Колку знаете за минатото на вашите родители? Дали мислите дека знаете баш се за минатото на вашите родители, и дали има нешто што сте го дознале од некој друг а они не ви го кажале?
Им верувам на своите родители доволно за да сметам дека го знам она што треба и не би се ни трудела да “истражувам“ за нешто повеќе. Тоа што сметале дека треба да го знам, сигурно ми го кажале. И покрај тоа што ми се родители, не заборавам да им ја почитувам приватноста, како луѓе кои еднаш биле млади со свои тајни, копнежи и грешки.
Па и повеќе од доволно знам за минатото на родителите.Оние побините работи и некои други кои вределе да се раскажат ги знам.Друго и не ме интересира.Им верувам на родителите потполно.
Не ве интересираа или несакате да се разочарате па затоа несакате да истражувате? Инаку тоа што ќе се решат они да ви го кажат е тотално небитно, обично нај битните работи од нивното заедничко и поединечно минато се кријат од децата. Дури некогаш ги носат таките тајни во гроб, па дури по нивната смрт некој ќе се осмели да ви ги открие некој од нивните „мрачни“ тајни.
Па добро, јас под мрачни тајни ги сметам, убиство, вонбрачно дете, промискуитетност, неверство уште кога биле во врска или подоцна во бракот... Друго нешто па и не ми текнува кое би го вброила во оваа категорија на мрачни тајни. Се' останато е нормално и се подразбира како дел од младоста. Се' што во младоста се случувало со граница е нормално и нема потреба на нас децата тоа посебно да ни биде кажано, а најмалку па го сметам за криење доколку не ми е кажано. За моите родители знам дека немаат мрачни тајни од погоре наведениве и сум 100% сигурна во тоа, а за друго, нешто знам, а сигурно има и нешто што не го знам. Не дека нешто посебно скриле од мене или сестра ми туку зашто обично тие муабети за младоста повеќе одат како на зафрканција и не биле некои сериозни муабети. Иако некои од горенаведените мрачни тајни што јас ги наброив ми се повеќе карактеристични за шпанска серија отколку за реален живот. Ама сепак не ја исклучувам можноста за нешто такво и во реалниот живот, можеби на некого му се случиле не велам не.
Пааа мислам дека се што треба да знам ми е кажано...А од некој друг немам ништо лошо слушнато за моите... Знам дека се од секогаш заедно,што како било...Ми се поопушти мама и ми раскажа се...До сега немаше зуцнато од срам кутричката
Како велат „Секој светец има минато и секој грешник има иднина.“ Кога тоа може да го почитуваме за некои тотални анонимуси во нашиот живот, зошто да не го почитуваме и за луѓето кои ни` дале се`. Се` додека не се одразува на нивниот однос кон нас, на нивната грижа кон нас и на нашето здравје, е нешто кое е кажано или премолчено со причина. Инаку не, барем кај мене, не постои страв дека би дознала некоја „мрачна тајна“ и според мене кога кај детето се јавува веќе таков страв, тоа не ретко зборува и за некои недостатоци во изградениот однос кој треба да се темели на љубов и доверба и комуникација во семејството и тука евентуалните тајни не се ни проблемот, туку комуникацијата и односот, нарушен до тој степен што јас воопшто би размислувала на таква веројатност.
Татко ми во младоста преживувал само од ајвар, пржени јајца и бурек. Денес јаде се`. Ете тајна од минатото. По сликите забележувам дека мајка ми била мутавелка, а ја замислував поинаку, некако посилна, поодлучна и похрабра, каква што си ја знам. Којзнае, може сликите и лажат. Баба ми нон стоп ми оправа истории од минатото, кои не ги наоѓам баш занимливи. Знам доста податоци за двајцата, но никогаш не ме интересирало нешто посебно. Нивното минато си е нивна тајна и приказна за себе. Не би осудувала во никој случај, па што сака нека е фамозната тајна. Која сум јас да судам?
Па прилично многу знам.Мама ми има раскажувано за нејзиниот живот до факултет,па како се запознала со татко ми.Исто баба и сестра и често ми раскажуваа приказни историски не само за нив,туку за сите предци по ред Инаку во минатото овие нашиве се ми стои биле со полуди идеи од нас сега,интересно било
Бидејќи многу му верувам на моите родители, според мене мислам дека знам се за нив, а и нема што да кријаат од мене!
Што е за кажување ми имаат кажано. Тоа дека биле примерни ученици, дека не се дрогирале (во ред, пушеле) и ред други раб. Она лошото се премолчува. Тие никогаш не грешеле нели?!
За жал знам многу повеќе отколку што треба знам работи со кои никогаш нема да се помирам и работи што никогаш нема да ги простам.
Знам доста (барем така мислам јас ) Ама со тек на времето дознава човек нови работи Што моите ќе ми кажат, што баба ми Во секој случај не очекувам нешто негативно да ме изненади.