Сé поретко, сé помалку. Организмот не ми поднесува многу благо. Со години пијам кафиња и други топли пијалоци без шеќер. Место млечно, јадам црно чоколадо..и тоа,еден ред..најлепше жеље на пар недели..доста ми е. Или некој си...помалку благ мафин ..тамам.
Многуу ретко ,скоро никогаш ,и тоа ќе изедам две крембананчиња еднаш месечно и се вознемирувам дека сум почнала многу да јадам благо..
За време на испитна/колоквиумска бев способна да изедам 300 грамско чоколадо и разни благи работи, но веќе неколку недели се контролирам и јадам чоколадо само ако има во муслите или барсовите (не ми текнува на нашки како да ги кажам). Колку помалку јадам чоколадо, толку помалце ми се јаде. Вчера кога пробав мало парче црно чоколадо дури и не ми беше убаво
Ако сум јадена нешто друго доволно,само тогаш може да јадам помалку благо или било какви други грицки.
Зависи има некои периоди кога јадам постојано благо и мислам на него на некои убави колачиња мм Еве сега неколку дена не сум јадела благо, а и немам желба.
Јадам благо и убаво ми е .. Не дека неможам без благо ама ете гурман сум сакам да уживам и си уживам во благото .. Не јадам количински многу ама со кафето секогаш сакам парче торта , некое колаче или сладолет .. Без десерт не се оставам
Не јадам многу благо на периоди некогаш имам некое омилено чоколадце и може секој ден да си купувам а некогаш и по една недела не ми текнува за благо. Можам без благо.
Денес едно чоколадо го изедов ми се јадеше многу благо може шеќерот да ми паднал а инаку со денови ми се случува да не јадам не сум зависна од благо