^Да, ги прочитав и тој беше мојот заклучок, затоа што таков ви е ставот, контаршки, не знаете убаво и културно да си го кажите мислењето како теси еве на пример, па ти си доктор треба да имаш многу умерен пристап.И добро кажа бисвитер контрадикторна си. Виталија нигде не пишува дека е 100% органска, него здрава храна, а голем дел од производите не си(но некој ги меша овие поими и се лаже по нив) моментално донеле некои производи кои се 100% органски. И те молам повеке не ми реплицирај, освен ако немаш да кажеш нешто суштниски поврзано со темава како тоа што те прашав во врска со болестите и исхраната. ____________________________________________________________________________________________ Pepus биди сигурна дека во продавниците има поНЕквалитетни овошја и зеленчук од пазар. А керкати нема добра столица бидејки пие АД млеко, да пие мајчино или козјо или во краен случај лешниково,бадемово, оризово можеби друга би била ситуацијата. И да во право си основата е во гените, но ние ако не ја подржиме со здрави животни навики ништо не правиме
Не мора да е органско за да е здраво. Има еден куп научни тврдења дека многу од прозводите кои се наводно органски имаат исти нутритивни вредности како и оние неорганските,а хемиските ѓубрива кои им се додаваат речиси и да ги снемува по одредена фаза од зреењето. А плус и органските имаат одредено ниво на толеранција кое подразбира употреба на пестициди и хемии,така што... вака-така исто ви се фаќа. Ама тука подразбирам сепак, одгледани на почва,а не оние у Кина у вазни,му го гледаш коренот црпи кој знае што,земја не видело,не па сонце,оп јаболче,убавко големко со некој силен мирис и никаков вкус или лубеница бабачко и тоа у форма на квадрат... Ова можеби е поважно за луѓе кои живеат на места како Битерсвит, каде има и помасовни производства, голема конкуренција и развиено земјоделие во кое се вложува многу ресурси,но не толку наклонети природни услови,па се користи техника и технологија за да се произведе нешто што не може природата со мала помош од човекот. Но,во Македонија можеме да бидеме среќни, зошто ем не е толкав пазарот, не ни ги прифаќаат земјоделските и зеленчуковите производи за извоз или бар не секаде,според бариерите кои ги наметнуваат земјите од ЕУ,не па подалеку зошто се расипливи нели,а друго е што сме сиромашна земја, субвенциите секако не се потрошени за пестициди и хемиски ѓубрива,туку на друго. Така што бидете си мирни и купувајте си само наше. Ама најсигурни,ако си имате дворче...направете си бавчичка...Сериозно. Ние си имаме бавчичка. Моите кога си одгледаа домати, секој ден им се радуваа,пиперчиња,краставичиња,од се по нешто,цело лето, секој ден свежо, само со шталско ѓубриво и водичка. Рај. Еве и зачини во саксии имаме дома. Ако ви е битно да сте на сигурно, на 10 квадрати задскриени некаде во дворот,па ни толку,од се по нешто може да се насади,не е проблем,а расад за се има секоја пролет на пазарите. Оно знам зафатеност и све тоа,познато ми е,ама кој бил дома пуштил цревото да се наводни,со се тревникот, нешто многу работа не бара,а башка ако имате изговори зошто не сте физички активни и напнати, татко ми го вика ова природен начин за смирување нерви и физичка активност. Ама моментот кинење доматче директно од дворче и пуштаат листенцата такво гадно-убаво мирисче, го гледаш доматчево ќе вресне од сочност,свежо.А башка одржување на бавчичката е едно од активностите кои може да се прават во друштво на децата и фул забава. Јас само тука да се замешам,другото не ми е познато,а башка не познавам родител кој ја добил оваа битка. Сите сакаат чоколади и сите сакаат помфрит и пица,чипсови... дур се дома, арно,ама кога почнуваат по градинки,да се мешаат со деца,па виделе од едно од друго,пишо пропало. А па тек кога ќе дојде џепарацот... луѓе мои,јас се сеќавам дека имаше мода кога сите лижеа Степ лајт у школо...чиста хемија,дома кои караници биле...ама ај, сите тоа го прават. Некои грди смокишта со вкус на пица, ти ги јадеш ли јадеш,ко да ти е последно. А дома не сакав ни да чујам за јадење,бев 300 грама жива мера... неухранета... ме хранеа со оризова вода и варена пченка за да ме доранат,а единствено тоа го сакав,манџи, зеленчуци,врагови не доаѓаа во предвид. Ја замубаетував баба ми и и наоѓав работа,а јас џвакав и плукав позади маса и криев по фиоки цели тањири,кога ќе видеа,нервози...ама затоа смоки и слични глупости,душа моја. Ама па, пржени органски пиперки со јајца,не е баш здрава храна,не? Здравата храна се здрави комбинации у секој случај,се комплет најдобро. Нашите производи сега за сега се добра гаранција,а и нема да се смени тоа во догледно време,дур сме вака сиромашна државичка. Ова не беше пост баш за деца само,туку воопшто за исхранава,ама па здрави родители,здрави деца и све така тоа,овај нали...сите се важи во семејството.
Мене како родител должност ми е да се грижам за правилниот раст и развој на моите деца. Кога беа мали готвев посебно за нив,се гледав да е свежо,тазе...без сол,зачини,со најразновиден зеленчук, чорби. Сега се поголеми,ученици се веќе,и јадат она што дома секојдневно го готвам.Неизоставен дел ми е свежо исцеден овошен сок сабајле,пред да тргнат на училиште.И за на школо им праќам по една овошка.Дома секогаш јадат готвени манџи,салати,попладне овошје,АМА моите многу сакаат благо.Чоколадите од пакетчињата им ги давам дозирано,по еден ред после ручек.Ако отидат кај баба(и нејзе сум и рекла,само еден ред)и таму ќе поткаснат.Потоа пак овошје или некој домашен колач.И за вечера најчесто житарици. Е сега ,како и сите така и моите деца сакаат пица,Мекдоналдс,гиро итн...Тоа се јаде многу ретко,Мекдоналдс на родендени,пица јас им подготвувам. За квалитетот на месото прилично сум сигурна,земаме домашно,пилешко купуваме,ама па и најмалку го готвам. Овошје и зеленчук од пазар редовно купувам.Во лето домати,цреши,кајсии,калинки,сливи, имаме домашни,од бавчата на баба ми.Исто така мајка ми прави домашно доматно пире-салца,на кое не му додава баш ништо и него го конзумираме преку цела година.Многу сакаат и домашни џемови,мармалади за со палачинки. Сега почнав и редовно кафеав шеќер да користам. Додека се мали исхраната зависи целосно од тоа што мајката го спрема. На училиште за квалитетот на храната нема да коментирам.Јадат пире од ќесичка,јадат пудинг за ужинка,јадат маргарин и чај(незнам каков)скоро секое утро,јадат рибини филети поховани,кои имаат само некои 40%риба во себе,другото се емулгатори,соја...И кобасици со гравот.Ова е пет дена во неделата.И се соочувам со уште нешто.Ми бараат за ужинка да и дадам кроасан,чипс или смоки.Другите деца носеле.Од тоа не отстапувам.Банана или мандарина најчесто им пакувам. За градинката,мислам дека храната беше поквалитетна за нијанса. Е сега,мамички,децата се ќе пробаат и се ќе вкусат,така детето целосно не може да се заштити од конзерванси,вештачки засладувачи,бои,ароми. Се тоа ќе се проба,ама колку покасно тоа подобро. И нашто поднебје мислам дека има релативно здрава храна,далеку од органска за која треба посебни прописи.Телето да е чувано во еколошки чиста средина,да пие вода која не е хемиски прочистена,тревата која ја пасе да нема вештачки ѓубрива и ред други регулативи кои за да се применат кај нас треба многу време.
Лилитка ти завидувам мила на дворот се ставам во список да не снабдуваш со органска храна Све би дала да можам у скоро време да си остварам нешто слично на товоето,нема поубаво од тоа сам да си произведуваш колку за своја душа,дури и планираме со мм да си направиме едно мало дворче покрај зеленчук и овошки и по некоја мисрка,патка,зајче и за деца рај и за нас. Тука во зградиве сме заробени во секој поглед. Што му фали на Др.Угриновски? Само човек да има воља и малку во џебот ама ние сите сакаме да се вгнездиме во Скопје па Тинекс да ни биде до газот,да сме 10 мин до работа ама и да се храниме здраво.Баш напротив не сме привилегирани воопшто, туку сме робови на денешницата кои сите живееме програмирано сакале или не. Еве баш ќе ви наведам пример, на маж ми роднините се од беровско село кое е навистна прекрасно,денес има се помалку луѓе кои останале да живеат дури и оние кои се сеуште таму несакаат да произведуваат а имаат каде,површина колку ти душа сака ама пусти ќејф сакаат да бидат дел од градското сивило и загаденост и се би дале да дојдат во Скопје и да си пазарат во Веро,Тинекс итн.И да напоменам да не бидам погрешно сватена, сите се вработени добро ситуирани, работат во Берово ама земјата им стои така,немаат желба за работа и се склони да купуваат готово. И не се согласувам воопшто дека во Македонија неможе да се произведува здраво како што некој погоре напишал иако денеска е потешко него ли порано кога воопшто не се прскало се пестициди и слични гнасотии.На пазар или од селскиве луѓе можеш ако се потрудиш да најдеш не прскано. Е сега за месо е малку потешко зошто незнаеш и тоа како е хрането, а па да не зборам за ова што го продаваат во продавница полно со антибиотици и којзна со што ти не е хрането и самото тоа кога ќе го обариш почнува да испушта пења ние ретко кога го јадеме,дури и размислуваме да го отфрлиме од исхрана. А да не зборам за салами,кобасици,виршли,паштети тоа дома не купуваме( среќа имам разумен маж кој не е подложен на тоа дека неможеш од се да се пазиш па се подржуваме во тој дел ), не сега туку и кога бев дете татко ми дома не даваше тоа да се јаде, ниту пак газирано да се пие,живеев тогаш во куќа па имавме можност дома да си правиме наш сок,зимница и ретко што купувавме а за месо земавме од роднина кој за своја душа си чуваше па ние земавме од кај него свежо месо и само на ова ќе се надоврзам и ќе кажам дека секако дека битно каква навика ќе стекнеш како дете понатака и ќе ја применуваш. Иако денес е имам поинакво размислување за месото,замислете што се притртпува животното кога го колат,било кое да е.Надбубрежните жлезди произведуваат толку многу адреналин,што месото од животното е потполно "намокрено" ,така останува и кога се јаде.Кога ги носат на клање животните знаат што ги чека,обземени се со посебен страв.Крвотокот и мускулите им се полни со адреналински отров,нападнати од бактерии при распаѓање.Кој би посакал да јаде "мртва ствар" (така да ја наречам ) полна со бактерии која секоја минута се повеќе се распаѓа,а сите аминокиселини и се уништуваат при готвење?! Ова ми го обајасни стручно лице и отогаш размислувам поинаку за месото. И Извинете за објасувањево немав намера никого да навредам! Среќа и малата не ми е месарка па кај и да е, да ни помине роденденот ќе го отфрлиме скроз,така ми е во план (ова кога велам роденденот мислам на гостиве што ќе ми дојдат сите ми се месари и потесен круг на фамилија па на нив им е незамисливо да нема месо) . Што се однесува до емулгатори,доста читам на производот и ако содржи било што не го купувам. Смоки,моки и слични грицки не купуваме, знам пуканки да испукам да купиме бадемчиња,оревчиња... ама затоа ни е пасија благото тешко од тоа да се одвикнеме.По потрага сум по квалитетен мед ама навистина мед иако многу е тешко денес да снабдиш вистински мед и ако некоја набавува од проверени пчелари би ја замолила да пише Многу ми паѓа мака кога ќе помислам дека од пролет ќе мораме да ја запишеме малата во градинка а таму се знае што не чека.И неможеш да се допазиш колку и да сакаш. Но битна е навиката. За среќа моја што јадеме ние и она си јаде па немам проблеми околу молење.Најголемиот страв ми Гмо што веќе незнаеш што јадеш, на балканот веќе одамна е проширен а ако погледнете на доста производи на виталија на позади во состоавот им пишува модифициран скроб,и јас како и многу други тука имам негативно мислење за Виталија кои воедно се прекупувачи и само ја препакуваат храната и штанцаат 100% органски, ама затоа ако позади прочиташ ќе се предомислиш зошто тоа е само варка,како и многу други на пазарот. Не наседнувам на она органски ама воопшто зошто нема никаков печат ниту пак одобрение кое е сертифицирано. За лебот летоска се снабдив со пекач и сама дома си правам леб,зошто купечкиов е жив отров како су можела да шекам до сега нема подобра инвестиција дефинитивно :up: Гледаме дома да конзумираме доста овошје кое претходно го потопувам во алкохолен оцет да остане минимум пола саат па го лупам. Можам само да кажам дека до сега не сум имала сериозни здравствени проблемни како и малата која е исклучиво здраво дете дали 2 пати до сега има фатено мала настинка,имунитетот и е добар и отпорен,не сме имале никаква алергија ,фала Богу! Ида не должам многу само ќе кажам дека секоја мајка му мисли добро на своето дете,но не секогаш треба да контрираме и да паметуваме ако нешто не знаеме нема да ни падне капата од глаа ако се посоветуваме со некоја искусна членка,па и затоа е отворена темава да споделуваме искустава а не меѓусебно се препукуваме!
Мама25 ме погоди со муабетов ,и јас пред да се омажам живеев на село и да и јас и многу други копнеевме за тоа да ни биде работата на 1о мин од дома и се друго останато, а сега се би дала уште еднаш да го почувствувам мирисот на мојата градина која изобилуваше со скоро сите овошја што успеваат на ова поднебје благодарение на моите јас и сестра ми се храневме многу здраво, кога се омажив ми се смееја не знаев што е врат а што печеница ,ама за моја срека јадевме се ама баш се од наше домашно производство,непрскано,полевано со бунарска вода ,домашен сок ,компоти, домашни кокошки и јајца што немаат никаква врска сега со купечкиве , не знаевме што е сок тетрапак(демек 100%природен) и немаше потреба не пиевме газирано , не манипулираше никој со медот како сега се има во теглите само мед не , исто беше и со зеленчукот ,тој мирис ми е уште под нос на свежо скината јаболка ,или зрел домат а сега кога ке ги купам на пазар како прво немаат мирис а за вкусот да не зборувам ,која е разликата од тоа што го јадев јас и тоа што сега можам да и го понудам на керка ми само и времињата се сменети ,сега кга ке отидам во село гледам дека во секоја бавча никнале фолии ,а тогаш немаше ниту една ,ги прашувам лугето зошто ? велат дека сега ако не го прскаат не го бива посебно зеленчукот па дури и оној што им е за домашна употреба ,прскаат буквално се ,од марули до домати, поради наглите промени во температурата не им успева ништо што е надвор од фолија, навиките за здрава храна ми останаа ,и сега не јадеме конзервирано и сувомесно ,исто е со керка ми ,дома не и нудам такво нешто а по родендени и гости ке проба и останува на тоа , сега се тешам со мојава мини градина садиме колку за неа и не прскаме ,а месото скоро и да почнавме да го исфрламе од употреба , толку можеме да си дозволиме ,и сигурна сум дека секој родител кога би имал можност би му давал на своето дете природно и здраво
Што ќе кажете за експандираната пченица со фруктоза? За некое големо чудо на ќерка ми и се допадна, па да ве прашам за мислење...Инаку сака да ја грицка а не со јогурт.
Јас сум во потрага по житарки што не содржат шеќери ама секако битно ми е производството.Инаку најдов едни во Тинекс ама да ти биле и тие српски ама тоа ми е дупли ризик после афериве со ГМО.Ако знае некоја мамичка каде има со проверен квалитет и сертификат било какви не засадени житарки нека пише.
^ Не сум проверила сега скоро барав пред едно три месеца немаше. Сигурна ли си дека има? Освен Биокулт каде може да се најде на друго место ако ти текнува?
Е да не се изјаснив ,па гранола мусли,корнфлекс ,кранчи мусли било какви од овие што ти ги набројав ама да не содржат сладила
http://www.mkd.mk/98997/svet/panika-vo- ... -somboled/ Морав да го ставам линков, со оглед на тоа што кај нас врие од српско млеко, и многумина истото го купуваат за своите деца. Исто и млекото од нашите млекари е најверојатно увезено српско млеко, нашите само го пакуваат. Страшно! Кога читам вакво нешто, мило ми е што син ми не пие млеко.
Ама гледаш дека проблемот не е во начинот на производство, туку во сточната храна, т.е. пченката со која ги хранеле кравите??? Тука веќе се јавува и друг проблем - ние увезуваме огромни количини брашно од Србија, кое завршува по пекарите насекаде. КОЈ тоа ќе го реши??
Да е само брашното и млекото... ами месото од тие животни што се хранат со таа пченка? Афлатоксините не се уништуваат со ништо, а спаѓаат во групата на најголемите отрови...
И јас вчера со мм го првевме муабетот, лебот е со адитиви, ај ќе купам машинка за правење леб, со кое брашно да го правам после лебот...да одгледувам пченица/пченка у двор па од кое семе е итн итн. Кај ни е крајот ќе се отруеме од храна. СТРАШНО.
Ма затоа ни млеко ни месо внесуваме Озбилно - пекачот ни е следно на листа, за некој ден и тој ќе го имам, па брашно ќе земам само од проверени продавници, БИО, што да е....битно стандардното нема да го купувам
И да ви кажам жени,нема пубаво од пекач ама и брашното не е сигурно 100% дали е наше,еве јас веќе од летото си правам лепче во пекач (кој патем е многу практичен и за друго тесто,ако не сте вешти во месње или сакате да го потрошите времето во нешто другу,додека тој ви го измеси ) има доста добри вариации на леб кои се каде каде повкусни од купечкиот,ние земаме тетовско брашно за кое самите тврдат дека е наше а иако и таа пченка е прскана кој знае со што ти не,ама како и да е е подобар од купечкиот кој е полн со додатни адитиви.Јас од кога го користам неможам да пробам купечки леб-мислам на вкусот а башка што го избегнувам ради тоа што го содржи,и кога одиме кај свеки на ручек си носам од нашиот Једина мана му е што додека е топол може цел да отиде ако му седнеме ... А што се однесува до зеленшукот и овошјето и тоа не е сигурно и од луѓево од село да купиш пак неможеш да бидеш сигурен какво семе им продеале и дали не е генетски модифицирано?! Ќе дојде време самите да треба да произведуваме оти навистина е толку страшно што не знаеш веке од кај да купиш и што да купиш!
одамна сакав да пишам ама викам ајде храната НЕ Е ЗДРАВА никаде ама баш никаде на светот прво колку органското кое се увезува од некаде е навистина органско зошто ? има ли на опаковката сертификат кој гарантира органско прозиводство и дали истиот тој сертификат го признава македонија ако има може да се рпифати дека е ок . Исто е и со домашните производи зеленчукот овошјето дури и луѓето за сопствена употреба ги прскаат а не па за продвање ( податок од кај мајка ми во село )кравјото млеко кое го молзат секој ден го даваат во млекара малку оставаат за нив за внуците секој втор ден ветеринарот им е во ќуки зошто затоа што необјасниво кравите се разболуваат одсточната храна која сами ја проготвуваат зошто ? Затоа што истата е прскана .Вакво млеко пие внук ми и можеби таа варијанта е и најздравата зашто малиот од битолско млеко (купуваат кога кравата е отелена ) се осипува а од одмашно кравјо не зошто затоа што има нешто и во нашите млека. и тоа е тоа јадеме не здраво колку и да сакаме да е здраво за гмо нејќам да почнувам со муабет . Пробаа кај мајка ми барем за нив да не прскаат знаете што се случи имаче едвам 10 јаболка и5 патлиџанчиња од дворот се друго пиперки и остало беше БЕЗ РОД сами ја упропастуваме земјата со тоа треба сега да живееме
Во однос на брашното јас како замена на брашно во мафини, палачинки итн користам buckwheat. Се нервирав неколку дена за преводот на buckwheat, секаде ми го превеува како леќа После видов дека се произведува во Хрватска па на превод на хрватски ми излезе хељда, па претпоставувам ако се произведува во Хрватска би требало да може да се најде и во Мк Хељда не е житно растение ама се мели во брашнеста форма (глутен фри), е најбогато растение на земјата со протеини и железо а во зрнеста форма може да се вари како ориз, овес итн. Имало масовна сеидба на хељда до 50-тите години од прошлиот век а зошто е намалено сеидбата само Господ знае кога нутриционата вредност е толку висока. Јас го открив од комшиката која е од Украина, која со јадење на хељда во зрнеста форма си го регулира шеќерот без да пие лекарства а читав и дека се намалува холестеролот. Побарајте по продавници ако има, не знам дали хељда е соодветен превод на македонски, еве како изгледа