Да и тоа секој ден.Кризата ме фаќа попладне....морам нешто благо да каснам,во спротивно нервоза ме фаќа....како нешто да ми фали...
Najubavo mi e da jadam blago vednas stom stanam od spienje,togas mi e najslatko,a dorucekot sekogas go preskoknuvam,ama i vo tekot na denot moze da me fati kriza za blago
Ретко јадам, можам да преживеам без чоколадо и по цела недела. Ама често ми се има случувано толку многу да ми се јаде благо што итно морам да одам да си купам, или само ќе се напијам една чаша сок па подобро ми е, ама обично тоа кога сум во ПМС. Онака не сум многу по благото, се случува да одам до продавница за да си купам благо а на крај да завршам со чипс во рака.
Најмногу. Бидејκи избегавам нездρави хρани, а сум зависниκ од благото, си дозволувам пеρиоди κога си јадам κолκу што саκам ама и го тρошам потоа. Инаκу благото го заменувам со овошје, банана посебно, житаρκи со темно чоκоладо или неκои "raw recipes" ..
Нормално. Мислам, општо земено за исхраната, се ми е во златна рамнотежа, по малку од се, повеќе разновидност и таман е
Секој ден. Минимум 100г. Максимум... се срамам да кажам.. Битно се' што е благо дома, не се остава за утре. Ако не јадам благо ден-два почнувам да се тресам, нервоза ме фаќа и се чувствувам слабо... За доручек во школо купувам пакет кроасани и чоколадно млеко. Тоа е некоја средина. А минимумот е крофна со крем и чоколадно млеко. Многу ретко купувам веге бургер со газиран сок и како десерт чоколадо. По ручек исто така следи благо, а за вечера чоколаден корнфлекс. И никако да мрднам од 45кг.
Па јадам благо можеби и од умерено помалце. Понекогаш се заситувам и од неколку коцки чоколадо па не морам да јадам леб. Овошје, мед, акафето не го пијам со шеќер и тоа сабајлешно. Еве и сликичка од омилените бисквити или како да ги наречам.
Премногу . Станувам и заспивам со благо. Сите мои диети пропаѓаат заради тоа благо. Мм се чуди зошто не намалам од благото наместо да се мачам со диети. А моето мото е: Подобро еден месец на диета отколку цел живот без благо (пак на диета) .
Имав период кога станав зависна од чоколади, мораше секој ден да изедам по една. Сега не, почесто потребата за благо ја задоволувам со овошје но ете да речеме секој трет ден јадам колачиња, чоколатца или што и да е благо.
Се трудам да го сведам на минимум поради линија, инаку без проблем би можела да изедам и 300 г. чоколадо без проблем Кога би ме прашале без што не можам да си го замислам животов, благото би било во топ 3
Слободно остави ме без леб без храна ама без благо никакооо, највеќе без благо имам издржано една недела на судни маки бев после ми се чини само од психата ми беше, накај 5тиот ден се нормализирав се до крајот на неделата кога посегнав по 2 коцки чоколадо да се почастам што сум издржала и после му писнав 200 гр за нула време и имам чувство дека сум зависник кога ми се јаде додека не каснам сранувам нервозна нерасположена сите ми се криви ме нервираат и кога ќе стигнам до благо се давам. Затоа и никако да ослабнам
Доколку се внесуваат доволни количини на овошје, организмот нема да има потреба од благо.Пробајте. И плус секој ден по 1 коцка чоколадо за готвење(од 70%какао), 1 коцка не еден ред и доволно е.