Во контекст на муабетот за месото: Од пилешко им растат гради на деца – и во Македонија голем број деца со предвремен пубертет Во моментов се третираат четириесетина деца со вистински предвремен пубертет. Кај стотина деца годишно, повеќето девојчиња, лекарите на Клиниката за детски болести проверуваат дали има вистински предвремен пубертет. Ако го докажат, тогаш децата добиваат хормонска терапија за да се запре пубертетот. Доколку, пак, се работи за лажен, тогаш се менува нивната исхрана. Пестицидите и исхраната се најголем виновник – пишува Нова Македонија - Сметаме дека најчесто се работи за конзерванси, прехранбени хормони, кои се даваат за брзо размножување кај кокошките за побрзо да несат јајца. Некои од конзервансите што се користат во паштети или салами се исто така на естрогенска база или слични на естрогените по формула – велат лекарите. Ема има шест години. Иако уште е далеку од пубертетот, кај неа почнале да се појавуваат т.н. срамни влакненца. Испаничените родители ја однеле на Клиниката за детски болести. Тестирањата покажале дека девојчето нема вистински предвремен пубертет, туку псеудо или лажен пубертет. Откако родителите ја промениле исхраната на детето, влакненцата почнале да паѓаат. Тие во домашниот ладилник имаат сѐ помалку храна со конзерванси, а внимаваат и на пилешкото месо и на јајцата што ги купуваат. За пилешки салами, велат, воопшто не станува збор. Динстано месо наместо салама Д-р Кочова вели дека лично, по многу години работа и многу третирани деца, препорачува извесна рестрикција во однос на внесување на пилешкото месо и преработките од него. - Тоа треба барем делумно да биде од живина што не е хранета со концентрати. Можете да најдете и јајца што се поситни и не се индустриски произведени. Се претерува со пилешки салами во исхраната. Едно дете е подобро да изеде динстано месо отколку да му се даваат овие салами, за кои не сме сигурни со што се конзервирани. Македонија сѐ уште има многу места каде што се хранат со природна храна, не се употребуваат ниту пестициди – вели таа. Децата со предвремен пубертет остануваат ниски, имаат и либидо Пубертетот кај децата може да се јави во кое било време. Денес, кај девојчињата пубертетот почнува по 8-та година. Тоа значи дека е нормално да се појават гради по осмата година. Ако тоа се развива брзо меѓу осмата и деветтата година, тогаш велиме дека се работи за ран пубертет. Сѐ што е по осмата година не нѐ загрижува многу. По 11-та година кај девојчињата сметаме дека е нормално да почне првото крвавење – менструација. Значи, кога ќе се појават гради, потоа се појавуваат влакненца, па девојчињата добиваат менструација – објаснува д-р Кочова.
Задолжително да се прочита!!! Па колку се здрави некои од млечните производи... Значи, дефинитивно преку храната не трујат! Само сопствено производство му е мајката... П.С. Битерсвит, има тука хељда, сум користела хељдино брашно за лепче, мајка ми не знам од каде ја имаше купено. Убаво ме потсети да побарам низ Скопјево, сигурно има
Брашно од Хељда има во Бисер трговскиот има нова продавница за здрава храна до Пеко продавницата,јас баш прашував за сурутка во прав ја има и нејзе ако на некој му е потребна .
Лелеее Јас маргарин, паштети и виршли ни јадам ни на деца давам, ама затоа ќерка ми е порасната на зденка И ова афериве со млечната индустрија ме утепаа деновиве, моиве многу пијат млеко. Кај да барам па сега домашни млечни производи?!?
Земав кашички на Хипп и Фрутек, претежно ги користам на Хипп, односно само нивните досега, но земав на Фрутек , зошто на Хипп не најдов само од банана. Е сега, денес демек ќе и ја давам кашичката од банана, ја отворив и некако беше многу по различна од кашичките на Хипп, оваа беше целата како желе, а другите си се нормални течни. Ја пробав и имаше некој киселкаст вкус. Претпоставив дека нешто не е во ред, не ми беше логично банана да е киселка. Рокот не е поминет, но не ја дадов таа кашичка, отворив на Хипп од боровинка и јаболка. Инаку дома ги чувам на собна температура додека да ги отворам, а потоа во фрижидер. Ме интересира вашето искуство во однос на Фрутек и Хипп, кои ви се подобри. Јас засега сум презадоволна од Хипп, овие другите многу вештачки изгледаат.
Хумана сите производи се екстра а мене на бебивита ми се случи со сок од кајсија и круша ми сечини дека беше рокот добар али кисел сокот ико партали да имаше и го фрлив јас на хипп или на алете нестле
Јас само на Хипп купувам, има голем избор и син ми ги јаде само нив...не знам зошто ама од Фрутек не сака. И јас ги чувам на собна температура, а по отворање во фрижидер, обично со зеленчуковите тоа бидејќи една тегличка е за два дена. Инаку престанав да му правам домашни кашички пред некој ден, едноставно сумљиви ми се пазарџииве. Ќе му давам купечки кашички, посигурни ми се, барем до 10-ти месец. А од млечните каши давам од Хумана 6+ има кекс и таа ја сака, Милупа и Хипп слива. Инаку за Нестле житарките тие се прават со млеко, па се мислам дали да земам АД. Ќе видам, ќе размислам има и друг избор.
Искрено пред некој ден гледав кашички јаболко на хип во кам (бидејќи се спремаме за вкусови) и читав состав прочитав дека се обогатени со аскорбинска киселина т.е вит Ц оваа киселина се користи како некој вид конзерванс иако воопшто не е штетна сепак очекував дека ќе нема такво нешто во теглицата
http://www.ringeraja.mk/statija/mesoto- ... _2793.html Избегавајте колку што можите повеке се од живинска исхрана,не само со афлатоксини полни со со хормони и атибиотици, ако веке сте обожавател на месо гледајте барајте проверен селски извор! Поздрав мајки!
Ехеее јавна е тајна се хормоните и антибиотиците во живината и не само во неа туку и во сувомеснатите прозивосди + нитрити во истите кои се канцерогени зборувам иза исхрана н авозрасни не мислам дека на деца се дава тоа и плус едно време имаше верување дека има антибиотици во тетрапакот јас би додала мое мислење не во тетрапакот туку во суровото млеко ако на кравата и се давани
За млекото има луѓе по селата кои чуваат крави и продаваат многу убаво и квалитетно млеко. (Дел од нив ги хранат кравите здраво, не им даваат додатоци, ги носат на пасишта, на сонце, ги молзат со апаратура, чисто и уредно и не го мешаат млекото со вода) Ние дома прашувавме, баравме, пробавме разни млека и сега веќе си имаме едно семејство од кое си земаме многу убаво млеко. Понекогаш ние одиме кај нив, или тие го носат кај нас. (Со договор). Се гледа огромна разлика со купечкото млеко. Прво по кајмакот и самата густина се гледа. Некој ќе рече дека им мирисало. Ама тоа е мирисот на правото млеко, а не на она што не научиле профитерските трговци. Затоа не ми е оправдание: што да правам, каде да најдам. Здрава храна, во нашето поднебје СЕУШТЕ ИМА, само ако човек сака да ја конзумира. (Додека имаме време по кафичиве да пиеме кафиња, имаме време да појдиме да си земиме домашно млеко)
Мајка ми е од село и таму чуваат крави ги молзат со апаратура и сигурно за мене нема д аго помешаат со вода ( ако за млекара мешаат не знам налуѓе други не даваат даваат се во млекара)а зелена трева нема да даде јако млеко така да ако имаат јако млеко кравите сигурно додаваат уште нешто макар тоа било и сено што нормално е природна храна ама шанса нема една крава да има јако млеко ако само пасе зелена трева, и таму земам повремено зашто ни кажуваат кога поминала ветеринарна контрола и им препишале антибиотик инаку кравите 3 пати годишно обавезно им се болни иако се добро чувано зашто даваат млеко на повеќе 2 внучиња плус и одма не алармираат кога да не земаме,
Грозни работи јадете секој ден – а поим немате – пердуви, мочен меур од риба, дрво !!!! Мочен меур од риба во пиво, пердуви во кифла, антидепресив во пилешкото, масло од овца во гума за џвакање, дрво во житариците, лак во бомбоните – се само дел од работите коишто секој ден ги јадеме, а немаме поим за тоа. Какви се` мистериозни супстанции, адитиви и бактерии има во храната која секојдневно ја внесуваме во нас. Ова истражување открива некои изненадувачки тајни кои ќе ви ја кренат косата на главата. Сепак, наш предлог е да не го читате овој текст доколку се подговтувате за јадење. Супстанца за зацврстување на лакот Тврдите и сјајни бомбони честопати се прават од супстанца која ја има и во лакот, а се користи за зацврстување на бомбоните и за добивање на сјајна боја иако некои бонбони се прават и од смола која ја излачуваат некои бубачки. Сепак оваа супстанца покрај тоа што ја има во лаковите и бомбоните, ја има и во некои обвивки на апчиња, кафе, грав, па дури се нанесува на јаболките и на зеленчукот за да сјаат. За да го избегнете ова не треба да јадете сјајни бомбони, а доколку овошјето премногу сјае, земете некоја крпа и под вода убаво триј те го за да се отстрани се што е на него. Флуксетин или народно кажано антидепресив во живина Лошата вест за оние кои се колнат во лековитата моќ на пилешката супа затоа што месото може да биде екстремно нездраво. Истражувачите од Универзитетот Џон Хопкинс тестираа кокошки и останати пилиња и открија дека во храна која ја јадат пилињата има огромен број адитиви, вклучувајќи ги и забранетите антибиотици, антидепресиви, лекови против алергија, арсен, кофеин, како и непотребни и опасни лекови. За да избегнете да јадете нездраво месо, најдобар начин е да отидете во некое македонско село и да си купите животинче кое е хрането со природна храна. Така ќе бидете сигурни дека не јадете ниту адитиви ниту лекови. Масло од овца во гума за џвакање Ланолин е масло кое се добива со истиснување на волната на овците со силен валјак. Овие масни секрети се користат како омекнувачи во храната, а често се користат и како основа на гумите за џвакање. Ланолинот исто така се користи како важен продукт во козметички производи за кожа и коса. Наједноставно е да не џвакате гуми, но доколку ви помага, заборавете дека во нив се користи ова масло. Струганици во житарките Остатоците од сечено дрво или струганици се основни во „растителна диета”. Целулозата обично е направена од нетоксична дрвна маса или памук. Овој евтин производ се користи во многу јадења, а целулозата која е влакнеста и поради тоа се наоѓа во толкав број „здрави” закуски и житарици. Пред да ги купите житариците проверете ги состојките кои ги содржат. Избегнувајте да купувате производи во кои има термини како микрокристална целулоза (ССК), целулоза гел и карбоксиметил целулоза. Ензими од крава во сирењето Сирењето е најчесто последниот продукт од кој се откажуваат вегетаријанците. За жал, некои сирења се се` само не се замена за протеин. Тоа е затоа што многу сирења се прават со сириште, кое содржи ензим извлечена од стомакот на новородените телињата. Сириштето се користи и како посебно сирење, кое се комбинира со уште еден ензим наречен пепсин извлечен од стомачните жлезди на свињите. Сепак, за разлика од Америка, кај нас за среќа, се уште може да се најде чисто сирење без да плашите дека ќе наидете на ензими во него. Пердуви од патка во кифла Ќе бидете шокирани кога ќе дознаете дека во обработениот леб има и пердуви од патка кои се обработени во форма на Л-цистеин, кој се користи како омекнувач на тестото за месење. Го има во кифли, тесто, леб, пити. Иако постојат и други извори на овој додаток, во 2007 година истражувањето на една непрофитна вегетаријанска група покажала дека 80 проценти од Л-цистеинот е изваден од пердуви од патка. Не мора да значи дека оваа состојка ќе ја најдете на етикетите. Па доколу навистина ве интересира може да го прашате производителот или наједноставно ви е да си купите апарат за правење леб и сами да одберете кои состојки ќе ги ставите и што ќе јадете. Мочен меур од риба во пиво Во процесот на подготовка на некои пива се користи и колаген наречен желатин, кој е направен од мочниот меур на рибите. Желатинот и купчиња со квасец со пиво тонат на дното, се раствораат и го прават пивото посветло. Бидејќи желатинот се комбинира со пепел, дали има или нема мочен меур од риба не може да се открие во финалниот производ. Но, ако сте се уште несигурни купете си вегетаријанско пиво. Сепак, на овие подрачја на мажите не им значи многу дали има или нема мочен меур од риба во пивото, затоа што пиво си е пиво.
Незнаев каде да ги сместам производиве на Alnatura на Dm,некако не ми беа за во тема тело ,па решив тука да споделам искуство пошто спаѓаат во здрава исхрана. Случајно ги начекав некои прозводи на акција па се снабдив иако цените им се доста солени,и знам дека секој не секогаш може да си дозволи да купи здрава и биолошка храна.Но ако често сте на поминување пратете ги акциите моше да се начека да се купи и по нормална сума.Само незнам сеуште зошто ги нема сите производи како во Хрватска,Србија,Германија...Јас сум одушевена и од вкус и од квалитет.Со оглед на тоа дека многу работи имаме исфрлено од исхрана не ми е проблем месешно да одвојам на нивниве производи еве за почеток што земав Пудинг од ванила кој е чист секако без додатоци Гриз си правам кнедли за супа од него а и малата ми го сака некогаш како десерт Ванилин шеќер ( која нема никакаква сличност со ванила од било кој др производител на пазарот) Шпагети Овесно млеко Шеќер без генетска модификација (го земавме пробно да видиме каков е) и многу се разликува и по боја и по вкус и не е рафиниран Житарици кои се без шеќер и се секако биолошки одгледани,а за фкусот нема што да се објаснува На цените и не се сеќавам многу нешто што ме држи памтење е дека шпагетите на акција беа 51 ден. што е дури и нормално зошто во маркетие италијански шпагети има и по повисоки цени,гриз 81 ден,пудингот 21 ден. млеко околу 90 ден, ванилин шеќер околу 61 денар 4 пакетчиња, толку ми текнува Еве и по некое сликче