Сокот е само шеќер, па и дома цеден. Најубавото (влакната на пример) нема да ги прима од овошјето ако е во оваа форма.
Да, има некои стварно грозни работи. Мојата обавезно јаде за ручек или телешко мевце со зеленчук, со ориз, или супа, чорба, јаде риба еден ден, јајца домашни си јаде, уште јаде палента со к.млекце или јогурт, имаме и домашно козјо сирење. Насабајле пие смути со комбинација на овошја, грицка јаболче или банана.А дете е, греота ми е на лулашки јаде некое соленки или смоки и ќе ја понудат и што, да и ги бутнам од рачето? Па не мислам до толкави крајности да одам.Сака и животинско, се тресе дури од среќа и трча по соба од радост. И тоа не сакам да и го кратам, а и јас сакам благо да си каснам, не сакам и толку лицемерна да бидам. Јас сум за баланас, ја оставам да си каснува од се и не и зборам ова е лошо, ова не се јаде и такви работи. Докажано е веќе дека таквото зборување и делење на храната на добра и лоша има обратен ефект кај малите.
Голема работа. Ако внесува доволно овошје и зеленчук таа чаша сок нешто ќе смене? Па и овошје кога се јаде се внесува шеќер. Цеден сок или смути баш се добри за освежување и хидратација
Jaс на мојата не давав сокчиња додека беше бебе. Ни цедени. Не сакав да се засити со тоа сокче кога може да внесе само овошје. Смути е цело овошје, не е како цедено сокче, го внесува цело. Јас лично додека не разбираше и давав само тоа што требаше за нејзината возраст. Кога не разбираат што ќе им дадеме тоа ќе бараат. После, малку по малку почнавме и со другите работи.
Мора да си признаам дека јас ја праќам во градинка за да јаде Истата таа храна, манџичка, палента и сл. дома останува непипната. Дома бојкотира здрава храна освен овошје, па приморана сум да смислувам здраво-нездрави комбинации само за да јаде. А што убаво беше до 2 години
Едно е домашно цеден и свеж сок, друго е сок од тетра паковање со рок од една година трајност, стоен не знам колку време на рафтовите од маркетите и полн со конзерванси. Јас од ова второво не би дала и би забранувала. Значи, пак ќе кажам, не одам во крајности да дете гледа и плаче други деца како пијаат, а јас да не дадам, ама дома таква работа не купувам. Кај нас монентално поминуваат смути од сезонско овошје и обавезно лимонада од цедени лимони, засладена со мед, синко обожава.
ЈАс се држам до здрава исхрана, ама признавам знам да му дадам смоки да грицка некогаш, а исто и чоколада. Гледам (како што спомнавте) да дадам три нормални оброци, да има житарки овошје зеленчук и млечни производи внесено и тоа ми е најбитно, ама од скоро ни се створи еден проблем...овошјето со житарки или како каша направено го јаде, ама прекина да сака да си „грицка“ овошје. Едино што можев да напраам е да му го давам како кашичка или му правам свежо цеден сок. Така го пие. Е сега во такви ситуации што правиме? Некој погоре спомна не било океј да се цеди...јас ќе речам Фала му на Бога што го конзумира како сок, свежо цеден или блендиран со вода, му доаѓа како сок. Ако имате идеја како да го вратам на старата навика сам да „грицка“ јаболко круша праска и сл....посоветувајте ме
Додека е бебе во ред е да не се даде сок, ама кога ќе потпорасне зошто да не пие цеден или смути дома направени
Па, нема зошто. И јас давам и сокче понекогаш, ќе види ќе побара. На роденден тоа има, сите пијат, ќе пие и она. Дома не купувам сок, ни ние не пиеме, и за мене си правам смути и за неа, на неа тоа и е сокче дома. Бара сокче, и давам смути. Период е, ќе помине. И мојата јадеше многу, па едно време не сакаше, ама не ја ни форсирав зашто и ставав се во смути, па така си внесуваше. После почна сама да си бара да и дадам јаболче да грицка и се друго. Како што престана така си почна. Не го форсирај само да не му створиш одбивност, понуди, ако сака добро, ако не направи смути. Или со други дечиња заедно, тогаш се гледаат и обавезно е што едното тоа и другото.
КАко смути или сок, а и во кашички го конзумира, ама се нервирам бе, сакам да си грицка со мене овошје нормално А сокови мојот многу сака да пие, немам шо да му праам, ама гледам секогаш да е свежо приготвен или како смути. А и вода мноооогу пие. Па во овие жешки денови си викам поарно нека конзумира течности, полошо е отколку што има деца кои течност не сакаат ни да видат, а камо ли да пијат.
Смуди и цеден сок не е исто. Јас сок не нудам, нит ќе нудам. Дека ќе пие, ќе пие и тоа не дома цеден, оние пинго на родендени што ги даваат
Па тогаш и овошјето е шеќер. Јас сум за здрава храна, ама реално има мајки што претеруваат и тоа вака по форум. Не сум да се дава браво или гора сок, ама домашно цеден не гледам ништо страшно и опасно
Ама сепак не е страшно. Јас гледам на деца од година и пол им даваат гора сокови, купени овошни јогурти што ми е ептен нездрава храна. Јас тоа правам дома. Некогаш нема да го изеде, ама купено јогурти не давам. Е сега има периоди кога вришти и уста не отвора и давам некогаш фрутолино колку да стави во уста нешто.
Со здрава храна не може да се претера. И ако детето си го јаде не знам што би ви сметало што личи на бљувотина.
Свекрва ми ми се чуди што и давам зеленчукови кашички дека као бљувотина. Ми вика да сум и давала тоа што јадеме ние
Вие сте веќе големи и можеш да почнеш да му даваш од вашите јадења доколку ги спремате без вегета и запршки. Меѓутоа ако не го јаде зеленчукот на друг начин нема ништо лошо ако му правиш каши и бебе си ги јаде.
Не сум да му се дава вива сок ама цеден портокал или лимон со малку мед зошто да не? За овие работи моето е мало ама би дала потаму и не мислам дека е штетно ниту пак дека ќе го засити.