Expert, не верувам дека е ова шпекулација. Јас не познавам никој како тебе, 100% уверен во тоа дека ништо не е штетно. Ти изгледа живееш во некој поинаков, розов свет. Инаку, HACCP и HALAL системите не се ништо друго освен начин за укинување на малите земјоделци и приватното производство на храна, со што се наметнува потребата од ГМО семиња и слични продукти кои, наводно, се забранети со закон. Прашање е - колку тој закон на хартија се почитува и во теорија? Ти велам, а и многу други ти го кажаа истото, извади ги тие розови очила и не верувај слепо на се што ќе кажат фармацевтските, медицинските и прехранбените гиганти. Затоа што ова денес што се случува, не е во ред. Дефинитивно е јасно дека се оди кон геноцид на човечката популација на секој можен начин, храната е само еден од начините.
Ова е домот на David Gilmour, на Фиџи Го нарекол Sega na Leqa, што значи „Без грижи“, и е само со една спална. Еден од најбогатите луѓе решил својот живот да го помине на овој приватен остров, на кој изградиле еколошка куќа која не може ништо да ја сруши (страв од елементарни непогоди), а на поголемиот дел од останата земја си направиле ОРГАНСКА бавча. Ете така...тој и жена му (а може и им плаќаат на некои дечиња на Фиџи) си одгледуваат СВОЈА ХРАНА, нагласено ОРГАНСКА, со уште поголем акцент на „органскиот ѓумбир“ и „органско масло од ловоров лист“, за кои вели: Сигурен сум дека се причините поради кои сме вака витални. Ете и да лажат дека тоа се причините зошто се така. Ете и 20 пластични операции да направиле. Фактот дека човекот кој може да живее и на месечината, ако сака, одбира да живее на пуст остров, незагаден, без допир на цивилизација, со СВОЕ производство на храна, ме замислува. Ме замислува до степен на фрустрација, зошто станувам се` посвесна дека парите денес буквално ти купуваат здравје преку храната. Повеќе не е луксуз огромна куќа, за комшиите да ти се восхитуваат....чистиот и незагаден живот е правиот луксуз. И додека нас ни перат мозоци, не трујат со генерации, ги полнат болниците и лабораториите со нови болести, тие се враќаат на примитивниот начин на живот, по фарми, приватни острови, со своја храна и своја вода. Искрено, не ве замислува барем на момент тоа? И ГМО добро? Кој мисли дека е добро нека повели и нека си јаде се` слободно.
^ А сепак, мнозинството се одлучува да живее во град, по можност Скопје, селата остануваат празни, земјата необработена, сточарството изумира, се храниме од увоз, прашоци и вештачка храна. Кога купувате грав проверете точно од каде доаѓа. Сите велат дека е тетовски, а всушност се од Таџикистан и некои такви леви држави. На полиците повеќе има српско млеко отколку наше. Луѓето се повеќе се стремат на брз живот, брза храна, многу работа и брзо задоволство. Не ни треба остров за да живеме здраво, кај нас има еден куп села, било планински или приградски, каде има почист воздух и повеќе опции за да одгледаме сами за себе здрава храна.
Точно, има и кај нас села и можности и никој не не спречува да живееме таков примитивен живот на фарма „како од соништата“. Дури и се даваат субвенции во цела Европа, ама тешко кој ќе се откаже од креветот за да копа на нивата и (како што викаше баба ми) да го испоти газот . Очигледно одморениот живот во урбани градови има повеќе предности отколку негативни страни. Некако ми изгледаат лицемерно сите тие непотребни коментари од типот: „ни перат мозоци, не трујат со генерации, ги полнат болниците и лабораториите со нови болести“. Кога моментално имаме најдобри услови за живот во целото постоење човештвото. Тоа што имаме многу работи кои не ни се во нашиот досег на контрола е друга работа и е целосно филозофско прашање. Ама и добар дел од тие работи може да се решат со одгледување на својата храна, ама тоа бара живот во изолација од модерните текови. @Annath Моите ставови не се резултат на 100% доверба во официјалните инстанци, туку како резултат на скептицизам и на скептицизмот. Има премногу области во кои не можеме да бидеме експерти, и тоа е причината секојдневно да сме во потрога по одговори. На ова не му е местото тука, дајте линк од некоја друга тема каде се обработуваат овие прашања.
Аххх, одморен.....во што? Во секојдневниот стрес? Во ненормалните барања на работа, заради кои немаш мир ни ден ни ноќ? Заради депресиите во кои ги фрлаат луѓето со високите критериуми и намаленото време за фамилијата, кое пак резултира со дисфункциналност и девијантни однесувања? Заради „големиот обем на работа“ поради кој мајките се враќаат од породилно после само 2-3-4 месеца, а децата им ги гледаат или дадилки, или влегуваат во системот уште од јасли? И нормално, без време и можност за доење, пазарот на вештачки млека расте. Паметно Се креираат „потреби“ - од дополнителни часови, од дополнителни „знаења“, од колективни „дружби и забави“. Колку повеќе ги следиме, толку повеќе навлегуваме во тој круг. Да се разбереме, не сметам дека ова е лошо, ама тоа е начинот на кој не` „врзуваат“ во градовите од раѓање, и заминувањето од нив станува се` потешко. ЗАТОА реков дека ме фрустрира ситуацијата. Ме фрустрира зошто знам што сакам за ќерка ми, ама од Х причини во моментов не можам да го остварам, зошто сме врзани за работите како извори на прилив. И се` така во круг..... И да, само да ја направиме куќата - сопственото производство ми е ПРВО на листата, а до тогаш ќе го користам туѓото домашно колку можам. И нема ништо лицемерно во „ни перат мозоци, не трујат со генерации, ги полнат болниците и лабораториите со нови болести“ кога тоа го докажуваат доктори и научници, тоа не е само моја лична констатација. Условите на живот немаат никаква врска со новосоздадените вируси за кои „толку напредната медицина“ се` уште нема лекови, играњето со генетските материјали, епидемиите со вируси кои никнуваат баш од тие лаборатории, чувањето на истите како биолошко оружје. Еве еден пример за нивните експерименти Мислевте дека ГМО храната е лоша – епа сега стигна и NanoTech храната Спојлер Со нанотехнологијата може да измериме милијардити дел од метар, опфаќајќи ги сите аспекти од животот, од храна до медицина, облека до вселената. Замислете стотици микрокомпјутери сместени на врвот на вашите влакна и секој програмиран со специфична задача. Инжинерингот на молекуларно ниво е сонот на голем број на корпорации, нешто кое што во блиска иднина би можел да се оствари, сепак голем број на студии покажале дека нано-честичките, внатре во вашето тело се поврзани со голем број на здраствени проблеми. И покрај големиот број на прибирање на токсиколошки информации, нанотехнологијата значително може да предизвика и оштетувања на мозокот и затоа треба да се подложи на целосна проценка на сигурноста. Можно е наночестичките да се лизгаат низ нашата кожа, да укажат на потенцијална неприродна интеракција со имунолошкиот систем, или кога микро честичките ќе влезат во протокот на крвта. Некои креми за сончање на пример имаат наночестички кои би можеле да навлезат во кожата, да се движат меѓу органите со непознати последици по нашето здравје. FDA има направено неколку регулативи што се однесува до наночестичките во козметиката. Регулаторите предлагаат да прехранбените компании кои сакаат да ги користат малите Инжинеринг честички во нивните пакувања, ќе бидат подложни на дополнителни тестирања на податоците за да ги прикажат нивните производи како безбедни. Прехранбената и Лекарската администрација издаде пробни насоки за прехранбените и козметичките компании кои се заинтересирани за користењето на наночестичките кои се мерат во милијардити дел од метар. Нано материјалите генерално се помали од 100 нанометри во дијаметар. За споредба, листот хартија има дебелина од 100,000 нанометри. Човечкото влакно пак е дебело 80,000 нанометри. Томас Фаунц од Австралискиот Национален универзитет, кој направил истражување, изјави дека наночестичките имаат капациетет да ги оштетат живите клетки и дека поради тоа мора да се зајакнат безбедносните мерки кон производителите. Во 2005 година, консултантската група на глобални лидери во про-нанотехнологијата, Халмут Кајзер, изјави дека околу 300 нано-прехранбени производи се достапни на пазарот низ целиот свет, а во тој период самиот пазар во САД вредеше околу 5,4 билиони долари. До 2015 година тие предупредуваат дека нанотехнологијата ќе се користи во 40% од прехранбената идустрија. Според овие консултанти од 2040 година, Нано производената храна ќе има правилен прехранбен состав, одржлив вкус и текстура на органски произведена храна и ќе биде вообичаена норма за многубројната популација низ целиот свет. Јасно е дека нанотехнологијата е веќе во храната и во некои козметички производи вклучително и во кремите за сончање и против брчки. Пакувањата со вакви производи се невидливи за голо око, некои пак се невидливи и под микроскоп, но истите содржат бар кодови кои што го подобруваат вкусот на храната. Производителите се возбудени поради достапноста на храната и фактот дека нема повеќе да бидт погодени од ограничените ресурси, лошите временски прилики и намалувањето на културите, проблемите со достапноста на водата и др. Ова претставува модерен начин за да се прехрани светот. Не очекувајте информации на етикетите на производите за наночестичките. Иако на пазарот компаниите се возбудени за да ги претстават придобивките, од на пример исчезнувањето на брчките, или осветлувањето на кожата, сепак овие продукти имаат и свои непознати здраствени недостатоци. Каде е јавната дебата за означување на наночестичките во вашата храна или козметика или ризиците од истата? Веројатно никаде. Политичките лидери сеуште расправаат за GMO (генетски модифицираните продукти) и нивните етикети. Дури и глувците, во голем број на студии се покажало дека можат да распознаат органска од генетско модификувана храна. Секогаш тие прво ја одбираат органската храна. Кога ќе им се дадел избор само на генетски модификуван компир, тие или го јаделе полека, или гладувале до смрт. Но, што знаат стаорците!? Значи следниот пат кога ќе се дофатите на нешто што пишува „паметно“, размислете за тоа што значи. Научете што е можно повеќе за неговиот извор и што се не има во него, за да истото го внесете во вашиот организам. Запомнете паметните микро комјутери можат да ја контролираат вашата кожа и телесни течности. И уште еден: Големите фармации почнуваат со ставање чипови во апчиња Спојлер „Proteus Biomedical of Redwood City“ од Калифорнија лицинцираше микрочип, кој што преку сензори ќе може да емитира податоци за здравјето на пациентот и преку интернет да ги испрати на докторот. Идејата за создавање на ваков микрочип е да се создадат паметни апчиња, кој ќе можат да насетат што се случува во телото на човекот и истите информации да ги испратат на лекарот на пациентот. „Новартис“ планира да започне со создавање на чипови кои што го детектираат проблемот, а потоа и ќе работат на развивање на микрочиповите за лекување на пациентот. Сето ова звучи добро на површината, но граѓаните без сомнеж имаат голем број на скептични прашања, во врска со оваа технологија. За почеток „Новартис“ очигледно не планира да спроведе клинички испитувања кои би можеле да земат во предвид прашања, поврзани со безбедноста на голтањето на микрочиповите. „Новартус“ нема намера да спроведе целосна скала на клинички испитувања за да докаже дека новиот производ работи“, известува Ројтерс. „Наместо тоа, таа има за цел да направи биоеквивалентни тестови за да покаже дека се исти како оригиналот“. Сепак се поставуваат прашањата од типот какви хемикалии или тешки метали се содржат во самите микрочипови? Истиот тој за да пренесе податоци, очигледно мора да има извор на енергија, што значи дека треба да има мала батерија или некаков вид на кондензатор. Материјалите кои се користат во кондензатори и батерии, се токсични за човековото тело и никогаш не треба да се јадат. Микрочиповите не се храна и голем е ризикот за нарушување на здравјето, особено ако се голтнат неколку во ист ден. Друга голема загриженост со ваквите микрочипови е заштитата на личните податоци. Доколку ваквите микрочипови емитуваат податоци, тогаш очигледно е дека оваа информација може да биде превземена од некакви уреди во близина, од страна на бескрупулозни поединци или организации кои би можеле да бидат подложни и на кривично дело. На пример можно е локална аптека или продавница да инсталира сигнал, микрочип детектор на влезната врата со цел да ги следи луѓето кои емитуваат лек-податоци. Тие би можеле да ги декодираат податоците и да ги искористат создавајќи генерички лекови како замена. Владини агенти можат да носат микрочипски скенери, кои можат да утврдат какви апчиња сте земале во моментов, а потоа и да ја нарушат вашата приватност преку споделувањето на податоците на други владини агенции, или може да ги продаваат надвор на трети лица или маркетинг компании. Изворот на енергија во ваквите апчиња би бил до тој степен мал, што многу лесно би се откривале или декодирале. Но, навистина страшен дел во целата приказна е тоа што ваквите микрочипови пред се се создадени за да луѓето бидат потсетени да ги земаат своите лекови. Фармацевските компании губат милијарди долари годишно од пациентите кои што ги забораваат своите апчиња. Во маркетинг бизнисот ова се нарекува „континуитет програма“, начин да се осигураш дека продажбата ќе се повтори. Во овој контекст може да се каже дека од ваквите апчиња бенефит ќе имаат фармацевските компании, но не и пациентите. Ова од друга страна може да биде и корисно за работодавците, кои сега ќе имаат начин и можност да не вработуваат луѓе кои земаат лекови. Големите коорпорации на овој начин би можеле да ги избегнат големите суми на пари, кои што им следат преку осигурувањето на нивните вработени, доколку нешто им се случи. Најстрашно е тоа што со создавањето на ваките микрочип-пилули, тие во вашето тело можат да претставуваат вистински ризик по вашето здравје, затоа што никој нема да знае на што се ќе биде подготвен „големиот брат“ да направи, со нивните нови усовршени техники и на кој начин може да ги искористи ваквите пилули во вашиот организам. Најдобар начин да се заштите е едноставно да не ги конзумирате и да се осврнете на стариот добар лековит начин, со јадење на зеленчук и пиење на овошни сокови. Или и ова се измислени приказни? Може и се, ама кога на некој му текнало да го објасни ова вака сликовито, не треба многу време и навистина да се направи
Со комбинација на загадена вода и храна ја стерилизираат популацијата на земјата Спојлер Ова е контроверзен прилог на Алекс Џонс, во кој се разоткриени плановите на светската влада и нивната намера за труење на храната и водата, со цел да се намали населението. Од сите информации собрани во текот на годините на ова истражување, ова се најважните. Од вас цело време затскриени. Ова е најголемата тајна која сега ќе излезе на виделина. Поседувам стотина владини документи, кои последните осумдесет години докажуваат за труењето на храната и водата, како популацијата би се разболела и стерилизирала. Се е објаеснето во книгата „Еконаука“ која ја напишал експертот од Белата Куќа, Џон П. Холдерн. Се зборува за планетарната полициска држава, која ќе изврши стерилизација, како и комбинирање на водата и храната поради стерилизирање на луѓето. Ова го напишал неколку години пред да дојде на позицијата во Белата куќа во кабинетот за наука и технологија. Не сите намирници се штетни, но повеќето содржат состојки, штетни хемикалии кои се додадени, а се отровни и штетни по здравјето. Тие тоа го знаеле цело време и го одобриле за употреба. Ќе почнеме со аспартам Повеќе не можете да отидете во продавница и да купите мастика, а истата да не содржи аспартам како додаток. 70-те години Сеарл, се обидел да добие одобрување, но безуспешно. Биле потребни три обиди, затоа што во нивното истражување спроведено на мајмуни, повеќето од тестираните субјекти умреле од рак. ЕУ направила истражувања и добила резултати за децата родени со премала тежина, прерано породување, кај оние жени кои пиеле пијалоци на база аспартам како на пример „Зеро-Кола“. Што е аспартам? Тоа е фекален отпад Екола бактерија. Тој е генетски модифициран, нахранет со токсичен отпад. Има до толку многу нус-појави што просто е необјасниво. Се е однапред испланирано. Низ сето тоа се создава и зависноста. Но, ајде да позборуваме за Мекдоналдс и неговото пилешко месо Chicken McNuggets. Пред 10 години читав во нив, како и во многу други прехрамбени продукти се наоѓа додавал еден вид на пластика слична на силикон (dimethyl Polysiloxane). Додавањето на овој адитив е илегален во сите овие останати земји во светот, но не и во САД. Тајната во тоа е што ова е испланирано од страна на FDA (службата за контрола на храна и лекови). Погледнете само кои лекови се одобруваат, а истите предизвикуваат срцеви удари и рак. Откако јавноста била запозната со ова, признале дека количината од 1:1000000 натриум флорид, двојно го зголемува ризикот за рак на коските кај децата и мажите. Одговорот на владините корпорации бил не само да се додаде во водата, туку и во илјадниците други производи. Почнале да додаваат и количина од 900:1,000,000 во јајцата во прав. Тоа предизвикува пад на коефициентот на интелегенцијата, го зголемува стерилитетот, а се додава и во толку многу намирници кои ги конзумираме. Да ги погледнеме генетските модифицирани организми (GMO) Дали сте знаеле дека веќе долг период, Американците се хранат со клонирани говеда, свињи, а сега се проширува и на останатите видови на животинско царство. Да го земеме лососот. Научните истражувања докажале дека врстите на ГМО лососот, е добиен со вкрстување на лосос со други животни, а кога ќе дојде до средба со природен див лосос, доаѓа до изумирање на дивиот лосос во период од 40 генерации. FDA го одобрила и ова. И го дозволила неговото пуштање во дивината… Тоа како прво не е лосос. Тоа е еден вид кој се нарекува Камир. Тоа е некаков микс, како од лабораторијата на доктор Мореауа, како од ноќна мора. Повеќе од 85% од пченката која се конзумира во САД, а која се испорачува и во Европа и Канада е ГМО. Во неа има пестициди кој дури ни инсектите не го јадат. А не го јадат затоа што умираат. Што мислите што ќе се случи со лабораториските животни и луѓето. Буквално, стотина истражувања покажуваат дека не само Монсанто, туку и други претпријатија произведуваат ГМО. Пченката е поврзана со откажување на органите на тестираните глувци, како и со масовниот стерилитет на истите животни. Тие не само што се хранети со ГМО пченка, туку и со семе од памук. Студиите во Индија, Германија и САД покажале дека семето од памук се користело како храна за кравите, кои потоа ги „побацуваат“ телињата, или телињата се закржлавени, или во многу случаи умираат при самото отелување. А што се наоѓа во поголемиот дел од процесуираната храна? Масло од ГМО семениот памук. Студијата потврдува да ГМО ги убива пчелите и пеперутките. Но, не запира се тука. Сега тврдат дека во биосферата пуштаат комарци отпорни на маларија. Генетскиот код на планетата, благо речено, уништува се и ги потхранува злите корпорации. Пред неколку години директорот на Монсанто, цитиран во „National Geographic“ изјавил дека тоа е неговата програма и дека сака преку нивните посеви и организми да ја преземат биосферата. Најголемата компанија која се занимава со генетски инжинеринг, се фокусира на осум главни видови на посеви, а сега ја прошируваат на стотини видови други билки кои го менуваат генетскиот код на планетата. Ова е генетска диктатура, вандализам… Поради тоа Рокфелер и ОН изградиле големи плантажи вооружани со стражари по целиот свет, а не само во Африка. Потоа признале дека тоа го направиле во случај да нешто тргне на лошо, дека тоа е еден вид на Ноевата арка. Сите тие лажни служби на заштита на околината, никогаш не се пожалиле поради ова, не зборуваат за вистинското уништување на околината. Они сакаат да воведат данок на CO2, кои луѓето го издишуваат, а кој билките го дишат и вршат фотосинтеза, како би ги затвориле индустриските друштва и нивното постоење, односно би ги контролорале нашите животи. Тоа е голема тајна! Тоа е програма на редукција на популацијата. Тоа е епидемија. Бројот на сперматозоидите на западниот човек, експоненцијално опаѓа. Дури и владата предвидела, дека во наредната генерација, речиси сите ќе бидат стерилни. Ова е глобалистичка религија, нивна филозофија. Тие ја сакаат планетата за себе. ОН истакнаа дека нивниот план е намалување на популацијата за 80%. Слушнавте дека Тед Тарнер луѓето ги нарече бескорисни и дека 80 % од нив треба да бидат убиени. Ја слушнавте приказната на Филип, кој изјави дека по смртта сака да се врати како вирус и да ги убие поголемиот дел од популацијата. И доктор Ерик Пианк и Петар Сингер зборуваат за масовната редукција на популацијата. Константно на вестите се зборува дека треба да имаме само едно дете, затоа што се повеќе од тоа е лошо за околината и дека намалувањето на луѓето значи и намалување на CO2. Тоа е голема тајна. Живееме под диктатура на научниците, а САД и Англија се епицентарот на се и се шират на глобално ниво. Се сеќавате на тајните експерименти, стерилизацијата во САД и Европа. Се сеќавате што направил Хитлер. Тој научил од Еугенист и Рокфелер од САД. Ова е култура на смртта наметната на вам и вашето семејство и без оглед што сметате дека светот е пренаселен, вие сте метата. Хормонот на раст во млекото ги тера вашите деца, осумгодишни девојчиња да бидат во пубертет, наместо истиот спонтано да се доживее во дванаесеттата или тринаесеттата година. Силиконот во пилешкото во Мекдоналдс, стотините видови на преработена храна, аспартамот, фекалиите ГМО, Еколата, бактериите, предизвикуваат огромен број на болести. Размислете тоа го има насекаде. Месото го прскаат со вирален спреј со цел да ги уништат бактериите во истото. Но, истото станува уште полошо. Нафтените дестилати, односно токсичниот отпад, кој настанува во рафинериите за преработката на нафтата, ја земаат со тони и тони отпад флуор, жива, олово и го посипуваат по посевите како ѓубриво. И што се случува тогаш со патлиџанот, пченката компирот? Тие ги апсорбираат сите тие токсини, а потоа вие истите ги јадете. Затоа Вашингтон Пост во 2008 година објави дека третина од популарната храна и пијалоци се загадени со жива. И покрај фактот дека Европјаните се противат на модифицираната храна истите се пренатрупани со неа. САД е тест зона. Автоматски се се одобрува, а луѓето кои работат за оваа компанија, не знаат што се случува, како ни луѓето кои ја продаваат оваа храна. Ова влијае на сите нас. Појавата на рак е во абнормален пораст, дијабетисот… Сите овие болести се поврзани со токсичните адитиви од нашата храна и вода. Биле направени илјадници интервјуа со неурохирурзи, неуролози, научници… MSG (натриум глутамат) го разорува мозокот, екситоксинот го разјадува црниот дроб, а присутен е во десетици илјади производи. Можеме да кажеме не. Ако имате сосед кој на своето дете му дава флорирана вода, ве молиме предупредете го. Ако јаде чипс со MSG адитив, предупредете го, затоа што сепак имате одговорност. Ако познавате луѓе кои се хранат со ГМО преработена храна, предупредете ги, и АМАН не ги хранете вашите деца со тоа. Ако сакате да се убиете тоа е ваше лично право, но немојте и вашите деца. ВЕ МОЛАМ немојте! Не можете да најдете ни паста за заби без натриум флуорид, а сега на етикетата дури и со јасни букви напишале, ако ја проголтате веднаш посетете лекар. Сега има паста без Натриум флорид. Луѓето не сакаат да бидат труени, сакаат да знаат што се случува, така што индустријата одговара на нивните барања, давајќи им барем избор, односно да не бидат насилно дрогирани со храна и вода. Знаете дека цигарите се штетни. Пред 20 години, повеќето работи што се додавале во храната и водата биле далеку полоши, дури и од цигарите, иако тие се едни од најголемите убијци во државата. Тоа е испланирано убивање. Едно е важно да сватите, дека најголемиот ваш убиец, е вашата продавница со прехранбени продукти, како и водата од вашите чешми. Само 20% нека е вистина, доволно е да те замисли....или можеби не?
Да, животот во град е далеку физички и психички поНЕнапорен отколку животот на село кој тука е непотребно идеализиран. Значи да не ме сфатите погрешно, ова нема врска со темава и затоа се непотребни овие одговори, ама многу ме нервираат лицемерни забелешки и затоа од почетокот и воопшто се вклучив во темата. Гледав погоре имаат пишувано за штетноста на кока колата, и верувам дека пред да го прочитаат тоа, а можеби и после, секој ден на детето му дозволуваат да пие кока кола, или секој ден го хранат со хамбургери, а тука се плашат и хистеришаат дека не труеле. Почитувам луѓе кои имаат понакви и дури и радикални мислења, ама освен што се жалат по форуми, прават нешто во врска со тоа. На пример, познавам едно семејство кое живееше во градот, ама минатото лето се вратија во селото за да работат бавча и тутун и за да живеат поздраво, ама откако видоа дека не е идеално како што мислеа, дури и пред да го завршат летото, си се вратија во градот да си живеат во станот и жената која беше иницијатор за да работат тутун заради субвенциите, си се врати на работата во текстилната фабрика. Имало стрес на животот во град? А во селото нема стрес? Дошло поплава, се разболила кравата, се појавила штетници во бавчата, заврнало дожд, мраз ги измрзнал овошките, волк ги изел овците... И да не набројувам повеќе, животот на село има далеку повеќе причини за стрес и тоа вистински реални причини. Работата во градот имала ненормални барања? А во селото работата била лесна? Работниот ден на работно место во град трае 8 часа, во селото трае 24 часа. А да не зборувам за физички напорната работа. Немало дисфункционалност и девијантни однесувања во селата? Очигледно не си била во село. Далеку се поголеми барањата и критериумите на селската работа. Ако во твојата работа имаш норма која мораш да ја извршиш, во селата таа норма е клучна дали ќе има род годината. Ако оваа недела не се ископа или изора нивата, нема да има род, ако не се фрли ѓубриво ќе пропадне родот. Мајките во работните места во градот се враќале за 2-3-4 месеци? Епа мајките во селата, ако се е во ред, се враќаат по 2-3 недели, а ако е во екот на сезоната и по 2-3 дена. А да не кажувам како било во „идеалните“ времиња пред 50тина години кога на нивата се пораѓале и веднаш продолжувале со работа. Потешко е заминувањето од град токму од причините погоре. Никој не те задржува во градот, подобрите услови за живот и работа те задржуваат. Дури и ден денес се даваат субвенции и бесплатни ниви само да се вратат во селата, ама никој не сака да го испоти газот наспроти да лежи на троседот и да си гледа телевизија. Фрустрацијата е оправдана, таа се појавува заради неможноста да се контролираат многу фактори од опкружувањето. Ама тоа е цената за живеењето на помалку безгрижен живот. Товарот ќе беше уште поголем ако моравме самите да се грижиме за тие фактори, како што се грижеле нашите предци пред 100-200-500-1000 години. Тие приказните од mkd-news навистина би сакала да коментирам, ама за жал немам време. И многу сум револтирана од тој авторот на текстовите Љубиша Владимиров за кој преведувањето на теории на заговор, без да навлезе во темата или да консултира некој релевантен извор е истражувачко новинарство. Навистина срамни текстови со дезинформации и шпекулации. Со чиста цел да бидат контроверзни и да привлечат посети на нивната страница.
Јас моето дете го хранам онака како што сметам дека треба и дека е здраво, и тука не пишувам за да го докажам тоа. Всушност, јас скоро никогаш и не кажувам како се храниме дома, зошто тоа е МОЈ личен избор и верувам дека никого не го ни интересира Не, дома немаме ниту кока кола, ниту хамбургери, ниту месо. Имам домашен леб, домашни јајца (не лично наши), прскани овошја со коприва од струшко (ова се надевам дека е вистина, зошто и дечкото истите ги користи за дома) и зеленчук од кај ќе стигнам, т.е. од каде ќе ми се види „најдобар“. Млеко не конзумираме, други млечни производи само на Зелена долина. Има назнака „ГМО фри“, колку е навистина така - само тие што ги хранеле кравите можат да знаат, ама јас гледам дека овие производи и` одговараат на ќерка ми, и не мислам да ги менувам. Барем совеста да ми е чиста. Благо правам домашно, и торти и кекси, со Мусковадо наместо бел шеќер. Правам и пити, и кифли, и се` што ќе ми текни друго, зошто барем знам што има внатре оти лично го ставам. Не можам да се заштитам од овој свет, ниту да ги променам општите услови. Јас поставувам текстови од мкдњуз зошто знам дека така повеќе ќе ги прочитаат и можеби прифатат отколку да се на спрски или англиски или монголски. Овој сајт не измислува топла вода воопшто, ниту „сензационалните натписи“ се нивни, така да нема потреба од нивна лична анализа, не е сајтот предмет на муабет во темава. Ако сметаш дека информациите не се точни, најди ми извор кој тоа ќе го негира, па ќе полемизираме. Во основа, никој никогаш не вели дека е лошо да се јаде зеленчук, овошје, да се биде на чист воздух, да се пие чиста вода. Стандард секогаш лошите муабети се вртат околу ИСТИ производи, на исти големи корпорации, кои успешно со децении избегнуваат информации околу состојките, нус ефектите, скриените шеќери, адитивите и отровите. Нели е тоа симптоматично? И на крај, јас сум малце збунета зошто стварно не знам што ти уствари сакаш да кажеш на темава....кажа против мкдњуз и Љубиша Владимиров (кој бај д веј појма немам кој е, ниту пак ме интересира искрено, зошто неговиот бекгроунд нема ништо да смени во ова море на информации на оваа тематика), кажа дека и на село е тешко (што верувам и гледам дека е така, ама она што ти го наведе јас воопшто не мислев да го правам за мојата фамилија, јас сакам селото да биде мој начин на живот, не начин на заработка) и сега? На крај - сме или не согласни со фактот дека нашите деца не се хранат здраво во денешно време?
Мислам дека на статијава тука и е место. Зар има такви што рекламата за Аргета може да ги убеди дека паштетата е здрав производ за деца? МАЈКИ ВНИМАВАЈТЕ – МАРКЕТИНШКИ БЛАМ – ПАШЕТА АРГЕТА РЕКЛАМИРААТ МАЈКИ КОИ НЕ ПОСТОЈАТ
Не можам да се согласам или да не согласам со така воопштен заклучок. Прво и не знам што подразбираме под ЗДРАВО хранење. Дали е тоа од нутристичка смисла? Никогаш во минатото не сме имале поголеми познавања за нутриционизмот и поголема разновидност во храната. Верувам дека поголемиот дел од народот, колку и да се игнорантни, сепак знаат дека разновидноста на исхраната е златното правило од нутриционистичка смисла. Дали тоа е микробиолошка смисла? Никогаш во минатото храната не била побезбедна од бактерии отколку сега. Особено со фрижидерите и контролата на произведената храна имам доверба дека поголемиот дел од она што го купувам нема да има ешерихија коли. Дури и поголема доверба имам во купената храна која се контролира. Додека, домашно прозведената храна, колку и да сум внимавала не можам да бидам сигурна дека јајцата кои ги снесила кокошката не се заразени или млекото кое сум го измолзила од кравата не можам да бидам сигурна дека нема афлатоксин. Дали е од токсиколошка и хемиска смисла? Ова е единствениот аспект кој ми побудува скептичност од модерната индустриска храна. Колку и да забрануваме, колку и да се испитувало и истражувале ефектите на разни хемикалии врз организмот, никогаш не можеме да сме сигурни какви долгорочни ефекти ќе имаат вештачките бои и вкусови, и останатите средства кои се додаваат во храната. Сепак, имам доверба дека ќе немам проблеми се додека се хранам со разновидна храна, која е широко достапна од разни извори. Поголем страв имам од храна која се продава во мали количини и не се испитува редовно, обично тоа е онаа храна која ја рекламираат како здрава храна или органска храна. Ако се појават некои нерегуларности поголема е шансата да се открие кај оваа широко достапната храна, отколку кај таа која ја купуваат само петмина во градот. Моментално единствен совет кој можам да го дадам во однос на исхраната, особено на децата, е тоа дека разновидноста на исхраната е клучна за здравјето.
Ете за ова зборував. MKD NEWS само преведуваат некои контроверзни статии за да привлечат посети на страницата. Иако јас не јадам паштети, ако каснам можеби еднаш месечно, ако нема нешто подобро за јадење, и никогаш не би дала паштета како главно јадење на дете, сепак ако би дала и ако би јадела, тоа би било аргета. Тоа што користеле слики од модели не значи ништо. Секаде се користат такви stock слики во рекламините кампањи, тоа не докажува ништо друго освен дека маркетингот е лага. Штета е ако рекламата ве убедела дела паштетите се добри за секојдневна исхрана. И сакам да прашам дали на вашите деца им давате паштети?
На тие што даваат Аргета паштета оваа кампања не им е ни потребна, а тие што не даваат - тешко дека 5 дена во спа центар ќе им го смени мислењето, кое се базира на нешто повеќе од само убав третман Секој со својот ум и желби, маркетингот секогаш има 2 страни...на крај на денот и онака не сме сигурни дали нештото сме го одбрале зошто ние сакаме или зошто сме ја изгледале рекламата над 15 пати. Секако, мајките на кои ќе им платат „кралски третман“ ќе бидат ОБВРЗАНИ да снимаат реклама во која ќе ја величат Аргетата, демек „Ние дојдовме, ги видовме условите, видовме што ставаат во неа, и јас (таа) како мајка ќе ја давам паштетата на моите деца“. Која нема трошка совест, нека оди и нека го кажува после тоа јавно....само искрено се надевам дека сегашните и идните мајки нема да паднат на таа фора.... Јас не давам, ниту јадам, ниту пак имам по дома, паштета. Сум јадела во минатото, ама откако имам дете, сменете ми се мнооооогу навики, меѓу нив и таа за паштетата п.с. Стварно мислиш дека ова мкдњуз го пронајде и откри??? Ова е голем фејл низ цел Балкан, ако дури СЕГА ова го објавува сајтов - срам да им е, нешто слабо им оди со преведување на сензационални вести
Па знам дека не го пронашле тие, затоа напишав дека тие само преведуваат сензационалистички статии. Објавено е уште пред 10 дена.
Здрава исхрана подразбира разновидна и балансирана исхрана произведена на здрав начин, без вештачки бои и ароми, без адјуванси, конзерванси и емулгатори, добиена по природен пат без присилно зреење (што значи кога е во сезона), без додаток на концентрати и вештачка храна во исхраната на животните. Јас така го подразбирам тоа. А не домати, пиперки и краставици сред зима, јаболка мачкани со восок за да изгледаат свежо, а се всушност стари една година, пилиња клукани со хормони и антибиотици за да пораснат побргу за колење и за несење јајца кои исто се богати со хормони од концентратот што им го даваат итн. И масовните производители не ти се гаранција дека се храниш здраво - и нивните производи може да бидат заразени, додуша и многу често се продаваат и со поминат рок (свежо месо со поминат рок се смрзнува и се продава понатаму). Да не зборувам за зеленчуци и овошја... За Аргетава се водеше долга дебата меѓу мајките на ФБ, и мене лично ми беше несфатливо како една мајка која знае (а знаеме сите) што навистина содржат паштетите, му дава на своето дете без трошка грижа на совест. Јас на син ми не му давам, мислам дека има многу поквалитетни работи кои може да ги јаде. И не гледам дека нешто му недостасува. И како што кажа Моира, не верувам дека 5 дена во спа центар ќе ми сменат нешто во мислењето.
Мислам дека први со информација дека е лага и превара излегоа сајтот грид. Јас го ставив во темата ,,идеи и предлози за сајтот,, со цел да се тргне рекламата ама тешко дека некој го видел. Тоа беше пред повеќе од 10 дена
И овие од mknews од порано ја имаат објавено статијата, јас денес ја видов и ја споделив, а тоа кој прв ја објавил мислам дека ни малку не е важно. Сум јадела и јас паштети, ехеее за време на мојот студентски живот којзнае колку паштети имам изедено, ама нели тогаш не сум размислувала што јадам и што пијам, имав други приоритети во животот. Ама откако останав бремена, а посебно откако на свет дојде моето сонце и те како размислувам два пати за тоа што го јадам. Не дека сум безгрешна на тоа поле, ама се трудам мојата исхрана да ја подобрам колку што можам, нели навиките тешко се искоренуваат. Се сеќавам гледав една емисија со Џејми Оливер кога отиде во едно американско гратче, на жителите да им ги промени навиките во исхраната. И во градинка на децата им покажа како се прават пилешки крокети, сите остатоци од пилето, се што можете и не можете да замислите го сомеле пред нив во блендер, им додаде зачини, и триста чуда за подобрување на вкусот, направи топчиња, ги извалка во презла и ги испржи. Додека ги подготвуваше децата правеа фаци, се мрштеа, се гадеа, ама откако ги испржи и им ги понуди, сите си ги лапнаа. Епа извлечете сами поента.
Каде да најдам свежи коприви а воедно и да не се мочкани од мачки по дворови, такви имам и јас во двор Читав дека се добри за подобрување на крвната слика на деца па сакам да и давам на ќерка ми, хемоглобинот ни е малку паднат а не би да давам сирупи не е алармантно.
На пазар или покрај река. И семе од коприва многу помага. Незнам дали и даваш мед на малата (1кг семе од коприва помешано со 1 тегла мед), ама ако не и даваш можеш да го користиш како додаток во исхрана. Исто така ќе ти помогне и цеден сок од цвекло, морков и лимон. Задолжително внесување и витамин Ц затоа што го врзува железото во организмот. Спанаќот исто така кој сега го има во изобилие. Нормално е кај сите да во пролет паѓа хемоглобинот во крвта, тоа се случува и кај нас возрасните а не само кај децата.
Мед јаде, ќе и направам ваква мешавина. Семево го има во билна аптека или по продавниците за здрава храна?