1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку играчки се доволни?

Дискусија во 'Дете' започната од NewMama, 8 април 2021.

  1. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.079
    Пол:
    Женски
    Мами, сакав да пишам во темата совети и искуства за деца од 12 до 24 месечна возраст,но мислам дека треба да има општо мислење од сите. Постојано добивам коментари дека имаме премногу играчки и дека повеќе фокус и заинтересираност ќе има ако ги намалам/скријам. Какво е вашето мислење ? Какви играчки нудите? Дали селектирате ? И општо колку е доволно да има дете на дофат ?
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.895
    Допаѓања:
    102.986
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека оддеднаш многу играчки не треба да се даваат , брзо им се здосадуваат. Таква грешка правевме со првото дете, дека прво, ајде купувај се живо , играчки полни вреќи имаме дома и и ги дававме сите оддеднаш.
    И не ни сакаше да игра потоа со нив. Сега на второво сум и купила два пати играчка за овие 18 месеци, има од сестра и полно. И вадам 2-3 , кога гледам и здосадиле ги кријам па вадам други :D
     
    На Jana06, Cherry333, SkarletOHara и 6 други им се допаѓа ова.
  3. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.139
    Допаѓања:
    25.085
    Пол:
    Женски
    За мои деца никад није доста :D
     
    На Jana06, Ava.84, No Makeup и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.079
    Пол:
    Женски
    Значи не и се сите на повидок? И јас мислам дека правам таква грешка , се му е иставено надвор во кутија за играчки и околу неа во помали кутии. Мислев пример да му понудувам по неколку сабајле , па подоцна други. Затоа ме интересира и мислење од други
     
    На Jana06, cresa-jagoda, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.895
    Допаѓања:
    102.986
    Пол:
    Женски

    Да, не и се на повидок, на 2 недели од прилика и ги менувам :D
     
    На cresa-jagoda, WildMk, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Три-четири, шо ќе му фати умо.
    Ама дури да ги погодиш баш тие три-четири, четиристотини и четири ќе купиш, и ќе плесниш еден куп пари.

    Ние така |(
     
    На Cherry333, Ava.84, marija305 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.079
    Пол:
    Женски
    @minne992 @WildMk па и за мојот никад ние доста а и премн до сега сме купиле . Прво дете. Кога шетаме ако види играчки за продавање плачи додека не му купам , а колку само порано превртував очи за такви деца(facepalm):drunk:И примеќам дека веќе не се ни радува повеќе од 5 мин. на нова играчка. Затоа се мислам како да постапам. Ама еве денес ќе пробам да тргнам се, ќе му оставам неколку само па ќе му менувам.
     
  8. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.665
    Допаѓања:
    91.196
    Пол:
    Женски
    @NewMama преголем избор на играчки може да предизвика контра-ефект,место да си игра,да биде престимулирано детето и да не знае да се фокусира правилно.
    За мало дете и онака е тешко да задржи внимание на едно нешто,обично после 7мата минута почнуваат да губат интерес.
    Ако поседувате голем број,едноставно ротирај ги,така ке се радува повеќе.
     
    На ane.bella, mal.ecka, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Marmarin

    Marmarin Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    12.948
    Пол:
    Женски
    И ние така сите на куп, демек да си одберат со шо ќе играат, а тие само ќе ги истуреа, расфрлани низ дневна и играа со шише или кутија, малиот пак тенџере.:^)
    Сега исто им ги кријам дел, и ко ќе ги извадам ко нови им се, појќе се заигруваат. Сега 90% од играчките им се во новата соба уште не им е наместена, мал дел кај баба му да играат дур не се преселиме.

    Дури сме на темава. Им давате да играат со тенџериња, кутлачи и останати кујнски работи? Поголемото никогаш не чепкаше, ама малиов нон стоп ги ваѓа. Па дури и големи потешки од него тенџериња сака да ги носи ама тие никако не му ги давам. На почеток се нервирав му ги криев, ама после веќе го оставав, видов дека џабе и тој ќе плаче, ќе поиграше некое време и толку. Ама сеа баба му ме нервира нон стоп коментира, не се играло со то, ќе се удрел, ќе му паднело на нозе |( ќе ја истрпам уште некое време ама веќе цел месец како не сфати дека поубо да го остави 5-10 мин да игра отколку да плаче пола сат.
     
    На theowndemon и NewMama им се допаѓа ова.
  10. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    Која возраст ти е малото? Играчките ќе ги селектираш според возраста, според она со кое сака да си игра, според идеите како ја развива играта, според вниманието кое го има за одредена играчка. Оти не секоја играчка е нужно корисна. Се што ќе одрасне, изгуби внимание, не погледнува, се трга на страна и се дава повторно по одреден период. Ако повторно нема заинтересираност, толку е од таа играчка.

    Помалку е повеќе. Што не значи дека не треба воопшто да му купуваш, туку да ги селектираш тие што ги има, да бираш што купуваш според потребите на детето за соодветен развој и да не му вадиш се оддеднаш. Односно, квалитет, не квантитет. Колку повеќе има пред него, толку помалку постои стимулација за имагинацијата со помош на која треба да развие идеја за игра. Премногу играчки, водат до низа ризик фактори: тешко му е да одлучи со што ќе си игра, губи брзо внимание и концентрација, станува нетрпеливо, има помалку шанси да развива имагинација и фантазија. Се префрла брзо од една на друга играчка и на крајот ги остава сите. Реков ризик, нема правило.

    На пример, кога си игра со тие за фина моторика, потребна е концентрација. Се друго кое би му одвлекло внимание, јас тргам на страна. Кај мене е само тоа со кое што си играат. Девојчињата си играат со лего френдс, плејмобил, барби и бебиња и само тоа и имам и купувам. Сицијалните игри за нивна возраст, како монопол, карти итн. се на страна. Ако од овие нешто ново купам, рецимо лего, тогаш еден или два од старите сетови кои долго не ги играле ги тргам на страна. Ако немаат и натаму желба, ги тргам скроз.

    Син ми моментално си игра со тие за фина моторика, а тие и останатите едукативни, сложувалките, лего, дрвените коцки и слични, секако ми се кренати горе и ги давам за квалитетно време со нас и кога е повеќе сконцентриран да си игра сам. Оти сите ако му се на дофат, ефектот е нула, само ќе ги истури, евентуално една сложувалка ќе нареди и толку. Му правам повеќе сензорни активности од природни материјали, значи, дрвца, лисја итн. Оти е на тоа насочен. Сака многу и да сече овошје и зеленчук од оние со лепенки шо се. Игра со бебињата и барбиките на девојчињата. Со кујната си игра, готви. И само тоа стои. На дофат, во кутија му имам ставено плишки, коли и топки само. Се друго е кренато. Вака му се игрите организирани, концентрацијата и вниманието поголеми. Вози бебиња во количката за кукли и доста долго си игра со тоа, ги храни. Па ќе го остави тоа, си игра со колите. Па игра фудбал. Он секако ќе истури се, ама полесно бира, отколку да е се околу него. Па после овие му ги мењам со други.

    Иначе јас не им купувам играчки по желба, туку желбите им ги исполнувам одложено. (Со мали исклучоци кога добиваат нешто веднаш). Тоа значи дека она што го побарале не го добиваат во моментот, туку подоцна, по ден два или по одреден период. Пробај ако е изводливо, ќе видиш повторно радост кај детето кога ќе ја добие играчката што ја сакало.

    Ова не го знаев кога го родив првото и купував неконтролирано и непотребно.

    На прашањето од погоре. Да, си игра и со тенџериња. Си играа и девојчињата. Ова е најчесто кога готвам, ако нема желба да готви со мене, ги зема тенџерињата. Му имам оставено едно шкафче да може да го отвори. Таму стои и неговиот прибор и си зема сам.
     
    На MilaSs12, Marge, Lolipop23 и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    21.138
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми си собира ситни пари у касичка.
    И ќе и текне сака играчка ивикам мама имаш доволно, немаме пари сега и ми одговара јас имам ќе си купам..
    И така....
    Има многу, ама има деца и повеќе што имаат. Не си игра скоро со ништо.
    Но секогаш купувам едукативни играчки или со улога(ајде така да го наречам).
    Ме нервираат ситните кои не ги игра а ги бара... Пример од киндер јајце, некои куклички, некои коцки кои пола не знае кај и се.
    Иначе највеќе си игра со фискалната каса.
    Сега веќе играчки не купувам.
    Да собирам едни вадам други немам услови немам каде да ги кренам...
    Ќе однесам дел кај баба и, да има таму, она една по една ќе ги врати(она за да не плаче коа си иде и дозволува да ги земе).
    Нешто на викендица...
    И така.. у глобала што е многу ммогу е
     
    На Ava.84, Coco31, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    27.786
    Пол:
    Женски
    Мојот исто има многу играчки ама никогаш не му ги вадам сите одеднаш. Игра со нешто и ако треба да премине на нешто друго тоа со што претходно играл се собира. На почеток ас собирав сега заедно собираме (има 5 години сега) па вадиме нешто ново.
    Инаку купувавме повеќе играчки на почеток сега веќе знаеме со што игра па тоа купуваме друго не баш (освен баби и дедовци што му купуваат се што ќе посака па потоа не игра со тоа). Сега купуваме Лего коцки, диносауруси и мали авотмобили.
    До сега неколкупати сме двоеле играчки што сме ги носеле во градинка за помалите група да играат со нив (кога ќе приметам дека подолго време не погледнал некои играчки).
     
    На theowndemon и NewMama им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Јас веќе многу ретко купувам играчки. Ама многу. По потреба само. На пример топка за надвор ако сме ја изгубиле, јаже за скокање, ако се потроши нешто за цртање... А не купувам глупости ако видела нешто во продавница и било интересно и демек ќе си игра со него. Или било што. Зашто знам дека нема да си игра, само ќе го погледне и ќе биде фрлено. Си игра со што најде, со едно конче ќе измисли цела приказна, собира ливчиња и ќе направи од нив се и сешто. Купувам само она што знам дека ќе го искористи. Сега сака да бои, порано не сакаше воопшто, па имаме водени и блокчиња, тоа си стои и си вади кога сака да бои и да црта. Има мечиња од помала кога беше што преживеале, ги игра некогаш ги реди и ги команда. Табличка има пиши-бриши која исто си ја користи многу. И тетратки имаме, почна да покажува за букви интерес, па и тоа правиме, обновуваме кога ќе се потроши.

    Ама, секогаш е подобро кога им е организирано и им се вади и крева, а не расфрлани и тогаш со ништо не си играат. И подобри се играчки кои може да се искористат на повеќе начини, отколку на еден и тоа е тоа. Давајте им со што сакаат нека си играат, се додека е безбедно, си играше мојата и со тенџериња си сите работи од кујна, нека истражуваат, ќе ги пазите да не се повредат.
     
    На karibian, Lolipop23, dunika и 6 други им се допаѓа ова.
  14. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.079
    Пол:
    Женски
    Син ми е 19+ малецок е. И прво дете. И јас сметам дека правам грешка најверојатно. Еве денес му прибрав многу работи и многу посмислено играше со играчките. Највеќе сака да си игра со количињата да ги вози, да ги храни мечињата да им прави ѕе,да листа сликовници и да си кажува по свое нешто, ако ми дозволи му рсскажувам и јас па го прашувам каде е мечето мачето што прават и слично. А се му беше натрупано. Уште повеќе од тоа ќе му до соберам денес. Има и логички што му беа така на куп и поретко играше со нив иако ги конта. Од денес ќе му ги нудам во посебно време од денот.

    Идеата да се даваат играчки што веќе не се ни погледнати е многу добра патем. Не ми ни текнало.

    Јас лично давам и тенџериња и лажици. Исти коментари добивам од неговата баба. И мое мислење е дека секако сум присутна јас и го пратам ,баш и си прави добра игра, демек јаде ,па им дава на играчките ,па после тоа тропа на нив и кога ќе видам дека неконтролирано почнува да ги дрецка од сегде му ги собирам. А дека ќе се удрат можат апсолутно на се да се удрат. И на најобична играчка се случува син ми да се сопне.

    Фала ви на споделените мислења мами, најмногу мојата мајка и татко, ми наговараа дека премногу е , и баш дека малку е подобро. А јас се нервирав и не ги слушав се расправав.

    :hug::hug::hug:
     
    На MilaSs12, theowndemon, SkarletOHara и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    До 3 ипол години не купував многу, често беа селектирани, никогаш сите растурени во кош, купував едукативни и квалитетни, што знам дека ќе преживејат. Не се заигруваше сепак, ама мене ми беше полесно така.
    Сега веќе има многу интереси и добива почесто, ама и си и игра со нив, немам избор сега тоа секогаш да се поквалитетни, а не ни можам толку да потрошам, па често одат во корпа затоа што брзо се расипуваат или скршат.
    Инаку кога беше мал и подароците што ги добиваше ги тргав, а некои како звучни пиштоли и језивки суштества на батерии директ во корпа. Мене ме оптеретува кога ќе видам куп играчки истурени, а тек дете, барем моето нема шанса така да му се задржи интерес
     
    На Lolipop23, theowndemon и NewMama им се допаѓа ова.
  16. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.895
    Допаѓања:
    102.986
    Пол:
    Женски
    @Marmarin мислам нашите тука негде се , моето е 18+ и секако главните играчки и се тие , тенџериња , капаци , лажици и давам секако да игра. Ќе игра со нив и тие еден ден ќе и се здосадат :D
     
    На Marmarin и WildMk им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Нашава не плачеше за играчки. Ние ја фаќавме за рака и ја носевме в продавница да си одбери што сака.
    Од ќеф шо ни беше, да можевме сите играчки на светот ќе и' ги купевме.
    А апсолутно непотребно е.

    Сама си одбираше што сака, ама дома не беше заинтересирана за сите.
    99% ќе ги промавкаше некоја минута и ќе ги баталеше.

    То е... ко даваш рамноправност на секој член на семејството, уште од пелени :D
    Имаше и таква фаза.
    И штипки. Еден период, штипките и' беа еден од главните интереси.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Marmarin

    Marmarin Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    12.948
    Пол:
    Женски
    @koritsaki да, моево сега направи 18. Сите фази мора да поминат, сега се тенџериња, па ете штипки, кутии, едно време штекот му беше интересен, дете е сака да истражува.
    Мене не ми смета, на почеток ми беше чудно дека големиот не го интересираа, само се нервирав шо цело време то се коментира ама веќе не се замарам, се дур дете е весело наиграно нека игра со шо сака, само да не е опасно.
     
    На Autumn_, koritsaki и NewMama им се допаѓа ова.
  19. My litle pony

    My litle pony Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    853
    Пол:
    Женски
    Сега на ред е да ги истражиме штипките,еден куп играчки она штипките.Со штипките јадеме,со штипките играме,пуштаме песни од поточиња,ама штипките да пеат циркуз:D:D:D:D
     
    На Need for Speed му/ѝ се допаѓа ова.
  20. gladiola37

    gladiola37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2020
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    173
    Пол:
    Женски
    Kjerka mi I'ma mnogu igracki kje I tekne gji vadi site of kosot I si igra so dve tri , a najinteresno I e so cinii I brkalki da si igra I da tropa so niv