Феминки дали јадете благо секој ден, и по колку количински е тоа. Дали се задоволувате само со едно мало чоколатце на ден или јадете благо по повеќе пати на ден.
Јадам секој ден. Се трудам да намалам ,но после секој оброк јадам благо по малце,ако не е нешто чоколадно никако не ми поминува желбата за благо. :/ Знам дека не треба толку често,но ете,пуста навика...Како што викаат,за секоја навика има и одвика,па сакав да почнам да јадам исклучиво црно чоколадо ,секако во помали количини,или пак суво овошје како замена,па ќе видиме дали ќе успеам да се одвикнам.
Blago ne jadam mozam da recam voopsto preretko ako me fati kef i ne sum voopsto po blagoto a na moite doma mu kupvam najcesto cokolado bratmi gi obozava ni po mrsna hrana ne sum,mu stetat kaj mene mnogu i na kozata i na kilzata...
Ако имам изедено мало чоколатце исто како да не сум го јадела. Имам навика да си купувам едно големо, 100гр. (или сега што се 80-90гр.) Но, бидејќи се штетни гледам наместо тоа да земам мед, сушено овошје и сл.
јадам благо скоро секој ден, тоест секој ден купувам нешто чоколатце, а портеко ми се дешава многу да изедам наеднаш
Јас јадев многу благо, секој ден по некое чоколадце, па навечер пак палачинка или колаче. Гледав после едно видео на youtube за шеќерот и се запрепастив. Многу ме замисли па почнав да намалувам со благото. Сега си дозволувам само еднаш неделно да се почестам. Ама откако намалив со шеќерот 5 кг ослабнав за 2 месеци без диета без вежби. Еве и линк за заинтересираните.
Никогаш ама баш никогаш нема да ослабете ако јадете благо секој ден затоа кога сакам да ослабам јадам два оати еднаш неделно по една рум плочка
Се случува од сабајле да станам и до поручек само благо да јадам. Секој ден обавезно мора доза на благо да земам, и не ми влијае на тежината.
Во глобала јадам многу благо, но во последно го избегнувам максимално па ми се случува да не каснам благо цела седмица. Порано дали би каснала сега еден ред чоколадо, уште еден подоцна, или ќе земам банана па ќе ја намачкам со еурокрем, дали кога ќе ме фати криза за благо (а то е често) ќе земам цела лајца супена шеќер и ќе го држам в уста или некогаш ќе се одлучам на малце поздраво па ќе се задоволам со една лајца мед или пак пак се враќам на доста нездраво и јадам по две парчиња баклава ... во глобала премногу благо и морам да признаам дека навистина сум среќна што во една недела во последно внесувам помалце, вчера јадов пудинг, неделата пред тоа си дозволив од чоколадните бомбончиња едно и така, по малце секоја недела зошто неќам да се доведам пак да се тресам за благо (што многу од моите пријатели не го сфаќат о,О) Откако намалив на благото и го јадам помалку количински и поретко, забележав дека намалив на килца. И сега ова што го пишев ми отвара аптетит да земам уште нешто ама цук, нема. Често, да заборавив да напоменам, ако немам нешто благо имам од оние еуроблок плочи од малите шо се по 5 денари па делиме една со мама :')
Јас сум зависна од благото и буквално ако немам шеќер во организмот полудувам. Затоа по дома си правам блачки со кафеав шеќер, јаткасти плодови, замрзнато овошје.. Секојдневно без две кафиња со една лажичка кафеав шеќер, и парче торта/ колаче или сладолед не можам. Ама затоа јадам што повеќе овошје па така надокнадувам со шеќерот што ми недостига.
Ако не каснам барем едно цело чоколадо во денот,исто како да не сум јадела ништо.Не можам без благо воопшто ме фаќаат кризи а најубаво од се е што не ми влијае на тежината
Еее без благо не се може во текот на денот. Ако не изедам нешто благо денот не ми почнува хахаха... Обично ми се случува да изедам 4-5 мали чоколадциња или па 1 голема чоколада. Си мислам ај од денес ќе намалам со благото, ама никако да ја остварам мислата..
На благо можам да живеам. Арно имам добри гени па не се дебелам ич (пу пу машала ). Ако има нешто благо дома и само таму ми е умот и дури не го изедам цело не можам да живеам хаха. Се случва да нема ништо дома благо и буквално да полудвам за благооооооооо.
До пред некое време премногу јадев благо. Секогаш после појадок, ручек или вечера морав, ама морав да изедам нешто благо. Дали чоколадна бананка, чоколадо, колаче... не беше важно. И кога пишувам премногу, навистина го велам тоа. Ми се случуваше да изедам и по 2 чоколади на ден. Некоја феминка беше спомнала погоре, и јас исто се обидов со црно чоколадо, со 2-3 коцки и ќе ме засити, ама ни тоа не помогна. Баш го засакав црното чоколадо повеќе. За да не бидам во криза за чоколадо, си купив 3 црни чоколади од Кам маркет и ги чував во фиока, сама ги јадев. Потоа, помина речиси една недела и за чудо имаше уште чоколадо во фиоката. Пред некое време купив едно мало Најлепше жеље чоколатце, и две недели го јадев. Сега ќе обидам воопшто да не јадам благо. Да видам дали можам да издржам две-три недели. Некако се одвикнав, не знам ниту јас самата како. Организмот едноставно не сака повеќе.
Znaci cokoladi i blagi raboti ovozavam no gledam da jadam vo umereni kolicini zosto ke se napravam kako baba meca pa posle nema da me saka nikoj