Баш пред некој ден се смеевме со маж ми во друштво... Муабетот на нашиве мајки : „прв дечко ми беше татко ти и толку“ (исто така најубав пар бевме ... татко ти на времето многу беше убав ! Сфативме дека со истите приказни сите не моткале ко деца, не дека нешто особено ми смета тоа, но се прашувам зошто толку многу ни го идеализираат нивното време... демек не се мувале тогаш или со еден дечко цел живот оделе!
Паа знам доволно работи,пошо таа тема сега е интересна Мајка ми и татко ми имале забранета врска,демек таа албанка тато турчин и крај неќеле да слушнет нивните родители,арно ама овие бунтовни двајцата и решени да бидат заедно,си излегвеле скришно,а дома викале демек готово крај ама не давале збор за други па кога мајка ми го завршила факултетот му ја киднала бегалка по татко ми баба и дедо се лутеле некое време,па им поминало
Мене мајками ми кажа дека таткоми и бил прв и последен а дека на татко ми му била којзнае која по ред девојка. Таткоми пак ми кажа дека мајками имала неколку дечковци пред него и тој имал 3-4 девојкли пред нејзе. А ај на кој да му веруваш побрзо, само си играат со мене
Знам онолку колку што моите родители сметале дека треба да знам.А и толку многу не ме интересира ,бидејќи секој си има свој живот и свои тајни.
Се што мислеле дека треба да знам, ми кажале, секако до одредена граница. А и доволно е. Па и јас кога ќе бидам мајка не верувам дека би се отворила за се во минатото пред моето дете.
Знaм декa тaткo ми имaл дoлгa врскa пред дa се фaти сo мaјкa ми aмa рaскинaле oд причинa штo тaa сaкaлa де се мaжи a тaткo ми не сaкaл дa се жени е пoсле кoгa се фaтил сo мaјкa ми oнa oстaнaлa труднa нa 19 пa сaкaл неќел мoрaл дa се жени и мaјкa ми сaмo штo нaпoлнилa 20 пoсле еден месец јa рoдилa сестрa ми
Речиси ништо не знам. Само некои нивни работни места, дека имало некој кој ја сакал мајка ми и заради неа останал неженет но таа набрзо откако го запознала татко ми се зела со него, избрзала, најверојатно заради годините кои не и дозволувале да чека. Знам и дека одела на играорна, била член на извидничко друштво. За татко ми знам дека имал куќа која изгорела, дека испити спремал во природа.
Ако е доволно тоа шо бабите ми зборат ... е толку. Малку повеќе знам за татко ми него за мајка ми, и двата се затворени типа до одредено ниво.
За минатото на мајка ми, можам да кажам дека знам прилично многу. За она на татко ми, не баш, а ниту пак ме интересира.
Околу љубовниот живот пред брак, не знам баш многу и не ни прашувам искрено. Знам само дека имало некој дечко што бил опседнат со мајка ми, па еднаш се тепале со татко ми заради неа. А мајка ми доста често некогаш на зезање, уште порано спомнуваше едно женско име (изгледа бивша на татко ми), и тој се лутеше. Ама никогаш не сум прашувала толку во детали. Порано повеќе ме интересираше, а сега веќе не баш толку. А инаку општо за младоста и детството мислам знам прилично доста и за двајцата. И кај живееле, и каде се преселувале, и како живееле, со кого се дружеле, глупостите од детството и младоста, како се запознале, што студирале, како студирале... Ваљда тоа што треба да го знам, го знам. И ок е и тие да си имаат тајни
Знам малку и тоа ми е повеќе од доволно. Искрено, не сакам да знам за нивната приватност, било да се рабори за нешто меѓу нив, било да е за нешто со претходни партнери. Како што мене не ме интересира нивната приватност и интима, така ценам што и моите не ме прашуваат за тоа.
Ауу не знам баш мнолгу,а не ни ме интересира поради тоа што не спагам во категоријата на љубопитни луѓе..и они си ќутат..,Ретко кога мама на заебанција ќе почне да ми раскажуза за некој нејзин бивши..Со оглед на тоа дека се земале мнолгу млади ,не верувам дека имале бурно минато.