитување може многу да се постигне.
    Јас не пример, имам голем проблем со син ми кога е со бабите и дедовците, кога е во прашање храната. Ете, пред некој ден дознав дека на детето редовно му даваат чипс и смоки кога е кај нив (свекор ми и свекрва ми) и немате поим колку се изнервирав. Ај смоки има пробано, по родендени, ама чипс?! Свесно не сум му дала, не купуваме такви работи, поарно пуканки ќе му направам отколку да му дадам чипс. Џабе е моето зборување и на мм, и на свекор ми (со свекрва ми не комуницирам). Ништо немало да му биде на детето. Ми иде да не го пуштам воопшто да седи кај нив, ама тогаш ќе си направам голем проблем со мм :sweat:
     
    На pepita82, Mama25, bittersweet и 3 други им се допаѓа ова.
  4. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски

    баш се заинтересирав за јајцето и хранливите состојки оти ме задума дека рече дека не е здраво еве што најдов:
    во јајцата има есенцијални амино киселини-коплетен протеински извор, витамин А, витамин Б2,Б9,Б6,Б12, холин, железо, калциум, фосфор, калиум,CoQ10(незнам што е ова ама го пишам).
    витамини А Д Е има во жолчката
    холин е важна хранлива состојка за развој на мозокот, а се вели дека е важно за бремени и доилки да се обезбеди здрава плодот развојот на мозокот.
    пак ќе пишам сите избираме што ќе му даваме на децата за јадење ама баш се заинтересирав оти прочитав дека не е здраво.
    можи и грешка направив што му дадов на 6 можи беше рано незнам.ама со овие витамини мислам дека не е штетна...
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.292
    Пол:
    Женски
    Стефи, работата е во производството на јајцата, и со што се хранети кокошките што ги неселе. Тоа е муабетот. Едно е да се домашни јајца, снесени од кокошки што се чувани дома, хранети природно, друго е јајца од кокошки хранети со концентрат. Јајцата во продавница се полни со хормони, кои не се баш пожелни во детската исхрана. Ако пречесто даваш купечки јајца, постои ризик од преран пубертет, растење на гради кај машки деца уште пред десет години, а да не зборувам за полицистични јајници кај девојчињата во текот на пубертетот и понатаму.
    Јас давам домашни јајца преку целата година. Овде си имаме наши, домашни јајца, а кај моите, мајка ми купува од проверени луѓе. Преку зима давам купечки јајца, ама поретко, за разлика од останатиот дел од годината.
    А дека јајцата се хранливи и пожелни за децата, тука нема дискусија. Јас лично почнав со жолчка на 7 или 7.5 месеци, ама домашно јајце.


    Во контекст на темава, пред некој ден прочитав статија дека во производите на Бамби (плазма) има ГМО соја, бидејќи не контролираат од каде ја земаат и дали е или не е ГМО.
    Јас веќе неколку месеци на син ми не му давам плазма кекс, јаде ако има дома обични бисквити (ако пројави желба), инаку не. А летоска само плазма јадеше :tmi: демек најквалитетен и најхранлив кекс. Мало сутра! Ме нервира што навистина нема контрола на сето она што се продава кај нас. И се си мислам дека HACCP и HALAL системите се само уште една замка за да јадеме нездраво... со воведување на овие системи и правила за припрема на храна ќе се укине домашното производство, кое често е подобро од она вештачко и масовно производство. Ама со домашното, нели не може да се подмират потребите на сите, па мора масовно произведување на храна. А кој се прашува дали тоа е здраво?

    Би сакала кај нас да имаше посебни продавници за храна за деца и бебиња, макар што можеби ни тоа не е гаранција дека децата ќе ни се хранат здраво. Од друга страна, органско производство во Македонија како што рече битерсвит е малку потешко да се спроведе. Ама можеби таму лежи иднината?
     
    На AIT, Moira, bittersweet и 2 други им се допаѓа ова.
  6. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Многу се иритирам кога некој ќе ми рече поради начинот на исхраната го чувам малиот под стаклено ѕвоно :@
    Чување под стаклено ѕвоно подразбира барем за мене да нема контакт детето со никого за да не се зарази со нешто, да паѓамво несвест ако падне и таквимити работи, со исхраната не може под стаклено ѕвоно да го чувам или била каква штета да му направам.

    Е сега повторно сме кај разликите во општествата- таму не ви идат во прилог а мене тука ми идат во прилог да можам да го хранам здраво.
    Таму во градинките давале манџи и којзнае што друго(демек тоа е изговор за давање нездрава храна), тука еве од понеделник ќе тргнам на работа ќе му дават на малиот за јадење тоа што ќе им дадам јас.
    Таму покрај секое училиште основно и средно има барем една, две сендвичари кои користат 100 години стоен и прегорувам зејтин, месо со сомнителен квалитет, правен мајонез, значи хранлива вредност 0 а плус ако носи детето од дома храна сигурно е сиромашно, нема пари да си купува сендвич, тост |(
    Тука основното е 6 години и кога ќе влезеш во кругот на училиштето нема напуштање додека не заврши наставата, така беше пред 20 и кусур години јас кога сум учела така е и сега, сендвичари нема покрај училиштата од дома си носиш јадење, значи што ќе ти дадат од дома тоа ќе јадеш.А поради зголем број на деца со тип 1 дијабетис и гојазност пред 7-8 години донесоа закон за листа на прифатливи продукти за ручекот на децата (тука се учи од 9-3)
    Им се забрани на родителите да им дават на децата газирани пијалоци за на училиште(јас како дете носев по една лименка кока-кола, чипс итн) , на училиште смеат да носат само вода, две парчиња да имат овошје и сендвичот не смее да биде намачкан со еурокрем, нутела.

    Мене ми оди во прилог државата, општеството нема гледање други деца јадат сендвичи, тостови сакам и јас, сите здраво до некаде се хранат и моето со истото темпо ќе си продолжи и во градинка и во училиште.
     
    На Hipster, NoellePage, Bozica1980 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    bittersweet каде шивеете вие??? ако не е тајна
    оти и сама рече разлика во општества...
    несакам повеќе да замарам со моите мислења (како и да го хранам сега син ми на крајот пак ќе почни да јади нездрава храна)
    сега игра улога да и сигурно ќе биди поздрав ама до негде залудно ќе биди. и сама кажа ако почнам да му правам здрава храна за на училиште ќе му се смејат па и најбогати да сме!!!
    јас сум многу за здрава храна ама.....незнам времето ќе покажи
    па можи кога син ми ќе тргни на училиште нема да биди смешно од дома да се носи храна.
    јас и колку да сакам да му давам домашни јајца домашно пиле домашно млеко неможам да најдам.
    на форумот видов некое био кравско млеко си реков да побарам да знам за ко ќе почнам да му давам да му давам такво.
    ви се верва дека во веро немаше???
    во веро ако нема јас каде ќе најдам????
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.292
    Пол:
    Женски
    Е па јасно дека ако пазиш на исхраната на своето дете, не значи дека ќе го чуваш под стаклено ѕвоно. Фала му на Бога, имаме доволно ум и разум да сфатиме дека тука во Македонија немаме здрави прехранбени навики, и за жал поради тоа, сè почести се срцевите заболувања, дијабетесот, хроничните болести од различен тип, но и прекумерната тежина. А тоа почнува уште од детството, со давање храна која нема ништо здраво, почнувајќи од брза храна, грицки и слатки. И сите велат ништо нема да му биде ако проба еднаш. Да, нема да му биде на детето ништо од еднаш, ама здравите навики во исхраната се создаваат во првите години, а тоа е многу важен темел за здрав и квалитетен живот.
    Многу ми е глупаво кога ќе слушнам - и ние така сме пораснале, па што ни фали? Како не ни фали ништо? Се почесто има дијабет тип 2 кај млади луѓе од прекумерна дебелина, проблеми со притисокот и срцето, да не кажам и со другите органи, а вреди ли да ја спомнам чумата на денешницава - рак? Овие болести косат млади животи, факт е тоа.
    Има време кога детето ќе јаде и ќе проба нездраво и кога ќе може да бира. А додека јас одлучувам што ќе јаде, тогаш нема дилеми. Да, син ми пробал многу работи, ама не јаде секој ден од тоа. Секој ден има разновидно мени, во кое се застапени најмногу зеленчукот и овошјето, на второ место житарките, на трето месото и млечните производи. Јаде чоколадо, да, јаде и грицки, ама дома јас да го нудам со тоа, не - секогаш избирам да давам овошје или зеленчук кога бара да јаде, а не е време за главен оброк.

    Јас се надевам дека и во Македонија ќе проработи свеста кај граѓаните, пред се кај родителите, да се променат навиките во исхраната на децата на претшколска и школска возраст. Не ми е сеедно што ќе јаде моето дете во градинка и понатаму, на училиште. Ако ми верувате, една од причините поради која не сакам да го пуштам во градинка е храната. А сакам да оди таму, пред се, поради дружбата со деца на негова возраст, што е далеку подобро отколку да седи дома со баби и дедовци.

    ЕДИТ: Стефи, зошто да му се смеат на училиште ако јаде здраво? Тоа е само до воспитувањето на децата од дома, ништо повеќе. Додека да тргнат нашиве деца во училиште има доста време, може да се променат доста работи.
     
    На joy1, bittersweet, DeMelo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    се се темели на првите години од животот па да и исхраната многу јасно.
    син ми пие 3 пати млеко еднаш јади овошје еднаш зеленчук со месо или жолчка (сега и ќе почнам да ја избегавам) еднаш јади шитарици.
    сето тоа е здрава храна и освен житариците се дома му правам.
    и дај боже како за син ми така и за сите бебуши да си јадат здраво цело време.
     
  10. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Стефи ти како да не ме читаш што пишувам неколку поста уназат.
    Jac пишав и дека жолчката е и голем извор на железо ако ja давте со кои производи е препорачливо да се дава.

    Нема смисла да се повторувам, ке те замолам убаво да ме прочиташ, ако веке сакаш да дискутираме.
    Ако веке се користи живинска исхрана треба да внимаваме од каде ja набавуваме таа по маркетите не е здрва воопшто, како што кажа и Аннатх исхраната на животните е битна, но уште две други работи
    Прво во фармите има голем проj на животни за да не им умрат сите кога ке настани некоja болест, превентивно ги пукаат со антибиотици и коjзнае какви медикаменти
    Второ за да се телат повеке пати во годината кравите, а со тоа да носат и повеке млеко, исто и кокошките коj jaдел кокошка од село знае деке нема врска со купечката, многу е помало, суво месото, додека купечките се набилдани од хормоните.(кога сме веке каj oва некаде низ интернетов прочитав дека педиjaтар и препорачувал на маjka,во веро да побара имало кокошки со наjмало присуство на хормони, пазете, значи пак наjмало, без хормони воопшто не ни има, мм си е по месото,селско дете :geek: ги прашавме вработените не знаеа, но имаше повеке видови па зедовме таа наjмала што е, наjвероватно тие се)
    Е драга Стефи сите тие хормони, медикаменти, токсини одат во нашето тело и фала богу човековото тело не е памук, да се стопи веднаш, кажав негативните последици кога и каде се гледаат.

    Да се дополнам и на текстот на Аннатх, за гмо исто пишував вчера, скоро и нема соja низ земjaва коja не е гмо, за жал..
    Што може да направиме, како поединци ништо, но да ja избегаваме што повеке можиме.
    А за бабите и дедовците, односно за свекрвами подобро да не почнувам..
    :|
    Свекрвами за нова година се jaви да го праша мм што jaди синчето на му направела пакетче, мм и кажа од купечка храна може само животинско царство( и тоа не му го давам може во неделата една коцкичка од стрмност, поради тоа што маjka ми му зеде албум, и jac сум имала, и маjka ми и вуjkoми па аjде да не и кршам атер, плус едукативен е, ке ги учиме животните)
    А на свекрвами уште пред да се породам сум и велела и секоj пат кога ке доjди и повторувам ако ти е кеив нешто да му донесиш те молам нека не биде чоколадо, смоки, место тоа нека биде овошje дали банани, портокали што можеш.
    Зашто ja гледав уште одамна на другата внука буквално и ja kупуваше лубвта со чоколади, чипси, пред мои очи сум ja слушала како и вели доjди баба да ти купи чоколадо, таа другата баба ништо не ти купува а ич не те сака...?!?!? :fubar:
    И капак што праша сто пати сме и кажале и оваj пат мм и обjacни доаганюе за нова година носенюе пакетче_чипс со засилувач вкус на виршли,кроасан некоj бог знае коj, лижалче, гумени бомбони,крем банани некои си цица маца чоколади со дваесет емулгатори внатре, не знам дали женеата сака да ме провоцира, но краjно безобразна е..
    Кога се бевме дечко и девоjka cо мм они кај нив си чуваа коза, кокошки(живееат на село) сега има три мали внучина не чува ништо! :devil:

    И дури го пракам постов гледам стефи пак пишала, и искрено не знам дали да се смеам или да плачам, подбро маjka напушти ja темава или не дискутираj зошто очигледно ништо не си сватила што се пишува 3 страни уназат. :^)
     
    На bittersweet, pepita82 и Annath им се допаѓа ова.
  11. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    заради тие хормони јас пилешко му немам даено на син ми ама воопшто да сум искрена не ми текна дека и јајцата се со хормони.
    овде во битола ако не живееш на село (јас сум вград) неможиш да најдиш ништо што не е штетно. има што наоѓаат ама јас апсолутно немам од каде да најдам не познавам никого.
    на син ми се што му давам е од пазар или од варо купено од кај знам во какви услови и како е растено. неможам ништо да не му давам оти не е многу здраво.....
    и овај е последен пост бидејќи очигледно не се разбираме.
     
  12. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    На оваа тема размислувам секој ден ,дури и опседнта сум ,не можам мн да сменам ама мака мачам да и ја задржам навиката на керка ми за условно здравата храна што и ја приготвувам јас самата уште од кога наврши 6 месеци па до ден денес наспроти сите глупости што и ги нуди баба и нормално без мое присуство :envy: јас никогаш не и купив готова кашичка ,се водев по книги и се дома и подготвував да признам ми беше по некогаш мачно ,со блендерот во раце и од кујна по цел ден не излегував ,ама детето ми напредуваше одлично и со сласт ја јадеше брокулата ,моркови ,компири ,тиква сето тоа од мојата градина ,до годинка не и засладував , сол мн малку, после годинка престанав да и пасирам а до две год запршки и сл не и давав и готвев посебно,по слаткото не е многу ,арно ама сега е многу пребирлива посебно кога ке отидеме некаде се гади ,одбива ,од зеленчук и овошје јадеше се без проблем како на пример свежа пиперка ,да не зборам за краставици или било што ке и понудев свежо ,но откако наполни 3 годинки почна мн јадења да одбива ;( а мене косата почна да ми белее :sweat: чаре ?
     
  13. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Не знам што подразбирате под здрава исхрана ,но според мене тоа е исхрана во која во голем дел се застапени житарици,овошје и зеленчук или хранење по пирамидата,со таа разлика што би се внимавало и на составот на производите за тие да не содржат непотребни работи (бои,засладувачи,емулгатори, конзерванси).Јас сеуште верувам во тоа дека нашите овошја и зеленчуци се релативно поздрави од оние во другите земји ,затоа што кај нас нема тешки индустрии. Е сега од друга страна органската храна е нешто сосема друго.Кај нас во МК мислам дека сеуште е рано за да постои вистинска органска храна ,бидејќи ако се земе фактот од 7 години подготовка за земјата ,ретко кој и ретко каде е тоа направено,па уште да е на голема површина ,доволна да снабдува макар и еден град ,малку невозможно.Сметам дека она што ни го продаваат како органско ,а е наше ,повеќе се мисли на непрскано со пестициди.
    Морав да редактирам и да напоменав дека не ги читав предходниве коментари ,па можеби сум ви избегала малку од муабетот ;)
     
    На leo-n-tina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    10.903
    Можеби не сум баш компетентна да одгворам на оваа тема,бидејќи немам дете,но само да кажам дека ова не е Австралија или Холандија.
    Нема потреба од толку потресување околу исхраната,демек ако се хранат со органска се 100 посто заштитени,тоа воопшто не е така.
    Баш напротив сите педијатри и доктори препорачуваат децата да пробаат секаква храна,за да се исклучи можноста од алергени,бидејќи кога и да е децата сепак ќе пробаат храна која ним им е вкусна.
    А јас баш и не сум сигурна во тие био,органски храни.Воопшто.Бидејќи храната не е единствен причинител на болести,а и светот во кој живееме не е органски.Пре би давала исхрана богата со витамини и минерали,отколку био.
    И зошто веднаш се нафрлувате на Стефи,не ми е јасно,таа само си кажа како изгледа исхраната на незинотот бебе,впрочем како и сите што си кажувате.
     
    На meU, stefi23m, lepadama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Добро место да се потресувам околу исхраната на своето дете иако е најбитен сегмент за правилниот развој јас ќе почнам да се потресувам за Сулејман дали ја изневерува Хурем или комшиката дали ги пружила гаќите на првата или последната жица :^)
    Од што мислиш дека не е воопшто заштитено моето дете кое го хранам со органска храна?
    Не е заштитено од антибиотиците и хормоните со кои ги пумпаат кравите,кокошките итн?
    Не е заштитено од токсичните хемикалии со кои го прскаат овошјето и зеленчукот?

    Најди ми еден педијатер кој препорачува храна полна со конзерванси, емулгатори, вештачки бои, соли итн за да се исклучи можноста од алергени :^)
    А тоа кога и да е не мора никако да биде на 6 месеци, година итн, како што кажа и Анат и моето дете има пробано смоки, чоколадо итн ама јас да му ја нудам таа храна дома, тоа никогаш нема да се случи.
    Да не се повторувам ама на моето дете сега за сега воопшто не му е вкусна брзата храна и јас за разлика од комшиката која се радува дека детето нејзино кое е помало од моето 2 месеца веќе јаде цел happy meal, јас се радувам дека ја плука плескавицата од таму и да му дадеш избор помеѓу happy meal и авокадо ќе одбере авокадо, ете затоа се потресувам |(

    За овој дел не знам ни што да напишам :x
    Најмалку 70% од болестите се поради погрешениот начин на исхрана или сите доктори и научници се во заблуда :^)
    За болдираниот дел значи немаш елементарно познавање на тоа како се означува органска храна :x
    Органска храна е овошје и зеленчук (витамини и минерали) кои се огледуваат природно без да бидат хемиски третирани.
    Млечните производи, месото и јајцата кои се органски се од стока која паси надвор во природата на пасишта кои исто не се хемиски третирани и не се пумпат со хормони за побрзо да растат и со антибиотици за да произведуваат повеќе млеко и најбитното си остануваат тревопасни животни за разлика од другите кои ги хранат со смеса од со мелени мрши на секакви животни и природното тревопасно животно го прават и месождер и канибал.

    И да Македонија не е Австралија ама тоа не значи дека јас не треба да пишувам тука на форумот и да ги пренесам позитивните работи кои ги прави државата за заштита на децата почнувајќи од начинот на исхраната.

    Секој родител за себе ама мене кога веќе ми е достапна органската храна тогаш тоа и ќе му давам, рогови нема да му никнат затоа што не му давам виршли, паштети, салами, смоки итн, јас како родител сум должна да се потресувам околу здравјето на моето дете а скоро се е поврзано со правилниот/неправилниот начин на исхраната.
    Внимавав и додека бев бремена а и сега кога сум повторно бремена на исхраната, внимавав и додека го доев и ќе внимавам се додека не е доволно возрасен да одлучува сам за себе, тоа е мојата обврска како мајка.
     
    На joy1, DeMelo, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904

    На сите ни е вкусна храната што ни е понудувана како мали. Работиме врз принцип на поранешни искуства. Освен тоа малите деца ги поврзуваат работите со асоциации.Така што ако родителите порадо би одбрале морков ,отколку чипс и се среќни со таа одлука и детето понатаму во животот ќе постапува така. Како и за се останато. Тоа е воспитување. Темелите на воспитувањето се создаваат во домот.

    Што се однесува до алергиите.Ти можеш да јадеш пример 4 години континуирано чоколадо и да не пројавиш алергии ама петтата година да се јави алергија. Како резултат на презаситеност на организмот. Така што да проба се ,за да сме сигурни дека не е алергично не е баш цврста теза.

    Храната е број еден причинител на заболувања.Најголем процент од хроничните,незаразни заболувања се причинети од исхрана.

    И затоа мислам дека на сите ни фали едукација околу исхраната,околу воспитувањето на децата и по некој курс за тоа како здравата храна да ја приготвиме вкусно.
     
    На DeMelo, bittersweet, AIT и 4 други им се допаѓа ова.
  17. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    10.903
    Ама мене не ми е јасно зошто веднаш кревате бунт на секое ваше поразлично мислење??
    Зарем јас некаде напишав дека подобро е чипс или смоки??
    И повторно ќе кажам јас сум доволно едуцирана за исхрана и за сите можни болести,бидејќи сум докторка и не може некој да ме убеди дека био храната е чист квалитет.
    Исто така и таа е преработувана,сушена и третирана.
    Правилна исхрана според мене е онаа која ги задоволува дневните потреби за внес на витамини и минерали,а сето тоа може да се најде и во овошје,зеленчук,месо,житарици.
    Така да ако на некоја кутија пишува био,мене не ми е репер дека внатре се е 100 посто здраво.
    И не се преукувајте одма,не значи дека ние што живееме во Македонија,појма немаме од исхрана и здрав начин на живот.
    И тука има доволно едуцирани луѓе..
     
    На lepadama и stefi23m им се допаѓа ова.
  18. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    Ќе се умешам и јас во темава :tmi: Не е доволно да е само овошје и зеленчук, туку треба да е квалитетно, здраво овошје и зеленчук. Што дека е домат, ако тој домат е растен во лабораторија во ПМФ. Што дека е и одгледуван во фолија, кога 80% па и повеќе, не само за масовно производство, туку и оние за домашна употреба ги прскаат патлиџаните со средство за поголеми да растат. :!: Па после на тезга, сите со иста големина, иста боја, мазни светнати :^)
    Не верувам дека е чување под стаклено ѕвоно внимавањето на исхраната на детето. Не само на детето, популацијата ни болува од проблеми со стомак и црева. Кој јогурт е прав јогурт денес? Сеуште ми стои на јазик јогуртот што како деца го пиевме, врска нема вкусот со овој денес. Што дека е телешко или пилешко, кога кој знае од каде е донесено, со што е хрането и колку време е чувано во месара.
    Би рекла дека чувањето под стаклено ѕвоно повеќе би одговарало за ситуации кога детето не го изнесуваат од дома или не му даваат да пипне нешто...такви ситуации. На температура од 30степени, дете со блузичка и боди под неа. Внимавањето со исхраната во никој случај не е.
    Внимавајте што купувате и од каде, страшно е што све денес може да се најде на пазар/маркет. И ако пишува био, можеби не е 100%, но и да е 10% повеќе квалитетно од обичното, се важи.
     
    На DeMelo, bittersweet, AIT и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    vidi vaka baby-star, vo uste edna tema od tebe bev napadnata kako toa jas sum rekla deka ne mozam da preziveam so 100evra. i ne mi e bitno i sega ako me napadnes ama mislam deka prvo treba da imas dete pa potoa da komentiras, zatoa sto i jas mnogu raboti vikav deka ke gi pravam pa na kraj pola od toa ne ispadna kako sto rekov.. Najprvin treba da stanes roditel pa potoa da zboruvas za ishranata, veruvam deka i ti koga ke imas dete ke mislis prvo najdobro za nego. i mnogu raboti sto si rekla deka nema ili ke gi pravis nema da ispadnat taka.
    Vo red e tvoeto mislenje no, kako moze da ima dovolno vitamini i minerali vo ovesje koe sto e prskano so 300 cuda , istoto se odnesuva i za mesoto , site tie hormoni , boi i red drugi raboti ne se zdravi i go znaeme toa.
    Nekoj ima opcija da kupuva bio a nekoj da dava samo domasno. toa si e izbor na roditelot.
    Ti da mu dades i grav ke jade i bilo sto drugo ne deka nema da jade tuku kolku e toa zdravoo..
    Za mene cuvanje pod stakleno zvono znaci na sekoe kivanje da se pritreses i da trcas vo bolnica, da go izoliras od se, site znaeme deka sekoe dete mora i da zaplace, i da padne, i da se izvalka i red drugi raboti.
    Ama ishranata NIKAKO ne e cuvanje pod stakleno zvono
     
    На bittersweet и Annath им се допаѓа ова.
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Ја мислам дека ја сфатив baby-star. И јас се подразмислувам двапати пред да купам нешто на кое пишува био на кутијата. Зошто? Затоа што и на некои житарици пишува дека се без додаден шеќер а всушност имаат шеќер. Реално, 100% безбедна е храната самиот што ќе ја произведеш, додека останатото треба да се прими со доза на резерва.Треба да се внимава на исхраната на детето, збор да нема, ама факт е дека никогаш не можеш да го заштитиш од тоа што не му го даваш да го јаде а нему му е слатко. Ако не дома, на гости ќе проба, без да видиш. И се согласувам дека треба да се навикнува на различни видови на храна нормално додека е во одредени граници. Така мајка ми за брат ми. Првородено дека и посебна паника ауу ваква храна, таква храна, пазење, тресење. И што? Излезе стопати поболешлив од мене со која не пазеле толку за храна. Некогаш па и нема правило. Некогаш па и со помалку страв може да му се помогне на детенцето да стекне имунитет.

    Edit Не сакам да бидам погрешно сфатена. Разновидна и избалансирана исхрана е и те како важна, ама за потеклото на производот не верувам дека ниту кутијата точно ќе ми каже, а уште помалку пазарџијата :D
     
    На stefi23m и baby-star им се допаѓа ова.