1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку купувате од македонски модни брендови?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 28 септември 2011.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Не дека ги има во изобилство, но имаме неколку модни македонски брендови кои вредат да се спомнат.
    Дали често купувате облека, чевли, ташни... со знакче Мade in Macedonia?

    [​IMG][​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]

    Кара - еден од најпознатите наши брендови во светот на модата, со неколку продавници низ Македонија а и низ Србија. Имаат и подколекции за долна облека, за деца, козметика и акцесорис. Убави кампањи, но мој заклучок е дека користат многу лош материјал затоа и од мене се многу често заобиколени. http://www.kara.com.mk/


    Васидора - е прилепска компанија која последниве години ни нуди облека и акцесорис, по класичен стил, но има интересни модели и пристапни цени посебно на попуст :) Имаат продавници во многу наши градови и во Грција. http://www.vasidora.com/

    Стилисимо - колекциите на Цаци Паковска, 2 години опстојуваат но имаат некои интересни парчиња. http://www.facebook.com/pages/Stilissim ... 2393767936

    Дуки Дасо за љубителите на акцесорис, марами, ташни ... со магацин во Неготино, а и продавници нивни неколку, притоа пола акцесорис продавници имаат нивни колекции. Јас лично ги обожавам и имам и часовник и неколку ташни и новчаник и накит и сум презадоволна од нивниот квалитет. http://www.dukidaso.com/

    OркаСпорт бренд кој опстојува 20сетина години, со многу продавници како тука така и низ Балканот пред се и Европа, со спортска облека и опрема.
    http://www.orkasport.com.mk/
     
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Баргала прекрасни чевли со производство во Штип но може да се купат и низ другите градови. Прекрасен квалитет, поседував едни чизми ги убив од носење :) http://www.facebook.com/pages/Bargala-A ... 26?sk=wall

    BIANA SHOES многу квалитетни и модерни чевли, јас поседувам и навистина морам да кажам дека за квалитетот што го нудат се со супер пристапни цени http://www.bianashoes.mk

    Графити уште еден наш бренд со одлични чевли, малку поскапички но сепак одлични и модерни. http://www.facebook.com/pages/Grafiti/1 ... 90?sk=wall

    Макпримат немаат официјална страна, но затоа за мене се поим за квалитетни јакни и капути.

    Bella oва е бренд за класична дамска облека, многу убави комплети и кошули за секоја модерна дама. А и лани си го купив од кај нив најубавиот капут од волна и кашмир за ништо не го давам :lol: http://www.bella.com.mk

    Нана еден од подобрите брендови за посвечена облека со неколку бутици во Македонија, но морам да кажам дека во последниве сезони си накачија цена како да станува збор за светски бренд http://www.nana.com.mk/

    ___________________________________________________________________________________________

    Сигурно има уште неможам да се сетам. Листава ќе се надополнува, но и најбитно е да кажете дали купувате од наши брендови или ги избегнувате? Дали сметате дека се квалитетни? Негативни и позитивни искуства?
    Јас лично сакам да купувам од овие продавници, сметам дека имаат квалитет и дека вредат повеќето од нив и повеќе од нив би купила отколку од други продавници.
     
  3. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.649
    Имам неколку парчиња облека од Васидора и Кара, а речиси целиот накит, и еден шешир, ми е од Дуки Дасо.

    Мене Баргала не ми е нешто посебно. Прават класични обувки, за квалитетот секоја им чест, но не ми се по вкус. Некако многу ми изгледаат снобовски... Но, квалитет си е квалитет. Цел ден носев балетнки од Баргала на едно снимање кое траеше 16 часа и тоа трчање по камења и секакви нерамни површини... останаа како недопрени.

    Задоволна сум од Дуки Дасо, како што кажав речиси сиот накит ми е од таму. Има и многу убави новчаници, често си одам во нивните простории за да поплакнам очи...

    Васидора има некогаш без веза напумпнаи цени, но ако начекаш попуст, можеш добро да си поминеш. Аксесоарите ми се прескапи таму!

    А овие Нана, ептен се преценуваат. Гледав нивен каталог за матурска, цените ептен и се напумпани.
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Преферирам македонски бренд нормално пред странските, но кога го нема тоа што го барам, чукнувам на вратата кај вториве. :)

    Сепак имам прилично парчиња од македонски фирми, не можам да се пожалам.

    Дуки Дасо - имам 2 чанти, ми се допаѓаат и квалитетни се. И другите модни додатоци им се супер, иако тука баш на форумов прочитав од некои девојки дека не се наше производство, увозни се... ? :^)
    Не знам колку е точно, мене ми се допаѓаат.

    Имам неколку сакоа од Штипко и други помали локални конфекции и сите се како нови, предобар дизајн и квалитет. Абре македонско си е македонско.
    Купувајте македонски производи! ;)

    За чевли и не сум некој фанатик, има една кумановска фирма (не ми текнува моментално името) која изработува и по нарачка, имаат продавница долу во ТЦ Бисер приземје, а моделите им се по пристапна цена, квалитетни и модерни.
    Исто и Коле, можеби моделите не се во екот на модните трендови, ама ќе знаеш дека тоа чевле нема да се скине по 3 носења.

    Што се однесува до Васидира - не знаев дека се наши, пренапумпани цени и некоја ладна атмосфера во продавницата, ја одбегнувам.
    Нана - исто цените се над плафон, а моделите за мој вкус се прилично кичести и шабански. Не.
    Орка спорт - одамна не купувам ништо од тука, порано робата им беше од Тајланд и Индонезија и Кина, не знаев / знам дали имаат погон за изработка на спортска облека и опрема? :^) Мислев дека се' им е увозно.

    Пофалби за капутчињата и мантилите на Макпримат, и некои други модни конфекции како Маркос и Калатекс.
    Инаку, не знам дали уште ја има продавницата на Астибо спроти МекДоналдс, ама како им беше убаво стокмена, и какви убави работи имаше, човек само да си воздивнува...

    А и баба ми се' уште купува волница само од Тетекс. ;)
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.063
    Допаѓања:
    1.046
    Имам доста работи од Кара зашто си сакам класика, а претежно се елегантни и женствени парталчиња таму, само пофалби. Васидора е добра фирма исто, иако помалку ми се допаѓа. Ама ако морам со да/не, не. Плус како дебил се осеќам во продавницата во ГТЦ, не знам зашто. Ептен ретко влегувам и најчесто од досада.

    Макпримат никогаш нема да разберам зашто пуфлите го одбегнуваат, демек било за стари. |( Меѓу најубавите сакоа што ги имам и капут од овде ми се и траат и траат, неверојатен квалитет се. Сукњи со висок струк и кошули прекрасни исто има. Кожни новчаници, каиши...

    Од Дуки Дасо немам ама баш ништо, а и ми нема око фатено нешто посебно. Стилисимо никогаш немам ни влезено. Имам чевли и од Баргала и од Биана и сум презадоволна, поим за квалитет. Од Графити имам исто, ама некако престанав последниве години таму да влегувам.

    Нана ни на сон нема да влезам повеќе, Ламас не им се рамни. Кога сме кај Штип патем, топло препорачувам Вивенди. Има шабанарија за свадби да, ама има и преубави работи, најубавото сако ми е од овде, типката рече за Манго е шиено, ваљда мислеше по нивни шаблон. Кошули и сукњи исто неверојатно квалитетни и убави, мене бар нивните модели ми се погодени совршено.

    И Грациа ќе ја спомнам, фирмата е за веш, не знам колку години постои, но ужасно женствена и удобна, а привлечна долна облека има. Не е со пазарски цени сепак, ама кој е за покласичен веш, ака повисока гаќа, памук и чипка наспроти синтетики и низок струк танги, ваму му е мајката. http://www.gracia.com.mk/
     
    На rossonerka и Trendafilka им се допаѓа ова.
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Еј да Грација се бренд со традиција и имаат одлична долна облека.

    А Баргала си имаат нивна колекција и чат пат убави модели, но најчесто многу класични. Но затоа оние што ги прават за извоз и што може да се купат во магацинот во Штип, најчесто тоа се модели со минимална мана се гледа лепакот, изгребано малку итн. е тука може да најдете фантастични чевли. Јас кога бев фатив модели на Sergio Rossi, кој е звучно име во светот на чевлите. Италијански модел, квалитетна кожа, само сошиено тука со знакче Маде ин Итали... совршени беа. :)

    А јас не го сакам Коле, тој ми е демоде ептен, не дека целам кон многу модерно, ама чевлите му се ко пред 10 години. :) Jас со години не сум влегла тука, а очигледно не им оди зашто го затворија дуќанот во гтц.

    Иначе летово купив од Биба Шус, кумановски бренд нов. Кожа, квалитет одличен.

    И поранечно Чик Куманово сеа е во сопственост на Formentini, па имаат продавница во рамките на фабриката и може да си купите. ;) Е овие модели ми се фантастични уффф 8)
    http://www.formentini.it/inglese.asp
     
  7. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Васидора - од нив сум имала гардероба. Цените им се превисоки за тој квалитет кој го нудат. И немаат голем избор за помлади.

    Биана - од нив имам само еден пар чевли. Навистина се квалитетни и штета што повеќето модели им се наменети само за повозрасни жени.

    Дуки Дасо
    - имаат голем избор на прекрасни ташни, паричници и каиши. Имаат солиден квалитет, интересни дизајни, но ретко се наоѓаат помалечки ташни (сите се некако многу големи). Цените им
    се прифатливи.

    Воглавно, мислам дека цените на сите, можат да бидат барем малку пониски ко за нашиот стандард, да бидат поприфатливи.
    А, не и нашите ги лупаат цените на исто ниво со увезената роба. (не ја споредувам со кинеската роба).
     
  8. verica94

    verica94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    дуки дасо имам обетки и алки некои...
    од кара имам ланче едно купено ми се свига накитот од таму друго не..
    од орка порано сум купувала но веке не :| :|
     
    На olenceeto му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.097
    Дуки Дасо е увезена кинеска роба :)
     
    На Hipster и natasaltd им се допаѓа ова.
  10. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Се додека не ја видов темава не знаев дека имаме толку македонски модни брендови за кои можам да кажам дека знаат да изненадат со квалитетно парче облека и неретко со пристапни цени.

    Поседувам повеќе парчиња облека од КАРА и многу луѓе ми се чудат како успевам да најдам нешто таму (демек се е ептен класично и посериозно), но ете јас имам некој талент за прекопување и до сега имам земено работи кои ми се погодени и уживам да си ги носам.

    Имам и 2-3 чанти од ДУКИ ДАСО, исто така и неколку каиши, а познавам и луѓе кои редовно купуваат од тој бренд, и можам да кажам дека сум задоволна од квалитетот и изборот. Имам и еден пар обетки (машнички) и се ептен слатки, но не можам да ги пофалам дека се нешто посебно уникатни, туку онака обични секојдневни.

    Исто така (гледам не е спомнато погоре) имам и неколку секојдневни маички од ЕВА ТЕКС, Кочани и верувале или не вредат многу повеќе за цената.
    200 денари :lol:
    Од останативе не ми текнува дека нешто сум земала, зашто не знам од кои причини (за сега непознати за мене) ги заобиколувам ама никогаш не ја исклучувам можноста дека ќе купам нешто и од таму. Ипак наше е Македонско, со сигурност е многу поквалитетно од кинеската роба.
     
  11. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Имам од Кара купено неколку пара гаќички(таа во трговискиот што е на втор спрат мислам беше не знам точно, многу мал избор имаше и ништо од гардероба не ми се свиде можда сум трефнала кога им била потрошена робата), од Дуки Дасо два пара обетки кои ги обожавам не знам дали се кинеска роба како и да е имаат убави работи.
    Имаме ние добри брендови и дизајнерки што не се многу познати, а креираат убави парчиња облека.
     
  12. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Damn јас од овие само за Биана знаев дека е македонски бренд.
    Како и да е, од Биана си имам страшно удобни штикли, сега оваа година некако средија со дизајнот,само што никаде не ги најдов овие [​IMG],мислам ги најдов,ама само бела и црна боја,а јас ја сакав стрикно оваа. :(
    Кара ме вади од контакт со цените, мислам дека за македонски бренд што не врши увоз цените се скапи.
    А, од тоа ДукиДасо што појма немав дека и тоа ти било македонски бренд, купив поклончиња некои и таман си се, цените би рекла дури и ефтини дека им се, а добра бижутерија имаат :)
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.349
    Кара има по нешто убаво, ама претежно ми е некако за повозрасни.Накитот знае да им е исто убав.
    Васидора има се освен нормални цени откако отворија продавница во ГТЦ.Еве денес бев, шарени обични џемперчиња на копчиња беа 1800 :D :D Баш за смеење е работава :D
    Гледам никој не ја спомнал Стружанка, а јас од таму имам многу убави памучни пижамчиња, перничиња :)
     
  14. Shaila

    Shaila Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    56
    Имам од Ба-Ма штипски Чевли .. И задоволна сум ... Стабилни се удобни :)
     
  15. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Графити- штикли и едни цокули и двата пара се предобри и квалитетни, штиклите ми се анатомски црни и многу интересно извезени, а со нив можам да џогирам :D воопшто не ме болат нозе напротив удобни ми се иако имам рамни стопала, цокулите се одлични за снег и дожд, не пропуштаат, нити ми смрзаваат нозете. Топ!

    Васидора- немав појма дека е наш бренд мислев е грчки, од таму имам земено една маичка со цветен дезен за лето и морам да признам дека е доста квалитетна и пријатна за носење. Оваа фирма има многу убави работи, но претежно се класика и ми се за деловни луѓе.

    Кара-во последно време и купувам и не купувам, оваа фирма исто како и Васидора продава класични модели како за деловни луѓе само ми се подосадни, на самиот почеток Кара ми беше по примамлива за купување од таму имам купено едно тексано ленено сако, а бре коска, нит се скина нит се рашири, боја не смени, супер е, само ми е маленко сега. :?:

    Мак џинс- порано киснев во нивните фармерки и беа доста квалитетни, во последно време ништо не сум земала.

    Блу петрол-уште не сум потрошила пари на оваа фирма ама во план сум, има доста убави маици за лето, ептен се шик и фармерките им се убави.

    Винка виница- од тука пиџами купувам, баш за пролет си земав два пара како тренерки се.

    Стружанка- пешкири, пижами, рамбовки итн, квлитет одличен. Од оваа фирма на поклон во Хрватска однесовме неколку маици, сите се задоволни од квалитетот и моделот на маиците. ;)

    Купувам македонски производи од маици, долна облека, рамбовки .... што познати, што непознати, всушност радо купувам македонско, факт е дека мало производство имаме, ама премногу квалитетно.

    Во Бисер пред две години си земав шалвари-капри тегет и црни (македонско производство) абе се изнаносев, пери носи, кој се не ме запрашал каде сум ги купила, а колку се удобни у најголеми горештини не ми пречи да ги носам.
     
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.052
    Само од Баргала имам два пара штикли и то.
     
  17. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.477
    Чизми од БИАНА - многу добра компанија за обувки, стварно имаат добар квалитет.
     
  18. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Мене од сите овие омилена ми е Биана, преубави обувки.
    Од Васидора немам купено од продавница, туку директно од фабриката. Внатре тие алишта што ги прават и се за грчки пазар, се преубави некако врска ми немаа со тие во продавницата во Битола и Прилеп, тотално различни. Ние купивме од фабрика од робата за тој пазар, преку познаничка на другарками, јас купив сако, тесно ко лиено стои, навистина квалитетно, и му се изнаносив минтата есен. Баш ми е жал повеќе работи што не си купив, мислам дека сега повеќе не смее така да се купува :worried: баш штета. Најмногу јми е жал што за кај нас оставаат да се продава тоа што нема да го бендисаат однадвор.
    Баш ми текна кога бев помала актуелен беше Blue Petrol, не сум сигурна дали беа македонски бренд, но се сеќавам дека имаа реклама со Натали :)
     
  19. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    За мене не се македонски брендови тие што увезуваат кинеска роба, а ја продаваат како да е со врвен квалитет. Тука ги вбројувам прво Орка, потоа и Кара (прочепкав во детскиот дел, леле шкарт невиден, се кинеско, со лош квалитет...) и такви слични. За мене македонски бренд е она што се произведува кај нас и ако веќе се произведува во туѓина, да се произведува според некој стандард и тоа токму за нив и барем да задржи некое ниво на квалитет.
    Јас ги почитувам (што значи и купувам) од Стружанка, Винка, потоа една кумановска фабрика за бебешки и детски трикотажни работи (и го заб’равив името :P ), си купувам фармерки од ЛДБ и МакЏинс, најмногу чевли, кломпи, папучи, чизми итн. имам од Биана, за син ми секоја година барем по еден пар чевли од Кеги или ДСМ и сигурно има уште, ама не ми текнува...
    Во принцип, преферирам македонски производ пред некој noname странски, имам проблем само со македонскиве креатори, некако не се наоѓам во нивните креации, изнасилени ми се (мислам дека ми се допаѓаше Секираски, ама одамна не сум во тек).
     
  20. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Имам купено патики од Орка али порано сега Најк си носам :lol:
    за квалитет Орка се супер!
    За зимување си купив од таму шушкавци за да не ми пропуштаат снег пошто требаше да правиме нешто и стварно не ми пропуштија а ги платив 1.000 и нешто, а една распафтана другарка си купи од Најк за 12.000 и и пропуштаа :lol:
    Пред неколку години кога идевме во Струга, мајка ми ко дете замараше да идеме во Стружанка пошто се е поевтино од Скопје, имаше магацин али го срушија.. Иначе добар квалитет имаат :)
    Од Кара ко помала ми купуваа, сега нема ништо за моја воздраст, или за големи или ептен за мали :D
    Иначе да прашам за Дуки Дасо, каде имаат продавници? :?: