1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку здраво се храните во периодот кога вежбате

Дискусија во 'Фитнес' започната од supersonic, 6 август 2013.

  1. supersonic

    supersonic Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    49
    Мојот фитнес ден (+ мотивации)

    Ќе одам малце офф топик, ваљда админите нема да ми дадат жолт картон :wasntme:

    Каков ви е ставот во врска со cheat meals ?
    До сега читав различни ставови од тренери, некои велат дека е добро за психички да останеш стабилна, да не се осеќаш депримирано зашто се лишуваш себеси од одредена храна и дека понекогаш е пожелно да конзумираш работи што подолго време не си ја внесувала во себе заради тоа што се снижувал гликогенот и таа некоја поврзаност меѓу него и енергетските нивоа.
    Други па ова не го поддржуваат, водејќи се од паролата When I eat like crap - I feel like crap. И дека после тој cheat meal мораш да се форсираш дупло појако за да успееш да го неутрализираш ефектот од тие екстра калории. А видов и неутралци за овој топик - 80% здрава исхрана, 20% ‘‘забава‘‘.
    Jас да правев така со внесување 20 % т.н забава во организмов мој, никогаш немаше ни да стигнам на патот за плочки!! :)

    Kако и да е, кај мене сум приметила дека одма ама баш ОДМА ми се ефектираат последици од добар десерт, или 2 чаши вино или пак големо парче лазањи, што инаку не ги конзумирам воопшто! Не постојат во мојата исхрана, ни чипсови, ни колачиња, благо воопшто, со млечни продукти сум на минимум заради нетолерантноста на лактоза и што се премногу ферментирани, пазам на содиумот, на порциите и сл, генерално земено се хранам чисто.
    AMA има момент, да кажеме еднаш во 2-3 недели кога едноставно ми тражи душава нешто благо! И бидејќи од цело тело проблем секогаш ми биле спојлерите, препоните и трицепсите, ќе се мачам 2 недели да ги намалам за после еден десерт да ми се вратат во наредните 3-4 дена!!!
    Дали е можно да си се почестувам вака повремено (пак ќе кажам дека имам добра дисциплина на тема храна, и не си барам тука поддршка или изговор да јадам што ќе ми текне :) ), а сепак да немам последици на изгледот ? Морам да ги имам веќе еднаш плочките, значи да си ја постигнам целта за ова да биде безопасно или кога сум во фаза на оформување да немам воопшто cheat mealѕ ? Мислења ? :)

    Ќе напоменам дека ова ќе го напишев во некоја од темите во Диети, но таму феминките мислам дека и премногу страдаат што не можат да си ги доведат навиките во ред. :D
    Ништо лично, но многу ми е демотивирачка темата за Морална поддршка, не знам за останатите што се тука активни, што коментираат и ја сфаќаат важноста на фит животот :)
     
  2. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Мојот фитнес ден (+ мотивации)

    Знаеш колку % телесни масти имаш?
    Ако вежбаш интензивно и имаш проблем со благото тоа не е проблем,оброци за мамење се добра работа за подигнување на нивото на лептин(хормон за ситост) и тој хормон е тесно поврзан со метаболизмот за масти.
    Кога тој е на ниско ниво тој топи масти но ако се продолжи така се забавува метаболизмот.
    Тоа е улогата на оброци за мамење и refeed денови.
    Да го забрза метаболизмот со што ќе ги надополниш гликогенските резерви.
    Ако сакаш да ги стопиш тие тврдоглави масти пробај со протоколов.
    http://www.atletiks.mk/bodibilding-nauk ... anje-masti
    Друго пробај ротација на јаглехидрати,прочитај на нет.
    Во деновите кога имаш низок внес на јаглехидрати вежбај интензивно и во денот кога ќе имаш висок внес одмарај.
     
    На supersonic му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Minion.M

    Minion.M Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    61
    Мојот фитнес ден (+ мотивации)

    Еве јас ќе ти кажам за мене. Се хранам буквално што би се кажало билдерски само јајца пилешко телешко ориз итн си знаеме сите. Ама коа станува збор а чит мил е тогаш е незнам врвот на неделата. Буквално се јадам си дозволувам хамбургер со помфрит и мајонез,за десерт палачинка со десет кила крем и некој сладолед. БТВ да у право е немаш појма какво е чуството после толку време да пробаш нешто асално да ставиш во уста. Верувај ми некад вежбам само за да ми помине побргу неделата и да дојде чит. Инаку да се качува на масти и све ама ти со напорен тренинг можеш се да тргнеш за два три дена. Се извинувам што сум офф топик.

    Е сеа за мојот фитнес ден:
    Денес ќе пукаат нозете и задникот!
    И знаете!
    NO PAIN NO GAIN!
     

    Прикачени фајлови:

  4. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    Значи темава ја отворив за да дискутираме за тоа колку ни значи здравата исхрана во фитнесот ,јас лично многу внимавам на храната откако почнав да вежбам,слатките работи ги заменив со овошни салати ,се трудам да внесувам повеке протеини поготово после вежбање.Па повелете кажете како вие се држите со здравата исхрана.
     
  5. ma4enceEdno

    ma4enceEdno Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    465
    Јас ептен си внимавам што јадам, бидејќи и вежбам. Ако не внимавам на јадењето немам ниту желба да вежбам, дури се случува сите дома да јадат од ручекот, а јас самата да си подготвам за мене некоја поздрава опција :D .На пример денот никако не ми поминува без овошје и салати,на сабајле сум на житарки со овошје, за ручек што има а тоа е најчесто ориз,пилешко,печурки,интегрални тестенини, сето тоа со салата обавезно, и за вечера протеини или зелена салата со урда и сл. Во текот на денот измеѓу оброците обавезно подапнувам нешто, на Виталиа чоколатцата, лешници или бадеми несолени, јаболко... Така ми изгледа јадењето 2,3 години скоро, а вежбам 1 година. ;)
     
    На elisabeta му/ѝ се допаѓа ова.
  6. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    Внимавам што јадам и кога вежбам и кога правам пауза од прилика 2 месеца во годината,инаку џабе вежбањето
     
    На elisabeta му/ѝ се допаѓа ова.
  7. cac-cac

    cac-cac Активен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Почнав да вежбам дома пред речиси една година. Првите месец-два не направив никакви промени во исхраната, ама затоа и немаше резултати од вежбањето. Бидејќи не сум човек кој може да издржи класична планска диета, одлучив да си го слушам организмот и да си одам по мој пат. Почнав со мали чекори - најпрво ги тргнав газираните пијалоци од менито, после 2-3 недели ја исфрлив брзата храна, па ги намалив чоколадните работи, па се откажав од помфрит, итн. Јадењето овошје и зеленчук никогаш не ми биле проблем, само што сега почнав да правам салати со се што ќе најдам во фрижидер и така си рушам монотонија. :D
    Нормално, за цело ова време дури ја менував исхраната, не престанав да си вежбам.Најпрво правев некои денс-вежби по дома, а од пред еден месец запишав латино танци и зумба, и не само што се чувствувам прекрасно, туку и околината почна да ги забележува намалените сантиметри. 8)
     
  8. Femina777

    Femina777 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    534
    Допаѓања:
    236
    секогаш се хранам здраво :)
     
  9. Antonijaa

    Antonijaa Активен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2013
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    17
    Нормално дека внимавам.Мислам дека мора да се храниме здраво ако сакаме резултати.Инаку после тоа за џабе вежбањето и целата мака. :)