1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку знаете за минатото на вашите родители?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Osamena-Srna, 20 ноември 2013.

  1. Osamena-Srna

    Osamena-Srna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    108
    Колку знаете за минатото на вашите родители? Дали мислите дека знаете баш се за минатото на вашите родители, и дали има нешто што сте го дознале од некој друг а они не ви го кажале?
     
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.557
    Допаѓања:
    21.058
    Пол:
    Женски
    Им верувам на своите родители доволно за да сметам дека го знам она што треба и не би се ни трудела да “истражувам“ за нешто повеќе. Тоа што сметале дека треба да го знам, сигурно ми го кажале. И покрај тоа што ми се родители, не заборавам да им ја почитувам приватноста, како луѓе кои еднаш биле млади со свои тајни, копнежи и грешки.
     
    На Kaylie му/ѝ се допаѓа ова.
  3. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    171
    Па и повеќе од доволно знам за минатото на родителите.Оние побините работи и некои други кои вределе да се раскажат ги знам.Друго и не ме интересира.Им верувам на родителите потполно. :)
     
  4. tejjaam

    tejjaam Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2013
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    14
    Тоа што требало да ми го кажат,сигурно ми го имаат кажано. :)
     
  5. Osamena-Srna

    Osamena-Srna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    108
    Не ве интересираа или несакате да се разочарате па затоа несакате да истражувате?
    Инаку тоа што ќе се решат они да ви го кажат е тотално небитно, обично нај битните работи од нивното заедничко и поединечно минато се кријат од децата. Дури некогаш ги носат таките тајни во гроб, па дури по нивната смрт некој ќе се осмели да ви ги открие некој од нивните „мрачни“ тајни.
     
  6. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.673
    Допаѓања:
    6.334
    Пол:
    Женски
    Па добро, јас под мрачни тајни ги сметам, убиство, вонбрачно дете, промискуитетност, неверство уште кога биле во врска или подоцна во бракот... Друго нешто па и не ми текнува кое би го вброила во оваа категорија на мрачни тајни. Се' останато е нормално и се подразбира како дел од младоста. Се' што во младоста се случувало со граница е нормално и нема потреба на нас децата тоа посебно да ни биде кажано, а најмалку па го сметам за криење доколку не ми е кажано. За моите родители знам дека немаат мрачни тајни од погоре наведениве и сум 100% сигурна во тоа, а за друго, нешто знам, а сигурно има и нешто што не го знам. Не дека нешто посебно скриле од мене или сестра ми туку зашто обично тие муабети за младоста повеќе одат како на зафрканција и не биле некои сериозни муабети.

    Иако некои од горенаведените мрачни тајни што јас ги наброив ми се повеќе карактеристични за шпанска серија отколку за реален живот. Ама сепак не ја исклучувам можноста за нешто такво и во реалниот живот, можеби на некого му се случиле не велам не.
     
  7. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.339
    Допаѓања:
    8.463
    Знам и повеќе од доволно..
    Понекогаш посакувам да не знам ништо.
     
    На Osamena-Srna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    242
    Пол:
    Машки
    Знам речиси се.Моите фала богу немаат некои мрачни тајни и немаат што да кријат од мене. :)
     
    На tessie и Gordana10 им се допаѓа ова.
  9. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.720
    Допаѓања:
    6.524
    Пол:
    Женски
    Ништо не знам а и не сакам да знам..Ме знаат каква сум па затоа ништо не ми кажуваат. :D
     
  10. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.387
    Допаѓања:
    6.886
    Пол:
    Женски
    Пааа мислам дека се што треба да знам ми е кажано...А од некој друг немам ништо лошо слушнато за моите...
    Знам дека се од секогаш заедно,што како било...Ми се поопушти мама и ми раскажа се...До сега немаше зуцнато од срам кутричката :lol:
     
  11. loveisshit

    loveisshit Активен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    26
    ништо незнам, а и некако несакам да знам пошто мислам дека ќе се разочарам.. :D
     
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.557
    Допаѓања:
    21.058
    Пол:
    Женски
    Како велат „Секој светец има минато и секој грешник има иднина.“ Кога тоа може да го почитуваме за некои тотални анонимуси во нашиот живот, зошто да не го почитуваме и за луѓето кои ни` дале се`. Се` додека не се одразува на нивниот однос кон нас, на нивната грижа кон нас и на нашето здравје, е нешто кое е кажано или премолчено со причина.

    Инаку не, барем кај мене, не постои страв дека би дознала некоја „мрачна тајна“ и според мене кога кај детето се јавува веќе таков страв, тоа не ретко зборува и за некои недостатоци во изградениот однос кој треба да се темели на љубов и доверба и комуникација во семејството и тука евентуалните тајни не се ни проблемот, туку комуникацијата и односот, нарушен до тој степен што јас воопшто би размислувала на таква веројатност.
     
  13. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.580
    Татко ми во младоста преживувал само од ајвар, пржени јајца и бурек.
    Денес јаде се`. Ете тајна од минатото.
    По сликите забележувам дека мајка ми била мутавелка, а ја замислував поинаку, некако посилна, поодлучна и похрабра, каква што си ја знам.
    Којзнае, може сликите и лажат.

    Баба ми нон стоп ми оправа истории од минатото, кои не ги наоѓам баш занимливи.
    Знам доста податоци за двајцата, но никогаш не ме интересирало нешто посебно. Нивното минато си е нивна тајна и приказна за себе. Не би осудувала во никој случај, па што сака нека е фамозната тајна.
    Која сум јас да судам?
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Па прилично многу знам.Мама ми има раскажувано за нејзиниот живот до факултет,па како се запознала со татко ми.Исто баба и сестра и често ми раскажуваа приказни историски не само за нив,туку за сите предци по ред :D
    Инаку во минатото овие нашиве се ми стои биле со полуди идеи од нас сега,интересно било
     
  15. skygirl

    skygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    153
    Доволно. Знам толку колку што треба.
     
  16. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.662
    Допаѓања:
    53.379
    Пол:
    Женски
    Бидејќи многу му верувам на моите родители, според мене мислам дека знам се за нив, а и нема што да кријаат од мене! ;)
     
  17. Jay-jay

    Jay-jay Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    40
    Што е за кажување ми имаат кажано. Тоа дека биле примерни ученици, дека не се дрогирале (во ред, пушеле) и ред други раб. Она лошото се премолчува. ;) Тие никогаш не грешеле нели?!
     
    На Osamena-Srna му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.777
    Допаѓања:
    25.456
    Пол:
    Женски
    Знам за минатото на татко ми. Знам како живеел и што правел. За минатото на мајка ми не знам многу.
     
  19. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.917
    Пол:
    Женски
    За жал знам многу повеќе отколку што треба :( знам работи со кои никогаш нема да се помирам и работи што никогаш нема да ги простам.
     
  20. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    321
    Знам доста (барем така мислам јас :lol:) Ама со тек на времето дознава човек нови работи :) Што моите ќе ми кажат, што баба ми :) Во секој случај не очекувам нешто негативно да ме изненади.