А каде се продаваат домати,растени во лабораторијата на ПМФ? Чисто ме инересира.Не прифаќате поразлични мислења од вашите и тоа е факт. Ајде ако е така, Kravce кажи ми ти како се одгледува био храната во Македонија? Зарем навистина мислите дека е био она што се сервира на пазарот како био?? Но не би сакала веќе да коментирам,ниту за храна,ниту за Хурем на Битерсвит,меѓутоа ако некој се храни со здрава храна,а притоа не е нагласена како био,не значи дека прави кардинални грешки. Кој сака така ќе се храни и нема потреба од дополнителни нервози и препукувања. И впрочем таа био храна,во пораст е последнава деценија,пред тоа луѓето што не се хранеа со Био гледам сите се болни И да болестите можеби имаат некаква допирна точка со храната,но не и пресудна етиологија за истата да настане. Unique ако си се нашла засегната од моето мислење дека со 100 евра не се врви месец сеуште стојам зад тоа.Епа ајде ти со 100 евра купи био храна,која е исклучително скапа за наши простори,а и се останато што треба да се помине месец,па кажи ми дали сум во право. А зарем реба ако не се согласувам со некое мислење само да викам да ,така е?А зошто тогаш ти се буниш на моето,во кое воопшто не те посочив тебе?? И да не мора да бидам мајка,за да знам што е исхрана и здрав живот,зарем треба само дете да се има за да се знаат тие работи?Јас тргнувам од себе. И чисто онака ме интересира колку пари трошиш за био храна за твоето дете,бидејќи кога веќе се буниш дека треба само био да се користи,претпоставувам со таква исхрана го храните малото.
Пилешкото пример е биолошки по дефиниција здрава храна,ама кај нас не е. Затоа што чуваат на исто место преголем број кокошки и превентивно им даваат антибиотици заедно со храната за ако се разболи една да не умрат сите. Така што ние со пилешкото внесуваме постојано мала доза на антибиотици,што ги хранат и размножуваат бактериите и вирусите во нас. Освен тоа пилешкото е полно со хормони што им ги даваат за во два дена да порасне од пиле во огромна кокошка. Освен тоа не знам дали сте виделе домашно чувана кокошка колку е помала,во споредба со`набилданата` кокошка што ја имаме по месарниците. Така што био храна не е органска храна. Органска храна во Македонија нема реално,затоа што треба посебна подготовка на водата и почвата која трае со години. Затоа треба многу внимателно да се избира.
Се продаваат на пазарите. Прифаќам различни мислења од моите. Дома во градина кај нас, и јајца од кокошките на баба и мевце од животните на комшиите Види јас те разбрав, ама ти не ме разбра изгледа. Јас само те надополнив, најубаво е да се храни здраво со овошја и зеленчуци, ама со внимание од каде се тие овошја и зеленчуци. Како на пример, сега сред зима да купиш краставица. Здрава ли е таа краставица? Или битно е краставица, не е битно како е растена. И биото не е потполно био, ама некој далеку побезбедно ќе се осеќа ако купи таква храна преку пилешкото увезено од Бразил Мене уште пострашна ми е состојбата со лебот. Лебот во МК е катастрофа невидена, и црн и бел и ржан и пченичен ти каков има друг, па дури и оној од фурна, ама тоа веќе на друга тема.
Kravce и јас те разбирам,но не може буквално од се да се зашититиме. Искрено ние дома се храниме исклучиво со селски производи,мислам јајца од домашно производство,месо и др. Не велам дека на пазарот нема храна која е растена за неколку дена,ример јаготките во Веро,се се само јаготки не,меѓутоа потребни се големи напори и средства за оваа сиромашна држава за храната во целост да биде здрава,меѓутоа муабетот ми е дека не сум потполно сигурна ниту во био храната која се продава во Македонија.
Aбе најубаво како комшиката моја од таму кај што свекор ми има викендица. Со маж и' си имаат мало како бавчиче во дворот и си садат се'. И после нивните 2 деца здрави, румени, па здрави нормално. Таа храна во комбинација со чистиот незагаден воздух на село комбинација 5+.
Мајки, во Македонија нема услови за Органска храна, Битерсвит дури и спомна ми се чини, најмалата оддалеченост од автопат треба да биде најмалку 200 километри, а нашата ни мила земја е самата 200 километри, значи ние немаме услови за Органска храна, нека не ве лаже ѓаволот дека краставиците на дедото на пазар се органски. Био е друго, значи имаме услови и прилично често се наоѓаат, на пазар кога ќе речевме дека е за внука ми ни вадеше или не ни даваше воопшто од храната на тезга, едоставно ќе речеше не е за бебенце. Био е и брокулата на мајка ми, иако е во бавча баш до улицата, ама не е прскана, не е ѓубрена со вештачки ѓубрива, вадена е со вода од извор, не со хлорирана од водовод и слично. И во работата си има работа, си знаеме ние
toa i go spomnav pogore, nekoj ima uslovi za bio kako na primer bitersweet a nekoj nema-nie. Zatoa ke se trudime da bide domasno ili barem pomalku prskano i sl. Kako sto spomna tessie za kokoskata ima mnogu razlika od kupena i od domasna. Kraj na kraj sekoj si ima pravo na izbor.
Вероватно овој дел е наменет за мене, само те молам посочи ми каде имам напишано дека во Мк не знаат што е здрава храна, дека нема едуцирани луѓе или дека мајките кои не ги хранат децата со органска храна праваат кардинална грешка На сите ни е јасно дека не може да се заштити детето 100% од се`, мајка ми немаше запалено цигара во животот па почина од рак на белите дробови на 38 години така да таа лекција дека не можеш да бидеш заштитен од се` многу рано ја научив во животот Е сега не може пак никој да ме убеди дека здравата исхрана не игра улога во заштита понатака во животот од срцеви заболување, гојазност, дијабетис итн а пак доктор да те убедува во тоа е во најмала рака...жалосно И покрај тоа што ги убедуваш мајките тука дека нема потреба од потресување околу исхраната на детето веќе во наредниот пост: Контрадикторна си самата на себе, значи за тебе е во ред да водиш сметка за тоа со што и како се храниш а мајките тука ги убедуваш дека нема врска со што и како ќе ги хранат децата Не знам зошто постојано се повторува дека здравата храна не е вкусна, демек ако не му давам дома ќе јаде на гости (и ово демек многу јак аргумент треба да биде) и пак доаѓаме до истото дека да, можеби ќе касне на гости чипс ама јас да му нудам дома чипс место овошје тогаш да, тоа за мене е несовесен родител. Здравата храна не е некој баук од кој треба да се плашиме и заштитуваме, тука кога и каде е можно да ја применуваме за да им овозможиме добри навики во исхраната на своите најмили, затоа што навиките се учат од дома, што гледа детето тоа и ќе го прави.
Боже, не мислев дека некогаш ќе дојдам во момент да треба слепо и упорно да се држам до тоа дека моето дете треба да се храни ЗДРАВО...ејјјј, ко кој знае каква сатанска работа да правам! 90% од луѓето те гледаат чудно и налудничаво, демек „Кај се најде ти сега да го менуваш системот, детето кад тад ќе ти јади нездраво, подобро научи го од сега“, а не сакаат ни да сфатат дека мене ми е потешко отколку нив, зошто во тој систем треба да го научам детето да биде поинакво, и успешно да се носи со тоа! Јас кренав раце од оваа тема, зошто сите сме различни мајки, и сите го сакаме најдоброто за своите деца, т.е. сите го даваме она што и самите го конзумираме, нормално. Следбениците на здравата храна даваат искуства и совети за поздрав живот и исхрана, а „другите“ ги убедуваат дека се „луди, ограничени, потпаѓаат под влијание“ зошто слепо се држат за нешто што не може да опстане во овој свет. Не разбирам зошто Мојот избор е мој, твојот е твој, ќе видиме на крај кој бил во право, само се надевам Господ на сите да ни даде здравје и долг живот.
Јас дадов мед на 15-16 месеци, и оттогаш, секое утро си јаде по две мали лажички. Му давам со оние пластичните лажички со кои јадеше како бебе, оти не било убаво да се црпи медот со метална лажица. И сега во зима, кога појадокот му е главно овошје и житарици, му ставам понекогаш во тоа, особено ако давам какао, оти го неутрализира горчливото од какаото. Инаку, детево да може цела тегла ќе ја изеде. Тоа што му го давам не му е доволно, ама ретко кога му давам повеќе, затоа што мене медот на гладно ми прави проблеми со желудникот. За тој медот од Виталиа, не знам, не сум го пробала. Досега не сум имала потреба да купувам мед од продавница, оти моите имаат проверен човек за мед, исто и свекрва ми. Тој од Виталиа е сигурно пастеризиран, што не е случај со овој домашниов мед. Мислам дека слободно може да дадеш домашен мед ако најдовте таков. Ако не, можеби овој на Виталиа е подобра опција од другите произведувачи, имаше едно време некој скандал со медот, дека она што го купуваме во тегла од маркет е се, само мед не.
Фала, Ана. Најдов проверен мед, утре ќе и дадам прв пат, таман и ќерка ми има 15 месеци. Супер што ми кажа за пластичната лажичка, тоа не го знаев.
Леле не знам што да ти кажам Божице...ќерка ми јадеше мед во преработени работи, некогаш и во чај, ама тогаш земав домашен од Крушево, и немаше никаков проблем. Бев ептен претпазлива, со оглед на фактот што ми е склона на алергии, па кога човеков снема од неговиот мед, земав органски на Грин фуд, и за жал, морам да констатирам дека врска нема + ми изреагира малата, почна да кашла и одма го прекинав. Пробај со малтекс или маџун ко за почеток...
Вчерс и јас слушав само позитивни работи за малтексот...пошто овој ѕверов мој гарант нема да го сака медот ќе пробам подоцна и со малтекс. Вие си пишувате убаво за здрава исхрана а јас не можам да се убедам со бебе дека треба да јаде
И јас ќе ти го пофалам малтексот, јас го обожавам веќе не се ни сеќавам кога последен пат каснав мед, откако го земав малтексот не ми ни текнува на медот. А и како што имам читано, препорачлив е за дете, како житарка му доаѓа, затоа што е од јачмен. Го земав случајно кога бев настината, и од тогаш (месеци уназад) ни да кашлам, ни настинка, ништо. Секое сабајле лажичка, или пак го мешам со овошје, прекрасен е го испофалив
За жал кај мене не успеав оваа војна да ја добијам како што замислував, па не можам многу да се пофалам. Далеку од тоа дека децата ми се на џанк фуд - јадат готвена храна, но главно продуктите ги набавуваме од маркетите, освен кога некој близок ќе ми даде нешто што сам го произведува, ама тоа е повеќе исклучок. Мене посебно ми е шубе кога купувам овошје и зеленчук. Многу се прскаат и никогаш не си на чисто дали нешто е прскано и колку, иако сите тврдат дека продаваат непрскани работи. Многу ме нервра што лажат, подобро ќе платам повеќе, ама да знам дека не е прскано. Кај децата мои не ми се допаѓа е тоа што јадат доста чоколади, особено малиот. Никогаш дома не сум купувала грицки и чоколади, ама им носат луѓе, и цело време имаме. Грицки и не толку, ама чоколади имаме еден тон. Особено сега од пакетчиња, иако на сите им кажав да не им носат пакетчиња, сепак завршивме со преку 10 кила чоколади. Кога беа помали се трудев да им „забранам“ на блиските да им носат чоколади, ама не ми успеа. Кога им се јаде благо гледам да им направам нешто домашно - колку-толку е поздраво. На пример мафини со мед или кафеав шеќер или нешто такво, не е совршен избор, ама подобар е од чоколадо како и да е.
А каде причита ти дека јас сугерирам да се јаде било што?Јас сум контрадикторна или ти пишувап онака тебе како ти одговара?? Како прво ти одма бурно реагираш на оние мајки кои ги хранат децата со НЕорганска храна,а е јас. Јас кажав дека не треба толкаво потресување во се да бараме негативност,туку можеш да се храниш и со здрави производи кои немаат органско потекло.Така да веќе нема што да се препукуваме твој избор е со што ќе се храниш ти,а мој избор е со што ќе се хранам јас. И сеуште стојам зад тоа дека БИО прозиводите мене ми се сомнителни и по квалитет и по нутритивни вредности.
Еден ден не сум ве читала и хајка настанала.. Значи мора да се најде некој расположен за расправање нели? Бејби-стар во твојот став освен расположение за кавга не гледам ништо друго, темава е да споделиме искуства како мајки да си помогнеме една на друга со некој совет, а не да се ругаме, така и стефи ја свати работата така и тебе те гледам.. Прво овде никој не спомна дека ги храни своите деца со 100% Органска Храна(освен битсвитер која не живее тука и има услови) бијдеки тука во Македонија се уште ја нема од наше производство, мислам на овошје и зеленчук, (и живински произоди), а за таа по равтовите во маркетите, не е за деца храна повеке е за возрасни.(иначе за купувачите да кажам дека во Зебра имаат проширено 2 равтови и имаат донесено веке 100% Органска, додека Виталија и сличните на неа НЕ се здрава храна, видете на колку нивни производи има 200 различни емулгатори) Акцентот во темева беше да внимаваат мајките што им нудат на своите деца во однос на смоки, грцки, паштети, салами...и да не набројувам , значи да гледаат децата да ги хранат со овошје, зеленчук, житарици, вода и исклучиво домашни сокови.Ако веке користат живинска исхрана добро би било да се рапрашаат ако можат да најдат селска која не изложена на хормони и антибиотици.Ете толку. Во ова апсолутно не се согласувам, за најстрашните болести со најголема стапка на смртност ИСХРАНАТА И ЗДРАВИОТ ЖИВОТ се пресудни, ако сметаш дека не е така дај да дебатираме, кои се твоите ставови, бидејки јас сум читала и истражувала и токму сум дошла до спротивниот заклучок. Извини,ама прв пат гледам доктор со толку нападни и чудни ставови, ако и стварно си... Заборавив, добро што спомна Ариел ако немате порверени зеленчуци и овошја, од кога ке испазарите наполнете го мијалникот со вода, затнете го истурете една лажица сода бикарбона нека одстојат половина час, ги неутрализира пестицидите, како не се сетив порано да пишам. (Да, да ние сме сода генерација мајки знам)
De Melo дали ги прочита моите постови? Каде виде дека сакам да се карам? Јас го кажав истото како тебе,дека оваа био храна која се нуди на пазарот според мене е со сомнителен квалитет-што значи дека коментирап исто како и и мене,тврдиш дека тие од виталиа и слични на нив не се квалитетни онака како се претставени. Зошто веднаш рипате на секој ваш поразличен пост и мислење и мислите дека секој друг кој не размислува како вас е разсположен за кавга? А каде јас спомнав смоки,чипс и чоколада?
Ќерка ми сеуште пие само млекце и тоа наводно хип комбиотик кое треба да биде квалитетно на чие паковање стојат сите дрн дрн добри состојки како пробиотик , па како нема генетски модифицирани супстанции исл па ќерка ми не извади една добра столица оттогаш не бројам колкупат исе искака смрдливо и зелено и единствено затоа што не сакам д аодам контра педијатарот и стравот од алергија сеуште го пие тоа млеко ако дојдат алерголошките негативно ова т.н органско ад оди во корпа истата секунда . Се хранам здраво со тоа што купувам од продавници не од пазар имам шубе а инервоза ме фаќа да одам на пазар ама си дозволувам ичоколадо понекогаш и пржени компири . Колку за информација за мене ме хранеле здраво се до 11 тат акога сама се фрлив на хамбургерите тоа траеше 2 години ипотоа си се вратив на старо и не жалам за тоа. Колку з аспоредба маж ми е растен во село каде се било нивно прозиводство до 20 тата не органско ама домашно па е секој ден болен . Сакам да кажам исхраната има влијание тоа не е спорно АМА ГЕНИТЕ СЕ ОСНОВАТА дома сите таму имаат слаб имунитет