1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку здраво ги храниме нашите деца?

Дискусија во 'Бебе' започната од NoellePage, 30 јануари 2013.

  1. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Јас кога бев трудна јадев семе од коприва исто хемоглобинот ми беше паднат,и го зедов од Зегин,но бидејќи не сакам многу благо го јадев со кисело млеко или јогурт,навечер една лаж семе ставав во една чаша 200мл кисело млеко да отстои до сабајле и тоа го јадев наутро ,исто така убаво е ленено семе да се измеша заедно со копривата е сега за деца незнам од колку години се дава.
     
  2. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Мене ми донесоа од надвор од Ск, исушена спремна, а ми требаше за чај оти прочитав дека е антихистамин, па да му олеснам на мм, а делумно и на ќерка ми, со сезонскиве алергии.
    Ако најдеш, можеш и чај да и` вариш, ако не се протнува на никаков друг начин :)
     
  3. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    258.409
    Пол:
    Женски
    Јас си имав замислено да и ги спремам како спанаќ копривите ама и ова со семето ќе помине мислам.
    А за чај тешко таа работа не сме многу по пиењето :(
     
  4. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Или во пита домашна, ако јади такви работи, наместо спанаќ/блитва, исто со сирење или урда
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Еве Божице, ако решиш пита да и` правиш

    Пита од коприви

    Потребни состојки:

    •еден пакет тесто за виткање на пита

    •коприви колку ќе посакате да има во тестото

    •5 јајца

    •1 kg свежо сирење

    •1 dl минерална вода

    •1 dl масло

    Начин на подготвка:

    Копривите сварете ги, па измиксирајте ги со миксер, потоа оставете ги да се оладат. Одвојте ги жолчките од белките на јајцата. Во садот со жолчките додадете ја минералната вода, маслото, солта и свежото сирење, па промешајте. Белките посебно изматете ги и додадете ги во смесата, потоа додадете ги и копривите.

    Две од корите тесто ставете на дно од тепсија па прелијте со дел од смесата, потоа повторно ставете одозгора една кора и прелијте со смесата, па повторете го овој процес колку пати ќе биде потребно се дедека не се потроши смесата. На крај ставете повторно две кори, премачкајте со масло, и пресечете ја питата на коцки (големината на коцките вие одредете ја). Печете 35 минути на 180 степени.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ane10

    Ane10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    143
    Јас да кажам коментар ако може мое мислење за здравата исхрана,да здравата исхрана е многуу битна за организмот јас на син ми од 4 месеци кога почнав со кашички се здраво му давав овошје зеленчук јогурт житарици кисело млеко се нај нај а моето бебе постојано се разболуваше секој месец пиеше антибиотици мислам дека е и до организмот на детето моево е многу нежно такво си е без разлика на тоа каква храна јаде ете сега има 13 месеци и мед му давам и коприви и се и пак си е таков значи многу е битно и тоа организмот на детето
     
  7. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.855
    Допаѓања:
    28.509
    Овде одамна никој не пишал, а мислам дека сите се трудиме здраво да ги храниме децата, па темава заслужува поголема посета и повеќе испишани редови.

    Не дека не правам отстапки од ,,правилата,, на здрава исхрана, некогаш несвесно а некогаш и свесно, но воглавном се стремам да јаде здрава храна.
    Внимавам на редоследот на оброците (иако и овде некогаш имаме отстапки), овошен, па зелечуков па млечен, внесуваме и житарици, настојувам да пие вода почесто, да цица доволно од мене, и некогаш правиме сокче од свежо овошје и зеленчук. Не дека производите од тегла се целосно исклучени но повеќе уживам да лапка храна која јас сум ја приготвила отколку Хипп, Хумана и сл.
    Јадеме без сол и шеќер, растеме без животинско царство и смоки и се бориме со околината околу нас објаснувајќи дека не се здрави за бебушки.
    Уште кога почнавме да лапкаме цврста храна набавив намирници од наши роднини од село кои ги имаат произведено за нивна употреба а не за пазар. Тоа ми дава сигурност дека пилешкото, овошјето и зеленчукот кои од нив ги земам се здрави и добри за моето бебе. Имам во замрзнувачот овошја и зеленчук кои моментално се вклучени во исхраната на моето бебе, а исто така и многу намирници кои тек допрва ќе им дојде редот.

    Наше е да се трудме храната да биде разновидна и здрава, но колку здрава никогаш нема да знаеме. А страв ќе не фаќа секогаш кога ќе прочитиме некој текст во кој се ,,разоткриени,, тајните на некои призведувачи. Туку немаме друг избор, нешто мора да се јаде.
     
    На mal.ecka, Jagoda123, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.644
    Пол:
    Женски
    Малото тек сега почнува со исхрана.Мн ми е битно да се навикне да пие вода.Може смешно звучи ,но водата ја сметам како главен прочистувач на цел организам.На второ место ги ставам овошјето и зеленчукот ,житариците и искрено месото на крај.
    Поголемата сега влегува во период кога мн гледа од децата во школо па дома бира и бунтова.Се трудам навремено да добие доручек,ручек и вечера.Една ужина јас бирам другата како награда е нејзин избор.
    Во градина кај свекрва ми и на село имаме скоро од се домашно.Пилешко,јајца,овојше.
    Едино сум категорична кога станува збор за купена паштета.мајонез и салама.Тоа сеуште не сум и дала да јаде иако е голема.А нема да дадам ни на малото.
    И најмногу од се што сакам е кога децата седат и јадат на маса.Јадење пред тв,на тепих ,пред компјутер нема.
     
    На azelea, do-re-mi, Jagoda123 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Гледам да биде што е можно поздраво иако не можем да речам дека сме на здрава исхрана. Зборувам и за мене и мм и за децата. Се што купувам е домашно. Млеко, јајца, месо, сирење, урда... Не се сеќавам од кога не сум купила од пазар или месара. Имаме и мал простор околу куќата кој го садиме со неколку реда зеленчук. Јас многу не се разбирам од таа работа ама го вадам и успева. Не дека се занимаваме со земјоделство, ама домати, компири, пиперки, морков, спанаќ, брокула и тиквици имаме домашни.
    Салами, виршли, кашкавал, употребувам, не можам да речам не. Ама ако правам пица, тестото го спремам сама, ставам домашен кечап, ставам домашен зеленчук и на крај зачинувам со домашно јајце. Секако саламата и кашкавалот се купени ама барем другото е домашно.
    Гледам децата да јадат се и обично за ручек им спремам манџа а и задолжително имам чорба со многу зеленчук. Овошје им давам и тоа во големи количини а им давам и свежо цедени сокови.
    Сепак не ги држам на дистанца од „нездрави јадења„. Јадат чоколади а и не рето можам да ги почестам со некој прехрамбен грев
     
    На kikin му/ѝ се допаѓа ова.
  10. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.644
    Пол:
    Женски
    Стар е постот ама да можев и 100 лајка ке ти дадев.Се потрудив пред некој да објаснам нешто слично за исхраната ама ем бев исмејана ем добив епитет лажга :) Пошто нели не е можно детето да ми живее без кобасици,виршли и остали губра.Се радувам кога читам дека има мн мајки кои внимаваат на исхраната на децата.Целосно си во право и за раниот пубертет,и за дијабет што добиваат и се по ред.Само иди тоа докажи му го некому.

    И уште ова.Скоро прочитав овде дека да било тетрапак млекото штетно немало да се продава.Тоа го мислите и за цигарите,алокохолот...пошто така му доага тогаш.
    Денеска ми дојде при рака текст за тоа како вештачки се оплодуваат кравите на вештачки фарми за да се добие млеко.Се згрозив.На кравата и вбризгуваат 95 различни хормони :o
     
    На mal.ecka, Black girl, mariz и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Dalida♡

    Dalida♡ Активен член

    Се зачлени на:
    24 април 2015
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    @јоу1
    Се уште постојат мајки на кој многу тешка им паѓа темата правилно исхранување кај бебето.Мојата снаа од братучед е една од нив.Од првиот ден кога ја донесе малата дома и даде водичка да пие, ја доеше околу 2 месеца и одма по одбивањето почна да ја дохранува со паштети, смоки, и се што готвеа за нив му даваше и на бебето, им се исфрли нешто малата ја однесоа на лекар им рекле од храната е, па и се згазива од смеење на докторката.На крај си го добив и јас кога им реков дека е во право и дека не е смешно.. ме направија луда, (пошто се омажив во странство) демек ете сум почнала да се правам паметна, да солам памет, што не ми беше намерата...и на крај ми го кажаа вицот гласно и јасно да си родам едно и да си правам што сакам:sweat::x
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.061
    Допаѓања:
    66.787
    Пол:
    Женски
    Сакав да отворам тема за здравата храна и децата во денешно време, дали ние како мајки премногу се потресуваме и како тоа ќе влијае на децата во иднина, но гледам имало тема со ваков наслов, па се надевам ќе разврземе тука дискусија.

    Ја читам групата здрава храна, здрави деца и секогаш имам некоја вина дека недоволно правам.

    Јаде животинско, јаде соленки, пие сокче... Порано бев многу построга, но сега разбира, гледа други деца јадат, бара и она, како да и речам не може да земеш?

    Им велите ли вие така, ги држите ли толку строго?

    Друга работа е што не сакам да и направам проблем со храната од психолошка гледна точка, сакам да знае дека треба здраво да се храни, но не мора да има хитлеровски однос кон храната. Не е само да го нахраниме здраво детето, туку и да му создадеме здрави навики кон исхраната.

    Како вие се справувате со ова?
     
    На cresa-jagoda, kikin, azelea и 3 други им се допаѓа ова.
  13. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    @RainBow еве мое искуство до сега.
    Кога почнав со дохрана и јас се притресував, изнакупив книги апликации. Храна под "режим" во одредено време со ретки отстапки. Читав и јас и се обвинував ако и дадев купечка каша или сл.
    Треаше тоа колку треаеше некаде од 9 месец почна малата да разбира. Почна сама да си отвара уста и да шлапка со муцето кога и се јаде. Седнати да јадиме таа те гледа жално и шлапка со муцето. Ај не и дај малку. Нормално зборувам за продукти кој се прикладни за неа сигурно нема салами и сувоеснато да и дадам. Ама лепче, доматче, кифле месено домашно, овошја, зеленчук кој иако се воведват "подоцна" јас и ги давав. И не се каам воопшто.
    Сега си има три здрави оброка кој ги јади цели до крај и сум пресреќена за тоа затоа што нема нешто полошо од дете дс не ти јаде. Го сетив тоа на моја кожа недела дена, и во очај и чоколино и такви ствари купив само џа нешто да касне.
    Сега за појадок има овошна каша. Потоа и давам ужинка некое овошје пр неколку малинки, па ручек. По некое време од ручекот и давам и благо, чоколатце, киндер, крем бананче. Вечерта си има млечен оброк.

    Се надевам дека вака ќе остани ама како велат никогаш не вели никогаш.
     
    На kikin, duffi, Lolipop23 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Јас во таа групата кога ги читам некои жени си мислам "немајка" ќе сум. Не сум да се рани дете со грицки, смоки, чоколади, ама секако ќе јаде тоа порано или покасно ако не дома, по родендени, гости.
    Еднаш една мајка имаше ставено ужинка на детето - пиперка, краставиче и не знам уште што. Јас "немајка" ќе бидам. За мене ова е друг екстрем и за мои "критериуми" е "ту мач".
     
    На mssuniquee, kikin, azelea и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.687
    Допаѓања:
    5.641
    Пол:
    Женски
    У маало мое има полно дечиња , и сите се така кое со смоки , бананка итн , држев дури можев , колку и да ми беше тешко она гледа се тегне , оди до нив , они ќе и понудат дури ја тргни а последниов период допуштам поеќе и бананка и смоки и соленки се има стандарт дома ако неќе овошка и нудам тоа по потреба и пудинзи си јаде последниов месец и пол опуштена сум , пред годинка и имав дадено и смокичка и ж.царство и плазма ..
    Па до пред годинка околу 10м ( за др веќе она може се да јаде ) и само ти пикат смоки чуда пред тебе ти викаш не они накосо те гледат осуди колку сакаш , и после ги гледаш трчаат по децата со тањир да ги наранат , а зошто ? затоа што дете им станува , му даваат сладоледи , глупости секакви е тоа ми е нон сенс .. Оброк си е оброк дури не заврши и најаде не а оставам да претне или ќе си седе така , јас не се тупам секоа ден за џабе , битно ми е здравјето исхраната нејзина , цел живот е пред неа да јаде што сака , сама да зема ..

    На крај најбитно ми е тоа што си има 3 супер оброци ,од старт добро оди со нив , нормал некоаш забушава , па веќе врти глава пребира , ама не се потресувам да и дадам грицка или сокче , на нив кога ќе им дадеш такво нешто е како да си им дал кујзнае што , радости бескрај ..
     
    На kikin, azelea и mal.ecka им се допаѓа ова.
  16. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.399
    Допаѓања:
    33.692
    Пол:
    Женски
    До скоро 2 год премногу внимавав што му давам и како се храни моето дете.
    Не одев во крајности, но тежнеев да има три здрави, свежи и домашни оброци, ужинка една обавезно од овошје и една ужинка награда па сам да си бира што сака. Многу ми беше важно да се научи дека единствено најважно за неговиот организам е водата, овошјето и зеленчукот.
    Сега, за месец дена ќе полни 4 год. Зимски период, имам јас повеќе време, дома сме ппголем дел од денот и скоро се што правиме е домашно приготвено.
    Летниов период потфрлувам, признавам, ама успевам пак да се придржувам на тоа да ручекот секогаш е свежо подготвена манџичка, чорба или супа. Доручекот или вечерата секогаш се состои од јогурт или к.млеко( благо млеко не сака) со палента, тост, јајце, путер, некоја кифла и сл. Една ужинка обавезно е овошје.
    Е сега, измеѓу, знае да касне и кроасан, ресанка, смоки ретко, не ги сака, сок не му текнува да побара, освен ако види да пие друго дете, пие мноооогу вода, салата обавезно со секој ручек.
    Сака многу месени работи, сака бурек со месо(ако му купиме среќен е до небо)сака сендвич, ама кога јас ќе кажам дека не треба да се јаде, разбирА и не се прават драми.
    Најсреќен е кога она јадење што многу го сака, го приготвуваме дома заедно.
    Предност ми е и тоа што, во двор имаме чиста краставица, пиперка, домат, тиквица, морков, понатаму и бостан, компир...,јајца секогаш свежи и пресни, месо пресно свинско, јагнешко и телешко, пилешко домашно.
    Мене не ми е битно што другите ќе видат или речат дека јаде моето дете, битно ми е јас да знам дека она што ќе го внесе е важно за него и неговиот организам.
     
    На dayla, Annath, Lolipop23 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Среќичка

    Среќичка Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2017
    Пораки:
    1.470
    Допаѓања:
    3.554
    Пол:
    Женски
    И јас се надевам дека барем до 2 години ќе се храни здраво и без грицки и сл. Додека можам ќе контролирам и ќе се трудам да му направам здрави навики. Мене како мала баба ми ми давала смоки, и сега јас не можам без нив. Дома никогаш немало виршли, паштети, салами и јас до ден денес не јадам.
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.399
    Допаѓања:
    33.692
    Пол:
    Женски
    Најважно од се’, ми беше да стекне навика да јаде готвена храна, овошје и зеленчук и да не пие сокови. Тоа до денес го постигнувам, луѓе околу се чудат како дете јаде пиперка толчена со доматче(периодов му е главно мени:)) манџичка со многу зеленчук и сл.
    Научен е дека на телото денес за да има сила му требаат витамини, па затоа ужинките ни се овошје за да бидел силен како некој цртан лик :)
     
    На Annath, Среќичка, Ano и 5 други им се допаѓа ова.
  19. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.428
    Пол:
    Женски
    Гледам оброците да се домашно приготвени и здрави, а кога ќе ги изеде , за ужинка дозволувам се што сака (чоколадо, сладолед, смоки....).
    Иако нема забрани и ограничувања, не е голем љубител на истото, што значи дека пропаѓа во вода тезата дека ако дадеш до 2 години ќе се навлече на нив.
    Искрено , не разбирам како некои мајки им прават "здрави комбинации" на децата, па луѓе , не можам да го гледам тоа , камоли да го јадам или на дете да дадам!
    Све испомешано, некои чкљ комбинации што личат на бљувотина , а не на оброк!
    Во ред е да се дава здрава храна, но мислам дека многу се претерува во последно време.
     
    Последна измена: 2 јули 2018
    На irena.1, kukla21, duffi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    39.593
    Пол:
    Женски
    А што толку ќе му биде на детето ако се напие сок, домашен цеден пример? Некоја храна ја правите отровачка . Боже боже.